
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Да се пронајдат загадувачите на воздухот во Струмица и да се казнат, а општинските и државните инспекции и институции да водат поголема сметка за почитувањето на законите и мерките против аерозагадувањето, порачуваат активистите од Здрава котлина. Тие се револтирани што Струмица е на врвот на најзагадени градови во државата а нема тешка индустрија што се смета за еден од најголемите и најсериозни загадувачи на амбиенталниот воздух. „Како може во ...
Земјата во новата година да се фокусира на реформите неопходни за влез во ЕУ, цел која бара обединување на политичарите од целиот политички спектар и општеството, порача евроамбасадорот Дејвид Гир кој е во работна посета на Делчево. -Сметам дека главната порака се реформите, главните реформи што се неопходни за оваа земја да влезе во ЕУ, а тие реформи се, пред се, во интерес на самите граѓаните. Тие опфаќаат широк опсег на прашања кои што ги ...
Македонскиот прволигаш Академија Пандев направи доста промени во играчкиот кадар, си заминаа неколку играчи, па сега клубот се активираше на пазарот каде успеа да ангажира две имиња. Нови членови на составот од Струмица се Агрон Руфати и Марио Врдољак. Двајцата доаѓаат во таборот на „пандевци“ како слободни играчи, двајцата имаат големо интернационационално искуство и треба да донесат квалитет во тимот кој е предводен од Александар Васоски. ...
На 04.01.2023 во 13.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Р.М.(20) од Село Баница, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени на подрачјето на СВР Струмица. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по ...
Огновите имаат голема симболика во народното одбележување на голем број празници. Почнувајќи од коледарските огнови, па оние за Василица и Прочка. Огнот е неизбежен дел од обредното празнување. Според фолклористот Иван Котев симбликата на огнот е многузначна. Тој пет децении е меѓу струмичани и се интересира за начинот на кој тие го празнуваат Бадник и Коледе, какви обичаи почитуваат и што знаат за нивното значење. Македонската православна црква ...
Колегите го знаат како посветен работник, истакнат македонист и учител кој во средно училиште испраќа писмени деца подготвени да ги прошируваат гледиштата и да усвојуваат нови знаења. Што го мотивира професорот по македонски јазик Владе Евтимов постојано да се бори да го крене нивото на знаење на учениците, да ги инспирира и да ги натера да сакаат да знаучат повеќе? Вели дека љубовта кон македонскиот јазик и професијата учител се на прво место, ...
Поранешниот репрезентативец на Македонија, како и фудбалер со голема интернеционална кариера, од денес влегува во раководните структури на клубот. Струмичанецот беше дел и од тимот на Академија Пандев кој го освои Купот на Македонија за сезона 2018/19. ,,Сакам да се заблагодарам на Горан Пандев за тоа што ме препозна мене како човек кој може да допринесе многу во развојот на една нова модерна фудбалска приказна. Без да должам со детали, кои ...
На Бадник, 6 јануари, Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија и Школата за веронаука при храмот „Св. Кирил и Методиј“ и годинава ќе го организираат традиционалниот Бадникарски концерт и Бадниковата поворка. Како што соопштија од Фондацијата „Елеуса“, одбележувањето на Бадник ќе почне со Бадникарска литија од Црквата „Свети Кирил и Методиј“, која ќе се движи до зградата на Општина Струмица, каде младите бадникари ќе бидат пречекани од ...
Под мотото „Нашата хуманост – дел од нечија среќа“ Општина Богданци, СОУ„Богданци“, Општинско Здружение на пензионери и бизнис заедницата, заеднички организираат Бадникова трпеза по повод верските празници Бадник и Божик. Христовото раѓање само по себе е молитва, дарување, милост, емпатија, желба за мир и соживот. За тоа ги покануваме сите социјално ранливи категории на граѓани да повелат на посен ручек на ден 04.01.2023 год ( среда) во ...
Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01 2023 година. Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 5-ти јануари 2023 година. Списоци и каде ќе бидат објавени 1. На веб страната на Министерството за труд и социјална политика ...
Ќе има бадникови огнови бо Богданци и Стојаково. Вака информира општината на својата веб страница. Во соопштението тие велат дека се предвидени два одделни настана. „Имаме голема чест да Ви соопштиме дека и во 2023 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционално палење на коледарски оган,“ стои во соопштението на општината. Во Богданци настанот ќе се оддржи во четврток, 05.01.2023 година во Градскиот парк со почеток во 19.00 ...
На луѓето им треба причина за среќа-несреќно општество не може да напредува вели гевгелискиот писател Кирил Кангов Со Кангов се сретнавме во центарот на Гевгелија каде уживаше во релаксирана прошетка на јануарското сонце. Според него, прв услов за излез од кризата и било каков напредок е да имате граѓани кои ќе имаат волја да направат поместување и ќе го дадат својот максимум. А за него, среќата тргнува од малите нешта-заедничко дружење со кафе ...
Гевгелија беше преполна со гости за дочекот на новогодишната ноќ. Преку илјада граѓани беа на гевгелискиот плоштад на 31 декември. Насобраниот народ го забавуваа локални изведувачи кои се погрижија градот да биде со празнична атмосфера. Градоначалникот Сарамандов вели дека втора година организираат дочек, но задоволни се од одзивот. Плановите се секоја година да се збогатува програмата и да се мотивираат граѓаните да излегуваат и заеднички да го ...
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат ...
С.Д. (29) од Гевгелија вчера потешко се повредила откако паднала од својот мопед.Според информацијата од СВР Струмица, вчера во 14:10 часот било пријавено во Полициската станица во Гевгелија дека гевгеличанката управувајќи мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки изгубила контгрола и со мопедот паднала на коловозот. Заради сериозноста на повредите била пренесена на лекување во струмичката болница, а увид на местото на местото на ...
