Родителите често веруваат дека ограничувањето на излегувањата и поставувањето строги правила ги штити децата од опасност, но прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки. Имено, кај децата кои растат во премногу строги семејства, каде што правилата се „драконски“ и нема никаков простор за „преговарање“ и попуштање, честопати се развива анксиозност и ниска самодоверба. А ...

Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените од 1 јули 2025 година, една година порано од првично планираното – потврди министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен. Досега жените во данската армија можеа да учествуваат само на доброволна основа, додека мажите се обврзани да служат доколку се извлечени преку еден вид лотариски систем, што се користи во случај на недостиг на волонтери. -Поради моменталната безбедносна ситуација, вооружените сили ...

Градскиот совет на Истанбул, каде што опозициската Републиканска народна партија има мнозинство, денеска избра вршител на должноста градоначалник, објави телевизијата НТВ, откако актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу беше приведен под обвиненија за корупција што тој и неговите поддржувачи ги негираат. Градскиот совет, кој брои 314 членови, го избра Нури Аслан за привремен градоначалник со 177 гласа. Минатонеделното апсење на Имамоглу, ...

На листата од 479 правни лица, која ја објави Министерството за транспорт, за кои се води постапка за одземање на лиценците во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање во гостиварскиот регион, кој ги опфаќа општините Гостивар и Врапчиште, ќе им бидат одземени лиценците на вкупно 16 правни лица: Како што информира вчера министерот Александар Николовски, постапката за одземање на лиценците следува по обемна контрола на издадените ...

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм за утре (27 март) за кога е активирано жолто ниво за врнежи и локална нестабилност со грмежи. Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), како и појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Максималната ...

По претставувањето на Македонија на детската Евровизија во Ница-Франција, добиени гран при награди на фестивали во Русија, Србија и Грција, гостиварката Тамара Грујеска стигна до престижниот музички фестивал Сан Ремо Јуниор 2025 во Италија. Таа вечерва (26 март) настапува во финалето на фестивалската сцена во театарот Аристон во Санремо. „Чест и задоволство ми е што сум избрана да ја претставувам Македонија воедно и мојот град Гостивар на Сан ...

Рускиот месинџер Телеграм постигна историски успех, надминувајќи една милијарда месечни активни корисници. Со ова достигнување, апликацијата се искачи на второто место на листата на најпопуларни платформи за пораки, веднаш зад WhatsApp, а пред кинескиот WeChat. Конкуренцијата меѓу WhatsApp и Телеграм Основачот на Телеграм, Павел Дуров, не го крие задоволството од успехот. Во објава на својот канал, тој истакна дека WhatsApp со години се обидува ...

Со првите топли денови доаѓа голема количина полен во воздухот, што може да биде вистински кошмар за сите кои страдаат од сезонски алергии. Иако е невозможно целосно да се избегне контакт со овие невидливи честички, постојат начини да се ублажат симптомите и да се дочека пролетта со повеќе уживање и радост, а помалку болка, насолзени очи и затнат нос. Спрејовите за нос се првата линија на одбрана Многу луѓе веднаш посегнуваат по антихистаминици ...

Белата куќа денеска соопшти дека САД постигнале договор со Украина и Русија да се обезбеди безбедно поморство во Црно Море и да стапи во сила забраната за напади врз енергетската инфраструктура во двете земји. Во соопштението се наведува дека Русија, како и Украина, се согласија за прекин на непријателствата во Црно Море. Двете земји се согласија да ја гарантираат безбедноста на поморството и пловидбата, да ја елиминираат употребата на сила и да ...

Денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од странство, од кои четири од Шпанија и еден од Грција, и веќе се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени за враќање, изјави утрово министерот за здравство, Арбен Таравари. -Добра вест е што се намалува бројот на пациенти што се лекуваат во странство. Во моментот се 113 пациенти, со тоа што вчера се врати еден пациент од Србија и една пациентка од Бугарија. Пациентите кои денеска се враќаат ќе бидат ...

Во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, во Лешок денес беше одбележан празникот во чест на македонскиот светител, Преподобниот Кирил Лешочки. На литургијата на Претходноосветени дарови чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г.Иларион во сослужение на надлежниот митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Во својата беседа по повод празникот митрополитот г.Јосиф, меѓу другото рече: „Денес, го празнуваме споменот на човекот, чиј што живот, мили ...

