
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Кога станува збор за комбинирање на бои постојат неколку комбинации што секогаш изгледаат одлично. Спојувањето на бои може да биде смело, да излегува од комфор зоната или пак да ја следи линијата на суптилноста, кон која се придржуваат минималистите. Сепак има една спојка која што им одговара на сите, а летото е совршено време кога можеме да ја носиме. Станува збор за кралско сина боја и безвременската бела. Впечатливата нијанса на сина ќе ги ...
Хрватскиот остров Лошињ е уште еден во низата бисери на Јадранот. За него и Vogue има кажано дека е "место каде што ќе искусите чист хедонизам". Од преубавото сино море и густите шуми кои ги прегрнуваат плажите, па сè до чистиот воздух и врвните гурмански специјалитети овој остров е местото каде што ќе посакaте да бидете. Но, тоа не е сè. Токму тука се наоѓа и едно од местата каде што се прават најдобрите Инста фотки. Станува збор за скали, кои ...
58-годишната Американка, Мелиса Мајерс е креаторка на дигитални содржини каде особен фокус става на мода, убавина и здрав начин на живот. И токму нејзината професија е во блиска релација со нејзиниот инспиративен имиџ кој што добива посебно внимание на Инстаграм, благодарение на нејзиниот пристап кон модата кој е ослободен од ограничувања и очекувања. Токму затоа нејзиниот стил е инспиративен за жени од различни генерации, за кои слободата во ...
Birkin чантата од Hermès, Jackie од Gucci и Lady Dior од истата модна куќа имаат нешто заедничко. Сите се поврзани со три познати дами кои ќе останат запаметени по својот извонреден стил, актерката Џејн Биркин, првата дама Џеки Кенеди и принцезата Дијана. Тие се симбол на безвременски дизајн и статус и се чест избор на оние со подлабок џеб. Сепак еден модел, успеа да ја скриши оваа традиција, а тоа е Mayfair чантата од лондонскиот бренд Aspinal. ...
Огромни тобогани на надувување сместени пред некои од најголемите атракции во градот на светлината. Летна уживанција за сите генерации, насмеани лица, спој на летна забава и историска уметност. Звучи одлично и веднаш би посакале да се телепортирате во Париз, нели? Сепак и овој пат вештачката интелигенција успеа за кратко да не измами. Нема никакви тобогани, туку интересна замисла на француски уметник кој се претставува под називот If Only на ...
Британката Хана Страфорд – Тејлор е модна блогерка која што негува префинет и романтичен изглед. Таа својот стил го опишува како софистициран, елегантен, а сепак носив во секојдневни комбинации. Покрај беспрекорниот стајлинг, Хана обожува модни додатоци. Летото е време кога сакаме да заблескаме, а таа и тука може да помогне со своите инста објави на модни додатоци во боја на злато. Самата боја се поврзува со елеганација и раскош, а нијансата ...
Има едно парче облека кое што постојано ја дефинира елеганцијата. Со што и да го комбинирате тоа секогаш ќе донесе екстра доза на софистицираност во стајлингот. Станува збор за слип здолништето, кое што е безвременско решение, а го има речиси во сечиј гардеробер. Можеби порано комбинациите на ова парче облека биле ограничени, но денес може да го носите со што и да посакате. Миди или макси варијанта, ваше е да одберете а материјалот треба да ја ...
Кендал Џенер додава уште еден козметички бренд во своето богато портфолио. L'Oréal Paris ја одбра токму неа за нов глобален амбасадор, а 27 годишната Џенер не можеше да ја скрие својата среќа за претстојната соработка. Супермоделот, од септември ќе биде заштитно лице на кампањите за декоративна козметика на брендот. Од компанијата велат дека Кендал е совршен избор од причина што таа е етаблирана модна икона, познато медиумско лице и сè она што ...
Голиот фустан можеби го имаше своето деби кога Мерилин Монро му ја испеа на Џон Кенеди Happy birthday Mr. President. Уште од тогаш почна да привлекува контроверзни погледи и изјави, а секако имаше и зошто. Секоја дама која низ историјата го облече таканаречениот Naked dress или голиот фустан предизвика лавина на реакции. Џејн Биркин од која светот се прости завчера беше најозборуваната жена во 1968 токму поради тоа. Изработени се од проѕирен ...
