
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Cine Society е кино на отворено на кров на зграда, кое нуди фантастичен поглед на пастелниот пејсаж на Лисабон. Многумина кои имале прилика таму да уживаат во проекција на некои од филмските класици, го опишуваат како едно од најубавите искуства и едно од најубавите кина на отворено во светот, директно под ѕвезденото небо. Започнало со работа во 2017 година, а сместено е во срцето на Лисабон, во населбата наречена Чиадо, која важи за центар на ...
Иконата на Блонди, 77-годишната артистка Деби Хари е заштитно лице на кампањата за новите чанти на Марк Џејкобс. Главната протагонистка од њујоршкиот нов бран, на сцената од 70-те, позира во за неа препознатлив стил, бунтовнички и неконвенционално. Додека ги промовира новите Марк Џејкобс чанти, на себе носи неколку различни комбинации, меѓу кои и црно-бел мини фустан, како илустрација на тоа дека во модата не постојат правила или поконкретно, ...
Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Миранда Хобс (Синтија Никсон) и Шарлот Јорк (Кристин Дејвис) вчера се обединија на специјален настан во Њујорк, организиран во чест на 25-годишнината од „Sex and The City" – култната серија која испиша своја историја во американската телевизиска продукција. Трите хероини од серијата, позираа пред специјално дизајнираната реплика од познатиот апартман на Кери Бредшо во серијата, а воедно настанот вклучуваше и ...
Со почетокот на летото и летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија - Охрид, започнува и второто издание на винскиот фестивал - " Ohrid Wine Festival". Од 22 Јуни до 24 Јуни на Кеј Македонија, поточно на платото пред Хотел Палас, три дена во Охрид ќе се дегустира убаво вино и храна, надополнета со убава музика и забава за сите генерации. Во деновите кои следат ќе ги објавиме сите учесници, листата на винарии како и музичката програма за ...
Ако си правите концепт како претстојната сезона ќе изгледа вашиот плакар, а притоа преферирате урбана енергија во вашиот стил, ве упатуваме на Инстаграм профилот @la.attraversiamo, што ќе ви помогне во вашата „модна стратегија" за ова лето. Тука ќе наидете на одлични модни летни предлози, кои балансираат меѓу елеганција, лежерност и женственост, а за кои е задолжена далматинката Михаела Мудронја. Неутралната палета на бои, а во исто време ...
Доколку сте во фаза на одбирање на кујна веројатно ги следите моменталните трендови во внатрешното уредување. Иако боите доминираат оваа сезона, доколку не сте фан на колоритот секогаш има опција за нешто понеутрално. Во случај белата боја да е премногу класична за вас, ви предложуваме кујна во песочни нијанси. Песочните или земјените тонови секогаш изгледаат елегантно. Пријатни се за очите и полесни се за одржување во однос темните опции. A ...
Факт е дека нашите баби живееле во свет којшто не можеме да го споредиме со денешницата. Животот можеби бил тежок, но стресот го немало, работите се одвивале со забавено темпо. Денес постојано брзаме, стресот е пуштен на најјако, се тркаме со времето и пак не можеме да постигнеме со обврските. Можеби сето ова се одразува и на нашиот изглед, па посегнуваме по разно разни (не)проверени препарати за нега на лице и кожа. Нашите баби тоа го правеле ...
Португалскиот бренд Welcome to the Love Club има ново хит парче. Се работи за топ што потсетува на срце, насловен едноставно Heart Top. Интересен дизајн на корсет кој што ги покрива градите оставајќи го останиот горен дел од телото откриен. Инспирацијата за оваа креација, како што велат од брендот, доаѓа од идејата за ширење на љубов, во сите облици и на различни начини. Било да е тоа кафе со пријателките, романтичен состанок, ноќ за пеметење ...
Прекрасниот црн лебед, Натали Портман е родена како Натали Хершлаг на денешен ден во Ерусалим пред 42 години. Нејзината мајка е американка, додека татко, инаку лекар, специјалист за плодност, е со израелско потекло. Во 1984 година Натали со родителите се сели во Америка, каде што ќе посетува еврејско основно училиште. Уште од дете се чувствувала поинаку од другите, била многу амбициозна, љубопитна и знаела што сака. Токму таа амбиција ќе ја ...
Просторот каде што живееме секогаш треба да ни буди позитивни емоции и да биде место каде што се чувствуваме опуштено. Еден од начините за негово уредување e да искористите безвременски парчиња кои што ќе ги зачините со тренди детали. Годинава посебно се истакнува шаховскиот дезен, којшто можеме да го вклучиме насекаде во домот, од подовите и ѕидовите, па сè до перниците и чашите за кафе. Црнобелиот коцкест дизајн има своја софистицираност, но и ...
