
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија, објави американскиот Стејт департмент. Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на средбата со новинарите изјави дека САД ја менуваат „методологијата за тоа како придонесуваат“ во разговорите и повеќе нема да „летаат околу светот при првиот повик за средби“. Киев и Москва сега мора да излезат со „конкретни“ предлози за завршување на војната и да се состанат ...
Претходните говорници кажаа за што станува збор, за што сме денеска тука во Кавадарци. Мене ми е, би рекол, во последниве два, три месеци, трет пат како сум во Кавадарци, помеѓу кавадарчани. Сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата за посветената работа што ја прават овде во Кавадарци. Да посакам уште многу вакви проекти. Воедно, ја користам оваа прилика и да се заблагодарам на колегите од Владата коишто исто ...
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска на работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери ја претставил развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отвориле прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти. Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички ...
Од Универзитетската ургентна болница „Пирогов“ пуштени се уште тројца од најтешко повредените во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија, информираат од болницата. Со нив, бројот на успешно спасени тешко повредени лица транспортирани во „Пирогов“ станува седум. Во моментот во болницата останува на лекување осмиот најтешко повреден пациент 21-годишен маж, информираат од болницата. Тројцата отпуштени млади луѓе се на возраст меѓу 16 и 19 ...
Ако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ДУИ излегува на улица, вели за ТВ 24 лидерот на партијата Али Ахмети. За Ахмети случајот со Бектеши е политички прогон, што може да предизвика излегување на членовите и симпатизерите на ДУИ на улица. „Тие ќе дадат и поддршка на протестите на семејствата на кои им загинаа децата во Кочани. Нема да се повлечеме додека не ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете министерства во областа на физичките подготовки и спортски активности. Со овој Меморандум за соработка, како што информира МВР, се утврдува рамката меѓу страните потписници за работи од заеднички интерес базирани на искористување на стручно-научните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во изјава за медиумите истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври годинава. -Ова прашање сè уште не е дискутирано. Ќе бидат повикани сите партии од „Европскиот фронт“ и ќе се разгледа целата ситуација, потенцира Ахмети при неговата посета на скопското село Свиларе. Прашан ...
Екипата на Волфсбергер го освои турнирот „Австрискиот куп“ за прв пат во својата историја. Во финалето, кое се играше во Клагенфурт, „волците“ го победија Хартберг со 1:0. Интересно е што за двата тима ова беше прв пат да стигнат до финалето на натпреварувањето. Единствениот гол на натпреварот го постигна Анџело Гатермаер. Тој беше прецизен во 77-та минута, само две минути по влегувањето на теренот. Пред натпреварот, медиумите во Австрија го ...
Рускиот претседател Владимир Путин покажа дел од станот каде што живее, a којшто се наоѓа во близина на неговата претседателска канцеларија во Кремљ. Снимките се дел од новиот документарец, продуциран од телевизискиот канал „Русија 1“. - Да, ова е тој стан. Како што можете да видите, не е далеку, му вели Путин на новинарот Павел Зарубин во објавената куса видеоснимка. Според воведните снимки, во станот може да се видат бело пијано, портрет на ...
Вработени во Зоолошката градина-Скопје денеска за време на паузата, поддржани од СОНК, излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции – Министерствотио за култура и туризам и Град Скопје да им ја исплатат платата за март. Миле Таневски, претседател на синдикатот во ЗОО-Скопје, рече дека не знаат зошто Министерството не им исплатило плата, ниту каде е настанат проблемот, со оглед дека дел од други локални институции ...
За премиерот Христијан Мицкоски намалувањето на јавниот и државниот долг претставува одличен индикатор за состојбата на македонската економија. Тоа, како што посочува, укажува дека се случило консолидирање на економијата по слободиот пат во изминатите години и оти следува период на развој. -Уште една убава вест за македонската економија и граѓаните. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви/Март, намален е јавниот и државен долг. ...
Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март годиава е намален за 4,3 проценти, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во март 2025 година, во однос на март 2024 година има намалување за 4,5 проценти на бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија, од 2,1 проценти во Рударство и вадење на камен и за 1,8 проценти во ...
Падот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести и дезинформации. Главната фабрика за лажни вести и дезинформации, во отсуство на конструктивни политики се СДС и Венко Филипче, за што како партија имаат и осудителни пресуди за тоа. Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференција. Тие тврдат дека министри давале неколку илјади евра за ручеци, а во суштина и институциите демантираа кажувајќи ...
Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско езеро и Младенов, за кои лажеше со години? Дали Венко Филипче кога вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на лагите и злоупотребите на човечките трагедии? Дали Филипче се восхитува на Заев кога тој лажеше дека ќе ја каже вистината за смртта на Младенов и убиството кај Смилковско езеро, за потоа да се испостави дека лажел? ...
Во најновиот извештај на Репортери без граници (RSF), Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година и се рангира на 42 место. ЗНМ го смета извештајот за реален и балансиран приказ на состојбите, кој јасно ги посочува постојните предизвици и потребата од суштински реформи. Во правниот дел, извештајот нотира дека националното законодавство сè уште не е усогласено со европските стандарди, а ...
