Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски во делот „Проекти за трајна промена – Општина Кисела Вода“. Со завршувањето на зафатот, како што се наведува, е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално ...

Репрезентативците на Норвешка и натаму се најдобрите на Игрите во Милано Кортина со вкупно освоени 34 медали од кои 16 златни. И во двете категории имаат најголем број медали. Зад нив е САД со 27 медали (9 златни) и домаќинот Италија со 26 медали (9 златни). На петнаесеттиот ден од Игрите ќе бидат доделени медали и тоа во неколку спортови: слободно скијање (мажи и жени); биатлон 15 километри мажи; брзо лизгање – 1.500 метри жени; карлинг мажи ...

Светската шампионка во една од новите дисциплини скијачко планинарење Мариане Фатон од Швајцарија го освои првото место и златниот медал. Таа постигна време од 2:59.77 минути и беше единствената натпреварувачка со резултат под три минути. Натпреварувањето се одржа во лоши временски услови со многу нов снег. Среброто и припадна на Французинката Емили Хароп, а бронзата на Ана Алонсо Родригез од Шпанија. Ова за Швајцарија беше 13.ти медал на ...

Шпанскиот репрезентативец Ориол Кардона Кол го освои првиот златен медал во дисциплината скијачко планинарење. Тој во трите сектори оствари најдобро време – 2:34.03 минути што му донесе прво место. Второто место му припадна на натпреварувачот од Русија Никита Филипов, додека трет заврши Тибо Анселме од Франција. Ова беше прв златен медал за Шпанија на Игрите во Милано Кортина, а вкупно втор. Post Views: 2 февруари 19, 2026 Шпанскиот ...

Натпреварувачите на Норвешка ја потврдија доминацијата во нордиска комбинација (скокови и крос кантри) откако денеска триумфираа и во тимскиот натпревар. Норвешките натпреварувачи Андреас Скоглунд и Јенс Офтебро остварија најдобар резултат 41:18.0 минути. Воедно ова за Офтебро беше трето злато по двата триумфа во поединечна конкуренција. Во неизвесната завршница на патека од крос кантри Финска заостана за 0.5 секунда и со тоа го освои ...

Туристичката понуда на Охрид е дел од понудата на годинешниот 47. Меѓународен саем за туризам што се одржува во Белград. На меѓународната манифестација во Србија што годинава се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“ Општина Охрид се претставува заедно со понудата на која учествуваат уште и Министерството за култура и туризам, ХОТАМ и други туристички чинители. ‎Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, посочи дека во Белград ...

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга и селата, заклучи градоначалникот Менди Ќура на денешната вонредна седница на Советот на Општина Струга, на која единствена точка беше расравата за проблемите на граѓаните со редовното снабдување со исправна вода за пиење. Тој посочи дека две компании низ годините вршеле ископувања, кои, како што забележа, биле ...

Само десет гнездечки парови од реткиот вид на чапја, т.н. голем воден бик, кои тешко се забележуваат, се регистрирани во државава, а неколку се наоѓаат токму на подрачјето на Дојранското езеро. Процената за гнездечката популација ја даваат еколозите од Македонското еколошко друштво (МЕД), кои се дел од проектот „Заштита на медитеранските влажни зони“, финансиран од Француската агенција за развој, што овозможува подобро познавање на биолошката ...

„Во Програмата за 2026 година воведовме посебна мерка, која во моментов е во фаза на доработка, со цел да бидат поддржани сите мали капацитети, истата е насловена како Мерка за директни плаќања на мали земјоделски стопанства“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисија на ТВ 24. „Да појаснам, земјоделец кој имал 2 декари лозов насад и ги пријавил минатата година, а со новите измени ...

Советот на Општина Центар на денешната седница гласаше за недонесување на одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“ информира Општина Центар во соопштение За недонесување на предлог-одлуката гласаа сите 23 советници. Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ...

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“. – Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа – Скопје да се извлече од хаосот и долговите коишто биле наталожувани од расипничкото владеење. Наследивме урнат град, институции без ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се исплатени 338.468.141 денар на 9.567 овоштари. Како што информира МЗШВ, исплатата е реализирана во согласност со Мерката 1.6 – директни плаќања од обработлива површина за одржување постојни овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство. – Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските ...

