Во 18 вековна винарија, веднаш на излезот од Париз, Моник Лулие приреди самовилска магија. Дизајнерката која има француско-филипинско потекло ја претстави својата Ready-to-wear пролетна колекција за 2024. Моник, која е препознатлива по свечените фустани и романтичните венчаници, ни донесе свет на женственост, елеганција, самовилска убавина обвиткана со природни мотиви. Како да се насетуваше една носталгија за времето на Одри Хепберн, распослана ...

Меј Маск е позната како мајка на милијардерот Илон Маск и модна икона со речиси 50 годишна кариера. Иако е навлезена во осмата декада од животот Меј не планира да престане со својот моден ангажман. За прв пат со моделинг започнува на 15 годишна возраст, а лани се појави и на насловната на Sports Illustrated Swimsuit. Овој пат таа повторно ги изненади своите фанови на Instagram, објавувајќи црно бела фотографија од 1969-та, на која што позира во ...

Од големата палета на бои што му даваат смисла на секој стајлинг, денес ја одбравме нежната минт нијанса. За неа можеме да кажеме дека е комбинација од светло сина и зелена боја, која што одлично прилега на потемен, односно исончан тен. Минт бојата може да ја носиме во секојдневни, лежерни, но и во свечени, вечерни прилики. Со себе носи доза на свежина и елеганција и лесно се прилагодува на секое годишно време. Модните блогерки на Инстаграм веќе ...

Ако барате костим за капење преку кој ќе пратите порака дека стилот ви е битна алатка за комуникација, тогаш веројатно ќе ви се допадне новиот модел ултра популарен на социјалните мрежи – костимите за капење со 3Д цветови. Цветот во тридимензионална форма е водечката референца која го прави необичен, а токму поради тоа и особено впечатлив и допадлив. Во неговиот дизајн се спојуваат романтичната, но до некаде и ексцентричната естетика. Цветовите ...

Плетените детали и понатаму се тренд во внатрешното уредување, а природните материјали веќе неколку сезони доминираат во ентериерите. Летните месеци се како создадени за ваков декор, а сега на ред се изработките од јута, кој што во голема мера потсетува на ратанот. Овој материјал внесува доза на опуштеност и одлично се комбинира со доминантно бели ентериери. Најчесто го гледаме во облик на тепих, но го има и во други разни форми и улоги – клупи, ...

Кога зборуваме за оваа нијанса, мастило сина, мораме да потенцираме дека тоа е бојата со најголема моќ. Таа им пркоси на сите трендови сезонава, идеална е за оние кои сакаат да се истакнат, но и да остават впечаток на силни личности. Таа е како кралската сина, со себе носи луксуз, софистицираност и вели дека сте интелигентна личност од доверба. Токму затоа честопати се поврзува со важни деловни состаноци. Буди чувство на сигурност и смиреност и ...

Урбан млад лик по секоја дефиниција на зборот, мулти талентиран, гласноговорник, човек со тон позитивна енергија. Уметник кој не ја сака комфор зоната, но го сака обичниот човек и се радува на животот. Тоа е нашиот Лазар Христов, актер, музичар, уличен изведувач, соговорник каков што секој би посакал. Ако не ви е денот, тогаш сигурно добро ќе ви дојде да прочитате и дознаете нешто повеќе за Лазар. За да го скршиме мразот, прво ќе те прашаме ...

Урбан млад лик по секоја дефиниција на зборот, мулти талентиран, гласноговорник, човек со тон позитивна енергија. Уметник кој не ја сака комфор зоната, но го сака обичниот човек и се радува на животот. Тоа е нашиот Лазар Христов, актер, музичар, уличен изведувач, соговорник каков што секој би посакал. Ако не ви е денот, тогаш сигурно добро ќе ви дојде да прочитате и дознаете нешто повеќе за Лазар. За да го скршиме мразот, прво ќе те прашаме ...

Урбан млад лик по секоја дефиниција на зборот, мулти талентиран, гласноговорник, човек со тон позитивна енергија. Уметник кој не ја сака комфор зоната, но го сака обичниот човек и се радува на животот. Тоа е нашиот Лазар Христов, актер, музичар, уличен изведувач, соговорник каков што секој би посакал. Ако не ви е денот, тогаш сигурно добро ќе ви дојде да прочитате и дознаете нешто повеќе за Лазар. За да го скршиме мразот, прво ќе те прашаме ...

Авангардната уметност на Тјери Муглер беше инспирација за завршната годишна ревија на студентите по моден дизајн на институтот „Изет Цури", на која со свои дизајни се приклучија и веќе завршени студенти, како и самите професоти. „Ангелот на ексцентричноста – Омаж на Тјери Муглер" беше доволно провокативна тема за студентите да ја илустрираат својата дизајнерска креативност и слобода без задршка, на годишната презентација која се одржа во ...

