Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во јули годинава преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се исплатени 1.022.217.192 денари ( 16,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола ). Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, во јули изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на ...
На Мицкоски и ДПМНЕ им порачуваме да не се бламираат – Левица има кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Струга, а ДПМНЕ коленичи пред ВРЕДИ. Со искрено неверување ги следиме бламирачките изјави на Мицкоски и ДПМНЕ ги следиме изјавите на Мицкоски и ДПМНЕ по повод кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, се наведува во денешното соопштението на Левица. Реакцијата доаѓа откако, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и ...
Гостивар е една од избраните општини на повикот WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива со која се обезбедува бесплатен и брз интернет на јавните места. Нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат полесно, побрзо и без трошоци, придобивајќи од оваа иновација која ја зајакнува нашата врска со дигиталниот свет, нагласуваат од Општина Гостивар. WiFi пристапните точки ќе бидат инсталирани на јавни места како што се плоштадот, парковите, ...
Производителите ветуваат намалување на потрошувачката на гориво од три до 10 проценти, а во услови на густ градски сообраќај, заштедата може да достигне до 15 проценти. Системот старт-стоп е технологија развиена за намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови. Неговата основна функција е автоматски да го исклучи моторот кога возилото привремено ќе застане, на семафор или во сообраќаен метеж, и да го рестартира кога ...
Климатските промени и растот на температурите предизвикани од човечкиот фактор се одговорни за смртта на околу 16.500 лица во Европа во текот на ова лето, се наведува во студија на група британски истражувачи на климата и здравјето. Врз основа на истражување на климатскиот модел во 854 европски градови, научници од Империјалниот колеџ во Лондон и епидемиолози од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, утврдиле дека како резултат на ...
Кога детето ја изговара познатата фраза „Досадно ми е“, тоа не секогаш значи вистинска досада, понекогаш тоа е само сигнал за подлабока емоционална потреба. Затоа е важно родителите да препознаат кога е само желба за внимание, а кога е нешто повеќе. Психолозите нагласуваат дека не секое дете кое ќе ја смисли фразата дека му е досадно е во иста ситуација, а одговорот на тоа не треба секогаш да биде игнорирање на детето или присилување да најде ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека е потребно да се преиспитаат сите важни политики на ЕУ донесени под водство на претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен. Тој, во интервју дадено за време на неговата работна посета на Обединети Арапски Емирати, посочи дека ЕУ предводена од Лајен се движи кон бездната. – За Лајен подобро би било да се спакува, тивко да си оди дома и да им го остави Брисел на оние кои се способни ...
На вториот ден од отворањето на „Spacepark“ во Скопје – нов иновативен центар за едукација кој ќе понуди современи курсеви и програми во областа на технологијата, претприемништвото, финансиите, роботиката и науките на иднината, беше објавена значајна донација насочена кон младите во гостиварско Зубовце и самото село. Еден од главните говорници на отворањето беше Душан Стојановиќ, Европски бизнис ангел на годината, успешен инвеститор со ...
Диетите и режимите на исхрана со ниска содржина на масти отсекогаш биле популарни методи за губење на тежината и општото подобрување на животниот стил. Сè уште постои верување дека самите масти водат до зголемување на телесната тежина, што ги наведува многу луѓе да не консумираат доволно од овој важен макронутриент. Здравите возрасни лица треба да внесуваат помеѓу 20 и 35 проценти од нивните дневни калории од масти, при што повеќето се ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 15 септември почна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип и се реализира со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од Агенцијата за период од три години за пролетната и есенската орална ...
Жителите на Гостивар и Тетово добиваат нова можност за удобен и сигурен превоз до скопскиот и охридскиот аеродром преку услугата GoOpti. Компанијата нуди модерни и климатизирани комбиња за патнички трансфер, со целосна услуга. Возачите ги превземаат патниците од нивната најблиска точка и ги превезуваат директно до аеродромскиот терминал или обратно. GoOpti овозможува флексибилни термини, оптимизирани цени кои ги покриваат сите дополнителни ...
