Талент шоуто „Пат до ѕвездите" стигна и до првото полуфинале. Како и секогаш нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА којшто воедно е и партнер на шоуто, ги стилизираше водителките Криси и Верица. Со оглед на тоа дека шоуто се приближува до големото финале, така и стајлингот станува погламурозен. Двете водителки, кои што секоја емисија носат креации со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА, и овој пат блеснаа во вечерни тоалети. За полуфиналната вечер девојките беа ...

Никол Шерцингер, која пред некој ден ја објави својата свршувачка, денес слави роденден. Американската пејачка, текстописец, танчарка, актерка и водителка е родена пред точно 45 години, во Хонолулу, Хаваи, а поголемиот дел од својот живот го поминала во Кентаки. Никол на 14 години започнува со глума и се запишува на музички театар. Желбата за шоубизнис ја има уште од најрана возраст и на различни начини се обидува да се пробие на големата сцена. ...

Кога станува збор за уредување на домот постојат различни стилови како тоа да се изведе и притоа да одговара на замислата на домаќинот. Од максималистичка естетика и еклектичен стил, до минимализам и футуристички решенија, трендови имало и ќе има, а вкусови уште повеќе. Она што е важно е во домот да се чуствувате свои, ралаксирано и среќно. Понекогаш кога не сме сигурни што сакаме, едноставноста е најдобро решение, а кога размислуваме во таа ...

Оваа недела во рамки на Скопско лето има голем избор на настани од различни области. Вчера во Чифте амам се отвори изложбата на Михаил Корубин „Визуелна Артикулација" која предизвика голем интерес кај присутните. Корубин на публиката и се претстави со 13 големи платна кои ги насликал годинава како и со минијатурни графики арт токен за кои допрва ќе се пишува бидејќи самиот тој е иноватор на овој стил. Денес во Музејот на македонската борба за ...

И додека фановите ја бараа Саманта да се врати на екраните во продолжението на Sex and the City, And Just Like That, Ким Катрал реши дека сака да биде дел од друга серија, наречена Glamorous. Како што беше најавено Катрал се очекува да се појави во втората сезона на продолжението, но тоа нема да биде заедно со девојките. Саманта ќе ја видиме само како зборува на телефон, наводно со Кери (Сара Џесика Паркер). Сцената е снимена на посебна ...

Некогашната членка на Pussycat Dolls, Никол Шерцингер, му кажа да на својот сакан. По тригодишна врска рагбистот Том Еванс, 38, го постави прашањето за време на заедничкиот одмор во Хаваи, а Никол имаше само еден одговор ДА! Таа пресреќна сподели романтична фотографија на Инстаграм каде Том клечи на едно колено со прстенот во рака, а Никол не може да ја скрие својата возбуда. Парот се запозна пред три години кога Том се појави на X Factor: ...

Хенри Кавил го доби својот наследник, одбран е актерот кој ќе го игра новиот Супермен. По повеќе месечните аудиции Warner Bros и DC Studios го објавија името на новиот Кларк Кент. Станува збор за Дејвид Коренсвет, кој јавноста го запозна по улогата во серијата The Politician, која се емитуваше на Нетфликс. За триесетгодишниот актер ова може да биде улогата што ќе му обезбеди статус на ѕвезда, со оглед на популарноста на франшизата. Улогата на ...

Удобноста не ја исклучува естетиката во летниот изглед. Напротив, со мала умешност и вистинскиот избор на парчиња, пријатното чувство во сопствената кожа и впечатливиот изглед, може да бидат во една комплементарна целина. Едно од модните парчиња во лето, со кое тоа може да се постигне се бермудите со висок струк. Елегантни, со крој што ѝ ласка на женственоста, го истакнува струкот и флексибилни при комбинирње со други парчиња. Во комбинација со ...

Бахамите се едно од најубавите места во светот, дестинација што е на листата најпосакувани кога се во прашање годишните одмори. Овој архипелаг има повеќе од 300 сончеви денови во годината, а просечната дневна температура е 27 степени. Освен тоа Бахамите имаат и богат ноќен живот, луксузни хотели, но и една невообичена розова плажа на која никој не може да остане рамнодушен. Ова рајско место кое се нарекува The Pink Sands е идиличен спој на ...

Вчера официјално заврши машката модна недела во Париз, на која што најмногу внимание привлекоа новиот креативен директор на Луј Витон, Фарел Вилијамс и креативниот директор на Диор, Ким Џонс кој славеше 5 годишен јубилеј. На модната недела беа прикажани колекциите пролет/лето 2024, а паралелно со тоа се случуваше и ВИП улична мода со париски шмек. Бројни познати ликови беа присутни во метрополата, најмногу поради дебито на Вилијамс, кое мора да ...

