Просечната месечна исплатена нето-плата во април 2026 година изнесуваше 48.779 денари и бележи годишен раст од 7,3 % во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-платата за истиот период изнесува 73.366 денари, а најголем скок на примањата е забележан во секторот на финансиските дејности и осигурувањето. Во април 2026 година, во однос на април 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата ...

Клиниката за детски болести привремено ги спои одделите за имунологија и пулмологија, за да може да се организира сменска работа поради недостиг на средно медицински кадар. Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести, во одговор на новинарско прашање рече дека одделот за имунологија не е затворен, туку привремено е споен со одделот за пулмологија, за да може да има доволно медицински кадар кој ќе пружи квалтетна здравствена услуга. ...

Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството. „Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што ...

Опозициската партија Левица со соопштение реагира дека во Македонија сè уште се применува застарен систем на рачно отчитување на електричните броила, додека во повеќето европски земји веќе се користат паметни системи за далечинско читање со висока точност. Според партијата, и покрај тоа што технологијата овозможува речиси целосно автоматизирано собирање податоци, граѓаните продолжуваат да се соочуваат со доцнења, проценети читања и корекции ...

Опозициската СДСМ реагира дека најавената реконструкција на Владата претставува, како што велат, козметичка промена без суштински политички или кадровски реформи, при што останува истата структура и истите политики, со единствена разлика во нови персонални решенија. Во реакцијата, партијата оценува дека промените во владините редови не носат реална одговорност ниту нов правец во управувањето, туку само формално прераспределување на функции во ...

„Религијата не треба да биде средство за конфронтација, туку ресурс за дијалог, помирување и градење на заедничка иднина“, истакна државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова на отворањето на Четвртата Светска конференција за религиски дијалог и соработка, посветена на темата „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, која од 22-26 јуни се одржува во Скопје. Поздравувајќи ги ...

На 22 јуни 2026 година, околу 18:20 часот, во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 18-годишниот Р.Ш. од истиот град. Акцијата следела по издадена судска наредба од Основниот суд Кавадарци, при што бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории. За време на претресот, полицијата пронашла и одзела марихуана и бела прашкаста материја. Од нашата мрежа Скопје меѓу најевтините: Колку чини изнајмувањето ...

Наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување и натаму не е доволна за да го покрие дефицитот во пензискиот систем, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија за 2024 година на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. „Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како ...

Синоќа ширум окупираниот украински полуостров Крим одекнуваа силни експлозии, додека истовремено ширум полуостровот избија низа пожари. Поради нападот, Керченскиот мост беше целосно затворен за сообраќај во текот на целата ноќ, јавува „Украинска правда“. Повикувајќи се на информации од Телеграм-каналите „Кримски ветер“, „Супернова+“ и каналот за оперативни информации за Керченскиот мост, медиумите наведуваат дека ударите биле почувствувани во ...

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во текот на вчерашниот ден одржал работна средба меѓу претставници на Владата и најголемите трговски синџири во државата, на која се разговарале за мерки за справување со инфлацијата и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Во објавата тој најави дека Владата во следниот период ќе одржи дополнителни состаноци и со добавувачите и производителите, со цел преку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во Белата куќа пред претстојната средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Новинарите го прашаа Трамп за најавената ревизија на американското воено присуство во земјите-членки на НАТО, која ја спроведува министерот за одбрана Пит Хегсет, како и за тоа дали Вашингтон планира повлекување на своите сили од Европа. „Ние бевме одлична членка на НАТО, на многу начини ...

Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова вчеравечер на емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ изјави дека на вчерашната конференција во Владата биле презентирани податоци кои укажуваат на значителен пораст на семејното насилство во државата при што е регистриран раст од 67 проценти на случаите на семејно насилство во периодот од јануари до мај годинава во споредба со истиот период лани. „Тоа значи дека ние имаме проблем и дека тој ...

ВЛЕН во партиска прес-конференција обвини дека во периодот кога со Јавното претпријатие за државни патишта раководел Ејуп Рустеми биле вршени притисоци врз една од најголемите европски компании за производство на заштитни огради да не учествува на тендери во земјава, со што, како што тврдат, бил отворен простор за фаворизирање на компанија од Србија. Од владеачката партија посочија дека станува збор за сериозни наводи кои се однесуваат на ...

СДСМ во партиско соопштение тврди дека најавите за ребаланс на Буџетот претставуваат потврда на нивните предупредувања дека државните финансии се наоѓаат во сериозна состојба. Од партијата посочуваат дека, според изјавите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, планираниот буџетски дефицит за целата година веќе е достигнат во првите шест месеци. „Ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат ...

Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, ОКТА и оваа година продолжува со активностите за поддршка на институциите задолжени за заштита и спасување и за подигнување на јавната свест за потребата од поголема превенција. Во рамки на годишните активности, компанијата обезбеди донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите кои управуваат со противпожарните авиони Air Tractor на Дирекцијата за заштита и ...

Недостигот на сезонска работна сила и натаму останува еден од најголемите проблеми во земјоделството. Производителите велат дека новиот Закон за работно ангажирање на лица не ја решил состојбата на терен, туку дополнително ги зголемил нивните трошоци во услови кога откупните цени на земјоделските производи се ниски, а производствените трошоци постојано растат. Според земјоделците, новите правила предвидуваат сезонските работници да бидат ...

Популарната Северина покажа како изгледал незаборавниот концерт што го одржа во Цриквеница, а посебно внимание привлече приказната за сценската тоалета што на крајот од вечерта завршила во рацете на една обожавателк од првиот ред. Сепак, тоа не било сè што се случувало. Сверина во еден момент пеела со крпа завиткана околу главата, а на Инстаграм покажала како самата ја наместила, бидејќи косата ѝ била толку влажна од жештината што ...

