Гренланд е клучен за американската национална безбедност – неколкупати повторената изјава на американскиот претседател Доналд Трамп ги бранува трансатлантските релации меѓу Вашингтон и Копенгхаген, но и со Брисел и исто така и со НАТО. Шефот на Белата куќа не се откажува од идејата за преземање на островот, автономна област на Данска. Данската влада е решително против, а челниците на ЕУ оценуваат дека НАТО ќе престане постои поради ...

2025-та заврши со месечен раст на инфлацијата за 0,4% но на годишно ниво стапката е зголемена за 4,1%. Според гувернерот Трајко Славески, инфалцијата е под контрола, а главната причина за месечниот пораст бил авионскиот транспорт. Фото: НБ „Статистичкиот пораст од 0,4 отсто на месечно ниво е резултат на поскапувањето на авионскиот превоз. Доколку се изземе категоријата транспорт, каде што цените пораснале за 5,8 отсто, главно поради растот од ...

На 11.01.2026 во 18:40 часот на наплатна станица Преод, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(68) од Струмица, поради тоа што околу 17:50 часот на наплатна станица Миладиновци, откако полициски службеници го сопреле Б.П. кој управувал патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки и се обиделе да го легитимираат, тој го стартувал возилото и удрил полициски службеник, а потоа го напуштил местото на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи објави фотографии од, како што вели тој, проштална средба со амбасадорката Агелер, која неодамна беше отповикана од должноста амбасадор на САД во Македонија. -Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер. Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето ...

„Левица предлага укинување на Регулаторна комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика“ истакана Амар Мециновиќ, пратеник и потпарол на Левица на денешната прес-конференција, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање на јавни пари во приватни џебови. „Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ појасно дека нашата енергетска ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Од 13.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар) Моторен бензин ...

Кипарската полиција започна истрага за видео кое се појави од непроверен профил на социјалните мрежи и содржи монтирани снимки од поранешни и сегашни високи функционери, кои содржат навестувања за можно нелегално финансирање на изборната кампања на претседателот Никос Христодулидес и корупција во програмите за општествена одговорност на претпријатијата, објави кипарскиот весник „Филефтерос“ во своето онлајн издание. Полицијата го истражува ...

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје. Оттаму информираат дека во општина Карпош, во изминатите денови, се појави нова глутница кучиња – животни кои се целосно непознати за локалното население, кои не се дел од постоечката улична популација и кои се појавија буквално преку ноќ. Станува збор ...

Не е изненаден од бугарската формулација „достапен јазик“ за македонскиот јазик. Премиерот Христијан Мицкоски вели тоа е само уште една потврда дека зад барањето за уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, стои обидот за комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Во деновите на простување, сплотување и обединување конечно сите заедно и власт и опозиција ќе сфатиме дека за вакви прашања треба да сме заедно, додаде Мицкоски ...

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски денеска информираше за нова „бомба“ со сомнителни тендери, откриена од Антикорупцискиот тим на СДСМ. Според Фрчкоски, преку дигиталната платформа „МИЦКО.мк“, граѓани доставиле нови информации за фирмата за која, како што вели, веќе еднаш говоревме и кои денеска ќе ги објавиме. -Станува збор за „Пирамид билдинг солушнс“. Фаворит, за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО. Од 2022 ...

Данската премиерка Мете Фредериксен беше директно прашана каков е нејзиниот план ако САД се обидат да го земат Гренланд со сила, објави весникот „Берлингске“. „Мислам дека повеќето Данци имаат и почит и разбирање дека не можат да делат сè, особено не на ваква сцена“, рече таа на панел-дискусија во Ниборг, на која учествуваа и други политичари. Новинарката повторно ја праша дали воопшто има план. Прочитајте повеќе: „Има многу работи на кои ...

52-годишна скопјанка нападнала полицаец додека тој извршувал службени дејствија, соопшти Министерството за внатрешни работи. -На 10.01.2026 во 20:40 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Д.(52) од Скопје затоа што пред Полициската станица Гази Баба физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија и притоа му упатувала и закани, велат од полицијата. По целосно документирање на случајот ...

Милијардерот Илон Маск објави дека неговата платформа X ќе го отвори својот нов алгоритам за јавноста во текот на следната недела, вклучувајќи го целиот компјутерски код за препораки за органски објави и рекламни објави. „Ова ќе се повторува на секои четири недели, со опширни белешки од програмерите, за да можете да разберете што се променило“, рече тој во објава на X. We will make the new 𝕏 algorithm, including all code used to determine ...

На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.(56) од Р.Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки. При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа коментарот на шефот на ЕксонМобил, Дарен Вудс, за време на состанокот на високи претставници на нафтениот бизнис во Белата куќа, каде што се дискутираа можностите за инвестирање во Венецуела. Од авионот на пат кон Вашингтон по викендот, Трамп изјави дека може да го блокира пристапот на ЕксонМобил до јужноамериканската земја. На крајот од минатата недела, Вудс беше категоричен ...

Златото и среброто достигнаа рекордни максимуми откако Министерството за правда на САД се закани дека ќе ги гони Федералните резерви, оживувајќи ги грижите за нејзината независност, а протестите во Иран ја поддржаа потрагата по азил, објави Блумберг. Фјучерсите за злато во САД беа на 4.587,35 долари за унца од 7:50 часот наутро по наше време, а среброто се приближуваше до 85 долари за унца откако претседателот на Федералните резерви, Џером ...