90-те со своето постојано присуство во актуелната мода, секогаш носат една посакувана доза на ретро вибрации. Оваа летна сезона, кон модата во 90-те нѐ враќаат ултра популарните припиени фустани без ракави. Женствени, сензуални и припиени на женското тело, овој тип на фустани се целосна спротивност на долго време актуелната предимензионирана мода. Нивниот едноставен и минималистички дизајн, дозволува флексибилност при комбинирањето и бројни ...
Франсоа Жило, жената која го инспирираше генијалниот Пикасо, мајка на две од неговите деца, почина на 101 година. Жило беше ликовен уметник, писателка, муза на легендарниот сликар, која што својата турбулентна десетгодишна врска со Пикасо ја преточи во книга. Токму таа книга, Животот со Пикасо, беше инспирацијата за филмот Surviving Picasso снимен во 1996 година со Ентони Хопкинс во главна улога. Животот со Пикасо не бил воопшто лесен. Според ...
Хрватскиот остров Корчула можеме да го опишеме како вистински мал рај на земјата, бајковито место што нуди уживање за сите сетила и генерации. Тој е шести по големина остров сместен на јужниот дел на Далмација. Должината на самиот брег изнесува импресивни 182 километри, а составен е од низа заливи и мали магични острови. Убавината на Корчула ја дополнуваат живописниот стар град, прекрасните крајбрежни панорами, питорескните села и идиличните ...
Зачетокот на колекцијата „Црна Лирика" лежи во интимната врска на нејзиниот дизајнер со неговите детски спомени од руралната средина во која е израснат. Овие спомени во прв план ја доведуваат симфонијата на словенскиот паганизам и поетската инкантација на древното словенско вештерство. Со примената на темни тонови и органски силуети колекцијата стреми да пробуди чувства на интроспекција, со цел да се поврзе набљудувачот и/или носителот со ...
Летниот период е време кога фустаните се насекаде. Без разлика дали сте гостинка на свадба или едноставно обожувате денот да го поминете во ова парче облека, фустаните се присутни во речиси секоја прилика. А за дополнително да ја олесни задачата, шведскиот бренд Cos го има можеби идеалното решение за оваа сезона - нивниот миди фустан што доаѓа во четири различни бои. Станува збор за модел на тоалета за која што не се потребни впечатливи модни ...
Одвреме навреме на Инстаграм наидуваме на интересни домови, со уникатни ентериери што ни го привлекуваат вниманието. Складно уредени станови и куќи во различни стилови, секој од нив раскажува приказна за себе. Некои се во минималистички ноти, други во знак на луксузот и впечатливоста, но она што ги обединува сите е љубовта на домаќините кон уредувањето. Австралиската уметница Меган Меккин заедно со својот сопруг го споија навидум неспоивото – ...
Пред нас се летните одмори и повеќе слободно време за уживање и патување. Кога сме на тема патувања, авантурите дома може да бидат исто толку возбудливи како и на некоја егзотична дестинација. Одберете си добро друштво и одвојте барем неколку дена од вашиот одмор или викенд, ова лето да посетите места во Македонија каде што досега не сте биле, а веруваме дека ги има многу такви. Предноста е што ви е блиску, не мора да одвојувате голем буџет, а ...
Основното училиште Лазо Ангеловски во Скопје, во недела на 11-ти јуни, ќе биде домаќин на големата државна Олимпијада по ментална аритметика. На овој престижен настан ќе учествуваат над 600 натпреварувачи од нашата земја на возраст од 5 до 12 години. Олимписките игри во Скопје претставуваат уникатен настан. Настанот традиционално привлекува голем интерес кај учесниците и јавноста, благодарение на атрактивноста на натпреварот по ментални ...
Минатиот месец Анџелина Џоли најави дека започнува со сопствен моден бренд Atelier Jolie, а сега излезе со уште едно соопштение дека ќе соработува со француската модна куќа Клое. Џоли ја одбра токму Клое поради нејзиниот B Corp статус, којшто се доделува на компании и брендови кои се социјално, еколошки и економски одговорни, односно работат за доброто на заедницата и околината. Луксузниот бренд, којшто ја доби оваа ознака во октомври 2021-ва, ...
Манекенките насмеани чекорат по писта, сандалите ги носат во раце, а на себе ултра женствени комбинации – Каролина Ерера не можеше на посовршен начин да ја спои бразилската егзотика и опуштеност, без притоа да ја стави женственоста во сенка, во својата нова ресорт колекција за 2024 година. Вес Гордон перфектно ги разбира жените и им го нуди тоа што со задоволство би го носеле на себе, а тоа што се надоврза и ја продолжи приказната на Ерера ...