Кралицата на поп музиката Мадона откри дека нејзиниот долгонајавуван биографски филм требало да се снима во Србија, но дека проектот никогаш не бил реализиран поради несогласувања со студиото „Јуниверзал пикчрс“ околу буџетот. Во интервју за списанието „Интервју“, кое го пренесува и „Варајати“, поп-ѕвездата изјавила дека работела на сценариото две години и дека поминала исто толку време работејќи со луѓе од студиото „Јуниверзал“ на буџетот и ...

Кралицата на поп музиката Мадона откри дека нејзиниот долгонајавуван биографски филм требало да се снима во Србија, но дека проектот никогаш не бил реализиран поради несогласувања со студиото „Јуниверзал пикчрс“ околу буџетот. Во интервју за списанието „Интервју“, кое го пренесува и „Варајати“, поп-ѕвездата изјавила дека работела на сценариото две години и дека поминала исто толку време работејќи со луѓе од студиото „Јуниверзал“ на буџетот и ...

Директорот на Клиниката за детски болести да одговори како педесетина луѓе оделе на работа од јануари навака, без да имаат договор за ангажман и без да примаат плата, изјави за „Локално“ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. „Ова прашање треба да го одговори директорот на Клиниката, како тие луѓе доаѓале на работа без да примат плата. Не познавам таков некој кој доаѓа на работа без да има договор“, изјави Димитриеска Кочоска. ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојуваше во работна посета на Битола каде, заедно со градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид во повеќе капитални проекти од областа на културата и заштитата на културното наследство. Посетата започна со работна средба во Општина Битола, на која беа разгледани актуелните и идните проекти кои се реализираат во соработка помеѓу Министерството за култура и туризам и локалната ...

Намалувањето на акцизата за горивата, што Владата го презеде како една од антикризните мерки, според министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска ќе ги намали приходите во буџетт за околу 1,5 милијарди денари. Таа рече дека засега е тешко да се направат пресметки колку намалената акциза ќе влијае на приходната страна на буџетот и дека треба да бидат внимателни, но дека е мерка што Владата ја презела за помош на граѓаните. Од нашата ...

Петмината осомничени за случајот на перење пари во Фудбалската федерација на Македонија, кои минатата недела беа недостапни за органите на прогонот, обезбедени се викендов. Минатата недела во акција на Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, Министерството за внатрешни работи и истражители од Обвинителството беа приведени пвеќе лица, а беа покренати обвиненија против 18 физички и 8 правни лица. Петмина од осомничените, како што ...

Без финансиски средства не може да има независно и ефикасно судство, изјави Претседателката на државата Гордана Сињановска Давкова. Во одговор на новинарско прашање таа рече дека ги разбира дилемите на сите во поглед на законските измени кои се подготвуваат во судството, но дека верува во изјавата на Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој рече дека гледа излезни решенија во поглед на финансирањето. Од нашата мрежа Голдман Сакс ...

Директорот на Клиниката за детски болести да одговори како педесетина луѓе оделе на работа од јануари навака, без да имаат договор за ангажман и без да примаат плата, изјави за „Локално“ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. „Ова прашање треба да го одговори директорот на Клиниката, како тие луѓе доаѓале на работа без да примат плата. Не познавам таков некој кој доаѓа на работа без да има договор“, изјави Димитриеска Кочоска. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на британскиот премиер во заминување Кир Стармер за поддршката пружена на Киев, додека Кремљ изјави дека не очекува никакви промени во руско-британските односи, кои и од претходно се на ниско ниво. „Кир, ти благодарам за сета наша соработка, за твојата поддршка и за заедничките одлуки кои помогнаа во зајакнувањето на нашата Европа и во заштитата на животите“, рече претседателот ...

Од американскиот Стејт департмент изјавија дека во јуни го очекуваат заминувањето на Кристијан Шмит од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина, со најава дека неговиот наследник би требало да ја преземе должноста до крајот на месецот. Откако на седницата на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (ПИК), одржана на 3 и 4 јуни во Сараево, не беше постигнат договор за избор на нов висок претставник, беше најавено дека ...

Британските бизнисмени кои во 2016 година беа на спротивните страни од кампањата, денес споделуваат слична фрустрација поради последиците од Брегзит. Сајмон Бојд од компанијата „REIDSteel“ и Мајк Хоус, челник на здружението на производители на автомобили „SMMT“, укажуваат дека излезот од ЕУ ги зголемил трошоците и го отежнал работењето со европските партнери. По формалниот излез од Унијата на 31 јануари 2020 година беа воведени нови правила ...

Светските лидери ги „хранат“ војните наместо гладните, изјави папата Лав XIV во понеделникот, порачувајќи ѝ на агенцијата на ОН за хуманитарна и прехранбена помош дека глобалните приоритети се многу искривени. Лав, кој во последните месеци беше поотворен во врска со политичките теми, ги повика владите да ги зголемат средствата за борба против гладот и прехранбената помош да не ја подложуваат на ограничувања засновани на геополитички интереси. ...

Според најновите метеоролошки проекции, температурите денеска во одредени делови од континентот надминаа 40 степени Целзиусови. Метеоролошкиот сервис „Windy“ објави графикон кој го прикажува порастот на температурите во Европа. Од нашата мрежа Глобалните приходи од рекламирање во забава и медиуми ќе достигнат… 13 минути biznisinfo.mk Меси против Австрија има можност да напише нова страница во… 32 минути kontra.mk Оставката на Стармер ги ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.92
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Калај

46.54