Од ВЛЕН велат дека се апсолутен победник на локалните избори, со 10 освоени општини, силно потврдувајќи ја, како што велат, граѓанската доверба и широката поддршка што Албанците ја дадоа за промените. -Го поздравуваме официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој заврши вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште. Во оваа пригода, им честитаме на кандидатите на опозицијата, Валбон Лимани и Исен Шабани, за нивната победа. ...

Студен бран го погоди Западен Балкан, а вонредна состојба е прогласена во 11 српски општини поради ниските температури и натрупаниот снег, објавија локалните медиуми. Околу 9.000 домаќинства во Србија се без електрична енергија. Во општините Ваљево, Лозница, Осечина, Крупан, Мали Зворник, Владимирци, Сеница, Мајданпек, дел од Приеполе, Луча и Иваница е прогласена вонредна состојба откако натрупаниот снег го ограничи пристапот до вкупно 15 ...

Претседателот на Бугарија, Румен Радев го предаде мандатот за формирање влада на најголемата парламентарна група – ГЕРБ-СДФ. Премиерот во заминување, Росен Жељазков пристигна во „Дондуков“ 2 за да го прими. „Покажавте мудрост и одговорност со тоа што поднесовте оставка како резултат на масовните протести низ целата земја. Но, општеството очекува од нас, покрај ублажувањето на тензијата, да продолжиме да управуваме одговорно, во согласност со ...

Хрватската канцеларија за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) поднесе обвинение до Окружниот суд во Загреб против 52 хрватски државјани и еден граѓанин со двојно бугарско и албанско државјанство, за сторено кривично дело злосторничко здружување, помагање и поттикнување на даночно или царинско затајување и перење пари. Случајот се однесува на афера за даночно затајување преку лажни сметки што, според УСКОК, го оштетила ...

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка ...

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ реагираше на обвинувањата на СДСМ по неговото учество на прослава во Република Српска заедно со „Ноќните волци” на рускиот претседател Владимир Путин. Во својата објава на социјалните мрежи, Стоилковиќ ги обвинува СДСМ дека се „профитери“ и „лауреати на идентскиот геноцид врз Македонија“. Тој исто така, меѓу другото, додава дека „се бори за македонските интереси“. „Лауреатите ...

„Прозорец на бугарската амбасада во Скопје беше искршен во хулигански чин извршен вчера од непознат сторител. Покрената е истрага за случајот“, изјавил синоќа бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков за бугарските медиуми по инцидентот во текот на вчерашниот ден. Според него, бугарската страна е во контакт со надлежните институции во Македонија, кои уверија дека работат на случајот. Во моментов нема официјални информации дали ...

Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, е победник на повторените локални избори во општина Гостивар. Според првичните податоци, Лимани освоил 64,48 насто, додека неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата ВЛЕН добил 31,56 проценти од гласовите. Изборите во Гостивар се повторија откако претходниот обид пред шест месеци беше неуспешен бидејќи не беше исполнет законскиот цензус, односно на гласање не излегоа една ...

Додека градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски самоуверено порачува дека „снегот не може да го изненади“, официјалното соопштение на Градот Скопје и ЈСП најавува кратење линии и редуцирање на јавниот превоз, обвинија од Левица. Според партијата, како што велат, оваа очигледна контрадикторност ја оголува вистината дека институциите не се подготвени, туку однапред ја релативизираат сопствената неорганизираност и нефункционалност. -Во ...

Ако некој сака да види како изгледа институционалното понижување во пракса, нека не оди далеку. Доволно е да влезе во службените тоалети на железничката станица во Скопје. Главен град. Европа на хартија. Дваесет и први век. А внатре, сцени што повеќе личат на напуштен објект од некоја воена зона отколку на работно место каде луѓе поминуваат по осум, девет, понекогаш и повеќе часови дневно. Мирисот те пресретнува уште пред да ја отвориш ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи вчера во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Од МНР велат дека ваквите поединечни акти на вандализам се неприфатливи и се спротивни на принципите на меѓународното право, како и на одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи. -Воедно, информираме дека Министерството за ...

Нема никаков напредок околу прашањето за зголемување на минималната плата. Владата како да нема слух за барањата на синдикатите и за потребите на работниците за зголемување на платите и наместо да бара решение сака да остане настрана од проблемот. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека не гледаат „светло во тунелот“ , односно позитивни вибрации од страна на Владата и работодавачите за поголемо зголемување на платите од законското ...

Нивото на пополнетост на подземните складишта на гас (GSF) во Германија и Франција падна под 50 проценти, соопшти руската нафтена компанија Газпром. „Според податоците од Гас Инфраструктура Европа (GIE), од 9 јануари, 48,2 проценти од резервите на гас останале во подземните складишта на гас во Германија и 49,2 проценти во Франција“, се вели во соопштението на компанијата. Студеното време што пристигнува во Европа го поттикнува забрзаното ...

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија остро го осудува овој чин врз зградата на бугарската надворешна мисија во Скопјe – симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Република Северна Македонија. Ова е неприфатлив напад врз статусот на дипломатската мисија и грубо кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи, стои во соопштението на бугарското МНР. „Министерството за надворешни работи ја ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
50%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
47%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
6.69
50%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
56%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.89
90%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
51%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
60%
1011
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
44%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
41%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Алуминиум

3.18

Сребро

2840.84

Цинк

3.07

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Калај

43.90

Бакар

10.68

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14