Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). „Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инжињерски, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до село Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар – 40 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

По стапувањето во штрајк на вработените во Државното правобранителство пред два дена, во вторник, на 14 јануари, на протест излегуваат вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика. Ова во изјава за МИА го потврди претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, кој рече дека засега се очекува на протест да излезат вработените од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, ...

Луѓето често мислат дека возењето во лифт е досадно или предолго, но чекањето станува поподносливо кога ќе се погледнеме во огледало, што служи како привремена окупација за побрзо поминување на времето. Многумина мислат дека огледалото е само место каде што можете лесно да го проверите вашиот изглед или да се фотографирате, но всушност игра позначајна улога во целокупната удобност на лифтот, почнувајќи со предности како што се: Психолошки фактор ...

Старите лични карти нема потреба да се менуваат доколку има рок на важење, изјави денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Врз основа на важечка лична карта апсолутно дека може да се излезе од територија на Македонија во рамки на оние држави со кои имаме склучено билатерални договори за да можат да излезат и да влезат со важечка лична карта. Предметна лична карта којашто е важечка моментално може да стане неупотреблива само доколку ...

Проектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Јас ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи, ќе треба да промениме и законска легислатива, да ги припремиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека го хранеле со токсична храна за време на неговото апсење на Австралија Опен во 2022 година. „Кога се вратив дома, почнав да имам здравствени проблеми. Сфатив дека во тој хотел во Мелбурн ме хранеле со храна која ме отрула. Направив некои откритија кога се вратив во Србија. Никогаш никому не го кажав ова јавно, но открив дека во телото имам многу високи нивоа на тешки метали. Имав олово, многу високи ...

Центарот за управување со кризи во утринската информација ја акцентира прогнозата на УХМР за наредните денови, според која претстои студен бран со врнежи од снег. „Согласно временските метеоролошки прилики, со соодветни подготовки согласно дестинацијата ако се планираат патувањата, пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, дадени од надлежните институции и служби“, апелира ЦУК. Инаку, во ...

Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6.1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е забележан ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 2 до 12 степени. Според прогнозата на УХМР, утре (сабота) времето ќе биде променливо ...

Во периодот од 30.12.2024 до 05.01.2025 во Македонија се пријавени 331 случаj на заболени од грип, што е 47,1% повеќе во споредба со претходната недела, објави денес Институтот за јавно здравје. Заболените се пријавени од: Дебар – 123, Куманово – 55, Гостивар – 40, Скопје – 36, Тетово – 23, Кавадарци – 20, Струга – 12, а во Струмица, Кратово, Битола, Берово и Радовиш бројот на заболени е помал од 10. Во 6 извештајни единици кои пријавија случаи ...

Во последните неколку години, емотиконите го обликуваа начинот на онлајн комуникацијата, придонесоа за подобро разбирање на соговорникот и додадоа личен допир на секоја испратена порака. Како и секоја година, маркетинг агенциите ја анализираат писмената комуникација преку социјалните мрежи, а еве кои се најкористените „емоџи“ во 2024 година. Расплаканото лице е најкористениот емотикон во 2024 година Емотиконот за плачење (😭) бил убедливо ...

Заменик министерот и државниот секретар на Министерството за социјална политика, Ѓоко Велковски и Фатмир Сабриу, денеска го презентираа третиот јавен повик за грантови за развој на социјални услуги, поддржан од Светската банка. Повикот е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги и вклучува услуги во домот и заедницата. Целта е проширување на опфатот од 41 на најмалку уште 20, над 60 општини. Велковски ги повика општините да аплицираат ...

Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на ...

Секторот за урбанизам, планирање и просторно уредување при Општина Гостивар во текот на минатата година издал 168 одобренија за градба и решенија. Според податоците во годишниот извештај за работата на Секторот, 71 од нив се за објекти за индивидуално домување, 23 за колективно домување и 20 за инфраструктурни проекти. „Со ова Општина Гостивар е една од најактивните општини во земјата во однос на издавање одобренија за градење.“, оценуваат од ...

Нема Министерство или институција во која досега одржавме состанок каде раководителите и менаџерите самите не се свесни дека ќе има огромен егзодус на вработени доколку во најбрз можен рок не се покачат платите за 30 проценти, порача вчеравечер претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски. Тоа, како што истакна во интервју на телевизија Телма, особено се однесува на стручните и обучени кадри кои ги водат институциите. -Не можеме да привлечеме нови ...

