Соработката меѓу Алијанса за Албанците и ДУИ во рамки на новата коалиција Национална алијанса за интеграција за Гостивар веќе беше најавена, а сега почнаа и првите поофицијални состаноци на двете политички страни околу Локалните избори. Вчера беше одржана координативна средба меѓу високи претставници на партиите на локално ниво на која се разговарало за предизборните активности и листата со кандидати за советници со која ќе настапат заеднички ...

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, ...

Вчеравечер свечено беше отворено 64-тото издание на Меѓународниот поетски фестивал-Струшки вечери на поезијата. Манифестацијата почна со палење на Фестивалскиот оган и читање на антологиската Т`га за југ на Константин Миладинов, а продолжи со Меѓународното поетско читање „Меридијани“, на кое настапија поети од различни меридијани и култури, пренесувајќи ја својата поетска мисла во градот на мостовите. Во духот на традицијата, претходно во ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска предупреди дека човештвото се соочува со избор меѓу мир и војна, додека ја предводеше најголемата воена парада во историјата на Кина. На свеченоста во Пекинг, одржана по повод 80-годишнината од поразот на Јапонија во Втората светска војна, почесни гости беа рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. На плоштадот Тијананмен пред повеќе од 50.000 гледачи, Си порача дека ...

Еден од најопасните делови на Атлантикот, сместен помеѓу Флорида, Порторико и Бермуда, е предмет на неверојатни теории, од улогата на вонземјаните во исчезнувањето на бродовите до теории со други димензии кои „голтале“ авиони и луѓе во оваа област. Сепак, некои експерти тврдат дека причината за сите овие бродоломи има логично објаснување – океанографот д-р Сајмон Боксал од Универзитетот во Саутемптон верува дека решението не е во сферата на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од денеска па во наредните две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР. Денес владее сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека за време на неговата посета на Пекинг ќе има билатерални средби со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот лидер Си Џинпинг, како и други високи функционери на Народна Република Кина. Фицо ја критикуваше Европската Унија поради одлуката да не испрати свои претставници на овој значаен собир, јави телевизијата Та3. Оваа недела Кина е домаќин на самитот на Шангајската организација за соработка ...

Вчера (1.09.2025г.) во 12:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 11 – годишник од Куманово. СВР Тетово информира дека тој се сомничи дека околу 10:45 часот одзел повеќе производи од продажен објект во Гостивар. Кај него биле пронајдени предметите и биле вратени на сопственикот. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен ...

Добриот ноќен сон е клучен за целокупното здравје, поддржувајќи сè, од когнитивната функција и регулирањето на хормоните до метаболизмот и имунолошкиот систем, велат експертите. Но, ако не се чувствувате добро одморени и сте немале добар ноќен сон, тоа не значи дека следниот ден е залудно потрошен. Не мора да се предавате на заморот, но можете да преземете неколку едноставни чекори за да ви помогнат да ја вратите енергијата, да останете ...

Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. Од Министерството ги повикуваат граѓаните на особена претпазливост со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен ...

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, ќе го пропушти остатокот од Европското првенство поради руптура на тетивата и заминува во САД на рехабилитација, соопшти Кошаркарската федерација на Србија. Богдановиќ ја заработи повредата на натпреварот против Португалија во второто коло од групната фаза. Во координација со неговиот клуб, Лос Анџелес Клиперс, одлучено е тој да се врати во САД и да започне подготовка за ...

Согласно член 2, став 1 од Законот за субвенциониран студентски оброк („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20, 150/21, 251/22, 91/23, 30/24 и 74/25), износот на субвенциониран студентски оброк се усогласува во согласност со инфлациската стапка после секоја фискална година, а пред донесување на републичкиот Буџет за следната година. Последен пат, висината на сумата за субвенционираниот оброк се промени во 2023 година од 120 ...

Од 2020 до 2025 година СОНК кумулативно ги има зголемено платите за околу 70 проценти. Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти. Овој континуитет ќе продолжи и следните три години, согласно спогодбата со Министерството за образование и наука, каде ќе се зголемат платите ...

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денес беше во посета на Лакавица, кадешто во текот на летниот распуст беше извршена реконструкција на објектот на основното училиште „Единство“. „Денес го посетивме основното училиште „Единство“ во селото Лакавица, каде што одблиску ги видовме инвестициите што беа направени за време на летото-речиси целосна реконструкција на објектот за да се обезбедат подобри услови за учениците. Исто така, ...