Летото е создадено да бидеме разиграни и да му се радуваме на сонцето и убавото време. Едно од омилените модни парчиња се секако летните фустани кои се Must have за сезоната. ЕЛЕНА ЛУКА го има совршениот летен, колор блок фустан што ќе го освои срцето на секоја млада дама. Сончева жолта и небесно сина се идеален спој во дизајнот на еден од нашите најбарани модели на фустани за ова лето. Тој е поим за елеганција во лелеав крој, а изработен е од ...

Симон Порт Жакемус секогаш знае да приреди фантастично модно шоу, кое што е вистинско уживање за сите присутни, а забавата не изостана и со последната колекција есен 2023 насловена 'Le Chouchou. Овој пат беше повеќе од очигледно дека талентираниот дизајнер својата инспирација за ревијата во Версај ја црпел од покојната Лејди Ди. Принцеза Дијана беше и остана муза за многумина, па така и Жакемус зеде неколку впечатливи модни елементи од неа како, ...

Една од најпознатите дизајнерки на венчаници во светот, Вера Ванг, денес полни 74 години. Таа е една од ретките за кои времето како да запрело. Иако е длабоко навлезена во осмата деценија од животот, Вера постојано изненадува со својот младешки лик, дух и стил. Нејзините родители се преселиле од Кина во САД, во 1940 година. Мајка ѝ била преведувач за Обединетите Нации, додека татко и поседувал аптека. На осум годишна возраст Вера започнува да ...

Предизвикот наречен деловен стил во лето, може да го надминете на едноставен начин: со избор на деловни парчиња изработени од лен. Природен материјал кој ѝ дозволува на кожата да „дише", е приоритет кога сакаме истовремено да ни биде пријатно на високите летни температури, а притоа да не ја исклучиме и деловната естетика. Еден изглед што ги спојува и пријатното чувство и естетиката, е токму комбинацијата на дводелно ленено одело со кошула. ...

Минатата сезона започна како микро тренд, а оваа година добива уште пошироки размери: сандалите со накит стануваат сериозна тенденција ова лето. Овој интересен спој, најчесто се однесува на сандали со минималистички дизајн и комбинација од златен или сребрен декоративен накит. Свои верзии имаат и комерцијални, но и луксузни брендови како Шанел и Џузепе Заноти. Ако ги бирате и за на плажа, тогаш со сигурност стилски ќе го зачините вашиот опуштен ...

Подготовките за 30-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури", се во полн ек. Ќе се слави со песна! На 1 и 2 септември, во македонскиот Ерусалим, нашиот прекрасен Охрид, на величенствената сцена на Долни Сарај ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер на јубилејното издание на фестивалот, ќе има многу квалитетна музика, етаблирани имиња што на вистински начин ќе го одбележат големиот датум на фестивалот ...

Кејт Мидлтон е една од омилените модни икони на многумина. Принцезата од Велс викендов уживаше на манифестација Royal Ascot на која што традиционално се одржуваат трки со коњи. Третиот ден од трките или Ladies' Day е посветен на дамите, а очите на јавноста се вперени во импресивните стајлинзи на припадничките од понежниот пол. Сепак, онаа што привлече најмногу внимание беше Кејт Мидлтон, овој пат во црвена комбинација од глава до пети. Таа ...

Летото е создадено за уживање. Сонце, плажа, долги прошетки, море, ѕвездени ноќи, романтика. А кога жената сака да ја покажe својата сензуалност и женственост на сцена стапуваат летните фустани. Ова лето е во знакот на карнерите, романтичен детаљ, што го разигрува и најобичниот ден и ја прави ноќта поромантична. Елегантно парче облека коe има долга историја, од викторијанското време и фламенко фустаните во Шпанија, па сè до разиграните 80-ти. ...

Македонија вечерва е горда и се радува на успехот на младата и талентирана пејачка Славица Ангелова од Струмица, која успеа да го освои супер финалето на музичкото талент шоу „Ѕвездите нa Гранд" што вечерва во живо се емитуваше на Телевизија Сител. Славица успеа да се пласира како единствена претставничка на нашата земја во големото финале под менторство на Ѓорѓе Давид и конечно вечерва победнички да го развиори македонското знаме на сцената ...

Талентираната Славица Ангелова од Струмица, е единствената Македонка која успеа да се пласира во финалето на „Ѕвездите на гранд". Да ѝ ја дадеме сите нашата поддршка! Со фантастична изведба на „Ти" од Александра Ковач и „Пази се" од филмот „Јужен ветер", Славица Ангелова оствари огромен успех и се пласираше како единствена претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд"! Оваа сабота, 24 јуни, резервирајте си го терминот 21 часот – ...

