
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Честопати ја забораваме моќта на природата сè додека таа на некој начин не нè потсети на нејзината грандиозност. Понекогаш силата доаѓа во форма на непогода која што може да ни го разниша светот за час, но природата знае да биде и многу дарежлива, да ги надмине смртните уметници создавајќи неверојатни ремек дела. Од сите нејзини креации денес ќе одвоиме малку време да се восхитуваме на неколку острови што таа ги распослала онаму каде што мислела ...
Романтика, лежерност и лето опишани во една комбинација? Бел аутфит нагласен со сламени детали. Врв на летната софистицираност. И покрај плажа и на жешкиот градски асфалт. Целосно бели комбинации со пријатни и лесни ткаенини, акцентирани со сламени модни додатоци се секогаш сигурен избор за лето и од практичен и од естетски аспект. За овој викенд, одберете токму таков изглед, а ние ве инспирираме со неколку супер идеи. Фото: Пинтерест ...
Американско-кубанската пејачка Камила Кабејо со својата последна фотосесија за потребите на магазинот Ellen Von Unwerth е дефиниција за сексапил. Дваесет и шест годишната темнокоса девојка реши да позира топлес криејќи ги градите со рацете и заведувајќи со погледот. На фотографиите кои Камила ги објави на Инстаграм пејачката позира во неколку различни стајлинзи. Ја гледаме во проѕирна црна наметка, во бела тоалета со тул, како и тиркизен блејзер ...
Овој бренд, основан од страна на Kilian Hennessy, наследникот на познатото семејство кое го произведува познатиот коњак Hennessy, ни носи извонредно богатство на ароматични доживувања низ мирисите кои се неодоливо интригантни и привлечни. Kilian Hennessy е внук на коосновачот на најголемата светска групација на луксузни брендови LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy). Со такво потекло, Kilian Hennessy после студиите за јазици на Сорбона и неколку ...
Во последно време модата се насочи кон широки модели фармерки како на модните писти така и на улиците. Тука можеби се наѕира одредена носталгија кон 2000-те години кога ова парче облека беше must have. Денес кроевите се пошироки, струковите се спуштаат подолу, а рабовите се до подот. Помеѓу дизајнери кои годинава им оддадоа чест на широките фармерки беа Живанши, Бурбери и Ботега Венета, кои со своите тексас модели покажаа дека трендот е повторно ...
Иако престојува повеќе од една година во далечната Азија, нашиот убавец Христијан Стојаноски – Крис, не застанува со големи проекти и ангажмани. „Помеѓу последните негови поголеми модни успеси ги извојуваме кампањата за спортскиот бренд Фила како и модниот едиторијал за престижниот магазин Даман. Фотографиран во најмагичните паркови на Џакарта – Индонезија, нашиот Крис ги носеше фантастичните парчиња на Dior, Hermes, Louis Vuitton и Prada. ...
Високите температури не му влијаат благотворно на телото и секој се труди на свој начин да ги преживее 40+ степени. Често посегнуваме по течности и храна што хидрира со цел да ја изгаснеме жедта, односно да спречиме дехидрирање на организмот. Знаме дека водата е секогаш број еден во борба против горештината, но дали знаете што треба да се одбегнува кога е времето е многу жешко? Одоговорот во продолжение. Кафе и чај Иако звучи малку веројатно, ...
Кога станува збор за модни комбинации има два типа на дами, оние кои ја сакаат класиката и не експериментираат и оние кои не се плашат да испробаат нешто смело. Денес ќе споиме бои за кои мислевте дека не се комбинираат, но и такви кои одамна си го нашле својот "партнер". Модните блогерки се секогаш тука за инспирација, а нивните спојки се добредојдени кога немаме идеи. Црната и белата се секогаш идеални една со друга. Тие бои се безвременски ...
Резиденцијата на Ив Сен Лоран во Мароко, каде што легендарниот дизајнер честопати престојуваше со својот партнер Пјер Берж, доби нова намена. Таканаречената вила Мабрука, што на арапски значи "среќна вила", стана хотел. Лоран го купи имотот уште во 1990-та година, а заедно со Берж дадоа насоки да се уреди во стилот на 50-те со доза на ексцентричност. Вилата која со децении беше скриена од љубопитните очи сега ќе биде отворена за гости. ...
Дамата која стои зад Инстаграм профилот @fusunlindner не импресионираше со својот беспрекорен стил. Без разлика за каква прилика станува збор таа едноставно со леснотија изгледа прекрасно. Фусун ги спојува елеганцијата и модерниот изглед со безвременски парчиња. Класични кошули, панталони и неутрални бои, софистицирани фустани заедно со тренди чанти и сандали се модните парчиња на кои оваа блогерка најмногу става акцент. Издвоивме неколку добри ...
