Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов смета дека Македонија е единствената земја во Европа која што нема „филибастер“ (блокирање на законите) и која што има опозиција оставена без инструменти. За суспензиите на имигрантските визи за Македонија од САД, Крмов потсетува дека не е „прв ладен туш од нашиот најголем стратешки партнер“, со оглед на претходните царини за земјава. -Па, имавме безрезервна поддршка за киднапирањето на претседателот ...
Грипот ја зеде првата жртва. На Инфективната клиника почина жена на 75 – годишна возраст. Имала и други хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип. „Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потврдена инфлуенца а и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Фадил Цана кој што е директор на Клиниката за инфективни болести. Уште двајца други пациенти се во критична состојба и на ...
Руските вооружени сили успешно напредуваат во сите сектори на Северниот воен округ, а во првата половина на јануари зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија, изјави денес началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов. „Офанзивата на формациите и воените единици на Здружената група на сили се спроведува практично во сите правци“, рече Герасимов за време на прегледот на операциите на групата ...
„Техничката влада мора да остане затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството“ – го повторија својот став од СДСМ по вчерашната лидерска средба и дел од темите кои што се дискутираа меѓу претседателите на парламентарните партии. Од СДСМ потенцираат дека, како што ја велат, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување ...
Изјавата на гувернерот Трајко Славески дека инфлацијата во декември се должи на зголемените цени на авионските билети ја разбранува јавноста. Гувернерот се обиде да ги убеди граѓаните дека инфлацијата е предизвикана од цените на авионските билети, а не од цените на храната, но ретко кој му поверува. И економските експерти коментираат дека обидот на гувернерот да ја протне приказната дека инфлацијата е поради авионскиот превоз за која Владата ...
Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари изјави дека неговиот поранешен сопартиец, Зијадин Села и лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи стојат пред вратите на Владата чекајќи да станат дел од владиниот кабинет. „Гледате, Села и Мендух стојат пред вратата на Владата, а јас во 2024 година ја напуштив Владата за да направам промена. Го напуштив Министерството за здравство поради одговорност. Исто ...
Екс-градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави дека донел лична одлука да го „одмрзне“ своето членство во СДСМ, по, како што наведува, „доволно поминато време“. Во објава на Фејсбук, Костадинов посочи дека со овој чекор не ги менува ниту ги повлекува претходно изнесените ставови и позиции за прашања од јавен интерес. Костадинов потенцира дека и понатаму стои зад сите ставови и позиции што претходно ги изнел по однос на прашања од ...
Стејт департментот објави дека ќе ја суспендира обработката на имигрантските визи за 75 земји чии граѓани се сметаат за подобни за јавна помош додека живеат во Соединетите Американски Држави, објави АП. На листата се наоѓа Македонија, како и балканските Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Стејт департментот соопшти дека им наложил на конзуларните службеници да престанат да ги обработуваат барањата за имигрантски визи од ...
„Очекуваниот исход од ‘лидерската’ средба е 0% економија и 100% политика. ЕДНА ИЕ има смисла САМО СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ!!! Во спротивно, како и денес, САМО НЕКОЛКУ МАЖИ ќе продолжат да ја дефинираат судбината на Македонија, НАМЕСТО ГРАЃАНИТЕ. Моќта и финансиите ќе останат кај нив, а за народот — трошки. Со отворени листи ќе има поодговорни народни избраници, а со тоа и ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕ“, реагираше претседателката на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски рече дека денеска СДСМ се самоисклучи од лидерската средба. Вели дека како Влада не толерираат неодговорно однесување, но истакна дека го прифаќаат барањето на партијата на Венко Филипче за следните парламентарни избори да остане техничката влада. -Ние како Влада сме одговорни да им го овозможиме тоа. Но, веќе по наредните избори, да нема веќе техничка влада, имајќи предвид за предизвиците со кои ...
Претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, му го додели Орденот на Зајед, највисокото државно одликување на ОАЕ, на албанскиот премиер Еди Рама, објави новинската агенција на ОАЕ, „ВАМ“. Одликувањето е признание за напорите на Рама за зајакнување на соработката меѓу ОАЕ и Албанија. Одликувањето беше доделено за време на церемонијата во палатата Каср ал Бахр во Абу Даби. Рама е во посета на ОАЕ по повод Неделата на одржлив ...
„За првпат имавме конструктивна средба во вакво издание. Од политичките теми, начелно би го издвоил Изборниот законик. Начелно е договорено до крајот на јуни да се донесе нов. е дискутираше за моделитетите и комуникацијата ќе продолжи на ниво на координатори на пратенички групи во Собранието, со некои од министрите во Влада“, кажа лидерот на Левица, Димитар Апасиев по завршувањето на лидерската средба. Апасиев додаде дека како партија ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети смета дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во евентуално укинување на техничката влада. Како што рече Ахмети, треба да се побара став од ЕУ и Американската амбасада во земјава. По завршувањето на лидерската средба, Ахмети истакна и дека по однос на системот „Безбеден град“ и потребното двотретинско мнозинство за Законот за прекршоци, но, и за „Бадентер“ во Уставниот суд, е одлучено да има ...
Истражителите за борба против корупцијата во Украина ја обвинија Јулија Тимошенко, истакната украинска опозициска политичарка и поранешна премиерка, за организирање шема за поткуп на пратеници, во која наводно биле вклучени пратеници од партијата на Володимир Зеленски, со цел да го поткопаат. Тимошенко доби меѓународно признание за време на Портокаловата револуција во Украина во 2004 година и беше затворена во 2011 година по политички ...
