Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
MINI постигна исклучителен успех во 2025 година со вкупно 288.290 испорачани возила, што претставува значително зголемување од 17,7% во споредба со претходната година. Побарувачката за електрични возила е особено импресивна – со 105.535 испорачани електрични модели на MINI (+87,9%), брендот постави нов рекорд во електромобилноста. Според Index.hr, повеќе од една третина од сите продадени возила на MINI низ целиот свет сега се електрични, а на ...
Доколку продолжат сегашните трендови, кинеските електрични возила би можеле да сочинуваат една третина од глобалниот пазар до 2030 година. Аналитичарите во швајцарската банка UBS истакнаа дека со оглед на тоа што домашниот автомобилски пазар на Кина продолжува да расте, проширувањето на странските пазари станува сè поважно за кинеските производители на автомобили. Според најновите проценки, странските пазари моментално сочинуваат околу 20% од ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер. На средбата, како што велат од прес-службата на Собранието, Гаши изразил благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно била нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на ...
Координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку негира дека има судир меѓу четворицата лидери на владејачката коалиција составена од неколку партии од албанскиот политички блок. На прес-конференција во Собранието, пратеникот истакна дека функционерите се сложуваат добро меѓусебно и имаат тешкотии да изберат еден најдобар за единствен лидер на ВЛЕН, во случај коалицијата да се претвори во политички субјект. „Нема судир, и ќе го кажам ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент ...
Аеродромите во Будимпешта, Братислава, Виена и Прага беа привремено затворени денес, 13 јануари, а летовите беа пренасочени кон други аеродроми поради студено време. Во Виена, на пистите се формираше дебел слој мраз кој продолжи да замрзнува и покрај напорите за нивно расчистување, изјави портпаролот на аеродромот, пренесува Скај њуз. Во Прага, ледениот дожд го принуди аеродромот да работи во „многу ограничен режим“, со ограничени ...
На 12.01.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.Н. од Тетово. Според пријавеното, во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што ...
Според податоците објавени од Државниот завод за статистика во ноември 2025 година 77. 570 туристи оствариле 146 605 ноќевања во земјава. Во ноември 2025 година, од вкупниот број туристи, 25.7 % се домашни, а 74.3 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33.9 % се од домашните туристи, а 66.1 % од странските туристи. Прочитајте повеќе: Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на ...
Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. -Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на ...
Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25, поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која беше закажана за утре, 14 јануари 2026 година, се одложува. Одлуката е донесена по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска. Од Судот појаснуваат дека барањето е поради тоа што адвокатката е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па за да се овозможи ангажирање на нов бранител и негово ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик. На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор ...
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за приклучување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не побрза со плановите за преземање контрола врз арктичкиот остров, објави во понеделник руската новинска агенција Интерфакс. „Трамп мора да побрза. Според непотврдени информации, за неколку дена би можел да се одржи изненадувачки референдум на ...
Ја оставаме позади нас 2025 година која донесе голем број на предизвици, економски, енергетски, локални и централни за нашата Македонија. Сепак полето за кое наголемо се зборуваше на прес-конференции е туризмот кој можеме да го набљудуваме од две перспективи. Првата преку податоците од Државниот завод за статистика и втората со анализирање и компарирањето на повеќе индикатори кои во многу работи ќе не замислат или во најмала рака ќе иницираат ...
СДСМ повторно порача дека Техничката влада мора да остане, велејќи дека таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори. Од партијата го вперија прстот во актуелната Влада за наративот за укинување на „Пржино“. -Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила масовен напад врз Украина преку ноќ, лансирајќи „скоро 300 дронови за напад“ и уште 25 ракети Најновиот бран напади повторно беше насочен кон енергетската инфраструктура низ целата земја, која со недели се бори со сериозни прекини на електричната енергија и греењето во текот на суровата зима. Според него, нападите предизвикале „широко уништување на станбената и цивилната ...
Министерот за здравство, Азир Алиу во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ се осврна на потребата од донесување нов закон за заштита од пушењето. – Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали законот се применува, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува Унгарците и Русите да достават обврзувачки дел од договорот во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС) во следните два-три дена. Тој им рече на новинарите во Абу Даби, каде што престојува за Неделата на одржливост, дека се надева дека преговарачите ќе постигнат конечен договор до февруари или март и дека Србија ќе продолжи да се снабдува со нафта без никакви пречки. Порача дека ...
