Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Гостиварскиот ММА клуб „MMA Protector“ имаше забележителен настап на престижниот меѓународен турнир „Beogradski Pobednik – Stefan Savić // International MMA Open“, кој викендов се одржа на Калемегданската тврдина во Белград. Томче Марковски, член на „MMA Protector Gostivar“, ја освои прва место во својата категорија, освојувајќи златен медал и донесувајќи голем успех за клубот и за македонскиот ММА спорт. Со одлични настапи во сите борби, ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, се вели во метеопредупредувањето од УХМР. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено ...
„Во работата се вложувам 100%, кога има љубов ништо не е тешко“ Gostivarpress.mk: Зошто избравте да бидете медицинска сестра и какви беа вашите почетоци во професијата? Сафие Точи: Медицинска сестра одбрав да бидам поради фактот што самата професија е хумана, односно, самата јас како личност имам голема емпатија кон луѓето. Сакам сите да бидат среќни, здрави и никогаш да не почувствуваат болка, болест и најразлични трагедии. Меѓутоа, во ...
Во „Шаоми Арена“ во Рига денеска се играат полуфиналните натпревари на Европското првенство во кошарка. Првиот меч е закажан за 17 часот, кога Германија ќе се соочи со сензацијата Финска – репрезентација која во плејофот ги елиминираше Србија и Грузија. Вечерниот термин, од 21 часот, го носи дербито меѓу Грција и Турција. Победникот ќе обезбеди место во големото финале, додека поразениот ќе мора да се задоволи со борба за бронзениот медал. ...
Минималниот препорачан дневен внес на протеини е 1 грам на килограм телесна тежина, додека на спортистите и активните луѓе им се препорачува да консумираат 2 грама на килограм телесна тежина дневно. Следните намирници, ако ги јадете редовно, ќе му обезбедат на телото потребна количина на протеини. Сардина Една конзерва од оваа мала, сребрена риба содржи околу 20 грама протеини. Побарајте ги оние конзервирани во вода или маслиново масло за да ...
Левица го кандидираше Дарко Грујоски за градоначалник на Општина Гостивар. Партијата ја соопшти кандидатурата денеска. „Во Општина Гостивар, кандидат за градоначалник е Дарко Грујоски ИТ-специјалист и информатички оператор со завршени студии по компјутерски науки и технологии. Тој претставува новата генерација професионалци, подготвени со современи пристапи и технолошки решенија да ги подобрат јавните услуги и транспарентноста на локалната ...
Ноќеска во 2 и 45 часот после полноќ, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Гостивар го лишиле од слобода 36 годишниот гостиварец Ј.Л.. „При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со гостиварски регистарски таблички, кое го управувал и при извршен алкотест констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.61% промили алкохол во крвта. ...
Општина Гостивар и членови на советот во Општинската изборна комисија. Коалицијата НАИ го кандидира Ваљбон Лимани од Алијанса за Албанците за градоначалник на Гостивар, додека носител на советничката листа е Ваљдет Џафери од ДУИ. „Денес и официјално ги поднесовме кандидатурите за градоначалник и советници. Овие кандидатури, сите заеднички извираат од нашата желба дека ќе го направиме најдоброто за Гостивар во мандатот што доаѓа наредните 4 ...
Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје тоа ќе можат да го направат преку своите овластени предлагачи до полноќ во просториите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС). ОИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е ...
Постои голем интерес за субвенции за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а 1.579 од домаќинства во кои единствен приход е пензија. Министерството за ...
Се сеќавате ли на вашето детство? Кога интернетот не беше насекаде и не можеше да се најдат информации за неколку секунди. Мораше да се прелистуваат енциклопедии, да ги прашуваме нашите родители или наставници и честопати едноставно да чекаме вистинскиот момент за сами да го пронајдеме одговорот. Можеби не го знаевме тоа во тоа време, но растењето без Google и секако, ChatGPT нè обликувало на посебен начин. Во продолжение седум вредни особини ...
СВР Тетово информира дека вчера (11.09.2025г.) во 17:20 часот на улица „Шуматоска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 68 годишниот гостиварец Ќ.Ф., кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело казниво по член 300 (Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот) став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен ...
СДСМ ја потврди кандидатската листа за советници на партијата во Општина Гостивар на претстојните Локални избори во октомври. Носител на листата е Бојан Зафироски, кој е претседател на Општинската организација на СДСМ во Гостивар. Зафироски е магистер по правни науки, вработен во АД ЕСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на Локалните избори 2025 во Гостивар влегува само во трка за советнички места, и нема свој кандидат за ...
Се будите во исто време секое утро – без аларм. Без стрес, без панично пригушување и без „само уште пет минути“. Само тивка, природна будност, како вашето тело точно да знае кога е време да го започнете денот Според психологијата, способноста природно да се будите во исто време секој ден кажува многу за вашето ментално и физичко здравје – и открива некои извонредни особини. Исклучителна биолошка самосвест Овие „природни ранобудници“ многу ...