„За првпат имавме конструктивна средба во вакво издание. Од политичките теми, начелно би го издвоил Изборниот законик. Начелно е договорено до крајот на јуни да се донесе нов. е дискутираше за моделитетите и комуникацијата ќе продолжи на ниво на координатори на пратенички групи во Собранието, со некои од министрите во Влада“, кажа лидерот на Левица, Димитар Апасиев по завршувањето на лидерската средба. Апасиев додаде дека како партија ...
Координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски по одржувањето на лидерската средба истакна дека неговата партија предлага за една изборна единица што ќе обезбеди поголема еднаквост на гласот на граѓаните. На прашањето зошто лидерот на движењето, Максим Димитриевски не присуствуваше на лидерската средба, Карапејовски информира дека уште претходно имал закажани обврски надвор од Македонија. -Нема ништо спектакуларно во однос ...
Лидерот на ВЛЕН, Биљал Касами ја поздрави денешната лидерска средба во Клубот на пратеници. Истакна дека имало конструктивна дискусија меѓу лидерите. Во делот на техничката влада, Касами рече дека е за нејзино укинување, а ако нема целосна согласност од партиите, укинувањето да важи после наредните парламентарни избори. -Ако нема согласност сега, и овие (редовните парламентарни) избори да се организираат со техничка, а после тоа да нема, ...
Банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) известуваат за трендови на подобрување. Побарувачката за кредити останува силна, особено од компаниите, додека банките очекуваат мало подобрување на понудата на кредити по период на контракција. Се очекува апетитот за кредитирање од банките да расте, особено за мали и средни претпријатија и потрошувачки кредити, иако банките покажуваат поограничена подготвеност да одобрат кредити на ...
Професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој коментира разни теми од општеството, смета дека изборите треба да ги организира техничка влада, без разлика на тоа која партија во моментот е на власт. Според него, тоа е единствениот механизам што барем делумно обезбедува рамен и фер терен за сите учесници во изборната трка. „Во спротивно, секоја влада доаѓа во искушение да ги користи институциите, државните ресурси и ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео во кое вели дека култната фонтана на влезот на Градскиот парк во Скопје, повторно го добива својот сјај. Започнавме со целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“, сместена на влезот од Градскиот парк, место што со децении претставува препознатлив белег и гордост на Скопје, но и место кое долги години беше запуштено, информира денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава ...
Вториот поевтин електричен автомобил на Dacia ќе се произведува во Европа и ќе понуди алтернатива на кинескиот увоз со уникатен стил, локални стимулации и компактен електричен погон. Бидејќи прифатливите електрични возила од Кина продолжуваат да пристигнуваат во Европа, прашањето за производителите на автомобили повеќе не е дали треба да одговорат, туку колку брзо можат. За Dacia, решението е едноставно: да ги победи во нивната сопствена игра ...
Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. Велат дека не постои одлука за укинување на и дека мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. -За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано ...
Министерот за економија, Бесар Дурмиши засега не гледа причина за реакција во однос на цените на храната. Вели дека во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. -Доколку има енормно зголемување на цените, ќе реагираме и ќе се преземат мерки, кажа министерот како одговор на новинарски прашања. Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. Прочитајте ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран. Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад. „Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за американската операција за апсење на Мадуро. ...
Доколку суверенитетот на европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денешната седница на кабинетот, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата Мод Брежон. „Доколку суверенитетот на европска земја и сојузник ...
На денешната лидерска средба, евидентно беше отсуството на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, но и лидерката на ЛДП, Моника Зајкова. Иако од СДСМ децидно одбија присуство, нејасно е отсуството на Зајкова. Во меѓувреме, пратеничката се огласи на социјалните мрежи со коментар за лидерската средба. „Селективна „лидерска“, по најавите сѐ за политичарите, ништо за граѓаните“, порача Зајкова. Не е официјално, но можно е работите да се променија ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ го коментираше инцидентот на концертот на Ана Бекута во Чачак каде што беше гаѓана со снежни топки, велејќи дека бил разбуден во 3:15 часот наутро и дека се јавил и ѝ понудил целосна поддршка. Вучиќ моментално е во Абу Даби и рече дека бил разбуден среде ноќ поради инцидентот на концертот. „Не можев да поверувам, беше околу 3:15 часот по локално време тука, ме разбудија за да ме информираат што се ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нови детали за скандалот со фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ добила 51 тендер во вредност од 16 милиони евра. Петар Огњеновиќ, член на ИО на СДСМ, на прес-конференција го откри идентитетот на сопственикот и неговата директна партиска поврзаност. „Станува збор за извесен Петар Доновски, кој бил член на Избирачки одбор на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во Општина ...
Македонија се подготвува за изградба на 761 нов стан, откако во текот на ноември надлежните институции издадоа 304 одобренија за градење. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во ноември е регистриран пораст на бројот на издадени одобренија за градење од речиси 17 % во споредба со истиот месец претходната година. Бројот на одобренијата за градење во ноември 2025 година е зголемен за 16.9 % во однос на истиот период од ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ денеска јасно порача дека укинувањето на техничката влада значи директен удар врз можноста за фер и демократски избори. „Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори“, истакна Димитријевиќ. Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со ...