Повеќе од 60 економисти ги повикаа европратениците да го поддржат дигиталното евро, предупредувајќи дека еврозоната би можела да „изгуби контрола“ врз сопствените пари и да стане уште позависна од американските компании ако проектот не успее, објавува „Фајненшл тајмс“. „Силното јавно дигитално евро не е луксуз или опционален додаток, туку неопходна заштита за европскиот суверенитет, стабилност и отпорност“, напишаа економистите во отворено ...
Paramount Skydance поднесе тужба против Warner Bros Discovery во понеделникот барајќи повеќе информации за нивниот конкурентски договор со Netflix од 82,7 милијарди долари, дополнително интензивирајќи ја битката за преземање на едно од најпознатите студија во Холивуд. Компанијата, предводена од Дејвид Елисон, исто така, изјави дека ќе номинира свои кандидати за одборот на директори на Warner Bros, во еден од своите најагресивни потези досега ...
Богатството што го поседуваат 20-те најбогати милијардери во светот – околу 3,8 трилиони долари – е поголемо од БДП-то на повеќето земји на планетата. Покрај тоа, тие богатства растат со неверојатна брзина од 2020 година. Во тоа време, Џеф Безос беше најбогатиот човек во светот, со нето вредност од 145 милијарди долари. Денес, богатството на Илон Маск е речиси пет пати поголемо од таа сума. Прочитајте повеќе: Инфографикот подолу ги прикажува ...
На 12.01.2026 во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина. Од Основен суд Крива Паланка му била изречена ...
„Во држава во која минималната плата едвај достигнува 400 ЕУР, а јавните политики постојано се правдаат со „недостаток на средства“, пратениците само во една година потрошиле 14.369.470 денари за патни трошоци. Станува збор за износ кој јасно ја разоткрива изопачената хиерархија на приоритети – за комфорот на елитата секогаш има пари, но за основните потреби на граѓаните континуирано нема“, обвинија денеска од Левица за примањата на ...
Франција со восхит и вознемиреност гледа како Германија инвестира во историско вооружување, нарушувајќи ја долгогодишната рамнотежа на континентот, објави Блумберг. Берлин прави токму она што се согласи да го направи одбранбениот и безбедносен сојуз на НАТО – се обврзува да потроши повеќе од 500 милијарди евра за одбрана до 2029 година, постигнувајќи ја новата цел на алијансата да инвестира 3,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во ...
Молдавската претседателка Маја Санду изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку прашањето некогаш се стави на референдум, нагласувајќи дека за Молдавија станува сè потешко да „преживее“ како независна земја. Молдавија, земја со околу 2,4 милиони луѓе сместена помеѓу Романија и Украина, во последните години стана цел на руски хибридни операции, вклучувајќи кампањи за дезинформации и мешање во избори, објави „Политико“. „Да ...
„Министерството јасно и намерно пласира теза дека некој наводно одбил зголемување на коефициентите во 2023 година и дека токму поради тоа денес, на сила, е наметнато ова „соломонско решение“ за пресметка на платите. Ова е свесна манипулација и грубо извртување на фактите. Некој кој многу лошо го информира министерот, не ги прегледал документите кои ги наведува“, велат од Синдикатот на култура на Република Македонија откако од ресорот култура ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и ...
Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година. „Во Буџетот за тековната година се обезбедени 15 000 000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, повеќе социјализација и ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека деновите на сегашните ирански владетели се одбројани во услови на масовните протести во Иран, објави ДПА. „Ако еден владејачки режим може да ја задржи власта само преку употреба на насилство, тогаш неговите денови се всушност одбројани“, рече Мерц за време на посетата на Бангалуру, Индија. „Се сомневам дека сега можеби сме сведоци на последните денови и недели од овој режим“, додаде тој. ...
Би-Би-Си ќе започне постапка за отфрлање на тужбата на Доналд Трамп за тоа како неговиот говор од 6 јануари 2021 година бил неправилно монтиран во документарецот „Панорама“. Американскиот претседател поднесе тужба од 5 милијарди долари во суд во Флорида минатиот месец, обвинувајќи ја Би-Би-Си за клевета и кршење на законот за трговски практики. Судските документи поднесени во понеделникот покажуваат дека радиодифузерот ќе тврди дека судот во ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека деновите на сегашните ирански владетели се одбројани во услови на масовните протести во Иран, објави ДПА. „Ако еден владејачки режим може да ја задржи власта само преку употреба на насилство, тогаш неговите денови се всушност одбројани“, рече Мерц за време на посетата на Бангалуру, Индија. „Се сомневам дека сега можеби сме сведоци на последните денови и недели од овој режим“, додаде тој. ...