
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 10 степени. Утре (сабота) поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува ...
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска промовираше иницијатива за субвенциониран студентски превоз за редовни студенти кои студираат надвор од местото на живеење. Претседателот на ФОП, Бленди Ходаи, изјави дека на министерствата за образование и наука и за транспорт им предлагаат модел на субвенционирање каков што има во Словенија. Како што рече, предлогот има две опции – првата е месечна карта за десет патувања што би чинела околу 1.100 ...
Секој кој доживеал мигрена добро знае што значи тоа – неподнослива мачна болка во главата која трае од неколку часа до неколку дена. Тие често се многу онеспособувачки и се придружени со гадење, повраќање и чувствителност на светлина и звук. Иако не постои траен лек за мигрена, комбинацијата на превентивни мерки, лекови и промени во животниот стил може значително да ја намалат нивната зачестеност и сериозност. Меѓутоа, што да правиме кога ...
Од 9 до 15 декември во државава се пријавени 118 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип – 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево. Седумдесет и четири лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет се над 65 години, 14 деца на возраст од пет до 14 години и 10 на возраст до четири години. Највисока инциденца се ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година. -Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди и тоа за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, а за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, велат од Министерството. Оттаму ...
Вчера (18.12.2024) во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на локален пат во Долна Бањица, гостиварско, патничко возило удрило во пешакот М.С.(34) од Долна Бањица, по што возачот заедно со возилото го напуштил местото на настанот, информира СВР Тетово. Од таму додаваат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. ...
Кога божиќното жито ќе „изникне“, изгледа навистина убаво на празничната трпеза, не само поради свежата, зелена боја, туку и поради симболиката што ја носи – укажува на благосостојба, среќа и здравје. Најчесто се засадува околу Света Варвара, но Свети Никола сè уште се смета за истакнат датум, за да биде бујно и што позелено до еден од најголемите празници – Божиќ. Како да се засади Доколку одлучите да засадите пченица, прво треба да ја потопите ...
Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се ...
Според календарот на МПЦ денеска е Свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски. Тој е светец заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески, кои му се посветени. Многу македонски семејства со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми го ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово, информираат од Обвинителство. Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на ...
Постојат многу причини зошто треба редовно да консумирате ориз. Без разлика дали вежбате или барате богат извор на протеини, оризот е вистинскиот избор за вас. Повеќето од нас знаат дека постојат неколку добри причини да се јаде ориз, но она што повеќето од нас не го знаат е што точно прави оризот за нашето тело. Иако можеби не секој знае за што е добар оризот, едно е сигурно – тој е многу вкусен. Оризот е одличен додаток на главното јадење, а ...
Полицијата вчера (17.12.2024) регистрира два случаи на агресивно однесување кон полициски службеници во Гостивар. Како што соопшти СВР Тетово во 23.00 часот во Гостивар, полициски службеници го привеле С.Д. од Гостивар затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Петнаесет минути претходно, полициски службеници го привеле М.Т. затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале ...
Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ најави дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година. „Од 1 јануари 2025 година, целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Така, веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема повеќе месечни, годишни или попусти“, објави Шапиќ на прес-конференција. Тој рече дека со таа социјална мерка Белград ќе биде единствениот град во Европа со повеќе од половина милион ...
Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на државава, изјави денеска на почетокот на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот, директорот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. Тој рече дека и покрај напредокот од 1990-те, загадувањето на воздухот е сѐ уште високо, особено во зимските месеци. Здравиот воздух, нагласи тој, е од клучно значење за одржливиот развој. Обраќање имаше и првиот ...
Руската mRNA вакцина против рак ќе биде бесплатна за руските пациенти, изјави главниот онколог на Министерството за здравство на Русија, академик на Руската академија на науките и генерален директор на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија, Андреј Каприн, пренесува РИА Новости. Како што додаде, една вакцина државата ќе ја чини неколку стотици илјади рубли. „Создавањето индивидуална онколошка вакцина на платформата mRNA ќе ја ...
Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти. РКЕ првпат донесе одлука во која е искористен контролниот механизам во ...
