САД повторно го продолжија ослободувањето од санкции против Лукоил за да се овозможи финализирање на преговорите за продажба на меѓународните средства на руската компанија, проценети на 22 милијарди долари. Рокот сега е поставен на 28 февруари, објави Ројтерс. Министерството за финансии на САД воведе санкции против Лукоил и Роснефт кон крајот на октомври, во обид да ги намали приходите од трговија со нафта во рускиот буџет. Кремљ ги користи ...

Полскиот премиер Доналд Туск денес објави дека Полска нема да испрати војници во Гренланд за да ѝ помогнат на Данска, иако е во солидарност со неа, а во исто време предупреди дека обидот на една членка на НАТО да ја окупира територијата на друга би бил таква катастрофа, крај на светот, што Европа не може ни да има подготвен план за тоа. „Политички, а и за нас, тоа би била катастрофа. Конфликт, обид да се окупира територијата на една членка на ...

Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Србија, Тонино Пицула, денес изјави дека нема ништо необично во врска со доаѓањето на делегацијата на ЕП во Србија, освен реакцијата на властите и ситуацијата во земјата, нагласувајќи дека претседателот Александар Вучиќ го отфрла дијалогот за европската иднина. Пицула во изјава за FoNet изјави дека српската дипломатска мисија во Брисел била навремено информирана за пристигнувањето на делегацијата ...

Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот во годината што е зад нас, објави специјализираната веб-страница за спортски бизнис Sportico. Sportico објави листа на 100-те најплатени спортисти во 2025 година, на која се вклучени претставници на осум спортови од 28 земји кои заработиле вкупно 5,2 милијарди евра, а Роналдо е на врвот трета година по ред. Кристијано заработил вкупно 224 милиони евра во 2025 година, што е двојно повеќе од ...

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 0.7 % во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година, прометот во индустријата, вкупно, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1 %, додека пораст бележи кај Капитални производи ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб страници и веб апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа. Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307. Налогот е доставен до Агенцијата ...

На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце. Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење. Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од ...

Двомесечно бебе починало во Општата болница во Кавадарци, а причините за смртта ќе се утврдуваат со обдукција. „Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен ...

Запрашан дали како држава ќе го поддржиме статусот на Гренланд или ќе застанеме на страта на Соединетите Американски Држави по напорите на претседателот Доналд Трамп за заземање на островот, шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски вели дека внимателно ја следат состојбата и веќе има дискусија во рамките на НАТО. -Сакам да верувам дека ќе се најде некое рационално решение кое што е во согласност со меѓународното јавно право, а по ...

Германската армија отпушти девет војници од елитен падобрански полк по истрагите за наводи за десничарски екстремизам, сексуална злоупотреба и злоупотреба на дрога, изјави во средата началникот на армијата, генерал-мајор Кристијан Фројдинг. Во разговор со новинарите по брифингот на пратениците во одборот за одбрана на Бундестагот, Фројдинг рече дека е покрената постапка за отпуштање против 19 војници од 26-от падобрански полк, една од ...

Од СДСМ велат дека подолг период предупредуваат за штетата од, како што соопштија, погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ. Ова следува откако Македонија е опфатена од САД во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија… Според членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, ...

Во ексклузивно интервју за Ројтерс во Овалната соба, американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува да посредува во мир меѓу Украина и Русија и покрај ветувањата од кампањата дека војната би можела да заврши за еден ден, рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е главната пречка за решавање на четиригодишната војна. На прашањето која е пречката, тој едноставно одговори: Зеленски. „Мораме да го натераме претседателот ...

„Се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи. Не станува збор за црна листа ниту за прекин. Тука мислам дека е коректно пред целата македонска јавноста да кажеме дека ова не влијае на сите други постапки за визи за во САД“ – вака министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја прокоментира вчерашната одлука на САД да престане со обработка на имигрантски визи за граѓаните од 75 земји, меѓу кои е и Македонија. Доколку сте ...

Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба е целосно правилен, нема да бидеме алиби на еден лажен дијалог и нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио, нема да бидеме алиби за укинување на техничката влада, порача потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, на вчерашната дебата во емисијата „24 Анализа“, на ТВ 24. Тренчевска посочи дека во државата се уште ...

Европска воена мисија започнува во четврток во Гренланд, арктичката територија под дански суверенитет што претседателот на САД, Доналд Трамп сака да ја заземе и тоа само еден ден по состанокот во Вашингтон меѓу американските, данските и гренландските претставници што резултираше со „фундаментално несогласување“. Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Норвешка во средата објавија дека ќе распоредат воен персонал на островот за ...

Владата на Вучиќ нема да се смени со физички напад врз Ана Бекута, а Србија не се менува на подобро со фрлање снежни топки врз жена. Сакаме да изградиме пристојна Србија, а фрлањето снежни топки врз Бекута е многу повеќе израз на грубост и насилство отколку каков било политички став, реагира поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, на случувањата во Чачак за време на настапот на српската пејачка. „Ако граѓаните се незадоволни од тоа ...

„Гледам дека средбата глатко им поминала. Тоа значи дека однапред била договорена. Се што таму кажаа дека ќе се разговара, веќе се разговарало. Затоа и се свика. Јас мислам дека Филипче се налути затоа што овој (премиерот Мицкоски) се договори со сите овие други, а со него на крај да се договори. Сепак е најголема опозициска партија“, вели лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за вчерашната лидерска средба. За запирањето на имигрантските визи од ...

