Иако можеби не е некој нов тренд, комбинацијата од мини здолниште (фустан) и чорапи со рамни чевли наоѓала место низ годините. Иако првенствено изгледа како естетика за млади, тоа е еден микро тренд, којшто го прифаќаат дами од различни генерации, а доказ за тоа е 61 годишната модна новинарка Ана дело Русо. Ако ги погледнеме објавите на популарните Инстаграм инфлуенсерки, но и уличната мода од скорашните модни недели ќе забележиме дека овој ...

На само час и половина возење од Рим, во селото Вињанело се наоѓа дворецот Русполи. Зданието е импресивно, но она што навистина го одзема здивот е неговата ренесансна градина, за којашто можеме да кажеме дека е една од најубавите во Европа. Благодарение на градината дворецот е идеален за венчавки и романтични прошетки. Првиот дел од градбата датира уште од 847-ма година кога бил дел од одбрамбена тврдина што го штитела селото. Во 1531-ва ...

Откако започна да се прикажува документарецот Beckham популарноста на семејството дополнително се зголеми. Викторија и Дејвид низ годините постојано беа под медиумското будно око, а секоја нивна заедничка појава беше празник за папараците. Уште од почетокот на врската покрај нивната љубов, интересни беа и комбинациите во коишто се појавуваа. Неретко парот одбираше одговарачки стајлинг, од глава до пети, а можеме да кажеме дека овој тренд се ...

Според компанијата Lyst која покрај другото се занимава и со истражувања Miu Miu е модниот бренд којшто е моментално на челната позиција во однос на популарноста и заработката. Новиот Lyst Index којшто во секое тримесечје објавува статистика за најпопуларни брендови, за последниот квартал ја издвои токму модната куќа Miu Miu. За успехот заслужни се нивните вирални ревии, но и специјфичните креации како кристалните гаќички со неверојатна цена ...

Есента и зимата се одлични за експериментирање со повеќеслојна облека. Тогаш можеме максимално да ја искористиме облеката во нашиот гардеробер. Тоа одлично знае да го направи блогерката Наташа Петровиќ која креира одлична модна содржина на Инстаграм. Покрај нејзините интересни стајлинзи таа преку видео записи дава и совети за тоа како да комбинирате различни парчиња. На нејзиниот профил @natasa.rocks ќе наидете на одлични спојки што ќе може ...

Од низата документарци следен на листата е тој за кланот Кардашијан-Џенер. Според најавите пред неколку месеци, главната улога ќе ја има Кејтлин Џенер, односно екс-сопругот на Крис Џенер, Брус, кој пред неколку години го промени полот. Кејтлин ќе открие работи за семејството што можеби досега не биле спомнати. View this post on Instagram A post shared by Kris Jenner (krisjenner) Документарецот од три епизоди, ќе биде насловен House of ...

Моника Белучи е дефинитивно лик кој сакаме да го гледаме. Нејзиниот италијански шарм, заводливите облини и неоспорниот актерски талент дише од секоја пора и ја прави допадлива за сите генерации. Во последната фотосесија која што заедно со интервју ја направи за германското списание Icon таа изгледа подобро од било кога. Сигурна во себе, со одмерена доза на сексипил и безвременска убавина таа позира пред објективот во црн фустан од Валентино ...

Во последната кампања за брендот на Ким Кардашијан, SKIMS, главна улога имаат две добро познати дами – фамозната Саманта, односно Ким Катрал и Нели Фуртадо, пејачката позната по својот уникатен глас. Кланот Кардашијан-Џенер знаат како да направат добар маркетинг ставајќи ја поп културата во преден план. Тоа го направија и овој пат искористувајќи ја актуелноста на двете дами, на најдобар можен начин. Идеологијата на брендот е да се промовираат ...

Ако нешто навистина ни треба во домот тоа е топлина во секоја смисла на зборот. Топлината која ја прават луѓето, а ентериерот нежно ја дополнува. Иако есента знае да биде студена, сепак боите што ја одбележуваат не греат. Токму такви топли нијанси заедно со мала игра на светлина го прават домот на дизајнерката Теодора прекрасно место. Теодора Mелник покрај тоа што одлично уредува ентериери таа и фотографира создавајќи мали ремек дела од ...

По повод денешниот ден на менталното здравје (10.10), сакаме да ве потсетиме колку е важно да го чуваме умот и да се фокусираме на позитивното. Неколку пријателски совети во продолжение. Дружба со пријателите Кога велиме дружење со пријателите, не мислиме на онлајн конверзација. За да биде поврзаноста ефективна потребна е средба во живо. Не ги одбегнувајте средбите со пријателите и луѓето што ви значат. Трудете се што повеќе да се сретнувате ...