Alta Moda Dolce & Gabbana во вистинско светло покажаа што значи Италија, што значи да се биде инспириран од убавината и традицијата. Модата ја раскажа приказната и тоа на еден прекрасен сетинг, во гратчето Арберобело, кое што од 1996 е заштитено од УНЕСКО. Модното шоу, кое како да излезе од вообичаеното за дизајнерскот дуо, ги спои експертизата и долгата традиција на мајсторите поврзани со ова место, со цел да се покаже автентичноста на Made ...

Моќна и женствена, Лила изгледа прекрасно во безвременската и елегантна тоалета во атрактивна црвена боја, дизајн на етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Елеганцијата нема рок на траење, а женствениот црвен фустан со висок страничен шлиц е илустрација на оваа вистина. На Лила совршено ѝ прилега безвременоста на ЕЛЕНА ЛУКА. Оваа класика од златното доба на Холивуд, во својата модернизирана дизајнерска верзија на ЕЛЕНА ЛУКА е одличен предлог ...

Долгото топло лето е во полн ек, а заедно со него и предизвикот: како да се облечеме за да ни биде пријатно, а да не ја исклучиме добрата естетика. Секако дека со вистинскиот избор на парчиња, материјали и кроеви, добивате и успешна комбинација: удобност + естетика. Тоа подразбира избор на лесни и природни материјали, како клучен момент во постигнување пријатно чувство во сопствена кожа, а лепезата од бои и дезени е тука за да придонесе за што ...

Широка палета на бои, голем избор, игра на нијанси... тоа е лето, можеме да го обоиме како сакаме. И кога веќе ја имаме таа слобода, тогаш можеме да се одлучиме и за беж. Овие тонови не релаксираат и ни даваат чувство на смиреност и опуштеност. Беж нијансите го издигнуваат стилот на едно повисоко ниво, секогаш се во склад со префинетоста и ја имаат моќта да остават одличен моден впечаток. Беж фустан, здолниште, шорцеви, комбинезон, панталони, ...

По големиот успех и соработката со најпознатиот моден двоец D&G (Долче и Габана) на нивната кампања и ревијата, нашиот врвен модел Ивана Манас повторно се враќа на голема врата во модниот бизнис. Минатиот месец престојуваше во Атина каде покрај другите ангажмани, го изработи модниот едиторијал за престижниот ELLE магазин, односно неговото грчко издание. Зад целиот овој проект стои професионалниот тим на магазинот, а прекрасните локации каде ...

Дејвид Бекам и модата имат долга љубовна приказна. Екс фудбалската ѕвезда години наназад важи за маж со беспрекорен стил и тоа постојано го докажува. Бекам, 48, е редовен гостин на Вимблдон, а неговиот стајлинг е еден од највпечатливите на трибините. Пред само неколку дена тој и Викторија, 49, прославија 24 години брак, којшто имаше свои подеми и падови, но сепак успеа да опстои. За него сме кажале многу, па затоа ќе ве препуштиме на ...

Неколку дена пред да наполни 89 години, легендарниот дизајнер Џорџо Армани ја претстави новата haute couture колекција во Париз. Несомнено хероина во сета модна приказна беше розата која одлично се вклопи во резервираниот гламур на дизајните. Како да се насетуваше духот на стариот Холивуд, на сликите зад малите екрани низ кои секој лик сјаеше. И повторно рози, рози извезени во раскошни тоалети, рози на блејзери, печатени рози, рози на наметки, ...

За оние кои ги сакаат пастелните тонови, а им велат ДА и на деталите во боја – ова е совршениот ентериер за вас. Зад Инстаграм профилот, којшто го одбравме денес, стои Лорен Меклин. Таа од својот дом во Монтреал, Канада има направено рајско местенце каде што секој би посакал да се одмори. За тоа да биде така заслужни се пастелните бои на мебелот, но и деталите што ја дополнуваат класичната архитектура. Модерните декорации и елементи во боја ...

Едноставност и парадокс беа двата мотива за колекцијата есен-зима 2023/2024 што Валентино ја прикажа на модното шоу во Париз. Шарената фуксија, пердувите и естетиката на операта како во сите колекции на модната куќа, ги имаше и во најновата, со тоа што овојпат Пјер Паоло Пиколи ја донесе високата мода до секојдневието. Честа да ја отвори ревијата имаше ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер, носејќи фармерки, раскопчана, бела кошула и балетанки ...

Еден од најинтересните и најследени трендови за ова лето се широките џинс шорцеви. Ова опуштено парче ги освојува улиците, но и познатите дами и Инстаграм инфлуенсерки. Тие се симбол на удобност и му даваат шмек на секој аутфит. Иако на прв поглед ќе кажеме дека се погодни за дневен изглед, џинс шорцевите можат да се комбинираат и за вечерни излегувања. Само додадете високи потпетици, блејзер и мини чанта, како што тоа го прават веќе модните ...

