Во училиште во Грац имало пукање, при што напаѓачот се самоубил, а според информациите од весникот „Кроне“, наводно загинале 8 лица.
Во Грац во моментов е во тек голема полициска операција.
Неколку полициски единици и специјалната единица „Кобра“ моментално се на терен – местото на настанот е училиштето БОРГ на улицата Драјершиценгасе. Според првичните информации, напаѓачот наводно е ранет.
Акцијата е сè уште во полн ек, а зградата темелно се пребарува.
Според полициски извори, напаѓачот е ученик кој наводно се самоубил. Влегол во две училници и пукал во луѓе. Полицијата не ја исклучува можноста дека има и друг сторител.
Во нападот е употребено едно или повеќе огнено оружје.
Бројот на тешко повредени е двоцифрен и се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми.
Според полицијата, акцијата започнала околу 10 часот наутро. Полицијата објави дека во училиштето се слушнале истрели, по што е крената тревога. Зградата моментално темелно се пребарува.
Се моли населението да ја избегнува областа каде што е во тек интервенцијата.
Situation in Graz, Austria right now after an armed attack in which 5 people have been kiIIed.
— Global UPDATES (@GlobalUpdates24) June 10, 2025
pic.twitter.com/n8uE7GuiVF