
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Во својата зимска колекција за минатата сезона, Миуча Прада го врати трендот на транспраентни ткаенини. Па, во своите линии го актуелизираа и Валентино, Алберта Ферети, Коперни, за подоцна да стане вирален и да ја освои и уличната мода. Ова лето беше една од најдоминантите тенденции, а исто толку актуелна ќе биде и претстојната есен. Но, транспарентните фустани, здолништа, панталони или комбинациите кои повеќе откриваат, не се за секого – ...
За ова лично дуо мајка и ќерка можеме слободно да кажеме дека крушата под круша паѓа. Убавината на Синди Крафорд се пренесе на нејзината ќерка Каја Гербер, која го наследи и талентот за моделинг и доминација на модните писти. Од очите со костен боја и прекрасната густа коса, па сè до извајаното тело и шармирачката насмевка Каја го има сето она по што мајка ѝ е препознатлива и денес. Каја не живее во сенката на легендата Крафорд, туку напротив ја ...
Доколку претпочитате неутрална естетика имаме одличен ентериер за вас. Овој берлински стан кој што припаѓа на дама која и самата е дизајнер на ентериери, дава чувство на топлина, опушта и го восхитува секој што е љубител на јапанди стилот. Станот, којшто изобилува со светлина, ја дефинира складноста и удобноста на најдобар можен начин. Централно место во дневната соба има мекиот кауч, а покрај него се наоѓа фотелја од ратан. Трпезаријата е ...
И додека летото е уште тука, а се надеваме дека ќе потрае и следниот месец, вистинско време е да видиме кои бои ќе преовладуваат во сезоната што следи. Есента сама по себе е препознатлива по одредени нијанси, но сепак да ги видиме модните прогнози. Слонова коска Крем нијансите, слоновата коска и снежно белата ќе бидат можеби најголем хит за есенската сезона. Овие бои го пратат тивкиот луксуз за којшто можеме да кажеме дека безвременски тренд. ...
Како изгледа ова лето на загребските улици? Одговорот ни го дава фото објективот на хрватскиот фотограф Синиша Бужан, кој на својот инстаграм профил @street_stylezagreb редовно нѐ „апдејтира" со фотографии од уличната мода во Загреб. Многу атрактивна, забавна, експресивна и разнолика, со силно изразена индивидуалност, летната мода во Загреб не е ништо подалеку од она што го гледаме и на улиците на Милано или Париз. Најчесто бирани се летните ...
Кралицата на поп музиката, Мадона, е родена на денешен ден 1958 година. На свои 65 години, можеме да кажеме дека мега ѕвездата достигна слава за којашто сигурно не сонувала како мало девојче кое растело без мајка. Токму таа празнина и борбата да се успее во животот ја донесе ултра амбициозната Material Girl онаму каде што е сега. Мадона е позната по тоа што постојано се реосмислува себе си. Низ времето нејзината кариера имаше голем број на ...
Речиси и да не можеме да замислиме барем една деловна комбинација во текот на неделата која што не вклучува панталони. Тие се некаде и задолжителен дрес код од причина што се класични, безвременски, практични, а истовремено елегантни и софистицирани. Панталоните ги има во секакви бои, но кога зборуваме за деловниот стајлинг најчесто мислиме на неутралните и пастелни нијанси, како белата, црната, тоновите на сива и беж. Најдобро одат со кошули, ...
Тенката коса знае да биде проблем кога сакаме да ја направиме посакуваната фризура. За овој тип на коса секое влакно треба да биде на свое место, особено ако истата не е густа. Целта на дамите со ваква коса е да постигнат екстра волумен и текстура за да изгледа што побујно. Токму затоа во продолжение предложуваме три фризури со коишто ќе го решите проблемот со тенката коса. Пикси фризура Една од фризурите што најдобро прилегаат на тенка коса е ...
Брачниот пар Лидија и Казимир Лешиќ вложувајќи го својот труд и креативност до максимум создадоа совршен ентериер во рустикален стил со доза на луксуз. Куќата која што веќе може да се изнајмува за престој има интересно име [L]ISSA, а се наоѓа на малиот хрватски остров Вис. Засега располага со четири големи соби со сопствено купатило, а во иднина парот планира да ги прошири капацитетите. Долниот дел ќе стане голема просторија за дневен престој со ...
Повеќе од една декада како Викторија Бекам направи успешен трансфер од музичката во модната индустрија, а сето тоа имаше огромно влијание и на нејзиниот личен стил. Како поп ѕвезда често експериментираше со имиџот, но откако сериозно навлезе во модниот бизнис, успеа да изгради елегантен, префинет и женствен стил, со кој би се идентификувале современите дами од деловниот свет. Всушност, она што таа го носи на себе не е далеку од естетиката на ...
Инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени Современата технологија ги трансформира задачите и работните места на пазарот на трудот, па многу земји имаат недостиг од работници со вештини што се неопходни. Недостигот од работна сила, пак, влијае на нарушување на економијата со тоа што го влошува тесното грло во снабдувањето и предизвикува зголемување на инфлацијата. Овој предизвик, врзан за ...
Високите потпетици обично ги резервираме за свечени прилики или доколку работното место има таков дрес код. Кога станува збор за поголема удобност најчесто ги одбираме рамните чевли, коишто доколку се комплетираат со вистинскиот аутфит, резултираат со совршен стајлинг. Има неколку модели на рамни чевли, коишто изгледаат тренди со правите модни парчиња, а како тоа го постигнуваат модните блогерки погледнете во продолжение. Елек+панталони со висок ...
Рита Ора и нејзиниот избраник Таика Ваитити стапија во брак пред една година, но тогаш јавноста не беше почестена со фотографии или подетални информации за венчавката. Поп ѕвездата и Ваитити кој е сценарист и продуцент од Нов Зеланд прв пат се запознаа во 2018-та, кога група пријатели се собрале во домот на Таика на скара. Сепак врската ја започнуваат три години подоцна, кога и двајцата имале снимање во Австралија. Она што е интересно е дека ...
Македонската манекенка Горјана Кулишевска – Џоја неодамна во Милано изработи лукбук за престижниот светски моден бренд Александар Меквин. Фотосесијата за истиот беше организирана во главните простории на модната куќа во Милано, е фотографиите се наменети за познатата групација Net-a-Porter. „Неодамна нашиот модел потпиша договор со една од најдобрите модни агенции NEXT MODELS и очекувано следеше добар ангажман. Кулишевска е долги години на ...
Летно време доколку сме во можност сакаме да јадеме на отворено, а овој пат, во дестинации вредни да се посетат, ќе одвоиме еден прекрасен ресторан во Соренто, Италија. Станува збор за O’Parrucchiano каде секој сладолед, тестенини, пица и коктели имаат посебен шмек. Отворен е уште во далечната 1868-ма година од страна на свештеникот Ентони Ерколано, како место за готвење, кое подоцна станува и малечка траторија со име La Favorita. Ентони по ...
Американскиот бренд The Row зад којшто стојат сестрите Олсен, креираше везен топ кој што чини речиси 5.000 евра. Извршната директорка за мода и убавина на Вог, Лиса Ајкен, како и моделот Роузи Хантингтон Вајтли веќе го закачија во нивниот гардеробер. Везениот топ е инаку дел од летната колекција 2023, на близначките Мери Кејт и Ешли, а се состои од две споени парчиња со бела и зелена боја. Моделот е изработен рачно во Италија, но сепак ни тоа не ...
Деновите од 11 до 18-ти август се резервирани за 29-то издание на Сараевскиот филмски фестивал. Овој културен настан ги обединува најзначајните регионални и светски имиња од сферата на кинематографијата и нуди фестивалска атмосфера еднаква на онаа на светските филмски фестивали. Препознатлив по учеството на големи имиња од шоубизнисот, годинава специјален гостин е фронтменот на популрната група U2 Боно Вокс. Фестивалот беше отворен со ...
Ријана и нејзиниот партнер A$AP Rocky станаа родители по втор пат. Како што пишуваат тамошните медиуми Рири роди девојче, а мајката и бебето се добри и одмараат во својот дом во Лос Анџелес. Пејачката од Барбадос ја објави својата втора бременост во февруари на годинешниов Супербол. Бебето наводно личи на нејзината мајка, па дури ги има наследено и прекрасните светли очи на Ријана. Ѕвездата, која неодамна претстави и своја линија на трудничка ...
Фармерките и блузата се две парчиња облека што одлично се спојуваат. Никогаш нема да ни здосади нивната комбинација без разлика во која форма доаѓаат. Широки или тесни фармерки, еднобојна или шарена блуза изборот е голем, а најдоброто е што секогаш е и вистинскиот. Крајот на летото и есента, но и пролетната сезона се измислени за овој совршен спој. Од опуштен ручек со пријателите, па сè до вечерни забави на отворено, џинс и блуза се дуо за ...
Хрватска е една од најпримамливите дестинации за летен одмор, а во еден од приморските градови на земјата, Трогир, на одлична локација во центарот на градот се наоѓа луксузната вила со пет ѕвезди Бјанкомар. Она што воодушевува е самата градба која што зрачи со луксуз спакуван во минималистички дизајн. Нејзиниот прозрачен ентериер влева чувство на оптимизам и релаксираност во еден интимен и комфорен амбиент. Светлите нијанси и природните ...