Неделата на висока мода во Париз е во полн ек. Вчерашниот ден го одбележа ревијата на дизајнерското дуо Viktor & Rolf кои ја претставија нивната колекција есен/зима 2023-2024. Една од гостите беше и популарната Шакира , која што дефинитивно го привлече вниманието со својот стајлинг. Пејачката носеше бела креација со златни детали, но најмногу се истакнуваше огромното NO на горниот дел од летниот капут. Пред да седне во првиот ред веднаш до ...

Долгите летни ноќи се создадени за добра забава на плажа. Опуштено попладне под убава сенка, удобни лежалки, коктели, вкусна морска храна и музика - уживање за сите сетила. Истраживме малку и наидовме на најдобрите барови на плажа во Европа. Добро познатите дестинации каде забава е секогаш на ниво, ги имаат и најкул местата каде дефинитивно ќе сакате да се забавувате. Од Италија до Турција и назад, ако патот ве однесе натаму, посетете ги ...

Елеганцијата и безвременската класика во едно, се поклопуваат со најпопуларниот фустан меѓу познатите дами ова лето. Женствениот летен фустан во чиста бела боја, истовремено сензационален и есенцијален. На неговиот шарм не можеа да му одолеат ниту Џенифер Лопез, Хајли Бибер, Кендал Џенер, Алесандра Амбросио, Рози Хантингтон Вајтли и бројни други познати дами кој ја препознаа убавината во неговата едноставност. Идеално се надополнува со уште ...

Шишките се секогаш опција која што гарантира брза и ефектна промена. Сепак, многумина се плашат да го направат тој чекор од причина што овој вид на стилизирање бара малку повеќе работа, на дневна база. Последните неколку месеци видовме различни типови на шишки, како завеса, гранџ и бејби шишките, а судејќи според Инстаграм објавите повторно зачекоривме во нивната ера. Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Оливија Вајлд, Дуа Липа, Нина Добрев се само ...

Францускиот дизајнер, со италијанско потекло Џамбатиса Вали интимно ја смести последната колекција на висока мода во своите нови канцеларии. Сценографија во крем боја декорирана со ливчиња од роза беше појдовната точка за модното шоу кое на луксузот му даде ново име – извонредност. Според Вали идејата за висока мода е сеприсутна, патува заедно со времето и не припаѓа на ниедна декада или век - Верувам дека модерното влече корени од класичното. ...

Летото изобилува со трендови, а помеѓу нив се најдоа и рибарските сандали. Претходно ги споменавме како летен тренд во најава, а судејќи според објавите на Инстаграм, сандалите си го најдоа местото кај модните блогерки, но и во уличната мода. Некои од славните трендсетерски ликови, како Хејли Бибер докажуваат дека овој рибарски модел, летово е хит. Бибер, деновиве, не ги испушта нејзините сандали од нозе, коишто во конкретниот случај се од ...

Александар Јоксимовиќ е првиот и единствениот признат дизајнер на висока мода во Југославија. Почина на 29 март 2021 во Белград, како последица на коронавирусот, а зад себе остави огромно модно наследство за кое што ќе се раскажува со генерации. Ги облече тогашните најпознати дами, како Јованка Броз, го одби Диор за да креира во СФРЈ и остана доследен на традицијата и потеклото. Работеше и креираше во Белград. Кариерата ја започнува во 1960 а се ...

Ако сакате ова лето да ви биде пријатно во своја кожа, а притоа да бидете ултра модерни, имаме одличен моден предлог што ги спојува тенденциите со удобноста. Кошула-фустаните изработени од лен, уникатни во својот дизајн, со потписот на модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, ќе ги носите во секоја прилика ова лето. Достапни во неколку атрактивни нијанси (тиркизна, розова и сина), во крој со отвор во делот кај половината и мини должина, овие кошула-фустани ги ...

Сонце, ведрина, свежина, позитивна енергија, слобода... Тоа е лето, сезона што ја сакаме, месеци на кои им се радуваме. А сега е вистинското време да се освежиме, но овој пат со боја во разиграни летни комбинации. Бидете храбри и покажете ја својата креативност преку боите. Зелена, сина, жолта, портокалова, розова, црвена и виолетова, можете слободно да ги комбинирате и да создавате колор блок комбинации, или пак да ги спојувате со неутрални ...

На југозападниот дел на грчкиот остров Крит, се наоѓа едно мало, живописно село наречено Лутрo. Природата умешно го сокрила рибарско местенце, во кое што нема улици и за да одите од едниот до другиот крај треба да пропешачите само 400 метри. Импресивни карпи коишто ги чуваат белите куќи, бистро тиркизно море, низ коe што мирно пловат рибарски бротчиња. Тука ќе го добите мирот што сте го посакувале, далеку од преполните плажи. Автомобили нема, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
37%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
52%
1022
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1022
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.74
54%
1021
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
47%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
24%
1020
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
51%
1021
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
45%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
60%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62