Осум пациенти денеска се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, а во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Министерството за здравство. Од осумте пациети кои се враќаат, пет се лекуваа во Турција, двајца од Бугарија и еден во Словенија. Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и ...
Искусниот словенечки интернационалец Јака Малус (28) во следните две сезони ќе биде играч на Вардар, откако го потпиша договорот со најтрофејниот македонски ракометен колектив. Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ лигата на шампионите и Лига Европа, соопштија од тимот. Се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на Словенија, а ги има поминато и сите младински селекции и настапувани на младинските ...
Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија. Дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти? Филипче е доследен на Заев и во предавствата, ...
Процесот на подготовка за конклавата за избор на нов папа продолжува, при што денеска беше поставен оџакот на Сикстинската капела, од кој ќе излегува чад за време на гласањата за избор на следниот поглавар на Римокатоличката црква. Пожарникарите беа забележани на покривот на Сикстинската капела како го поставуваат оџакот – клучен момент во подготовките за конклавата на 7 мај. По секои два круга гласање во Сикстинската капела, гласачките ливчиња ...
Европската Унија распиша втор конкурс за упис на 15 постдипломци од земјите кандидати за членство во ЕУ, вклучително и од Северна Македонија, на Дипломатската програма на Колеџот на Европа во белгискиот град Бриж, што се очекува да трае во периодот од 31 август годинава до 31 јануари 2026 година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за програма финансирана од Генералниот директорат на ЕУ за проширување и источно соседство (ДГ ...
Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 п.п. во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7 отсто од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ. -Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме. Јавниот долг од 62,4 ...
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување од утврдените процедури и стандарди, соопштија ...
САД од денеска воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина и Хонгконг, особено оние што содржат евтина облека од гигантите за онлајн-продажба „Шеин“ и „Тему“. Новата мерка, дел од тековната трговска војна меѓу двете економски сили, стапи во сила од 4 часот по Гринич (7 часот по средноевропско време), со што се укинува досегашното ослободување од царина за пратки во вредност до 800 долари. Тоа ослободување им овозможи на кинеските е-комерц ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека крајот на војната во Украина не е на повидок, иако двете страни сега јасно ги знаат условите една на друга за можна мировна спогодба. - Сега се е во рацете на Русите и Украинците. Тие знаат какви се условите за мир и на нив е да постигнат договор, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи: „Но оваа брутална војна нема да заврши брзо“. Венс, исто така, изјави дека одговорот на Индија за ...
В недела, 4 мај, Романците повторно ќе излезат на гласачките места за да го дадат својот глас за избор на нов шеф на државата. Претседателските избори во земјата се одржуваат повторно, откако во декември минатата година Уставниот суд го поништи првиот круг одржан на 24 ноември поради сомневања за надворешно мешање и нареди целиот процес да започне одново. Уставниот суд го продолжи мандатот на тогашниот претседател Клаус Јоханис до изборот на ...
Астронаутките на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА, Ен Меклејн и Никол Ајерс минаа речиси седум часа надвор од Меѓународната вселенска станица. Целта на ова вселенско излегување беше одржување и поправка околу МВС, пренесе ДПА. Ова е петто излегување составено само од жени, во историјата. За време на престојот вон МВС, американските астронаутки инсталираа држач за претстојното распоредување на сончеви панели ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД направиле многу повеќе од другите земји за да ја добијат Втората светска војна. Тој, исто така, прогласил Денови на победата во земјата, според неговата објава на платформата за социјални медиуми Truth Social. -Многу од нашите сојузници и пријатели го слават 8 мај како Ден на победата, но ние направивме повеќе од која било друга земја, убедливо, во постигнувањето победнички резултат во Втората ...
Кинеската влада објави т.н. „бела книга“ за одговорот на земјата на пандемијата на Ковид-19, во која се тврди дека постои можност коронавирусот да потекнува од САД, а не од Кина. „Постојат значајни докази дека Ковид-19 можел да се појави во САД уште пред официјално пријавената појава во Кина“, стои во документот објавен од агенцијата Синхуа. „САД треба да престанат да ја префрлаат вината и да ја избегнуваат одговорноста, да престанат да бараат ...
Слободата на медиумите низ целиот свет е во полоша состојба од кога било, според најновото годишно рангирање објавено денеска од организацијата за човекови права „Репортери без граници“, кое забележува дека новинарите во Европа имаат најголема слобода, објавија светските агенции. -Слободата на медиумите во светот во 2025 година е на најниско ниво досега. Над половина од светското население живее во земји каде што ситуацијата е оценета како ...
Националното студентско тело, како репрезентативно тело на студентите во Република Северна Македонија, на 30.04.2025 поднесе официјални барања до клучните институции во државата за итно носење на Законот за студентско организирање. Барањата се упатени до: Министерството за образование и наука и министерката проф. д-р Весна Јаневска, Претседателот на Собранието, м-р Африм Гаши, Претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт при ...