Многу истражувања сугерираат дека музиката што ја слушаме за време на тренингот може индиректно да влијае на согорувањето на калориите. Се разбира, самата музика не согорува калории. Но, може да ја зголеми ефикасноста на тренингот и да ги инспирира вежбачите да се трудат повеќе. Ова исто така може да доведе до поголема потрошувачка на калории. Музиката го зголемува интензитетот на вежбањето, што влијае на енергијата и на потрошените калории ...

Глутенот може да изгледа безопасен, но за некои луѓе може тивко да предизвика сериозни здравствени проблеми. Често без предупредувачки знаци, неговите ефекти може да останат непрепознаени, предизвикувајќи долгорочна штета. Препознавањето како вашето тело реагира на глутенот е клучно за одржување на целокупното здравје. Во продолжение некои од знаците кои кажуваат дека можеби глутенот ви смета. Губење на трепките Нетолеранцијата на глутен, ...

Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје – Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли). Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година. Овие две ...

Во текот на вчерашниот ден (21 јануари) полицијата регистрира четири пријави за одделни напади од кучиња скитници во Гостивар. Како што информира СВР Тетово во 14.00 часот во ОВР Гостивар, 60 годишниот Х.Х. од Сенокос, пријавил дека на улица „ЈНА“ во градот бил каснат од куче скитник. Во 14.15 часот 51 годишниот Р.А. од Тетово пријавил дека кај автобуската станица во Гостивар бил каснат од куче скитник. Во 16.15 часот 38 годишниот гостиварец ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за ЕУ и дека неговата администрација разгледува опции да воведе царина од 10 отсто за стоки увезени од Кина од 1 февруари. Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, претседателот на САД рече дека веќе наметнал големи царини за Кина за време на неговиот прв мандат. Тој додаде дека ЕУ и другите земји, исто така, имаат вознемирувачки трговски дисбаланс со САД. „Европската унија е ...

МВР информира дека вчера (21.01.2025) во 13.26 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, пред крстосницата за Скудриње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(65) од Равен, гостиварско и патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(38) од Дебар. „Во несреќата со телесни ...

Јануари е месец посветен на подигнување на свеста за рак на грлото на матката – еден од најчестите и најпревентабилни видови рак кај жените. Ракот на грлото на матката се развива бавно, што овозможува рано откривање преку редовни гинеколошки прегледи и скрининг тестови, како што е ПАП-тестот и тестирањето за хуман папилома вирус (ХПВ), нагласуваат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според последно објавените податоци на ИЈЗ, во 2022 ...

За вруточани оставена од предците како аманет да ја почитуваат, продолжуваат и пренесуваат на идните генерации, додека за граѓани од други места привлечна и интересна за следење. Оваа специфича прослава на празникот преку која се прикажуваат старински обичаи, адети и народни носии привлекува сѐ поголем број посетители во селото од кадешто извира најголемата река во Македонија – Вардар. Во видеото имате можност да погледнете кои се уникатните ...

Крушите не се само освежувачки и заситувачки овошје, туку тие се полни на хранливи материи со бројни здравствени придобивки. Тие не само што обезбедуваат енергија и освежување, туку и играат клучна улога во одржувањето на целокупното здравје на организмот. Во продолжение, што ги прави крушите толку уникатни и како нивната редовна консумација може позитивно да влијае врз вашето здравје. Какви хранливи материи содржат крушите? Крушите содржат ...

Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на ноември 2023, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 проценти, кај Транспортот и складирањето за 12,7 проценти и кај Преработувачката индустрија за 11, 2 ...

Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија. Цените на билетите за средбите во Вараждин се зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра. Македонската селекција денес од 15:30 часот, Македонија ќе игра со Австрија. За разлика од Вараждин, во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората фаза, ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече ...

Гостиварското село Вруток има специфично одбележување на празникот Богојавление – Водици, според датумот на прославата, која е на 20-ти јануари и уникатните обичаи кои се изведуваат во реката Вардар. Уште од рано утрово во Вруток се чувствуваше празничната атмосфера за како што се нарекуваат Женски Водици, особено на центарот на селото кадешто се собираат кумовите со семејствата, како и во црквата „Свети Архангел Михаил“. Тоа е храмот во кој ...

Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025. По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик. Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ...

Македонската ракометна репрезентација вчеравечер во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпревар од 3. коло во групата Д на Светското првенство. Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025. Македонија ја оправда фаворитската улога и заслужено ја запиша првата победа на планетарниот ракометен собир што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка и вкупно ...

Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање. – Повторно ќе се избалансира вагата на правдата. Злобното, насилно и неправедно вооружување на Министерството за правда и владата ќе заврши, рече Трамп. Тој истакна дека се враќа како 47-ми претседател „уверен и оптимист дека сме на почетокот на возбудливата нова ера на национален успех“. Трамп додаде за време на неговото ...

Точните отчитувања на крвниот притисок се клучни за поставување на правилна дијагноза и следење на здравствената состојба. Меѓутоа, правилната положба на телото при мерење често се занемарува, и од страна на пациентите и од страна на медицинските професионалци. Оваа незначителна, на прв поглед, грешка може да доведе до значително погрешни резултати. Истражувањата покажуваат дека неправилната положба може да го зголеми систолниот крвен притисок ...

Беспилотни летала, снајперисти, жичана ограда и 25.000 воен и полициски персонал ја обезбедуваат денешната инаугурација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Како што објави Скај њуз, инаугурацијата на Трамп е означена како „специјален настан за национална безбедност“, што овозможува дополнително финансирање и координација меѓу агенциите, вклучително и Тајната служба, државната безбедност, осигурувањето на Капитолот ...

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за денар и пол. Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе ...

Радосен ден за православните христијани во Гостивар. Празникот Богојавление – Водици секогаш буди посебни чувства и духовна исполнетост кај верниците, донесува позитивна атмосфера, сплотеност и среќа. Така беше и денес од рано наутро, кога празнувањето отпочна во црквата Успение на Пресвета Богородица со света литургија и голем водосвет и продолжи преку останатите обичаи кои Гостивар ги негува на овој голем христијански празник. Студеното време ...

Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини, а според метеоролошката прогноза преку ден ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 7 степени. Според УХМР, наредните денови од новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а ...

Министерството за здравство на владата на Хамас во Газа објави дека најмалку 46.913 лица загинале, а 110.750 се ранети во текот на повеќе од 15 месеци војна со Израел. Билансот е ажуриран до полноќ, пред да стапи на сила договорот за примирје, кој започнува вчера во 09:15 часот по Гринич. Војната, која започна на 7 октомври 2023 година со напад на Хамас врз Израел, предизвика огромни човечки жртви и уништувања во Газа. Израелската војска ...

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија. -За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на ...

ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација. – ТикТок, за жал, ќе биде принуден да ја прекине работата во САД на 19-ти јануари, освен ако администрацијата на Џо Бајден не се погрижи да не се спроведе законот со кој се забранува платформата во САД ако неговиот кинески ...

Најсреќен годинава при обичајот на положување на крстот во водите на Варадр во Гостивар за празникот Водици беше Предраг Димоски. Од триесетината момчиња меѓу кои беше и шест годишниот Драган Андоновски, Предраг Димоски ја имаше среќата да го извади светиот крст од реката, во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник, кој масовно се чествува во Гостивар. Од верниците, кои и годинава ги имаше во голем број беа упатени честитки и ...

Пред утрешниот голем православен празник Богојавление или Водици денот на кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, Gostivarpress.mk ве потсетува на најсреќните на чествувањето на Водици во Гостивар од возобновувањето на традицијата со положување на светиот крст во Вардар во 2015 година, односно момците кои го извадија крстот. Се верува дека оној што ќе успее да го фати крстот, ќе го прати здравје и среќа во текот на целата ...

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Таа ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за средношколците во завршна година (матурантите) кои, според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај 2025. Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше ...

Прекинот на огнот во Газа стапи на сила во 11:15 часот (по локално време), соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Претходно, израелската влада потврди дека Хамас и доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот. Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), но беше одложено бидејќи Хамас навреме не ги соопшти ...

Во зелка од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот имидаклоприд што е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, јавија хрватските медиуми. Според нив, тоа се случило на хрватската граница, па инспекторите веднаш наредиле да се уништи целата пратка свежа зелка од Македонија. Со одлука на Комисијата на ЕУ, забранета е употреба на имидаклоприд на ...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Православните верници ја негуваат традицијата на положување на светиот крст во вода, најчесто во реките, но и во езера, базени и сл. Според ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
28%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
44%
1022
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
38%
1024
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
43%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.95
43%
1021
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
45%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.26
50%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
32%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
23%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
36%
1020
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
35%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
41%
1018
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60