Третиот ден од Божиќ православната црква го посветува на споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Наречен е првомаченик затоа што прв настрадал за Христовата вера. прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположиле и поставиле на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Со силата на својата вера вршел големи чуда меѓу луѓето. Свети Стефан се смета за заштитиник на болните, старите и сиромашните. Именден денеска ...

Извештаите дека случаите на вирус сличен на грип наречен HMPV се зголемуваат во Кина, предизвикаа загриженост, но експертите ги отфрлија стравувањата дека ситуацијата е споредлива со почетоците на Ковид-19 пред пет години. Факти за HMPV: HMPV е кратенка за „човечки метапневмовирус“ и генерално предизвикува блага инфекција на горниот респираторен тракт. Се шири преку контакт од човек на човек или кога некој ќе допре контаминирана површина. ...

Повеќето од нас се преоптоварени со многу други обврски, па најчесто оброците ги јадеме брзо, без размислување, само за што побрзо да ги завршиме. Иако тоа понекогаш е неизбежно, недоволното џвакање храна не треба да стане навика, имајќи предвид дека може да предизвика многу здравствени проблеми: Горушица или народно кажано киселина Џвакањето предизвикува производство на хлороводородна киселина во желудникот, што го подготвува да ја разгради ...

Автомото Сојузот на Македонија утрово соопшти дека намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м. на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато. Магла утрово има и на патиштата на подрачје на Гостивар. ...

Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк барајќи потпишување на колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти. Според Синдикатот на УПОЗ, се штрајкува во сите правобранителства во државата и штрајкот ќе трае до исполнување на барањата. Следниот вторник, на 14 јануари, се очекува да протестираат вработените од неколку министерства бидејќи не им се одобрени 30 проценти ...

Мачките имаат моќно лековито дејство врз луѓето, помагајќи во намалување на болката и забрзување на процесот на заздравување. Тие особено позитивно влијаат на срцето и општата благосостојба на своите сопственици. Често постои погрешно верување дека мачките се себични и бараат само галење и внимание. Но, истражувањата потврдуваат дека врската меѓу мачките и нивните сопственици е многу подлабока и лековита. Луѓето кои имаат мачки како домашни ...

Централното чествување на големиот православен празник, Христовото Рождество-Божиќ во полошко, утрово се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар. Храмот собра голем број верници кои ја споделија радоста за раѓањето на Спасителот. Со светата Златоустова литургија чиноначалствуваше Митрополитот Tетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. По завршувањето на литургијата, ...

Денеска на 05.01.2025 година, кога нашата Света Црква го празнува споменот на Свети Наум Охридски, во истоимениот манастир на Попова Шапка, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света литургија. На богослужбата присуствуваа свештеници од Тетовско-гостиварската епархија, како и бројни верници кои се причестија со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени и прережани кумските лебови. Црковниот Одбор и овогодишните ...

Православните верници го одбележуваат Бадник, денот пред Божик, очекувањето на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – весници на радоста. Нашите ангели за Бога и за Бадник. Рано в зори секоја куќа го слуша прекрасниот детски глас, како глас на ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е повеќе од сегашната цел од два отсто. Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за својата одбрана и наместо тоа се потпираат на американските даночни обврзници. На минатогодишниот ...

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство за 72,00 денари за литар. ...

Утре ќе се задржи стабилно време со слаб до умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе продолжи постепено топење на снежната покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максимална од 6 до 15 степени. Од УХМР информираат дека во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има ...

Трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3.5 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4.4 %, а цените на мало за 4.3 %. Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: ...

Вкупно 1.359 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Пожарникарите гаснеа пожари во урбани и населени места. Не се регистрирани пожари на отворен простор. Кога станува збор за проодност на патишта, мостот на реката Вардар кај Башино Село е затворен за секаков вид сообраќај, се потенцира во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од повиците на 112 изминатите 24 ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
28%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
42%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
35%
1024
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
43%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.95
45%
1021
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
42%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
49%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
32%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
23%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
38%
1021
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
36%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.72
41%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60