
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Амбасадата на Словачка известува за повик за аплицирање на кандидати од Северна Македонија за стипендии на Владата на Словачката Република (Slovak Republic Government Scholarship), за додипломски и магистерски студии во одредени области на образование за академската 2025/2026 година. Подетални информации во врска со финансиските услови за овие стипендии може да се најдат на: ...
На 5 мај во Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, ќе се реализира проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“. Проектот е во рамките на програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на современиот македонски јазик, јави дописникот на МИА од Белград. Никола Маџиров и Петар Андоновски, македонски писатели кои се и лауреати на врвни европски книжевни награди, ќе разговараат со свои колеги ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Д.К. на работно место помлад полицаец и Б.Д. на работно место полицаец за безбедност на патниот сообраќај во ...
Легитимно е да се протестира. Но, очајно е и опасно да се закануваш дека „нема да се вратиш од улица“ затоа што поранешен министер – кој е потенцијално одговорен за смртта на 62 млади животи – ќе биде обвинет. Да повикуваш на предвремени избори заради покрената истрага за трагедија од таков размер – не е ништо друго освен бегање од одговорност. Добро луѓе, има ли некој во Македонија што не сака да се расчисти случајот до последен, до најситен ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека е неопходно да се донесе Закон за Уставниот суд, што, според него, ќе придонесе за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните. Тој ја коментираше претстојната подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците, која ќе се одржи на 19 јуни, нагласувајќи дека општеството не треба да стравува од одлуките на Судот и оти не станува збор за напад врз ничии права. ...
Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија! Следново што ќе го прочитате е уште еден показател дека живееме со монструми, а систем да не заштити нема, пишува Стефан Лазаров. -Ова утро за малку не беа запалени куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче во кој сега откако Зоки почина живеат неговите внуци и сестра. Зградата се наоѓа веднаш до основното ...
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го постави најбрзото време на единствената слободна тренинг сесија пред Големата награда на Мајами, шестата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Австралијанецот, кој е лидер во генералниот пласман, го извозе најбрзиот круг околу „Хард Рок“ стадионот за 1:27,128 минути. Пјастри ја заврши тренинг сесијата три и пол десетинки пред Шарл Леклер со Ферари, а зад двајцата беше бранителот на титулата Макс ...
Ралф Рангник, поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, го критикуваше работењето на „црвените ѓаволи“, кој и покрај огромните инвестиции, тоне сè подлабоко и подлабоко. Тековната сезона е една од најлошите во богатата историја на Манчестер Јунајтед, кој моментално го зазема само 14-то место на табелата со 39 освоени бода од 34 натпревари. Ужасната сезона на „црвените ѓаволи“ може да се спаси само со освојување на Лигата на Европа, што би ...
Албанската владата усвои измени во буџетот за 2025 година, преку нормативен акт за учество во стартапот „Тинкинг Машинс Лаб“ (Machine Thinking Lab) на Мира Мурати. Според албанските медиуми проценетата вредност за финансирање на иновативниот проект ќе биде 10 милиони долари или 1 милијарда леки. - Министерството за финансии ја аргументира „потребата“ и „итноста“ за оваа брза промена на буџетот со нормативен акт со фактот дека финансирањето на ...
Неколку лица се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти вечерва пожарникарската бригада на X. Возачот на возилото е приведен, изјави портпаролка на полицијата, пренесе ДПА. Додека пожарникарската бригада го опиша инцидентот како несреќа, полицијата досега не коментираше за контекстот на судирот. Инцидентот се случил на трамвајската станица Олгаек во центарот на градот. Пожарникари, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи следната година да се намали потрошувачката на федерално ниво за 163 милијарди долари, со што би се укинале повеќе од една петтина од буџетските средства, не вклучувајќи ги задолжителните програми за социјални давачки. Трамп денеска објави предлог-буџет кој предвидува комбинација на намалувања на домашните програми во областа на јавното здравство, образованието и ...
Иако се чинеше дека завршил со трките, се чини дека во случајот со Чеко Перез, тоа сепак не е случај. Мексиканецот ќе се врати во Формула 1 следната сезона, а неговиот тим ќе биде Кадилак. Новиот тим во Ф1 веќе избра еден возач. Германските медиуми тврдат дека Кадилак постигнал договор со Мексиканецот пред неколку месеци. Во сабота, американскиот тим, кој ќе дебитира во Формула 1 следната година, ќе го претстави тимот пред Големата награда на ...
Пилотот на Мекларен, Оскар Пјастри, изјави дека е возбудливо да се победува во Формула 1, но дека е повеќе горд на напорната работа и резултатите на тимот отколку на фактот дека е водечки во генералниот пласман на возачи. Австралиецот победи на три од пет трки оваа сезона, а по триумфот на последната трка во Саудиска Арабија, за прв пат во кариерата го презеде водството во генералниот пласман. Тој ја намали разликата од 33 поени зад тимскиот ...
Грег Попович се повлекува од функцијата главен тренер на Сан Антонио Спарс и ќе ја преземе функцијата претседател на кошаркарските операции во клубот, објави Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА). Попович (76) кој има најмногу победи како тренер во историјата на НБА, доживеа благ мозочен удар минатиот ноември и не се врати на работа до крајот на сезоната. -Иако мојата љубов и страст кон играта остануваат, решив дека е време ...