Поради празниците, променет е распоредот за работа на пазарите во Струмица. ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува сите граѓани дека поради неработните денови за претстојниот празник Божиќ четврток 5ти јануари ќе биде пазарен ден. Пазарите „Чешел„ и „Кантон„ како и Трговскиот центар „Глобал„ нема да работат петок 6ти јануари и сабота 7ми јануари. „Воедно на сите граѓани од Православна вероисповед им поскуваме во здравје и благосостојба да го ...
Ракометната Федерација на Македонија о информира дека билетите за мечот во чии рамки спортските сили ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци се распродадени. Приходите од продажбата на билетите, ќе бидат донирани на „СОС Детско село“ од Скопје. Се работи за ревијален, пријателски натпревар, кој ќе се одигра вечерва со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и истиот ќе биде од хуманитарен карактер. ...
Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Само утре ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе услови краткотрајно да се намалат условите за магла и за ниска облачност по котлините. Наутро температурите ќе се спуштат до околу, па и под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени, само во најтоплите предели истите се очекува да се ...
Десетина српски пејачи заработија околу половина милион евра за новогодишната ноќ. Најплатена е Цеца која за својот настап на Златибор заработи 100 000 евра. Веднаш по неа е Лепа Брена со 80 000 евра. Следни на листата се Ацо Пејовиќ и Аца Лукас со заработка од 70.000 евра. Висока заработка остварила и јелена Карлеуша, со 60 000 евра з анастап во хотел. Пејачот Џани имал тезга вредна 40.000 евра, а на заеднички настап Дарко Лазиќ и Андриана ...
Според неодамнешното истражување кое го разгледувало раѓањето на бебињата во различни периоди од годината, откриено е дека бебињата родени во зимските месеци се поголеми. Истражувачите од Харвард и Универзитетот во Квинсленд во Австралија проучувале популација од седумгодишни деца и откриле дека бебињата родени во текот на зимските месеци се потешки и имаат поголем обем на главата. Исто така, откриено е дека зимските бебиња се посмирени и се ...
Да се зголеми македонското производство на електрична енергија. Ова е планот на првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Тој наведе дека годинава планираат да остварат за 20% поголемо производство во однос на ланската 2022 година. „АД ЕСМ во 2022 година се соочи со предизвикот да менаџира две големи кризи – кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија. Како компанија, можеме да кажеме дека успешно ја извршивме и ја вршиме ...
Денеска на првиот работен ден од Новата година министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР оствари работна средба со раководството на Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата. На средбата Спасовски беше информиран за низата активности кои се преземаат со цел подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот како и намалување на бројот на случени сообраќајни ...
Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Киро Глигоров бил активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија. Во февруари 1990 година се вклучил во Македонскиот форум за подготовка на македонска национална програма. Глигоров активно учествувал ...
Како и секоја година досега и за дочекот на оваа, 2023, не се прекина традицијата за посета на дежурните пожарникари, медицински лица и штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација, Бања Банско. Градоначалникот со дел од советниците синоќа беше во обиколка на дежурните екипи и им посака мирна новогодишна ноќ. „Благодарам на противпожарната служба, на болницата, на итната медицинска помош, на свр Струмица, на филтер станицата на вработемите ...
Со музика, светкаво и во добра атмосфера се дочека Новата 2023 година на плоштадот во Гевгелија. Преполно беше на плоштадот каде локални изведувачи ги забавувааа своите сограѓани но и бројните гости синоќа на југот од земјата. Во програмата за новогодишната забава, која започн во 20:00 часот, ќе настапат: DJ Milan, Христијан Митровски, Крџев со бенд, Филип Хаџикојчев со бенд, Оливера Станковска и „Лајв бенд“. На полноќ, небото над Гевгелија беше ...
Добро како за кризна година. Без некои брилијантни успеси, но, најдобро што може да се извлече од дадените услови. Вака ја коментираат изминатата 2022 година градоначалниците од Југоистокот. Без поголеми задолжувања, со враќање на дел од напластените долгови и солидна реализација на буџетите на поголемиот број општини. Според радовишкиот градоначалник, Ацо Ристов, направени се многу кратења за да се реализираат предвидените инфраструктурни ...
Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија. Драги сограѓани, Ви посакувам подобра и помирна година што доаѓа. Во годината што измина бевме сведоци на безбедносни, економски и енергетски предизвици кои ја зголемија нееднаквоста и го зголемија стравот за долгорочната стабилност. Сепак, изминатата година бевме сведоци и на хуманоста на луѓето со добра волја кои ...
На 30.12.2022 година во 23.00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Т. (31) од село Ораовица, Радовишко. При претрес на патничко возило „волво” со радовишки регистерски ознаки, управувано од Д.Т., биле пронајдени прашкаста материја, 50 таблети и марихуана. Лицето е задржано во полициска станица Радовиш, за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по ...
Новата 2023 година пристигна, а први ја дочекаа жителите на островот Лаеин, кој припаѓа на островската држава Кирибати во Тихиот Океан, како и на Самоа. Кирибати се наоѓа во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4.000 километри југозападно од Хаваите. Република Кирибати е островска земја чии 33 атоли – корални острови, распространети на повеќе од 1.351.000 квадратни километри во областа околу екваторот. Земјата припаѓа на земјите од ...
Просто кажано: луѓето на Балканот стареат и просечното ниво на образование опаѓа, а вкупната бројка на население се намалува. Неодамна, студентите во Македонија протестираа против нивниот животен стандард во земјата: капката што ја прелеа чашата беше објавата на владата дека ќе ја прекине програмата за субвенционирани оброци. Студентите сметаа дека ваквите услови ги тераат да ја напуштат земјата. И не се единствените. Во 2021 година, конечно се ...