Џеј Ло знае како да приреди добра забава. Латино дивата пред неколку дена го прослави својот 54-ти роденден со пријатели, малку танцување на маса, секси фотографи во бикини и честитки од сите страни. Таа ги воодушеви своите фанови на Инстаграм со нејзиното позитивно расположение и секако одличната фигура што опасно им конкурира на многу помладите колешки. Џенифер внимава на своето тело и е многу посветена на специјална фитнес програма. Во една ...
Денеска во 56-та година од животот почина ирската пејачка Шинед О'Конор, пренесуваат странските медиуми. Музичката легенда почина по долгогодишна борба со менталното здравје и година ипол по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн. Стекна светска популарност во 1990 година со нејзиниот голем музички хит „Nothing compres to you". Таа јавно говореше за нејзиното тешко детство во проблематичното семејство. Нејзините родители се развеле кога имала ...
На Инстаграм профилот @stylerior, сите вљубеници во минималистичкото ентериерно уредување, ќа наидат на возбудлива инспирација. Бесконечен „грид" со фантастично концептуализирани ентериерни решенија што ја следат софистицираната минималистичка естетика. Едноставни и елегантни форми, суптилна колор карта, комбинација на природни материјали, топли тонови, изобилство на природна светлина, модернистички детали... Доколку планирате преуредување на ...
Ако некогаш сте за запрашале која е најголгата плажа во Европа и каде се наоѓа, одговорот малку појужно од нас. Станува збор за грчката плажа наречена Монолити која што се простира на цели 22 километри во пределот Превеза во западниот дел на Грција. Започнува од местото Митикас на север па се до селото Кастросикиа на југ. Самото име Монолити преведено од грчки значи "еден камен", а се однесувало на карпа што се издигнувала десет метри над морето ...
Кога зборуваме за летна облека во која се чувствуваме максимално убаво и комотно, не смееме да го заборавиме фустанот на преклоп. Токму ова парче облека може да го носи секоја жена, од причина што се прилагодува на секаква фигура. Можеме сами да го контролираме затегнувањето и со тоа да добиеме модел каков што сакаме. Фустаните на преклоп се удобни и можат да се носат во секакви прилики, од утро до вечер. Најчесто се прават од лесни материјали, ...
Ракотворбите од нашата традиција и плетенините што ги изработуваа нашите баби, во модниот свет оживуваат во една сосема поинаква димензија. Тенденцијата „плетките на баба" ова лето ги ужива своите нови „5 минути". Техниката на деликатни, нежни плетки со памучен, односно свилен конец, интерпретирани во различни форми, не е нешто непознато во моден контекст, но дефинитивно ова лето доживува ренесанса. Плетенините оваа сезона стануваат заедничка ...
Славните ја имаат таа привилегија да летуваат каде сакаат, па така најдобрите летни дестинации се секогаш на нивната листа. Од Италија и Франција, па сè до Филипини и Порторико, познатите актери, ријалити ѕвезди, музичари и спортисти уживаат во некои од најегзотичните места на планетава. Софија Вергара реши да замине за Италија по разделабата од сопругот, Хајли и Џастин Бибер летуваа во Франција, Камила Кабејо го одбра Порторико, а Кристијано ...
Таа беше една од оригиналните супермодели од 90-те. Заедно со Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарглингтон, Клаудија Шифер беше и сè уште е голема инспирација за младите модели и модните дизајнери. Нејзиниот изглед како снежна кралица, беше еден од најдоминантните на модните писти и списанијата. Продорни сини очи, широка насмевка, златни кадрици и секако извајана фигура и ден денес се заштитен знак на Шифер. За точно еден ...
Том Форд во ноември 2022 година, го продаде својот бренд на компанијата Есте Лаудер за 2,8 милијарди долари, а во април годинава ја презентираше и својата последна колекција како креативен директор. Со овој потег легендарниот американски дизајнер започна нова ера за модниот бренд Том Форд, каде на главната позиција како креативен визионер останува до крајот на годината, а потоа го наследува Питер Хокингс, кој досега беше главен дизајнер на ...
Дизниевата Снежана ќе добие нова филмска адаптација. Сепак, уште од стартот на снимањето филмот наиде на низа контроверзии. Голем дел од коментарите се однесуваат на менувањето на оригиналната приказна. Имено во оваа верзија, која ќе биде мјузикл, ќе нема седум џуџиња туку седум магични суштества, со различна големина, етничка припадност и пол. На негодување наиде и главната актерка, 22 годишната Рејчел Зеглер, која има латиноамериканско ...
