Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска пред почетокот на лидерската средба порача дека едно од неговите барања е измената на изборниот модел и воведување на една изборна единица. -Нашите барања веќе ги изјаснивме – промена на Изборниот законик кое е неминовно за следни избори бидејќи Левица е единствената досега цензурирана партија во овие 35 години на плурализам. Исто така имаме и економски барања поврзани со синдикатите кои ќе ги ...
Данското Министерство за одбрана денес објави дека ќе продолжи да го зајакнува своето воено присуство во Гренланд, автономна територија на Данска, поради тензиите предизвикани од заканите од САД. Министерството соопшти дека Копенхаген е во „континуиран дијалог“ со сојузниците за зголемување на активностите на НАТО на Арктикот, пренесе „BFM“. – Ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето воено присуство во Гренланд, но исто така ќе инсистираме во ...
Во Чачак (Централна Србија), пејачката Ана Бекута, ангажирана за фестивалот од општинска структура која ѝ платила хонорар од околу 40 илјади евра, повикала полиција откако демонстрантите ја исвиркале и фрлале снежни топки и шишиња кон неа на сцената, според објавите на социјалните мрежи. Evo kako je Ana Bekuta prošla u Čačku za doček Srpske Nove Godine i to koštalo građane 40.000€.Ima se može se.😡😡 pic.twitter.com/c5LuuQfcuN — Humanbydesign ...
По вчерашната изјава на директорката на УЈП, Елена Петрова дека мерката „Мој ДДВ“ не го дала посакуваниот ефект, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска информира дека не се размислува за укинување на мерката. Вели дека вчера немала прилика да го слушне гостувањето на директорката, но потенцира дека во МФ не размислуваат на тема за менување на законот. -Не можам да кажам дека ќе има било какви промени. Напротив, сето ...
Европската унија очекува Унгарија да воведе зголемување на даноците и мерки за штедење за да овозможи понатамошна финансиска поддршка за Украина, според извештајот на унгарското Министерство за европски работи. Според извештајот, Брисел планира „практично неограничено“ финансирање за Украина, вклучително и намалување на финансирањето за земјите-членки, земање кредити и користење на неотплатени кредити, објави MTI. Заемот што ги покрива ...
Словенечката антикорупциска комисија утврди дека премиерот на земјата, Роберт Голоб, ги пречекорил своите овластувања со влијание врз работата на поранешната министерка за внатрешни работи Татјана Бобнар и словенечката полиција, објави словенечкиот весник 24ur. Во своите конечни заклучоци во случајот Бобнар, кој беше покренат врз основа на обвинувања од поранешната министерка за внатрешни работи и поврзан со наводното мешање на Голоб во ...
Претседателот на Градскиот совет на Загреб, Матеј Мишиќ, објави дека еднократниот надомест за новороденче ќе се зголеми за 200 евра, објави хрватскиот национален радиодифузер ХРТ. „Ново зголемување на надоместокот за новороденче од 600 на 800 евра е во јавна дискусија. Дискусијата е при крај, па веројатно ќе го зголемиме надоместокот на следниот состанок во јануари“, рече Мишиќ. „Кога добив дете пред нешто помалку од четири години, ...
Во повеќе општини во државата, советниците на Левица систематски се оневозможуваат да имаат пристап до системот е-урбанизам – клучната платформа преку која се водат постапките за изработка, изменување и носење на урбанистички планови, велат од партијата, при што додаваат дека ова е свесна и организирана практика со јасна политичка и материјална позадина – да се елиминира контролата и да се сокрие урбанистичкото планирање од оние кои имаат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа позицијата на САД за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи. „Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој трае толку многу години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски, додавајќи дека „промени се неопходни“. Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во знак на протест ...
Швајцарски адвокат и неговата сопруга поднесоа кривична пријава против француското сатирично списание Шарли Ебдо поради карикатура на која е прикажан смртоносен пожар во бар во познатиот скијачки центар Кран-Монтана. Во пожарот што избувна на новогодишната ноќ загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во петок, на ден на жалост, „Шарли Ебдо“ објави карикатура на која се прикажани двајца изгорени скијачи со натпис „Les brûlés font du ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишно лице под сомнение за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичниот законик. Според наводите на обвинителството, осомничениот на 11 јануари, мотивиран од омраза, со камен го скршил стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, по што веднаш побегнал. Судија на претходна постапка го прифати предлогот на јавниот ...
Руската државна нафтена компанија „Roszarubezhneft“ одби да ја предаде контролата врз своите операции во Венецуела на администрацијата на Доналд Трамп, дури и кога Вашингтон планира да управува со нафтените полиња и извозот на земјата по апсењето на Николас Мадуро. Планот на администрацијата на Трамп предвидува преземање на управувањето со нафтените полиња и извозот на Венецуела, но присуството на Русија во земјата сигнализира продолжување на ...
Голема мистерија до пред неколку дена беше кој и зошто ги пишува тие ирационални и во определен аспект мошне опасни за Македонскиот народ партиски соопштенија на СДСМ против Србија и Република Српска. Знаеме дека и во најновото Венково раководство – прочуените селфисти а ла детска градинка – има многу соросоиди, шарени револуционери и денгуби од времето на шарената револуција предводена од Заев, но сепак не се знаеше кој е до толку, така да ...
Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата!, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека започна површинското чистење на повеќедецениската депонија во источно Скопје. -Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот!, пишува Ѓорѓиевски во ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во ...
СДСМ упати критики кон сите партии и лидери на партии кои што ќе учествуваат на денешната лидерска средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски. „Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти-ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни ...
Сојузот на синдикати на Македонија објави дека стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. „Прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра. Тоа значи дека едно четиричлено семејство месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно. Владата смета дека минималната плата треба ...
Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено синоќа по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. Пожарот во Територијалната против пожарна единица Тетово бил пријавен во 19.05 часот. Од СВР Тетово потврдиле дека било најдено починато машко лице, како и едно повредено лице. Воедно информираа дека повеќе детали ќе соопштат во текот на денов. Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено синоќа по пожар ...
Поранешниот функционер во неколку изминати влади, Јани Макрадули со своја анализа за актуелните состојби и дел од мерките на Владата. Тој особено критикува дека не се носат нови инвестиции, државата се задолжува, а во јавноста се отвора дебата за новиот Закон за борба против пушењето. „Аматеризам и импровизации во континуитет. Фрли закон против пушење во гладијаторската поделена општествената арена, а позади грб задолжи се со нова милијарда ...
Лидерската средба закажана за денеска точно напладне во Клубот на пратениците по форма изгледа како уште еден протоколарен обид за „национален дијалог“, но по содржина отвора прашање дали воопшто може да донесе нешто повеќе од јавно демонстрирање на позициите што веќе одамна се закопани во ровови. Од високи владини извори дознаваме дека иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски нема амбиција да произведе само формален договор или ...
За некои политички структури во Бугарија, Македонија е секогаш интересна тема за привлекување гласачи, но со отворање дебата за Македонија, тие само ги влошуваат односите, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски по ставовите од Софија поради неодамнешниот инцидент со кршењето на прозорците на вратите на влезот од Бугарската амбасада. Николовски, запрашан за односите со Бугарија, во вестите на Тв Сител рече дека ...
Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети ја свикал втората седница на Генералниот совет на партијата. Како што информираат, на седницата се разговарало опширно за актуелните политички случувања во земјата, односите и релациите со другите политички партии, како и за најавената средба на политичките лидери. Генералниот совет на ДУИ, со целосен консензус, донел одлука претседателот ...
Припадници на карабинерите во италијанскиот град Ферара уапсиле државјанин на Босна и Херцеговина кој е осомничен за нанесување повреди, злоупотреба и сексуално насилство врз малолетна Македонка. Според италијанските медиуми, овој 25-годишен маж од БиХ наводно ја претепал и злоупотребил неколку пати откако ја „купил“ за да му биде сопруга од нејзината мајка. Сè било откриено кога 14-годишната девојка избегала од човекот на кого нејзината ...
На 12./13.01.2026 во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес. А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица. ...
Меѓународниот институт за студии на Блискиот Исток и Балканот (ИФИМЕС) од Љубљана денес објави проекции според кои Србија ќе ја преземе позицијата на најголема економија во Југоисточна Европа до 2027 година, надминувајќи ги Хрватска и Словенија. Во истражувањето насловено како „Србија 2026: Економски пробив во ерата на растечки глобални и регионални предизвици“, институтот ИФИМЕС наведува дека се очекува Србија да ја престигне Хрватска во ...
Трговијата меѓу земјите-членки на ЕУ опадна за прв пат по речиси една деценија, исклучувајќи го периодот на пандемијата на коронавирусот, и покрај напорите за рестартирање на единствениот пазар во услови на економски закани од Кина и САД, покажуваат податоците на Европската комисија цитирани од „Фајненшл тајмс“. Според нацрт-верзијата на годишниот извештај на блокот за единствениот пазар, што ја виде финансиското издание, трговијата меѓу ...
На турскиот државјанин Кадир Кара, кој призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип му е изречена казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор. Пресудата ја изрече штипскиот Основен суд и истата е донесена откако обвинетиот даде изјава за признание на вина за кривичното дело убиство и неовластено држење на оружје. Инаку денеска во ...
Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Леке Расмусен и Вивијан Мотцфелт, утре ќе ја посетат Белата куќа на средби со потпретседателот на САД Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, објавија светските агенции. А следната недела, данскиот министер за одбрана Троелс Лун Полсен треба да се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за да разговара за безбедноста на Арктикот. Средбите во Вашингтон ќе се одржат во ...
Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски порача дека денес е денот на Мара Бунева и одбележувањето на 98-годишнината од нејзината смрт. Според него, денес е денот во кој, како што вели, „вистинските Македонци оддаваат почит“. -Ден во кој македонските одроди бараат предавници за да си го покријат своето предавство, стои во објавата на Георгиевски. Револуционерката Мара Бунева родена е во 1902 година во Тетово, а ...
BMW значително ги намали цените на своите електрични автомобили на кинескиот пазар, при што попустите во некои случаи достигнаа околу 42.000 долари. Германскиот производител минатата недела ги намали цените на дури 31 модел, обидувајќи се да остане конкурентен на најголемиот пазар на автомобили во светот, каде што притисокот од кинеските брендови постојано се зголемува. Најголемото апсолутно намалување се однесува на BMW i7 M70L, најмоќната ...