Според кинескиот календар, оваа 2026. е година на „Огнениот коњ“, а традицијата налага да се избегнуваат одредени работи доколку сакате среќа во текот на целата година. А, тешко вам ќе биде ако денеска се расправате… Лунарната Нова година значи „помести го старото“ и дочекај го новото, позитивното – здравје и благосостојба. Позната е и како „Пролетен фестивал“ и означува почеток на новата година според традиционалниот лунарно-соларен ...

„Шпанската полиција уапси 20-годишен хакер кој со помош на софистицирана кибер технологија резервирал престој во луксузни хотели за само еден цент за ноќ. Ова е првиот познат случај од ваков вид, кој вклучува манипулација со системот за плаќање при онлајн резервации на хотели, иако не се исклучува можноста дека веќе имало вакви случаи и претходно, но не биле откриени, пишува шпанскиот онлајн портал Јуроуикли Њуз (EuroWeekly News). ...

Поранешниот голман на парагвајската репрезентација, Хозе Луис Чилаверт, го поддржа напаѓачот на Бенфика, Џанлука Престијани, кој беше критикуван поради расистичкиот скандал со фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус, за време на натпревар од Лигата на шампионите. Бразилецот тврдеше дека Престијани го нарекол „мајмун“. – Килијан Мбапе зборува за вредности и сè тоа, но живее со трансвестит (во 2022 година, италијанските медиуми објавија дека Мбапе ...

Во присуство на семејството, голем број колеги, пријатели и почитувачи, денеска во Драмскиот театар се одржа комеморацијата за актерката Ленче Делова. Во театрографијата на нејзината матична куќа останува забележено дека Ленче Делова, родена на 15 јуни 1948 година, стана професионална актерка на едвај 16 години. На сцената на театарот прв пат чекори во „Богомилска балада“, првата премиера изведена во оваа, тогаш нова и привремена зграда на ...

Годинава, ќе се случува зелениот пресврт, што ќе се гледа на терен – во инфраструктурата, во стандардите и во резултатите – рече министерот за животна средина и просторно планирање Мухамет Хоџа на промоцијата на тешката механизација набавена во рамките на регионалниот проект за управување со цврст отпад во депонијата Русино, во близина на Гостивар. Тој во обраќањето посочи дека со оваа набавка почна реален пресврт во управувањето со отпадот ...

Градоначалникот Дарко Костовски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2. Како што соопштија од Општина Бутел, градежните активности напредуваат со одлична динамика и се во завршна фаза. Градоначалникот Дарко Костовски изрази големо задоволство за реализирањето на овој капитален проект и останува посветен на ...

Во првите 100 дена од новиот мандат градоначалникот Александар Стојкоски и Општина Ѓорче Петров реализираа низа инфраструктурни, образовни и развојни активности, со фокус на капитални инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните. Советот на Општината, како што се наведува во соопштението, го донесе развојниот буџет за 2026 година во износ од 1,45 милијарди денари, од кои речиси 60 проценти се наменети за капитални инвестиции, ...

Најмалиот Кју-ар-код во светот има површина од само 1,98 квадратни микрометри. Тоа значи дека е помал од повеќето бактерии, не може да се види дури ни со светлосен микроскоп, туку само со електронски микроскоп, и поради тоа, тој е впишан во Гинисовата книга на рекорди. Интересно е што новиот Кју-ар-код е за 37 отсто помал од претходниот носител на светски рекорд. Новиот рекорд е потврден во присуство на сведоци, а независна верификација беше ...

Американскиот глумец Мајкл Даглас, во видеообјава на својот интернет-простор, ѝ соопшти на јавноста и на обожавателите дека пишува мемоари, т.е. автобиографија. „Здраво на сите! Имам неколку возбудливи вести да ги споделам со вас. Пишувам книга, со голема помош од Мајк Флеминг Помладиот. Го почнавме ова патување пред околу шест месеци и со возбуда објавувам дека книгата ќе биде објавена на 6 октомври“, напиша холивудскиот актер до своето ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е лидер по утринската сесија од вториот ден од последниот тест во Формула 1. Лидерот на Ред Бул, Макс Верстапен, е втор, а Џорџ Расел од Мерцедес е трет. Пласман на десетте најбрзи, време на најбрз круг и вкупно извозени кругови: 1. Ландо Норис (Мекларен) – 1:33.453 (72 круга) 2. Макс Верстапен (Ред Бул) +0.131 (56) 3. Џорџ Расел (Мерцедес) +0.658 (77) 4. Алекс Албон (Вилијамс) +1.677 (71) 5. Габриел ...