Авторитетната адвокатка Амал Клуни, воедно и една од најстилските деловни жени на денешницата, деновиве на конференција во Мадрид се појави во одлично модно издание. Впечатлив комбинезон, во металик-жолта нијанса, во крој на едно рамо – беше нејзиниот моден избор што ги заслужува сите комплименти, а воедно може да ви послужи и како инспирација за убав повод или коктел настан ова лето. Сопругата на познатиот актер, Џорџ Клуни, неретко бира ...

Студентите на Институтот за текстилно инженерство при ТМФ, под менторство на професорката Лидија Георгиева, ја заокружија академската година со традиционална модна ревија, годинава на тема АВТЕНТИЧНОСТ. Преку нивните оригинални креации, меѓу кои и 3Д печатени дизајни, изработени за прв пат со помош на 3д принтерите во Ино Фаб Лаб – лабораторијата на институтот, се обидоа да размислат и да предложат одговор на современите дилеми на општеството. ...

Младата пејачка Теа Трајковска вчеравечер преку социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Многу барам", која повторно е нешто поразлично од она што сме навикнати да слушаме и гледаме на нашата сцена. Станува збор за уште една одлична нумера создадена во студиото на нејзиниот долгогодишен соработник – продуцентот Лазар Цветкоски. Како и за сите нејзини предходни песни, така и за оваа Теа со својата екипа од соработници ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон деновиве се појави во јавноста во аутфит што е дефиниција за сведена елеганција. Иако можеби на прв поглед, белата комбинација што ја носи на себе личи на дводелен сет од плисирано здолниште и сако од твид, всушност се работи за фустан кој вклучува елемент на сако со пеплум ефект. Дизајнот е со потпис на брендот Self-Portrait и доловува ефект на безвременска класика. Принцезата од Велс, одлично го надополнила со ...

Актерката која со децении ги освојува срцата на филмската публиката со својата неверојатна способност да оживува разновидни карактери, а воедно ги освојува погледите и симпатиите на љубителите на модата со својот стил и беспрекорно чувство за елеганција, Мерил Стрип, денеска полни 74 години. Речиси е невозможно да се ранкираат најдобирите филмови на Мерил Стрип, која го држи рекордот со најмногу номинации за Оскар на сите времиња (21), од кои ...

„Патики манијата" во модниот свет, е тука за да остане. Тоа го потврдуваат и новите летни тенденции меѓу кои како најатрактивни и ова лето се различните модели на патики во беж-неутрални нијанси. Удобноста и како естетика до толку „удобно" се смести меѓу трендовите, што патики не ретко се комбинираат и во деловни и во поелегантни комбинации (онаму каде што е тоа дозволено, односно каде што не е пропишан дрес код каде опцијата патики е ...

Бијонсе, Џеј Зи, Лени Кравиц, Наоми Кембел, Ким Кардашијан и секако Ријана која се најде како заштитно лице на најавната кампања, беа меѓу атрактивната листа на гости што од првиот ред го проследија модното шоу во Париз за машката линија за пролет-лето 2024 на француската куќа Луј Витон, значајна по тоа што е прва под креативно водство на Фарел Вилијамс. Со спектакуларен концепт, деби шоуто на Фарел за Луј Витон, ја отвори Машката модна ...

Бремената мега ѕвезда Ријана, ја најави новата машка колекција на Луј Витон за пролет-лето 2024, со фотографија од кампањата за истата, каде се појавува како заштитно лице. На фотографијата, Ријана позира во кожен мантил, предниот дел е откопчан и фокусот е на нејзиниот стомак, додека во раце држи чанти во неколку бои со препознатливиот патерн со логото на брендот. Она што ја прави посебна оваа колекција е тоа што е прва под креативно водство ...

Тенденцијата на комфорна облека продолжува и ова лето. И покрај тоа што оваа летна сезона повторно ги актуелизираше припиените и тесни кроеви, сепак тоа не го исклучува фактот дека удобноста е сѐ уште меѓу приоритетите кога се креираат трендовите, затоа што едноставно потрошувачите тоа го бараат. А тоа подразбира пријатни и лесни ткаенини, опуштени вклучително и предимензионирани кроеви, а притоа со елементи од други популарни тенденции како ...

Кралицата на Шпанија, Летиција и кралицата на Јордан, Ранија, се соединуваат на многу нивоа: двете се кралици, грациозни икони на стилот, па дури имаат и сличен вкус кога модата е во прашање. Илустрација за ова е и последната нивна историска заедничка средба во Мадрид, кога во кралската палата двете беа фотографирани во беспрекорни, дамски комбинации во миди фустани со флорални дезени односно везови. И двете верни на својот препознатлив стил, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
53%
1008
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
90%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
6.69
60%
1009
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.35
58%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1013
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.13
28%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
43%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
46%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.12
67%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
50%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 20ᴼ
3.6
44%
1011
Currency

61.525

Currency

54.1512

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78