Министерството за внатрешни работи информира дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница. Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот. Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, ...

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со луѓе“. Уште четири лица се под истрага ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани. Програмата утврдува кои категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира мерките за нивна заштита. Финансиската поддршка е насочена кон домаќинства кои ...

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80 денари за ...

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун, денеска до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат ги доставила предлозите за обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи производи. Како што информираат од Комората, предлозите се подготвени по одржаниот состанок во петокот во Министерството за економија и труд, заедно со ...

Што и како треба да содржи минималната потрошувачка кошничка и дали пресметките што ги прави Сојузот на синдикати за минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство се релевантни е дилемата што се отвори на последниот Економско-социјален совет на кој немаше договор за зголемување на минималната плата. На предлог на Организацијата на работодавачи треба да се направи официјална потрошувачка кошничка која ќе биде формирана од страна на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во, западните, централните и источните делови од државата, но во моментов не преставуват пречка за одвивање на сообраќајот, информира ЈП Македонија пат. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража, до 70 метри на планинскиот превој Плетвар, во Крушево до 80 и во ...

Секој трет граѓанин или 35.2 проценти размислуваат да се иселат од Македонија покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Најголем интерес да се иселат од државата имаат возрасните групи од 30 до 50 години со завршено високо образование каде дури секој втор сака да си ја побара среќата надвор од Македонија, покажуваат деталните анализи на бројките. Наведено е дека ...

Титулата „Вешта жена“ на Гостивар за 2025-та ја понесе Јасмина Топалоска, која на манифестацијата, што се одржа вчера, се претстави со трпеза насловена „Велигденска маса“. Со оваа победа, Топалоска го понесе правото да го претставува Гостивар на републичкото натпреварување Вешта жена, кое ќе се организира во мај. Победничката трпеза, како што кажува и самото име, беше во знакот на големиот христијански празник Велигден, со главно јадење и десерт ...

Средината на февруари на гостиварското подрачје донесе снежни врнежи со послаб интензитет и пад на температурата. Според метеоролошките прогнози во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд, кои повремено ќе преминуваат во снег. -Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе ...

Голем број гостиварки овој неделен ден го посветуваат на заедничка дружба, споделување позитивна енергија и креирање моменти за спомени, како дел од годинешното издание на манифестацијата „Вешта жена“ во Гостивар. Настанот, кој се одржува по тринаесетти пат, спојува кулинарски и креативни вештини со натпреварувачки дух и вредности на заедништво. Како и секоја година, така и овојпат, трпезите се подготвени со внимание и љубов и секоја раскажува ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. ЈП Македонија пат во пладневниот извештај информира дека поради појава на магла има намалена видливост до 100 метри на патниот правец Шипковица – Гајре и на планинскиот превој Стража. Укажува дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на ...

Смути е одличен избор на пијалок во секое време од годината, а доколку го пиете во зима, меѓу другото може позитивно да влијае и на вашиот имунитет. Бидејќи е направено од овошје и зеленчук, смутито е богато со витамини и минерали кои позитивно влијаат на организмот и го зголемуваат нивото на енергија. Смутито е одличен начин за брзо внесување на доза на витамини, минерали и други важни хранливи материи, а исто така е вкусно, дава енергија и ...

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено, информира Министерството за здравство. За реконструкцијата на преден вкрстен лигамент бил искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор. Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење ...

Противпожарната единица Гостивар, од ноќеска 45 минути после полноќ со 9 пожарникари и 3 ПП возила интервенираат на опожарен објект во Неготино (Општина Врапчиште). Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен, информира Центарот за управување со кризи. Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП ...

Утрово на Попова Шапка и во Марови Анови е најстудено со измерени -2 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 5 степени. Во Крива Паланка, Крушево и Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Виница, 1 во Берово, 2 степени во Тетово, Гостивар, Охрид, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Битола, Велес и Штип и 4 степени во Демир Капија и Струмица. Висината на снежната покривка во 07 часот е 31 ...

Псоријазата е хронична болест која е резултат на дисфункција на имунолошкиот систем, но одредени фактори може да ги влошат симптомите или да предизвикаат ненадејни ескалации. Разбирањето на овие предизвикувачи е клучно за подобро управување со оваа болест и намалување на ризикот од влошување на симптомите. Ладно и суво време Зимата може да биде особено предизвикувачки период за луѓето со псоријаза. Ладното и суво време ја суши кожата, што го ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (14.02.2025) во 19.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ш.А. (69) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од Х.Б., вработен како инкасант за наплата на пајак службата, дека околу 14.50 часот на улица ,,Илинденска” во Гостивар, откако на Ш.А. му било подигнато патничко возило ,,шевролет” со гостиварски регистерски таблици од страна на пајак службата, истиот дошол да го земе ...