Инстаграм профилот @sansnovazuhause зад кој што стои млада креативка од Хамбург, ни овозможува да видиме како изгледа ентериер уреден во уметнички стил. Пастелни бои во нежни нијанси, уметнички дела, рестарвиран мебел и внимателно одбрани детали. Освен тоа просторот го карактеризираат и високи тавани и минималистички пристап на уредување. Совршена комбинација на едноставни дизајнерски предмети со уметнички дела и рачни изработки. Во станот се ...
Костимите за капење се составен дел од летото. Иако ги носиме краток период, сепак тие се важен дел од летната гардероба. Како и секојдневната облека така и костимите сакаме да ни се удобни, убави и да одговараат на нашата фигура. Едноделни или дводелни, изборот е ваш. Ги има во толку многу варијанти и бои, од едноставниот црн костим за капење, до кропиран модел, костими на риги, во цветни дезени, со панделки, карнери... За денес одбравме ...
Барби феноменот ја одбележува оваа година, а тоа најмногу се должи на долгоочекуваниот Barbie филм што месецов ја имаше својата премиера. Но, пред Марго Роби и Рајан Гослинг да завладеат со розовиот свет, Барби и Кен беа брат и сестра. Да точно, овие две мега популарни кукли се всушност именувани според Барбара и Кенет, децата на Рут Хендлер која всушност ја создаде барбиката во 1959 година. Рут гледајќи ја својата ќерка Барбара како игра со ...
Во денешниов свет каде технологијата може да прави чуда, некои многу добро знаат како истата да ја искористат. Кога треба да се направи добар маркетинг, социјалните медиуми играат голема улога. Квалитетот што го имате треба да го презентирате, но притоа да одберете каде и на каков начин. Instagram и Pinterest, се две платформи коишто во денешно време се честа инспирација кога бараме стилски комбинации или локации за патување. Понекогаш се ...
Деловниот стил знае да биде предизвик, особено ако брзаме рано наутро, а не сме размислиле што да облечеме претходниот ден. Секогаш сме во потрага по нешто убаво и комотно, а деловниот изглед бара и почитување на одреден дрес код. Фустан и патики можат да бидат одлично решение, но и широки панталони со висок струк и рамни чевли. Сепак она најважното е вашата комфорност во тоа што го носите. Оделата се исто така супер избор за деловен стил, ...
Во современото домување, многу често кујните се поврзани со дневниот престој во еден отворен простор. Доколку ова решение е случај и во вашиот дом, а сте во потрага по начин како практично и визуелно да ја одвоите кујната од дневната, тогаш ќе ви дадеме насока како тоа да го направите на најкреативен начин. Модерните ентериери нудат бројни опции кои вклучуваат различна изведба и различен тип на материјали. Еден од најпопуларните начини е со ...
Принцот Џорџ вчера го прослави својот 10-ти роденден на семејна забава во кралската резиденција, палатата Кенсингтон. Најстариот син на принцот Вилијам и принцезата Кејт, кој е втор во редот за престолонаследник, традиционално си го доби својот роденденски портрет, овојпат за јубилејниот роденден. На портретната фотографија, младиот принц позира во лежерно издание во карирана кошула и зелени панталони, додека зад објективот е фотографката Мили ...
Неверојатната Џеј Ло денес полни 54 години. Латино дивата која со своите многубројни таленти освојува фанови низ целиот свет е родена на 24 јули во Бронкс, во семејство со порториканско потекло. Џенифер Лопез е пајечка, актерка, танчарка, ТВ лик, продуцент, моден дизајнер, претприемач. Дама со прилично богато портфолио кое што постојано се дополнува. Уште како мала имала желба да стане славна, па започнала да зема часови по танц. За прв пат се ...
Вирален летен хит на Инстаграм ова лето е комбинацијата од ленен елек и ленени бермуди. Сет во кој се пресретнуваат елеганцијата и удобноста, па воопшто не е изненадување зошто е омилен меѓу дамите. Флексибилноста при комбинирањето е дополнителна предност поради која оваа комбинација често ја гледаме во уличната мода. Лесно се адаптира и за преку ден и за вечерен изглед, а може да го носите дури и на плажа. Најчесто во неутрални, земјени ...
Лудовица Саназаро е 21 годишна девојка, која на Tik Tok споделува видеа од нејзиниот живот во замок. Да, оваа млада италијанка со нејзиното семејство живее во средновековен замок којшто има 900 годишна историја. Зданието било комплетно изградено во 1277 и оттогаш се наследува од една генерација на друга во семејството. Со тек на времето замокот претрпел неколку реконструкции, а таткото на Лудовица, Џузепе, го наследил грандиозниот Саназаро во ...