Агенцијата за електронски комуникации објави дека заврши постапката по јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор во државава, на кој што единствен понудувач е „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. По одлуката за завршување на постапката директорот на АЕК, по завршување на Локалните избори закажани за 19. следниот месец, треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач. – По јавното ...
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми денес на прес конференција ги истакна приоритетите во изборната Програма со која ќе настапи на Локалните избори 2025. Тој истакна дека неговиот план за Гостивар опфаќа економски развој, инфраструктура, дигитализација, спорт, култура и млади, чистење на општината од ѓубре, кучиња скитници и корупцијата. Сепак, како што рече, еден проблем е најголем и стои под секое друго ...
Сите сме наишле на куче кое ни ржи или не гледа како да го вознемируваме со самото наше присуство. Сопствениците на кучиња понекогаш можат да забележат дека нивното милениче одеднаш станало повлечено или раздразливо. Иако ова често се опишува како „намќоресто“ однесување, во реалноста, обично постојат специфични причини зад ваквите реакции – од здравствени проблеми до промени во околината. Наместо да ја толкувате природата на кучето со ...
Кандидатската листа за советници на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар на претстојните Локални избори ќе ја предводи Мартин Андоновски. Листата беше потврдена на вчерашната седница на Извршниот комитет на партијата. „Ја имам честа да ја предводам листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, која е составена од голем број докажани личности, луѓе кои си го сакаме градот, луѓе кои чесно и достоинствено ќе ги браниме интересите на сите жители на нашата ...
Францускиот Парламент ја разреши владата на премиерот Франсоа Бајру по само девет месеци на власт, при што неговата администрација го загуби гласањето за доверба. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа дека немаат доверба во владата, додека само 194 и дадоа доверба. „Во согласност со член 50 од уставот, премиерот мора да поднесе оставка на својата влада“, рече претседателката на парламентот Јаел Браун-Пивет. Според ...
Времето денеска (петок) ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 13 до 29 степени. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре (сабота) во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. На подрачје на Гостивар се очекува сончево време со делумна облачност и максимална ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот на домашен терен ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026. Националниот тим влегува во дуелот како фаворит, но и со свесност дека противникот може да создаде проблеми доколку резултатот не се отвори навреме, нагласи селекторот Милевски. Капитенот Енис Барди истакна дека натпреварот ќе биде тежок, потсетувајќи на првиот меч во Вадуц, но нагласи ...
МВР информира дека вчера (10.09.2025) во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ш.Н.(38) од Дебреше, гостиварско поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека на 03.04.2025 одзел мотоцикл „хонда“ сопственост на Б.И.(63) од Гостивар. Полицијата соопшти и дека исто така вчера, во 17 часот во Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од ...
Автомобилот е повеќе од само средство за транспорт што го користиме за да стигнеме од точка А до точка Б. Моментот кога ќе помислите да го продадете вашиот автомобил по неколку години посветена употреба може да биде изненадувачки тежок. Не секој автомобил е подеднакво емотивен. Очигледно, тој е поврзан со моментот во животот низ кој минуваме. Многумина ќе речат дека автомобилот е само предмет и дека таков однос не може да се воспостави. Но, ...
Управата за јавни приходи информираше дека поради планирани активности за надградба на опремата, системот е-Даноци ќе биде недостапен од петок, 12 септември почнувајќи од 14 часот. За време на интервенцијата нема да биде можно поднесување на пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Останатите системи на УЈП ќе продолжат со редовна работа. „Системот е-Даноци ќе биде повторно достапен веднаш по завршувањето на техничката ...
Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, ...
„Сакам да ги охрабрам сите млади, без разлика дали се Албанци, Македонци, Турци, Роми да ни се придружат и да се охрабрат без да се плашат од партиските штабови и од партиите, ние имаме потреба од млади луѓе. Младите ни бегаат, не треба веќе да се делиме по партиска или етничка припадност, затоа што Гостивар е запустен, нема веќе млади, и јас би сакал да ги претставувам сите тие млади коишто немаат глас во нивните партии, би сакал да бидам ...
Чествувањето на главната манастирска слава на Бигорската свештена обител, во спомен на отсекувањето на чесната главата на светиот пророк, претеча и крстител Господов Јован во Бигорскиот манастир почнуваат вечерва (среда, 10 септември) Во 18 часот ќе има празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои Старецот на Обителта, Епископот Антаниски г. Партениј, по која вечера за сите присутни. Во 22 часот ќе се одржи молебен канон и Акатист на ...
Владата вчера на седница ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело. Со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи заменик претседателот на Владата за политики за ...
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Последниот старозаветен пророк свети ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во новото метео предупредување. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 14 до 27 степени. Во петок ќе настапи ...