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) дадоа препорака до општините да спроведат детални контроли и да ги идентификуваат сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување. Од МЖСПП соопштуваат дека нивните очекувања се општините да превземат мерки во насока на унапредување на состојбата со управувањето со отпад и заштитата на животната средина, додека, ...
Ранците долго време се важен дел од училишната опрема, дури и за најмладите ученици од основно училиште, кои само седат во училишните клупи. Децата користат ранци за да носат сè што им е потребно за денот на училиште, но има и малку влијание од модата. За жал, вишокот додатоци го прави ранецот потежок, а ако се носи неправилно, може да доведе до болки во зглобовите и мускулите. 3 важни совети за тоа како децата правилно треба да носат ранец ...
Вчера (15.09.2025г.) во 14:05 часот во ОВР Гостивар, 29-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Г.П. од САД за сума од 25.000 американски долари. Според пријавеното, на 03.09.2025 преку социјални мрежи тој стапил во контакт со лицето и се договориле да купи патничко возило „форд мустанг“ олдтајмер од 1968 година и првата половина од цената да ја плати веднаш, а другата откако ќе го добие возилото. Како што е пријавено, тој ...
Од денеска на телефонскиот број 070/399 – 050 или на [email protected], граѓаните можат да пријавуваат незаконска, партиска или приватна употреба на службените возила. – Исполнуваме уште една ветена мерка за одговорно управување со државниот имот. Од денеска на 070 399 050 или [email protected] граѓаните можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила. Сите пријави ќе се проследуваат до надлежните органи ...
Постои недоразбирање кое во иднина ќе треба да го решиме, а за кое многу пати сме зборувале. МОН многу пати повикуваше што се треба да се направи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска за проблемот со недостиг од учебници во некои училишта кои не пријавиле навреме во МОН колкав број им е потребен за замена на неупотребливите учебници. По настанот „Градиме нови мостови” во ОУ „Живко Брајковски” во општина Бутел, Јаневска ...
Гостивар ќе биде следната станица на концертниот караван „Македонијо во срце те носиме“, кој со огромно задоволство најавува музички спектакл за љубителите на македонската песна. Настанот ќе се одржи во среда, 17 септември, со почеток во 20:00 часот, на градскиот плоштад во Гостивар. Публиката ќе има можност да ужива во настапи на познати изведувачи и ансамбли, кои со својот репертоар ќе ја пренесат емоцијата и љубовта кон татковината. ...
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) денеска промовираше Водич за перименопауза којшто има цел да обезбеди полесен скрининг, дијагноза и третман на состојбите што се јавуваат во овој период кај жената. Со него матичните лекари и гинеколози добиваат основни насоки за симптомите и болестите што можат да настанат кај пациентките. Содржи повеќе анекси со прашалници што треба да ги пополнуваат пациентките во ординациите и ...
Американскиот мафијаш Алфонс – Ал Капоне бил еден од најмоќните и најозлогласените криминалци во САД во текот на 1920-тите и 30-тите. Тој го контролирал криумчарењето и продажбата на алкохол за време на тн. прохибиција, па и коцкањето, проституцијата и другите нелегални работи во Чикаго и други градови. Тој е познат по својата бруталност и насилството, особено масакрот на 14 февруари 1929 година, кога шефот на мафијата наредил убиство на ...
За претстојните Локални избори 2025 во општина Маврово и Ростуше се пријавени двајца кандидати за градоначалник, покажува распоредот на Државната изборна комисија (ДИК). Кандидат на Коалицијата „Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ е Онер Јакупоски (46). Додека, „Коалицијата за локални избори 2025 година предводена од СДСМ“ ќе настапи со Анес Ахмети (40). Двајцата кандидати ќе се натпреваруваат за довербата на граѓаните на 19 октомври, ...