Како што полека наближува есента така и палетата на бои ќе се менува... Следното годишно време е препознатливо по земјените и неутрални тонови, но и по некои вибрантни бои. Тука на сцена ќе стапи една нијанса на црвената боја која што наликува на мешавина од кафена со црвени примеси. Станува збор за терекота нијансите кои ќе го направат секој аутфит интересен, ќе внесат доза на модна зачинетост во посакуваните количини. Оваа боја зрачи со ...
Британскиот модел Кара Делевињ е родена на денешен ден 1992 година во Лондон. Потекнува од богато семејство и линија на благородници. Има две постари сестри и еден полубрат. Малкумина знаат дека уште на десет годишна возраст била за прв пат сликана за Vogue Italia. Нејзиниото образование до 16 годишна возраст се одвива во училиште за девојчиња во Лондон, а на само 15 години започнува битка со депресијата и анксиозноста, за коишто ќе говори и ...
По актерот Сет Роген, следна на листата холивудски ѕвезди што го отвора својот дом за посетители е Гвинет Палтроу. Куќата која што Палтроу ја поседува во Монтесино, Калифорнија ќе биде достапна за изнајмување еден викенд во септември. Оние кои ќе имаат можност да престојуваат таму ќе бидат топло пречекани од самата домаќинка. Палтроу поседува свој велнес бренд наречен goop, а филозофијата којашто стои зад него е инкорпорирана и во уредувањето на ...
Во знак на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, вчера во Кинотека стартуваше Флипбук филм фестивал, културен настан којшто веќе четири години по ред го воздигнува анимираниот филм на едно повисоко ниво. Токму овој македонски поет од чиешто перо се испишани некои од најдобрите стихови на ова тло, беше инспирација за создавањето на четири анимирани омнибус филмови во режија на Жарко Иванов („Долго доаѓање на огнот"), Крсте Господиновски ...
Во знак на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, вчера во Кинотека стартуваше Флипбук филм фестивал, културен настан којшто веќе четири години по ред го воздигнува анимираниот филм на едно повисоко ниво. Токму овој македонски поет од чиешто перо се испишани некои од најдобрите стихови на ова тло, беше инспирација за создавањето на четири анимирани омнибус филмови во режија на Жарко Иванов („Долго доаѓање на огнот"), Крсте Господиновски ...
Брендот Victoria's Secret којшто за последен пат ја имаше својата ревија на долна облека во 2018-та, стартуваше нова кампања во која што се вклучени некои од најголемите имиња од модната индустрија. Под слоганот There's an icon in all of us, кампањата ги вклучи иконите на моделингот Жизел Бундшен, Наоми Кемпбел и Адриана Лима. На нив исто така им се придружуваа и помладите колешки како Хејли Бибер, Емили Ратајковски, Кендис Свејнпул и други. Во ...
Нѐ напушти познатата македонска актерка Катина Иванова (1951-2023). Тажната вест ја соопштија од нејзината матична куќа, Македонскиот народен театар каде четири децении беше дел од нивното театарско семејство. „Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова. Замина нашата колешка Катина Иванова, актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска ...
Го има оној совршено дозиран ретро шмек, за да ја донесе безвременската елеганција во современото модно секојдневие. Плисираните фустани никогаш не изгубиле од својата атрактивност, напротив, во секоја нова сезона добиваат нова интерпретација токму поради тоа што плисе техниката е бескрајно инспиративна за прикажување на креаторските вештини. А дизајнерите го сакаат тој предизвик. Така и ова лето на модните улици ги гледаме сите лица и верзии ...
Ексклузивно – Март месец на венчаници во ЕЛЕНА ЛУКА Во пресрет на сезоната на свадбени свечености, во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА идните невести ќе ги пречека вистинска фантазија. Венчаниците на ЕЛЕНА ЛУКА се олицетворение на раскош каков што секоја невеста заслужува на својот посебен ден, надополнет со атрактивната естетика на актуелните тенденции. Идните невести во ЕЛЕНА ЛУКА секогаш ќе пронајдат богат избор на модели кои се неповторливи во својот ...
Шпанската кралица Летиција важи за една од највлијателните модни икони во круговите на кралските семејства. Наклонетоста на модната публика ја добива и со нејзината растеретеност во однос на брендираната облека, па често во нејзиниот стил имплементира лесно достапни парчиња од „high street" етикетите. Но, умешноста, па и уметноста е во тоа што таа толку добро се познава себеси и своето тело, па речиси без исклучок бира облека што совршено ...