
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Ова денеска го подвлече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Ирена Алексиовска Папестиев, во изјава за медиумите. Алексиовска Папестиев рече дека тоа е прва ...
Во сабота, на 30 ноември 2024 година во Гостивар, ќе се одржи свечен настан по повод 100-годишнината од раѓањето на народниот херој Панче Попоски. Програмата започнува во 10:15 часот, со полагање на свежо цвеќе во неговата чест, кое ќе се одржи во холот на Центарот на култура Асном. Потоа, настанот ќе продолжи во 10:30 часот во малата сала на установата. Иницијативата за организирање на овој значаен настан доаѓа од членовите на семејството на ...
Наскоро Здравствениот дом и општата болница во Гостивар ќе се спојат во една установа, изјави при денешната посета на болницата, министерот за здравство, Арбен Таравари. „Наскоро Здравствениот дом и општата болница во Гостивар ќе се спојат. Претходно веќе имам најавено дека во седум градови каде има општи болници и Здравствени домови ќе се спојуваат. Мислам дека тоа ќе се случи до крајот на идната година, а можеби и порано. Освен во Клиничките ...
Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград. До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода. Ситуацијата се смири по ...
Граѓани добиле лажни е-маил пораки во име на Фондот за здравствено осигурување, од ФЗО апелираат да не се наседнува на лажните пораки, за да не бидат злоупотребени лични податоци и трансакциски сметки. Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност, да пријават во Службата за компјутерски криминал во Министерството за ...
Министерството за здравство бара решение за старата и дотраена зграда каде се сместени гостиварските епидемиолошки служби на Центарот за јавно здравје. Како што изјави денес министерот за здравство, Арбен Таравари можно е објектот целосно да се сруши и да се гради нов, но тоа за сега не е конечна одлука. „Епидемилогија е стар објект за кој во Министерството веќе правиме одредени планови евентуално да се инвестира во нов. Ова не е дефинитивно, ...
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен. Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев – „АСНОМ и македонскиот јазик“, и ...
Со панел-дискусија на постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колмбуиа, заменик амбасадорот на Европската унија во земјава Бен Нупнау, како и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, вчеравечер во Музејот на град Скопје беше одбележан почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со цел подигнување на општествената свест во борбата за спречување на родово ...
Денеска, 25 ноември 2024 година, околу 09:40 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар било пријавено дека при изведување градежни работи на тротоарот на улицата „Живко Брајкоски“, работници од Јавното претпријатие „Водовод“ пронашле пет гранати со должина од околу 30 сантиметри. Полициски екипи веднаш излегле на терен и ја обезбедиле локацијата. За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување, која презема понатамошни мерки ...
Времето денеска (понеделник) наутро ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку ден, времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Температурата во гостиварскиот регион -1 до 11 степени. Во следните денови од новата работна седмица се предвидува стабилно и претежно тивко време со ниски утрински температури, а дневните да бидат во пораст и ќе достигнат до 16 степени. По одделни котлини да ...
Во седиштето на УЕФА во Нион денеска се одржа ждрепката за завршницата на Лигата на нации и баражите за опстанок и пласман во сите дивизии. Ждрепката донесе атрактивни дуели кои ќе го одбележат третото издание на ова престижно натпреварување. Лига А: Четвртфиналните дербија Најголемото внимание беше насочено кон ждрепката за четвртфиналето во Лигата А, каде што се одредени четири возбудливи двојки: Првите натпревари ќе се одиграат на 20 март ...
Повторно евидентирани случаи на агресивно однесување кон полициски службеници во Гостивар. Ги пренесуваме информациите за нив дадени во билтенот на СВР Тетово: „На 23.11.2024 во 22:40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ш.Р.(23) од тетовско Вејце, кој на улица ,,ЈНА“ во Гостивар, агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија и ги омаловажувал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на ...
Портокалите во десерти почесто се користат во форма на сок, но според овој рецепт за колач се ставаат цели портокали, што го прави слаткото задоволство екстра сочно. Подготовката е повеќе од едноставна и брза, ќе ви заштеди време, а нема шанси да не ви се погоди. состојки: 3-4 портокали (зависно големината) 100 мл. млеко 100 мл. газирана вода 2 јајца 200 гр. брашно 3-4 лажички шеќер 1 кесичка ванилин шеќер половина кесичка прашок за пециво ...
Демократското Движење вчера свечено отвори канцеларии во Гостивар. По тој повод, лидерот на партијата и вицепремиер, Изет Меџити, изјави дека овој момент претставува уште еден важен чекор во патувањето кон создавање силна и претставничка политичка алтернатива за сите граѓани. „Демократското движење секој ден е сѐ посилно, создавајќи цврста структура и јасна визија за подобра иднина. Ова е доказ за посветеноста и единството на луѓето кои веруваат ...
Овие бактерии развиле способност да се спротивстават на третманите со антибиотици, што ги прави посмртоносни и тешки за лекување. Милиони луѓе ширум светот умираат од директни бактериски инфекции, особено кога бактериите развиваат отпорност на антибиотиците што ги користиме за нивно лекување. Токму оваа отпорност на лекови ги прави особено смртоносни. Овие бактерии развиле способност да се спротивстават на третманите со антибиотици, што ги прави ...