Вчера (14.09.2025г.) во 13:20 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.М.(42) од Гостивар. Тој бил баран поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп каде што издржувал казна затвор од пет години и шест месеци за сторено кривично дело „незовластено производство и пуштање во промнет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, ...
Рузмаринот (Rosmarinus officinalis) е медитеранска билка која освен во кулинарството, се користи и во традиционалната медицина поради своите бројни корисни својства. Стручните анализи покажуваат дека рузмаринот има позитивно дејство врз меморијата и концентрацијата, а неговата арома може да ја стимулира мозочната активност. Тој содржи силни антиоксиданти и антиинфламаторни соединенија, кои го штитат организмот од оксидативен стрес и ...
Од ЕВН Македонија информираат дека поради однапред утврдени планови за реконструкција и модернизирање на мрежата, во наредните денови ќе има повеќе прекини во снабдувањето со електрична енергија на подрачјето на Гостивар и околните населени места. Вторник, 16 септември 2025 година Среда, 17 септември 2025 година Петок, 19 септември 2025 година Граѓаните се советуваат навреме да ги планираат своите активности и да преземат соодветни мерки за ...
На Локалните избори 2025 во трка за градоначалничката функција во Општина Гостивар влегуваат четворица кандидати. Според податоците објавени од Државната изборна комисија поднесени се 4 кадидатури. Во изборот за градоначалник на Гостивар влегуваат: Висар Адеми како независен кандидат, Дарко Грујоски од партијата Левица, Ваљбон Лимани од Национална алијанса за интеграција и Себаедин Даути од Коалиција Вреди. Првиот круг од Локалните избори ќе ...
По завршувањето на рокот за поднесување на кандидатури за Локалните избори 2025, според информациите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија во Општина Гостивар се поднесени вкупно осум советнички листи. Кандидатите на листите влегуваат во трка за место во Советот на општината кој ќе брои 23 советници. Според распоредот на Државната изборна комисија (ДИК), целосните кандидатски листи за советници во Општина Гостивар се ...
Семејства на загинати во несреќата со автобусот на Дурмо Турс денеска се собраа на мирен протест во Гостивар заради, како што нагласија, неспроведување на пресудата за дел од осудените во процесот. Тие реагираат дека и пет месеци по донесување на пресудата, тројца од шестмината кои без осудени, се‘ уште не ја издржуваат затворската казна. „Пресудата беше донесена пред 5 месеци од страна на Апелациониот суд во Скопје, а дел од осудените лица ...
ВРЕДИ попладнево во Општинската изборна комисија ги поднесе кандидатурите за градоначалник на Гостивар и членови на општинскиот совет. ВРЕДИ на претстојните локални избори за градоначалник го кандидира Себаедин Даути, а носител на листата за советници е Башким Хасани. „Ги поднесовме официјално кандидатурите. Мојата порака до граѓаните е дека е дојдено време за промени, јас имам визија да донесам промени како градоначалник за граѓаните да ...
Во петок (19 септември) ќе се одржи промоција на првото книжевно дело на младата Симона Филипоска од Гостивар. Станува збор за збирка поезија на англиски јазик со наслов “Blood-soaked words“. Поетската збирка “Blood-soaked words” е еден вид патување низ душата на поетесата и се состои од песни со различна тематика вклучувајќи: анксиозност, немирни мисли, љубов, сонови, природа… Збирката содржи 40 песни поделени на два дела-мрачен и светол, ...
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар вчеравечер се одржа промоција на делото „Цената на љубовта“ од Данијела Дени Крстиќ. Се работи за роман во кој се испреплетуваат љубовни случувања, духовна трансформација и мудри пораки околу потрагата по среќа и исполнет живот. „Во романот се испреплетени љубовни врски, трансформација на негативни мисли и однесувања и како кога човекот ќе ги своите измени мисли животот почнува да зема еден нов замав ...
Времето денес (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови од земјава ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе биде над 60 километри на час. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 13 до 27 степени. Утре (вторник) нѐ очекува сончево и топло време ...