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ соопшти дека вкупните инвестиции во образованието од предучилишна возраст до високо образование изнесуваат 2,7 милијарди евра, нарекувајќи го „најголемиот циклус на инвестиции во училишната инфраструктура од ерата на Иван Машураниќ, кој воведе задолжително четиригодишно образование во Хрватска во 19 век“, објави ХИНА. Зборувајќи на отворањето на проширеното основно училиште „Слава Рачај“ и новата спортска ...

Податоците од приштинскиот тинк-тенк, Институтот ГАП, за надворешната трговија на Косово покажуваат многу висока увозна зависност, рангирајќи ја земјата меѓу економиите во Европа со најнеповолен сооднос увоз-извоз, објави новинската агенција „Економија онлајн“. Анализата за периодот 2015-2025 година покажува постојан пораст на увозот, достигнувајќи 7 милијарди евра минатата година, додека извозот остана на значително пониски нивоа – под 1 ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши првата продажба на венецуелска нафта, вредна 500 милиони долари, потврди во средата функционер на администрацијата. Функционерот, исто така, рече дека се очекуваат дополнителни продажби во наредните денови и недели. Договорот првпат го објави „Семафор“, вклучувајќи информации дека приходите од продажбата се чуваат на банкарски сметки, вклучително и една во Катар, кои се под ...

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов смета дека Македонија е единствената земја во Европа која што нема „филибастер“ (блокирање на законите) и која што има опозиција оставена без инструменти. За суспензиите на имигрантските визи за Македонија од САД, Крмов потсетува дека не е „прв ладен туш од нашиот најголем стратешки партнер“, со оглед на претходните царини за земјава. -Па, имавме безрезервна поддршка за киднапирањето на претседателот ...

Грипот ја зеде првата жртва. На Инфективната клиника почина жена на 75 – годишна возраст. Имала и други хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип. „Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потврдена инфлуенца а и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Фадил Цана кој што е директор на Клиниката за инфективни болести. Уште двајца други пациенти се во критична состојба и на ...

Руските вооружени сили успешно напредуваат во сите сектори на Северниот воен округ, а во првата половина на јануари зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија, изјави денес началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов. „Офанзивата на формациите и воените единици на Здружената група на сили се спроведува практично во сите правци“, рече Герасимов за време на прегледот на операциите на групата ...

„Техничката влада мора да остане затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството“ – го повторија својот став од СДСМ по вчерашната лидерска средба и дел од темите кои што се дискутираа меѓу претседателите на парламентарните партии. Од СДСМ потенцираат дека, како што ја велат, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување ...

Изјавата на гувернерот Трајко Славески дека инфлацијата во декември се должи на зголемените цени на авионските билети ја разбранува јавноста. Гувернерот се обиде да ги убеди граѓаните дека инфлацијата е предизвикана од цените на авионските билети, а не од цените на храната, но ретко кој му поверува. И економските експерти коментираат дека обидот на гувернерот да ја протне приказната дека инфлацијата е поради авионскиот превоз за која Владата ...

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари изјави дека неговиот поранешен сопартиец, Зијадин Села и лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи стојат пред вратите на Владата чекајќи да станат дел од владиниот кабинет. „Гледате, Села и Мендух стојат пред вратата на Владата, а јас во 2024 година ја напуштив Владата за да направам промена. Го напуштив Министерството за здравство поради одговорност. Исто ...

Екс-градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави дека донел лична одлука да го „одмрзне“ своето членство во СДСМ, по, како што наведува, „доволно поминато време“. Во објава на Фејсбук, Костадинов посочи дека со овој чекор не ги менува ниту ги повлекува претходно изнесените ставови и позиции за прашања од јавен интерес. Костадинов потенцира дека и понатаму стои зад сите ставови и позиции што претходно ги изнел по однос на прашања од ...

Стејт департментот објави дека ќе ја суспендира обработката на имигрантските визи за 75 земји чии граѓани се сметаат за подобни за јавна помош додека живеат во Соединетите Американски Држави, објави АП. На листата се наоѓа Македонија, како и балканските Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Стејт департментот соопшти дека им наложил на конзуларните службеници да престанат да ги обработуваат барањата за имигрантски визи од ...

„Очекуваниот исход од ‘лидерската’ средба е 0% економија и 100% политика. ЕДНА ИЕ има смисла САМО СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ!!! Во спротивно, како и денес, САМО НЕКОЛКУ МАЖИ ќе продолжат да ја дефинираат судбината на Македонија, НАМЕСТО ГРАЃАНИТЕ. Моќта и финансиите ќе останат кај нив, а за народот — трошки. Со отворени листи ќе има поодговорни народни избраници, а со тоа и ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕ“, реагираше претседателката на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
47%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
46%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
49%
1015
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.96
86%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
55%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
64%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
50%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
6.69
47%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
67%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
43%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.69
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Алуминиум

3.18

Родиум

350443.14

Рутениум

56199.51

Паладиум

45911.27

Платина

60154.05

Бакар

10.68

Иридиум

258288.78

Калај

43.90

Цинк

3.07

Сребро

2840.84

Кобалт

66.14

Злато

166450.52