Министерството за култура и туризам денеска го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“. Како што информира ресорното министерство, на Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во земјава, со исклучок на Град Скопје и ...
Зимските денови кои следуваат се совршено време да уживате во топли и ароматични пијалаци кои го поттикнуваат празничното расположение. Еден од најпопуларните избори во овој период е греаното вино – неизоставен дел од божиќните маркети, зимските кафулиња, но и домашните собири. Со неколку едноставни чекори, можете да го подготвите сами и да уживате во неговиот богат вкус и мирис. Потребни состојки: Подготовка: Измијте го портокалот темелно под ...
Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Тој рече дека се извршени сите консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите. -Имавме поопсежни консултации со повеќе фактори кои влијаат на крајната цена на производите битна за потрошувачите, тоа се бизнис ...
СВР Тетово информира дека вчера (22.11.2024) во 15.55 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.К (41) од Гостивар, кој бил пријавен од 59 годишниот гостиварец Л.А. дека на улица „ЈНА” во градот физички го нападнал, а потоа и со пиштол пукал кон возилото на Л.А.. А.К. бил задржан во полициска станица и од него бил одземен пиштол ,,ЦЗ” калибар 7,56 милиметри, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар. По ...
Здружението на новинари на Македонија во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика на медиумите (СЕММ) почнаа иницијатива за измена на стариот Кодекс на етика за новинарите донесен на 14 ноември 2001 година. Новиот Кодекс треба да биде приспосебен на современите медиумски потреби и дигитализацијата. Директорката на МИМ, Билјана Петковска потенцира дека новиот Кодекс на етика за новинари го наложува новото време и ...
Невремето проследено со силен ветер вчера, кој во одредени делови надмина 70 км на час, предизвика низа проблеми и штети низ земјава. Пријавени се случаи на оштетувања на електрични столбови, кровови на објекти, фасади, автомобили, како и паднати дрвја. Во извештајот на Центарот за управување со кризи бележан е случај на паднато дрво и во Гостивар. Како што стои во информацијата Територијалната противпожарна единица Гостивар, од 16.45 до 17.15 ...
Поради невремето што ја зафати Србија се случија повеќе сообраќајни несреќи. Меѓу нив и македонски автобус се излизга и удри во банкина на автопатот кај Појате, јави дописникот на МИА од Белград. „Причинета е поголема материјална штета“, пишува порталот Телеграф, а Инстаграм страницата 192 рс. објави фотографија од несреќата со изјави од патниците дека на тој дел од автопатот Ниш-Белград, кај Појате се возело со 30 км на час. Српското МВР не ...
Снегот проследен со силни ветрови предизвика хаос во речиси сите земји на Балканот, од каде известуваат за колапс во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во Србија, снежните врнежи создадоа хаос на патиштата, поради што властите апелираат до возачите да бидат внимателни. Активирани се метеоаларми низ целата земја, а во одредени делови истовремено се издадени три предупредувања. Црногорското приморје денеска беше погодено ...
Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека сообраќајот на државните патишта во западниот дел од државата се одвива претежно по влажни коловози, а во источниот дел по суви коловози. Внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност за појава од одрони. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна утринава нема подолги задржувања ...
Јапонското јаболко е растение по потекло од Јапонија, во форма наликува на домат, додека бојата на плодот може да биде светло жолта до портокалова до потемно црвена. Плодовите имаат сладок вкус кој освежува и потсетува на мешавина од јаболка, кајсии и портокали и се највкусни во зимските месеци кога целосно се зрели и омекнати. Ова овошје е полно со витамини (К, Ц, А), антиоксиданси кои му помагаат на имунолошкиот систем да функционира ...
На 21.11.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода С.Д.(36) од Гостивар поради сомнение дека извршила кражба во бутик во трговски центар во Гостивар, информира СВР Тетово. Од неа биле одземени предметите и биле вратени на сопственикот. С.Д. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. Полицијата информира дека, исто така вчера во 9.00 часот, полициски ...
Согласно податоци од Управата за електронско здравство, преку апликацијата vakcinacija.mk, за вакцина против грип досега биле пријавени 75.712 лица и биле вакцинирани 66.674 граѓани. Заменик министерот за здравство Јовица Андовски денеска на прес-конференција изјави дека одѕивот е одличен. „Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни компликации од сезонскиот грип. Статистиката покажува дека, од ...
Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема ...
СВР Тетово извести дека вчера (21.11.2024) поради сомнение за сторено кривично дело напад врз полициски службеници при преземање на службени дејствија на 20.11.2024, судија на претходна постапка на И.А.(23) од Градец му одреди мерка притвор во траење од осум дена и бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката. На М.Р.(19) од Гостивар му е одреди мерка куќен притвор, исто така, во траење од осум дена. ...
Маглата е многу карактеристична појава за овој убав период од годината, кога температурите се ниски, а влажноста на воздухот е исклучително висока. Го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди и затоа се препорачува да го одложите возењето на ова време, особено ако не сте искусен возач. А ако патувањето е неодложно, овие совети ќе ви помогнат. Направете го автомобилот видлив Видливоста на автомобилот е најважна и одговорноста за тоа е исклучиво ...