Во Скопје попладнево дува силен ветер, делови од градот се без електрична енергија, а според информациите од Центарот за управување со кризи има два големи пожари и тоа на Скопска Црна Гора меѓу селата Црешево и Брњарци и меѓу селата Крушопек и Лока, но и на други места. Силниот ветер предизвика и материјална штета. Според досегашните информации во невремето нема евидентирани повредени лица. Паднати кровови од згради има во Чаир, во Ѓорче ...

Жедта е обично јасен сигнал дека на вашето тело му недостасуваат течности – ако сте се потеле многу или едноставно сте пиеле многу малку во текот на денот, неколку голтки вода ќе ја изгаснат. Сепак, што ако сте жедни цело време, без разлика колку вода пиете? Не треба да ја игнорирате постојаната жед, бидејќи таа може да биде резултат на посериозна медицинска состојба што го нарушува балансот на вода или сол во телото. Ако пиете доволно вода и ...

Шеќерот, или глукозата, е еден од главните извори на енергија во телото, но премногу шеќер или премногу честото консумирање може да има негативни последици по здравјето. Шеќерот почнува да влегува во крвотокот во рок од неколку минути по јадењето и обично се елиминира од телото во рок од два до три часа, иако точното времетраење зависи од неколку фактори и варира од личност до личност. Кога јадете или пиете нешто што содржи шеќер, вашиот ...

Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата недела од учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневска, која денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во Кавадарци, смета дека темата со тоа дали ќе има или нема да има учебници од оваа година ...

Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е „злото“, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Таравари. „Февруари 2024: Таравари самиот изјави дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДС го гледале неговиот блок како посакуван ...

На 76 годишна возраст почина доајенот на македонското новинарство од Гостивар, Киро Кипроски. Блиски пријатели, роднини, сограѓани и колеги се простуваат од него преку социјалните мрежи со оддавање почит кон неговиот лик и дело. Кипроски со новинарство се занимаваше над пет и пол децении. Првите чекори ги направил во „Наша просвета“, а како средношколец и студент соработувал со „Млад Борец“ и „Студенски збор“. Работел за „Нова Македонија“, ...

Алијансата за Албанците потенцира дека злото на ВРЕДИ не е албанската опозиција и Алијансата за Албанците, туку нивните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ, порачува во пишано соопштение до медиумите Крилото на Таравари на Алијансата за Албанците. „Со нивните антиалбански политики, овие партнери секојдневно го користат и експлоатираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците. ...

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување за дестабилизација на времето. УХМР нагласува дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, попладне, во текот на ноќта и утре претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и ...

Центарот за управување со кризи информира дека има активни шест пожари, а четири се под контрола. Активни се пожарите меѓу селата Добри Дол и Врапчиште во општина Врапчиште каде гори сува трева, кај селото Копаница во општина Сарај каде исто така гори сува трева, како и кај селото Магленце во општина Старо Нагоричане. Активни пожари има и во велешко кај фабриката „Киро Ќучук“ и во близина на Тиквешкото Езеро, како и во битолско поточно кај ...

Минатата недела Управата за јавни приходи (УЈП) спровела вкупно 167 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, фризерски салони, аптеки, ПЗУ, спа центри, бензиски пумпи, приредувачи на игри на среќа и други трговски објекти за продажба на мало. Од вкупно 167 контролирани субјекти, кај 69 (41,3%) од контролираните субјекти биле констатирани ...

Со Предлог на буџетот на Собранието на Република Македонија за 2026 година, кој денеска помина на Буџетскиот Совет на Собранието, планирани се 677.300.000 денари за платите и надоместоците на плати за вработените, пратениците и функционерите во Собранието. Предлог-буџетот на Собранието треба да ја добие поддршката на пратениците на пленарна седница. -По потпрограми планирани средства за следните намени – за Потпрограма 20 за реализација на ...

Во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 1 процент во одделот Телекомуникации, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во истиот период, информира ДЗС, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0, 7 проценти. Според видови транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 0,7 проценти, ...

Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде имплементиран проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава. Ова денеска го соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар. Информираше дека измените во законот за безбедност ...

Времето денеска (петок) ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 15 до 34 степени. Викендов нѐ очекува дестабилизација на времето. Утре (сабота) попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен јужен, а во недела северозападен ветер, кој ќе услови опаѓање на ...

Хируршките интервенции за намалување на висината стануваат нов тренд во турските клиники, една од водечките дестинации за медицински туризам во регионот, објави телевизијата СиЕнЕн-Турк. Според весникот „Поста“, Турција е сè попопуларна за естетски операции за намалување на висината, особено меѓу жени кои својата висина ја сметаат за недостиг или имаат различна должина на нозете.Турските клиники нудат процедури во кои, со скратување на ...