Голден Стејт ќе биде без својот најдобар кошаркар Стеф Кари за нивниот прв натпревар од регуларната сезона во НБА по паузата за Ол-стар натпреварите против Бостон на 20 февруари. Датумот на неговото враќање сè уште не е одреден, објави „ESPN“. Пред паузата, тренерот на Вориорс, Стив Кер, изрази надеж дека отокот и болката во десното колено на 37-годишниот Кари ќе се намалат и дека тој ќе добие дозвола да игра на 20 февруари. Сепак, вечерта на ...

Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре времето во државата ќе биде врнежливо. Во пониските места се очекуваат врнежи од дожд, на повисоките дожд и снег, а на планините ќе врне снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи се најавуваат во западните делови од земјата, каде што се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар воден талог. На планините снежната покривка ќе се зголеми за 10 ...

Отчет за сработеното во првите сто дена од мандатот денеска пред јавноста даде градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска. Пред граѓаните на Кисела Вода таа рече дека нејзниот отчет „Сто дена – сто дела“ не е само симболика, туку жива статистика на заедничкиот труд, доказ дека во Општината секој нов ден значи нов проект во интерес на граѓаните. – Нашата работа се темели врз три столба – целосна законска издржност, ...

Лишувањето од сон го зголемува ризикот од низа здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања, дебелина и депресија, предупредуваат американските Центри за контрола и превенција на болести. Затоа, на човек му треба шест до осум часа сон секоја ноќ. Сепак, не е невообичаено луѓето, особено студентите, да останат будни цела ноќ, т.е. 24 часа. Но, колку долго луѓето можат да издржат без сон? Во 1963 година, 17-годишниот Ренди ...

Глумецот Шаја Лабјуф има само два збора да сподели откако беше уапсен во Њу Орлеанс завчера, и по обвиненијата за физичка пресметка со две лица. „Ослободете ме“, напиша ѕвездата на серијалот филмови „Трансформери“ во своја објава на „Икс“ вчера. Лабјуф (39) се соочува со две обвиненија за едноставно насилство и напад кон двајца мажи (т.е. лесна или куса тепачка без посериозни последици). По судирот, актерот е однесен в болница, па кусо ...

Викториja Џонс, ќерката на актерот Томи Ли Џонс, почина поради „токсични ефекти од кокаин“, соопшти канцеларијата на главниот медицински истрaжувач за „Фокс њуз“ (Fox News). Начинот на смртта е прогласен за „несреќен случај“. Таа била пронајдена мртва на 1 јануари во хотелот „Фремонт“ (Fremont Hotel) во Сан Франциско. Аудиозапис од повикот до итната помош покажува дека, најверојатно, се предозирала со дрога. Пожарната служба потврди дека ...

За куќата да стане вистински дом, велат, клучот е во деталите. За да се остави естетски најдобар и најубав впечаток, уметничкото дело е вистинскиот детаљ којшто го прави дизајнот на ентериерот – целосен и му дава личен печат на амбиентот, пишува порталот „Садрн ливинг“ (Southern Living). Следат неколку совети за естетиката и изборот на уметноста што ќе го краси Вашиот дом. 1. Побарајте нови, млади уметници Ако ѕидови се празни и навистина сте ...

Писмо што како дете го напишала Елизабета II ќе биде понудено на аукција во Пеншурст, југоисточна Англија, а се очекува да достигне цена до 4.000 фунти (4.680 евра). „Писмото, упатено до Беатрис Стилмен, главната куќна помошничка во кралската резиденција во Виндзор, содржи цртежи од кучиња, коњи и деца, како и прашање дали „птиците се добро и дали златните рипки не угинале“, пренесува Еј- би-си. Според аукциската куќа „Хеншос Окшонирс“ ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
33%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.2
52%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
41%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
53%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.48
79%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
47%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
64%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
24%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
68%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
33%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
100%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Сребро

2179.44

Бакар

10.65