Летото е само по себе предизвик кога треба да се стилизираме за на работа. Секогаш сакаме да се чувствуваме комотно, убаво и да чекориме полни со самодоверба кон обврските. Топлото време и климатизираната канцеларија си наметнуваат свои правила на облекување, но добро е што можеме да се прилагодиме доколку ги одбереме вистинските парчиња. Ние склопивме неколку идеа како ова да го постигнете и да имате убаво лето и додека сте во канцеларија. ...
Одри Хепберн е непресушна инспирација за стил, елеганција и префинетост. Нејзината беспрекорна стилизираност од глава до пети честопати ги потикнува дамите да ископираат барем нешто од неа. Деновиве тоа е фризурата на легендарната актерка и модна икона, а бројни познати ликови на своите Инстаграм профили постираа фотографии во стилот на Хепберн. Станува збор за осум начини на стилизирање на косата што моментално се голем тренд кога станува збор ...
Пред седум години генијалниот музичар Принц замина во легендите. Но, денес нема да се потсетуваме на тоа. Седми јуни е за роденденот на Принц и неговата музика што засекогаш ќе се слуша. Тој го започна животот пред точно 65 години, во 1958 година во Минесота. Принц интересот кон музиката го покажува уште од мали нозе, пишувајќи ја првата песна на само седум години. Во текот на неговата богата музичка кариера, продуцираше десет платинести ...
Кристина Контова е модна дизајнерка која што својата кариера ја започнува во 2008 година создавајќи го брендот Watermelon. Првата колекција вклучува костими за капење и додатоци за на плажа. По пет години успешна модна кариера во 2013 ја преставува и својата прва колекција облека и аксесоари наречена "ckontova". Кристина е денес позната модна блогерка, а на својот профил честопати ја гледаме во облека со нејзин потпис. Ги претпочита ...
Замислете си патување со воз низ некои од најубавите европски дестинации, со книга и пијалок во рака, опуштени на удобни, меки седишта. А сега замислете си и дека добивате плата за тоа. Звучи неверојатно, но овој пат е вистинито. Компанијата Radical Storage, која што е лоцирана во Италија, објави оглас за вработување на лице кое што ќе патува со воз и ќе го документира сето тоа во форма на видеа, фотографии и записи. Со оглед на тоа што ...
Низ светот постојат најразлични верувања, обичаи, традиции, правила на однесување. Токму затоа е добро да се знае што е добро, а што не, што е дозволено, а што забрането, пред да отпатувате во некоја земја. Некои од културните разлики можеби ќе ви се чинат нелогични, чудни, помалку смешни, но сепак добро е да ги имате во предвид. Во Русија... Одбегнувајте да подарувате жолти цвеќиња. Тоа за Русите е знак за прекин на врска или измама. Во ...
Како да постигнете елегантен изглед, а притоа да се чувствувате пријатно и удобно? Еден од најатрактивните трендови за ова лето е одговорот – краток елек и широки панталони се спој кој ќе ви обезбеди удобна елеганција. Уште еден пример кој илустрира како парчињата од „машкиот гардеробер" добиваат женствена димензија. Оваа комбинација најчесто е ограничена во однос на спектарот на бои, па најприсутна е во монохроматски варијанти, црна, бела, ...
После дождот, следуваше едно магично попладне минатата недела во МКЦ, каде се одржа промоција на сликовницата „Ѕуница" од авторот Бранислав Николов и илустраторката Иванка НиБа. Сплотени во дружба и креативност, децата кои беа присутни имаа можност да учествуваат и во интерактивната работилница која беше симпатично надополнување на промоцијата, за на крај заеднички да создадат една шарена Ѕуница на пријателството. Приказната „Ѕуница", раскажана ...
Чуда се случуваат, а тоа ќе го потврди и пејачката Џеси Џеј на која што пред пет години и било кажано дека нема да може да има деца. Британската поп ѕвезда роди здраво машко бебе пред една недела и ги "истури" сите свои прекрасни емоции на социјалните мрежи. Иако Џеј постојано споделуваше објави за бременоста, никогаш не кажа кој е таткото на бебето. Кратко по породувањето се случи и тоа, Џеси му покажа на светот кој е љубовта на нејзиниот ...
Денеска во СЦ Борис Трајкоски беше одржана прес-конференција по повод Европското Првенство во танци 2023. Истата беше можност за организаторите да ја споделат својата визија, да ја истакнат важноста на настанот и да дадат дополнителни детали за првенството. Почитувани членови на организацискиот одбор во состав Карстен Рот, супервизор на првенството, Кирстен Дан Јенсен, Генерален секретар на Интернационалната танцова федерација, Предраг Катаниќ, ...