Црвената леќа е една од мешунките со мноштво здравствени придобивки, но сепак е прилично запоставена. Леќата е дел од семејството на мешунките и беше најпопуларна за време на Втората светска војна, кога се користеше како прифатлива замена за месо. Црвената леќа се готви најбрзо Леќата содржи хранливи растителни протеини, речиси е без маснотии, без глутен и богата со витамини, минерали и влакна, без масти и холестерол кои се наоѓаат во црвеното ...

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ. – Несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото викано Пишкаш околу 00:10 часот, кога се судриле патничко моторно возило “мерцедес” и камион со скопски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, објавија албанските медиуми. Како последица на несреќата животот го загубила ...

Претставници на Асоцијацијата на професори по Етика во религиите „Просветление” денеска имаа средба со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска, на која ја информираа за барањата на наставниот кадар што го предава предметот Етика во религиите, кои се поврзани со предметот и нивниот статус. На средбата, како што соопштија од „Просветление“, беа разгледани дилемите и можните ...

Иако мозочната магла не е клиничка дијагноза, таа е чест симптом на анксиозните нарушувања. Разбирањето на нејзините физиолошки и психолошки корени може да помогне во намалување на стравовите и во развивање стратегии за управување. Што е мозочна магла? Мозочната магла е состојба на ментална конфузија која може да се манифестира преку: За оние што ја доживуваат, оваа состојба може да биде фрустрирачка и да доведе до дополнителна вознемиреност. ...

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила поради неисправни ќелии на батериите, но сопствениците ќе мора да бидат трпеливи бидејќи софтверското решение се уште не е достапно. Mерцедес повлекува 7.358 електрични теренци EQB во САД. Причината е можен краток спој во ќелиите на батеријата, што може да доведе до пожар. Засегнати се моделите произведени помеѓу декември 2021 и јануари 2023 година. Според американската безбедносна агенција ...

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) започнува со примена на полиграфско тестирање како задолжителен дел од постапките за селекција на кадри, проверка на професионалниот интегритет на вработените и безбедносни проверки во согласност со законските надлежности. Оваа законска обврска е предвидена уште со основањето на Агенцијата во 2019 година, но нејзината имплементација беше одложена во изминатите пет години, што предизвика реакции и критики ...

Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов. Како што посочи Клековски, побарани се две измени во правилникот, односно да се овозможи преместување на лекови од болничката на аптекарската позитивна листа, како и ...

Следната недела ќе биде донесена конечната одлука околу ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи, средствата за хигиена и бебешката храна. Претставници на трговците и дистрибутерите денеска имаа средба во Министерството за економија и дале свои предлози кои дополнително ќе се анализираат. – Трговците и дистрибутерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира. На ...

Во системот на Управа за јавни приходи, за четвртиот квартал од 2024 година за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци со што не можат да им бидат исплатени средствата, инфомираше УЈП. „Корисниците на МојДДВ кои немаат исплата насредства за претходни тримесечје, треба да проверат дали во апликацијата имаат оставени точни податоци за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата.“, стои во ...

Актуелниот в.д. градоначалник на Гостивар Валбон Лимани веројатно ќе биде кандидат за градоначалник на претстојните локални избори, рече денеска министерот за здравство од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари. Според Таравари, анкетите покажале дека Лимани има огромна поддршка од граѓаните. -Актулениот в.д. градоначалник на Гостивар, според анектите што ги правиме, има огромна поддршка од граѓаните. Се надевам дека е потенцијален кандидат за ...

Според календарот на МПЦ денеска се слави Свети маченик Трифун. Се родил околу 225-та година во селото Комсада, во римската малоазиска провинција Фригија. Родителите му биле христијани, а така и го воспитале, така што уште од мал имал голема љубов кон Бога. Кога во 249-та година на римскиот престол дошол Декиј Трајан, за христијаните почнал еден од најлутите прогони во последните три века. Славата за доблесниот живот и чудата што ги правел свети ...

Времето денеска (петок) ќе биде умерено до значително облачно, а во југозападните делови од земјава ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 8 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.95
91%
1009
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
97%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
2.68
59%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
81%
1011
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 11ᴼ
3.13
86%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
68%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56