Фенербахче сака да го купи Душан Влаховиќ, пишува „Сабах“. Истанбулскиот клуб е подготвен да плати 40 милиони евра за напаѓачот на Јувентус. Раководството на Фенербахче размислува да го продаде Јусеф Ен-Несири за 30 милиони евра на клуб од Саудиска Арабија. Разликата од 10 милиони ќе биде покриена од клупски средства и спонзорски договори. Тековниот договор на Влаховиќ со Јувентус е до јуни 2026 година. Во последните месеци стана јасно дека ...
Марк-Андре тер Штеген ги одбројува минутите до неговото долгоочекувано враќање во протоколите за натпревари на Барселона, откако е надвор од терените 223 дена, а доколку сè оди според планот оваа сабота, против Ваљадолид, тој би требало да биде повторно меѓу стативите. -Тер Штеген ќе брани од првата минута. Тој тренира фантастично веќе некое време, покажа завидно ниво на форма и е подготвен...“, беше недвосмислената изјава на тренерот Ханси ...
Мерка притвор му е одредена на 59-годишниот маж со потекло од Грузија, кој живее во Грција, а беше уапсен во Александруполи откако фотографирал и снимал воени објекти и се товари за шпионажа, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, според адвокатите на обвинетиот, во денешната одбрана пред истражен судија, меѓу другото, рекол дека не поседувал ниту испраќал доверливи државни информации, дека ...
Италија останува верна на Соединетите Американски Држави, но без потчинетост, изјави премиерката Џорџа Мелони во интервју за агенцијата АДНКронос. - Ние сме одлучни да ги афирмираме нашите интереси, во рамките на традиционалното пријателство со САД, со лојалност, но без потчинетост, рече Мелони. Таа додаде дека премногу пати била мета на „срамни сексистички напади“ и оти во тие ситации молчеле оние кои се залагаат за правата на жените. - Би ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика американските Федерални резерви (ФЕД) да ги намалат каматните стапки откако утрово беше објавен извештајот за вработеноста во април, кој беше подобар од очекуваното. - Бензинот штотуку ја проби границата од 1,98 долари за галон, што е најниска цена во последните неколку години, цените на намирниците (и јајцата!) паднаа, цената на енергијата е во пад, каматните стапки на хипотеките ...
Судијка на Обединетите нации е осудена на шест години и четири месеци затвор откако беше прогласена за виновна за принудување млада жена да работи како робинка. Лидија Мугамбе (50) е прогласена за виновна затоа што ја искористила „својата положба“ над државјанка на Уганда на „најтежок начин“, додека студирала за докторат по право на Универзитетот во Оксфорд. Мугамбе, која исто така е судијка на Високиот суд во Уганда, ја спречила жената да има ...
Во врска со најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе биде во Москва на 9 мај за прославата на Денот на победата над фашизмот, портпаролот на ЕК, Маркус Ламерт, вели дека ЕУ сака да смета на Србија и дека земјата треба да ја потврди својата стратешка насока кон Унијата. „ЕУ е јасна кон сите, вклучително и на Србија, дека односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната“, рече Ламерт. Тој додаде дека не сака да ...
ЕУ досега нема доставено никаква формална понуда до САД за ништо, а во моментов само се разговара за областите за кои веруваме дека потенцијално би можеле да дојдеме до договор, изјави портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија и царини Олоф Гил во одговор на новинарско прашање поврзано со медиумски извештаи дека Унијата како компромис за договор со Вашингтон за царините нуди да купува повеќе американски стоки. - ...
Две жени од Куманово, пријавиле физички напади извршени од нивните сопрузи, соопшти денеска СВР Куманово. -Вчера во 18.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Куманово, затоа што истиот ден, околу 17.00 часот физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Подоцна, во 21.40 часот во СВР Куманово, ...
Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го казни ФК Гостивар со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД. ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека заклучно со денеска, сите општини, вкупно 80, поднеле апликации за реализација на проекти од вториот повик. Сега, како што информира Мицкоски, на вториот повик има близу 900 апликации, а заедно со првиот се 1 200. Сега, како што информира Мицкоски, на вториот повик има близу 900 апликации, а заедно со првиот се 1 200. -Тоа се 1 200 градилишта во Македонија, тоа е историска, вековна работа и тоа го ...
Вредноста на проектите поднесени од општините на двата повика што ги објави Владата ќе надмине 20 милијарди денари, оцени денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински. Како што информира Перински, најголем дел од апликациите се за подобрување на патната инфраструктура, но има и проекти за заштита на животната средина (уредување корита, тревни и парковски површини), како и за подобрување на образовните институции (изградба и доградба ...
Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“, велат од УЈП, има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна ...
Владата нема да дозволи никакви трикови за зголемување на цените во маркетите и ќе ги засили контролите не само кај трговците, туку и кај дистрибутерите и производителите. Притоа, посебно внимание ќе се обрне на влезните фактури, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања во рамки на работната посета на Кавадарци, ситуацијата ќе се следи и нема да се дозволи стихијно однесување на пазарот. ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи тенденцијата на намалување на јавниот долг и неговото ниво до крајот на мандатот на оваа Влада да изнесува под 55 отсто, па дури, како што рече, и под 50 проценти. Мицкоски очекува и државниот долг до крајот на владиниот мандат да биде под 45 или под 40 отсто. Според него, важно е и номиналниот БДП да биде 20 милијарди долари. -Очекувам оваа тенденција да продолжи, имаме ниво на јавен и државен ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа како ја оценува состојбата во владината коалиција, напомена дека е одлична, а притоа потврди и дека ќе се случи средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Ова доаѓа откако остана под знак прашање останувањето на министерот за здравство Арбен Таравари во Владата, по превирањата во коалицијата Вреди, еден ...