Основното училиште „Единство“ во Гостивар ги дочека учениците во новата учебна година во подновено руво. Изминатиот период во училиштето се реализираа неколку зафати за подобрување на условите за настава и работа. Извршена е комплетна замена на подот и поставени со нови прозорци. На првиот училишен ден во посета на училиштето беше градоначалникот Ваљбон Лимани, кој на првачињата им посака среќа и им подели подароци. „Им посакувам среќа и ...

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08 %, а најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот мегалополис Тиенџин изјави дека „обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се една од причините за украинската криза“. Путин нагласи дека кризата во Украина не произлегла од „инвазија“, туку како резултат на државниот удар во Киев во 2014 година, поддржан од западните сојузници на Украина. Тој додаде дека ги цени напорите на ...

Почнуваат обуките за наставниците, кои од второ полугодие во секој предмет ќе ја применуваат и ќе ги учат учениците за вештачката интелигенција. Во моментов ќе се обучува репрезентитавен примерок на наставници од едно училиште, по што овие наставници понатаму ќе треба да ја прошират мрежата за обучување на наставниците, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска од Општина Кисела Вода, каде што одговараше на прашања, ...

Сите сакаме кожата да ни остане мазна и затегната што е можно подолго, но брчките се појавуваат со текот на времето. Сепак, дерматолозите велат дека постојат едноставни и изненадувачки трикови кои можат да го забават овој процес и да го направат лицето да изгледа посвежо и помладо. Не станува збор за скапи третмани, туку за мали навики кои навистина можат да помогнат со помалку формирање брчки – од положбата во која спиете, до кремот што го ...

Лиметата е цитрусно овошје познато по својата зелена кора, сочна пулпа и кисел вкус. Помала и позаоблена од лимоните, расте на зимзелени грмушки или дрвја високи 4-6 метри, со ароматични лисја и миризливи цветови. Покисела и посвежа од лимоните, лиметата е омилена во кулинарскиот свет за подобрување на вкусот на пијалоци, јадења, салати и коктели. Иако има помалку витамин Ц од лимоните, таа е богата со антиоксиданси и фитонутриенти. Лиметата ...

Новата 2025/2026 учебна година денеска започна навреме и без поголеми проблеми во сите основни и средни училишта на територијата на Општина Гостивар. Претходно, училишните раководства ги извршија потребните подготовки за непречен старт и одвивање на образовниот процес, како генерално чистење и дезинфекција на објектите. Први септември секогаш е највозбудлив и најрадосен за дечињата кои тргнуваат во прво одделение. Според податоците од ...

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 12 до 30. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре (вторник) времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се искаќи до 34 степени. Во ...

Училишното ѕвонче денеска го означува почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните ...

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа околу 500 лица, а над 1.000 се повредени, објави државната авганистанска телевизија РТА. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на Министерството за информации изјави за ...

Американскиот производител на автомобили „Форд“ повлече речиси 500.000 возила во САД поради проблем со системот за сопирање, соопшти денеска Националната управа за безбедност на сообраќајот (НХТСА). Повикот за повлекување се однесува на теренецот „Форд Еџ“ произведен помеѓу 2015 и 2018 година, како и на луксузниот „Линколн МКХ“ од периодот 2016-2018 година. Според официјалниот извештај, можното пукање на цревото во системот за сопирање на ...

Тврдењето дека „растот на реалната плата“ е двојно зголемен за една година владеење на ДПМНЕ, а инфлацијата е „стабилизирана“ како што изнесува на прес-конференции пратенкот Бојан Стојаноски, е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат над половина милион работници во Македонија, стои во соопштението на Левица. „ДПМНЕ ја користи тезата за растот на реалната плата од 6,7% како доказ дека наводно народот живее ...

Со натпреварот Велика Британија – Литванија, денес 12:30 часот во Тампере, Финска ќе биде отворен Евробаскет 2025. Континенталниот кошаркарски собир ќе трае до 14 септември. Покрај Тампере, градови и земји домаќини се: Рига (Летонија), Лимасол (Кипар) и Катовице (Полска). Ова е трет пат четири земји да бидат организатори на ЕП и тие автоматски се квалификуваа за завршниот турнир. Дебитант на Европските првенства е Кипар, а титулата ја брани ...

Утре (1 септември) почнува учебната 2025/2026-та година. Изминатиот период низ основните и средни училишта на територија на Општина Гостивар беа извршени подготовки и зафати за успешен старт на новата учебна година. Како што оценуваат од општината, училиштата подготвено ги очекуваат учениците и првото училишно ѕвонче. „Пред почетокот на новата учебна година, основните и средните училишта на општината се дезинфицирани и подготвени за 1 ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
997
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
60%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
88%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
58%
998
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
999
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
86%
997
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
75%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Цинк

3.29

Бакар

12.12

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Алуминиум

3.09

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78