Сите се плашиме да станеме таа личност – онаа од која другите страдаат, а не онаа што ја очекуваат со нетрпение. Вистината е дека сите ние сме биле во таа улога понекогаш, најчесто несвесно. Психологијата покажува дека луѓето знаат како да ја сокријат непријатноста со убави зборови, но телото и малите сигнали честопати го кажуваат спротивното. Овие знаци се мали, речиси незабележливи. Тие се гледаат со половина секунда задоцнување, во ...

Утрово на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света Литургија во Лешочкиот манастир. Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф меѓу другото нагласи: „Денешниот празник, на некој начин е продолжување на чествувањата и прославувањето на Воскресението на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Затоа, светата Црква не тагува, туку се радува. ...

Наставниците од средните училишта во државата можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата. Доколку имаат основно ниво на познавања на дигитални алатки и активно го владеат англискиот јазик, можат да аплицираат за обуката „AI во училница“, што ќе им помогне да ја вклучат вештачката интелигенција во сите фази на наставата, од подготовката за час до оценувањето. Министерството за образование и наука ...

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Во сите храмови на МПЦ-ОА, особено во оние кои го носат нејзиното име, денеска се одржуваат празнични богослужби. Празник на мајката на ...

Управата за јавни приходи информираше дека на 29.08.2025 година (петок) ќе започне со тестирање на миграцијата на својата веб страна во нова виртуелна околина. „Оваа активност е дел од нашите постојани напори да ја подобриме стабилноста на системот и перформансите на услугите што ги користите. Миграцијата ќе овозможи поголема флексибилност при доделувањето ресурси и побезбеден пристап до потребните информации. За време на тестирањето, веб ...

Секој има свој омилен начин на кој ја јаде пицата – некој сака да е преполна со кашкавал, друг не може без месо, трети ја обожаваат со свеж зеленчук, а има и такви што експериментираат со невообичаени вкусови како ананас или морска храна. Но, дали некогаш сте се запрашале што откриваат овие избори за вашата личност? Научниците велат дека додатоците на пицата не се само прашање на вкус – тие може да кажат многу повеќе за карактерот и навиките ...

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, информираат од МОН. -Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука.Обезбедени се и учебници по странските јазици, за прв пат ...

Се создава правна рамка на лицата со попреченост и на старите лица да им се овозможи полесен пристап до информациите и услугите кои ги даваат/нудат институциите од јавниот сектор на нивните веб-страници и мобилни апликации, со Предлог законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, во прво читање, што денеска доби поддршка од собраниската Комисија за европски прашања. Со законот државава ја ...

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со празни бројки и манипулации да ја прикрие вистината: Македонија денес е држава на стабилни финансии, држава која по години пустош и корупција почна да се обновува и држава која ја враќа довербата во институциите, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во врска со претходно изнесените ставови на Филипче ...

Природниот прираст во Македонија и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Според податоците на Државниот завод за статситика, бројот на живородените деца во вториот кварталво земјава е 3 741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4.2 %. Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи ...

Лидерот на опозициската СДСМ денеска на прес-конференција изјави дека по 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ може да се даде оценка дека економската политика на оваа Влада е најлошата во историјата. -Десетици милиони евра се буквално украдени од граѓаните преку непреземање мерки за цените, преку непокачување на платите, преку растот на нееднаквоста и сиромаштијата, што е свесна и намерна политика на оваа власт. Ако нешто може со сигурност да го ...

Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречиле обид за криумчарење на наркотични средства. Како што информираше Царинската управа на 25.08.2025 година, на граничниот премин Богородица при извршена контрола со царинско куче на германско патничко моторно возило комбе, со кој за влез во државата се пријавиле двајца германски државјани, биле пронајдени наркотици во женска чанта на сопатникот. „При извршениот детален преглед, ...

Општинската организација на Црвен крст Гостивар, во пресрет на новата учебна година, започна со спроведување на хуманитарна акција преку која се собира училиштен прибор. Како што наведуваат од организацијата, целта на оваа активност е да се обезбеди училиштен прибор за деца од семејства во социјален ризик. „Секое дете заслужува среќа. Донирајте училиштен прибор, бидете хумани! Заедно да насмееме и да ги стоплиме срцата на многу деца“, ...

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ќе ја пречека селекцијата на Унгарија во последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2025. Средбата ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 19 часот. И покрај трите порази од селекциите на Романија и Унгарија во досегашниот циклус, селекторот Марјан Илиевски изрази поддршка за своите избраници. Тој истакна дека резултатот од мечот нема натамошно значење, но секој ...

Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели. – Релативно готови сме со мерките со коишто ќе ги олесниме условите за оние кои по првпат купуваат стан за живеење, а значително ќе ги затегнеме критериумите со соработка со ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
997
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
60%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
88%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
58%
998
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
999
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
86%
997
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
75%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Бакар

12.12

Сребро

2733.78

Цинк

3.29

Злато

157561.16