Чизмите и официјално добија статус на чевли што ги носиме речиси во секое годишно време, дури и во лето кога сакаме да оставиме поголем впечаток со нашиот невообичаен стил. Токму ова ни дава слобода да експериментираме и со моделите, па кога станува збор за тренд многу дизајни доаѓаат во комбинација. Од бајкерски и каубојски модели, до набрани елегантни чизми, како и оние од велур и кожа, кратки, над глужд или над колена, се зависи од вашиот ...

Продуцентот на емисијата „Лица и дела" која се емитува на Тв Сонце, Симе Младеновски е добитник на две награди за мир и хуманост: „Мајка Тереза" и „Цветинова награда" кои му беа врачени деновиве на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје. „Наградата „Мајка Тереза" посебна ми е драга затоа што е награда за мир и хуманост и сите знаеме што правела мајка Тереза и колку работела колку била хумана и колку посакувала мир во светот. ...

Појадокот е најважен оброк во денот и затоа треба да му посветиме малку повеќе внимание. Ако по утрото денот се познава, тогаш да го започнеме здраво. Ако сакате да сте сигурни дека појадокот ви е полн погодок вклучете ги следниве намирници. Леб, лосос и авокадо Хранлив појадок содржи јаглехидрати од цело зрно. Тоа подразбира интегрален леб, најчесто ржан, којшто во комбинација со лосос е одличен избор. Додаваме пире од авокадо и свежо цеден ...

Ако нијансите на сиво ве асоцираат на монотонија, размислете два пати... Всушност, со сива може да постигнеме супер забавен стилски ефект, кога ќе ја искомбинираме на „вистинскиот начин". Есента ни дава можност за безбројни варијации во слоевитото и деликатно миксање на парчиња облека, ткаенини и дезени, а сето тоа ги зголемува и шансите за што поатрактивен стајлинг во сиво. Овие комбинации особено ги обожуваат минималистите, но секогаш може ...

Месецот на модата заврши, а тоа што го видовме во Париз беше јаготката на шлагот. Ова воопшто и не е чудно со оглед на тоа што метрополата е дом на некои од најголемите модни куќи и ги постави темелите на индустријата. На модната недела, токму во Париз, Dior, Chanel, Mugler, Saint Laurent, Balmain, Balenciaga и уште многу имиња ја покажаа својата замисла за претстојната сезона, секој во свој препознатлив моден израз и шарм. Лојалните модни ...

Креативниот директор на модната куќа Баленсијага, Демна Гвасалија, се враќа на корените. Како што и самиот изјави по завршувањето на модното шоу во Париз, каде ги видовме моделите за следната пролет – ова е колекцијата со која што најмногу се поврзува досега. Не е далеку од вистината со оглед на тоа ревијата ја отвори неговата мајка Ела, а помеѓу останатите модели се најдоа луѓе кои се блиски со дизајнерот и од кои црпи инспирација за своите ...

Едноставно насловен Бекам, документарецот кој ја раскажува приказната за Дејвид Бекам, веќе привлече големо внимание кај јавноста. И покрај тоа што речиеи 30 години, беше во центарот на случувањата и постојано под будното око на јавноста, како фудбалска ѕвезда и поп икона, сепак некои работи за Дејвид останаа невидени и нечуени. Токму таа задача ја има сега документарецот кој ги изнесува на виделина како убавите така и лошите моменти од ...

За Наоми нема потреба од претставување. Таа е можеби најлегендарниот супермодел што некогаш чекорел на модните писти. Извајаната фигура, впечатливиот од, совршените црти на лицето ја одбележаа како моден симбол на 90-те. Но, Наоми не застана, таа е сè уште активна и воодушевува со секое нејзино појавување. Затоа музејот Викторија и Алберт во Лондон, од 22 јуни ќе ги отвори вратите за сите посетители во чест на Кемпбел со ексклузивна изложба ...

Без разлика за која нијанса на црвена боја ќе се одлучите, само мала доза од истата може многу да направи за вашиот стајлинг. Модните блогерки веќе го следат тој тренд па на социјалните мрежи можеме секогаш да најдеме дополнителна инспирација. Црвената е бојата на страста и енергичноста, на заводливоста и секако љубовта. И да не сте љубител на оваа нијанса, сосема мала доза од неа во вашиот аутфит ќе направи да го смените мислењето. Тоа може ...

За неа можеме да кажеме дека е икона на едно време, лик кој одбележа добар дел од 90-те. Долга руса коса, продорни сини очи, сочни усни, јака шмника, облека која открива многу и тетоважи... така ја паметиме Памела во времето на Baywatch и турбулентните љубовни врски. Нејзиниот моден израз прикажа една рокенрол естетика со барби елементи, а таков беше и нејзиниот начин на живот. Но, актерката како да се замори од сето тоа и реши да сврти нов ...