Во врска со актуелната побарувачка на конзумни јајца во периодот пред Велигден, Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Македонија информираше дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца. Како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници, наведуваат од Комората. На 24 март ...

Билјардот е игра со долга историја која денес е популарна низ целиот свет. Се игра во барови, клубови и професионални сали, привлекувајќи милиони ентузијасти кои уживаат во нејзината комбинација од стратегија, прецизност и концентрација. Оваа игра има многу варијанти, како што се снукер, пул и карамбол, но сите тие имаат едно нешто заедничко – масата на која се игра е покриена со зелено платно. Доколку сте љубител на билјард, сигурно сте се ...

По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, диво работи магацин за храна, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полицијата спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект каде била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло. -Во објектот кој служел како магацин за храна, а кој не е регистриран во АХВ како оператор, инспекциските служби на Агенцијата нашле ...

Mинистерството за транспорт ја објави листата на правни лица за кои се води постапка за одземање на лиценцата во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање. Како што информираа оттаму, во тек е обемна контрола на издадените лиценци, а во постапка на одземање се 479. -Од досегашните контроли на над 3 100 лиценци се констатира дека кај 479, по нивното издавање, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на ...

Против пет физички и едно правно лице е поднесена кривична пријава за злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни рампи на Јавното претпријатие за државни патишта. Меѓу лицата против кои е поднесена кривичната пријава е и поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. – Кривичната пријава е поднесена против Џ.Б. (54) од Кичево, Е.Р. (56) од Тетово, Е.Љ. (61) од Тетово, ...

Црвениот крст почна со исплатата на средства во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани. – Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 ...

Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање. – Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека ...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, 4 степени, а максимални 13 се измерени во Штип и Демир Капија. Шест степени е во Крушево, 7 во Маврови Анови, 8 во Охрид, Претор и Прилеп, 9 во Тетово и Берово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци и Струмица, 11 во Скопје-Петровец и Виница, како и 12 степени во Велес и Гевгелија. Според УХМР, изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 31 литар на метар квадратен. Водниот ...

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов, кој спаси 21 лице во пожарот во дискотеката во Кочани, беше пречекан со аплауз во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница. Веста ја објави и министерот за здравство Арбен Таравари на својата Фејсбук страница. -Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома. Постојат ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на град Скопје и тоа на плоштад „Македонија, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „11 Октомври пред Собрание на РСМ, улица „Филип Втори“, булевар „Гоце Делчев“ до булевар ...

Како што старееме, многу луѓе си поставуваат прашања за тоа што ќе се случи со нивниот слух – и додека нашиот вид, на пример, се влошува на начин што можеме да го чувствуваме секој ден, слухот е нешто различно. Повеќето луѓе постепено губат дел од слухот како што стареат. Во некои случаи, губењето на слухот е толку незначително што едноставно не го забележуваме, додека во други, може да има поголемо влијание на секојдневното функционирање. Тоа ...

Кривична пријава е поднесена против 63 – годишниот раководител на Одделението за урбанизам во Општина Маврово-Ростуше кој побарал поткуп од 13.000 евра. Како што соопшти МВР, од страна на Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против С.Е.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна. Со огласот се предвидува Министерството да им доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во споредба со претходната пресметка. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за ...

Локалната самоуправа на Гостивар денес организираше акција за засадување на дрвца, по повод Светскиот ден на екологијата, 21 Март. На различни локации низ градот засадени се четириесет дрвца, а во акцијата во градскиот парк учествуваше и градоначалникот Ваљбон Лимани. „Поради случувањата во Кочани одбележувањето на Светскиот ден на екологијата беше одложено за денес. Симболично засадуваме 40 дрвца кои се донација од наш сограѓанин кој живее во ...

Од поголем одрон е затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвива. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се одвива наизменично по другата коловозна лента се до расчистување на одронот. Во пладневниот извештај, АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвивa, по влажни коловози. -Интензитетот на сообраќај на патните правци ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 7 до 17 степени. Во следните денови од новата работна седмица ќе владее променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на неделата кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат ...

Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за заштита и спасување во кризни ситуации потврден од Дирекција за заштита и спасување и Правилник за заштита од пожари и експлозии, кој исто така треба да биде одобрен од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Министерството за образование и наука. МОН на 20 март се обратило до ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги предупредува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса); ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
51%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
5.66
39%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
37%
1022
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
32%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
8.74
23%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
50%
1021
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.66
36%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
28%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
45%
1013
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60