Весело и несекојдневно предновогодишно доживување за децата со попречености во Гостивар. На денешната новогодишна хуманитарна забава која ја организираше Здружението When in Trouble, ги посетија Дедо Мразовци на мотори, се дружеа со нив и им ги поделија новогодишните пакетчиња. Радоста и возбудата во детските очи покажа дека гестовите на внимание и љубов, преплетени со креативни идеи се добредојдени и бесценети. Предновогодишната забава за ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија. Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена. Двете лица се недостапни ...
Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на поранешниот прв вицепемиер Артан Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кои се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека на 13 декември 2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција ...
Постојат причини зошто е добро да си легнете пред полноќ. А неколку од нив ќе ве натераат да засакате да си легнувате порано. Веројатно досега сте слушнале дека часовите пред полноќ вредат многу повеќе од часовите потоа, па затоа е важно понекогаш да легнете пред дванаесет за да имате квалитетен сон, што е многу важно за општото здравје на телото. Еве зошто е добро да си легнете пред полноќ, односно порано отколку што обично тоа го практикуваме ...
Брокулата е зеленчук без кој здравата и урамнотежена исхрана е речиси невозможна. Сепак, многумина сè уште не се целосно свесни колку е моќна оваа храна кога станува збор за здравјето. Брокулата содржи двојно повеќе витамин Ц од портокалите. Тоа е витамин кој помага во искористувањето на железото, ја спречува појавата на катаракта, ги ублажува симптомите на настинка и ја зајакнува општата одбранбена способност на организмот. Брокулата е член на ...
Авиокомпанијата „Визер“ денеска објави дека почнува со продажба на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт. Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска. Летовите почнат од 3 мај следната година за Барселона и ќе има летови секој вторник и сабота, на 1-ви мај почнуваат летовите за Лион секој вторник, четврток и сабота, додека летовите ...
Како да се препознае кога еден млад човек користи наркотични супстанци, кои се последиците и опасностите од дрогата, на кој начин може да се пружи поддршка и да се превенира ваквата негативна појава кај младата популација. Ова беа темите на кои се дискутираше на денешната трибина, што гостиварската локална самоуправа ја организираше во Гостивар под наслов „Злоупотреба на наркотични средства во средните училишта“. „Сметаме дека е важно да се ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со стручните служби од Секторот за урбанизам и патен сообраќај, оствариле работна средба со претставници на граѓанското здружение „Биди Зелен“. На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, се разговарало за иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирање на нови прописи со кои се уредува планирање и проектирање на велосипедска ...
Нарушувањето на квалитетот на воздухот е се повеќе присутно во градовите и истото се должи на секојдневните човекови активности. Со овој проблем се соочува и општина Гостивар каде што и покрај ветрот, се забележува зголемено загадување на воздухот, пред сé во урбаниот дел, односно во самиот град. Минералната прашина од каменоломите – најголем извор на загадување на воздухот во Гостивар Според истражувањата спроведени во текот на една година во ...
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети во Република Македонија. Како што стои во известието, сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk. Одбиените кандидати имаат можност да поднесат жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од ...
Кога болката станува дел од секојдневниот живот, не секогаш е потребно веднаш да се посегне по антиинфламаторни лекови. Наместо тоа, одредени видови храна можат природно да помогнат во ублажување на болките и намалување на воспалителните процеси во телото. Избирањето на вистинските намирници не значи дека треба да се откажете од храната што ја сакате, туку само да додадете здрави опции во вашето мени. Потемно овошје и зеленчук – први сојузници ...
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гоење на организиран криминал и корупција и Истражниот центар, како и истражители од Лабораторијата за дигитална форензика, во текот на вчерашниот ден во соработка со МВР беше спроведена акција во струшкиот и гостиварскиот регион. Притоа се приведени три лица од Гостивар и едно лице од Струга за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело ...
Петнасетгодишна девојка со скршеница на два слабински пршлена е на болничко лекување во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа „Тик ток“, потврди за МИА в. д. директорот на болницата д-р Небојша Настов. Директорот Настов вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици и зависи од ударот при падот. Изминатиот период ...
Промените на Законот за управување со електронски документи и интегрирањето на Управата за водење на матични книги под Министерството за дигитална трансформација ќе овозможи голем број документи во 2025 година да се издаваат целосно по електронски пат. Граѓаните ќе можат да добијат, на пример, извод од матична книга на родени, со електронски печат и така целиот процес ќе може да го изведат преку компјутер. Ова го најави министерот за дигитална ...