Ева Живковска е наша млада оперска пејачка со голем талент и светла иднина. Таа неодамна се врати од Хрватска со позитивни импресии и наше задоволство ни раскажа за одличниот настап каде што пееше заедно со еминенти оперски имиња од Италија и регионот. Ева изгледаше светски во две ексклузивни креации на ЕЛЕНА ЛУКА во кои што ни позираше и пред нашиот објектив, стилизирана лично од г-ѓа Елена Пандева, генерален менаџер и сопственик на ЕЛЕНА ...

Спалната соба е вашето интимно катче, место создадено за убав сон, романтични моменти со партнерот, дел од домот што буди спокој. Белата боја е помалку здодевна, а силните тонови носат доза на "ризик". Затоа сезоната што следи ќе доминираат пастелните тонови, поточно следниве пет нијанси. Маслинесто зелена Освежувачка боја што ја носи природата во вашата спална соба. Оваа нијанса одлично ќе се спои со бојта на дрвото, доколку имате таков ...

За време на модното шоу на британскиот дизајнер Кристијан Кауан во Париз, модел облечен како крзнена топка предизвика големо внимание. Видеото кое стана вирално покажува како моделот се судрува со гостите во првите редови, неконтролирано се движи кон Сем Смит кој настапува на ротирачка платформа, за на крај да изгуби контрола во скалите пред да биде "спасена". View this post on Instagram A post shared by Diet Prada (diet_prada) Последната ...

Групацијата Керинг која ја поседува модната куќа Александар Меквин објави кој е новиот креативен директор. Сара Бартон која го имаше своето последно модно шоу пред само неколку дена, ќе ја замени ирскиот дизајнер Шон Мекгир. View this post on Instagram A post shared by KERING (kering_official) Иако е можеби непознат за пошироката јавност, тој зад себе има големо искуство. Има дипломирано моден дизајн на престижниот лондонски колеџ Central ...

Модерни и целосно реконструирани спортски терени добија учениците од ООУ„Партенија Зографски" во Општина Кисела Вода, како донација од општествено одговорната компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ која на нивната реконструкција работеше интензивно изминатиот период. Повеќенаменското и кошаркарското игралиште во рамки на основното училиште, официјално беа ставени во функција завчера со што не само учениците, туку и сите рекреативци во општината ќе може да ...

Ревиите на Шанел се едни од најочекуваните во модниот свет, како со дизајните така и со сценографијата каде се одвива модното шоу. За тоа да биде така особено заслужен е легендарниот Карл Лагерфелд, кој од своите ревии правеше вистински моден спектакл. За колекцијата пролет/лето 2024 Вирџинија Вард создаде 72 креации, во коишто се чувствува влијанието на Карл, но со доза на модерен твист. Шарена палета, мноштво светки и цветни мотиви беа само ...

Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од свечен настан на којшто присуствуваше со своето семејство. Таа за оваа прилика облече креација на ЕЛЕНА ЛУКА, сет од наметка и панталони во флорален принт од колекцијата White flower. Тијана и нашиот докажан бренд имаат долгогодишна соработка и токму затоа таа неретко се одлучува да се појави во некој интересен дизајн со потпис на модната куќа. Покрај синоќешниот настан, ...

Кејт Винслет е една од најпознатите холивудски актерки која зад себе има извонредни филмски остварувања и многу признанија за исклучителниот талент. За прв пат на малите екрани се појавува на 15 годинишна возраст, во британска телевизиска серија. Винслет е препознатлива по улогите во драми, портретирајќи комплексни и силни жени. Таа доби оскар за својата изведба во The Reader и номинации за улогите во Sense and Sensibility, Titanic, Iris, ...

На Инстаграм наидуваме на секакви ентериери, од луксузни до ултра минималистички, секој со своја приказна и шарм. Домот што денес ни привлече внимание е навистина посебен, а тоа е поради белата боја која буквално е распослана насекаде. Освен белата боја и деталите се во неутрални тонови давајќи му на местото еден бајковит изглед. Она што прво се забележува во станот, тоа е светлината и пространоста. Неговата сопственичка Вања успеала да ...

Кафените тонови имаат посебна топлина и ни даваат чувство на кофмор. Потсетуваат на есен, на променливото време и токму затоа се одличен избор за сезоната пред нас. Темни или светли нијанси, што и да одберете нема да погрешите, а добрата работа е што можете да комбинирате различни тонови во ист аутфит. Монохроматските комбинации ќе ви дадат доза на софистицираност. Кафената боја одлично се спојува со неутрални бои како беж, сива и бела, а ние ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
70%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.29
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
100%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
87%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
56%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157561.16

Паладиум

55781.55

Сребро

2733.78

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Алуминиум

3.09

Родиум

339994.14

Бакар

12.12

Калај

48.78