Индексите на светските пазари паѓаа и кон крајот на март, бидејќи инвеститорите стравуваат дека зголемените цени на нафтата ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го забават растот на светската економија. На Волстрит, индексот „Dow Jones“ минатата недела се намали за 0,9 отсто, на 45.166 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,1 отсто, на 6.368 поени, а „Nasdaq“ за 3,2 отсто, на 20.948 поени. Овие индекси остро паѓаа веќе петта недела по ред, па ...
Поради воените случувања и прекинот во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот, очекувањата за дел од увозните цени, пред сè за цените на нафтата, се ревидирани поизразено во нагорна насока во однос на октомвриските проекции, што претставува нагорен ризик за инфлацијата во следниот период, соопшти Народната банка по одржаната седница на Советот. „Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на ...