Речиси 20% од родилките во Македонија се соочуваат со постпородилна депресија. Чувство на беспомошност, песимизам, незаинтересираност, без воља кон емоционалните задоволства се симптоми кои укажуваат на оваа загрижувачка состојба кај мајките која бара сериозен професионален пристап од стручни лица, но и многу љубов, поддршка и разбирање од најблиските. Од клучно значење е навременото детектирање на состојбата, а тука најмногу може да помогнат ...
Линдзи Лохан стана мајка. Актерката, 37, која на почетокот од март ја објави веста дека е бремена, роди здраво машко дете. Таа и нејзиниот сопруг инвеститорот Бадер Шамас се пресреќни, велат од нејзината ПР служба. Момчето има необично име Сон Луаи што на арапски во превод значи штит, односно заштитник. Бебето е родено во Дубаи, но точниот датум сè уште не се знае. Според мајката на Лидзи, Дина, актерката има силен мајчински инстинкт и некое ...
Софија Вергара по речиси осум години брак се разведува од својот сопруг, италијанскиот актер Џо Манганело. Актерката, 51, неодамна го прослави својот роденден во Италија, без соругот, но и без венчалниот прстен. Двојката важеше за една од најубавите и најскладни во Холивуд. Софија и Џо се венчаа во Палм Бич, Флорида во ноември 2015 година. Во меѓувреме уште еден познат пар објави дека се разведува. Пејачката и актерка Аријана Гранде се ...
Во 2000-та, на само 18 години беше прогласена за Мис на светот и се уште важи за една од најубавите жени на планетава. Прекрасната индијка Пријанка Чопра, која е актерка, продуцентка, пејачка, филантроп, денес прославува јубилеен 40-ти роденден. Таа е една од најплатените актерки во Индија, а беше прогласена и за една од 100-те највлијателни личности во светот. Forbes исто така ја стави на листата 100-те најмоќни жени во светот, а лани истото ...
Летото е дефинитивно пуштено на најјако. Овие пеколни температури не тераат да бараме разладување на секој можен начин. Доколку сте на плажа и уживате во благодетите на некое море или езеро останете каде што сте, а ние останатите ќе се обидеме да се освежиме со бојата на лимонот. За денес ја одбравме токму оваа сочна нијанса, која не може да биде повеќе летна. Асоцира на игривост, позитивна енергија и не потсетува дека треба да се радуваме на ...
Кроп топ е парче облека кое што е резервирано за топлите летни денови, од причина што може да се комбинира буквално со сè. Тој е можеби еден од најсестраните елементи во облеката, a за наша среќа оваа сезона изобилува со модели кои изгледаат најдобро досега. Лесни материјали, тренди нијанси, минималистички изданија, но и модели со впечатливи додатоци. И познатите сакаат да носат кроп топ. Хајли Бибер и Емили Ратајковски се само дел од модните ...
Талент шоуто Пат до ѕвездите стигна до финалето, а младиот Кристијан Демјански е победникот во првата сезона. Шоуто коешто е во продукција на Арт студио и се емитуваше на Balkan Music Tv и телевизија Алфа, промовираше нови домашни музички таленти со цел да им го „отвори" патот до ѕвездите. Меѓу партнерите, кои несебично ја даваа својата поддршка, беше и етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Двете водителки Криси и Верица носеа креации на брендот ...
Јадранското море е познато по својата кристално, чиста вода, медитаранска вегетација, топол песок, рајска природа што просто мами да се остане малку повеќе. Сезоната на летни одмори е совршено време за на плажа. Далеку од секаков градски метеж, ќе наидете на бајковити локации каде природата дарежливо се распослала. Овие неколку преубави плажи се вистински бисер на Јадранот, а дел од нив веќе имаат и светска популарност. Која и да ја одберете ...
Одвреме навреме карираните парчиња облека ќе се проткајат низ трендовите, независно од сезоната. Сепак летото е тоа каде што овој дезен си го наоѓа правото време. Карираното може да биде романтично, лежерно, елегантно, а во него да се чувствуваме комотно и да изледаме одлично. Карираните парчиња облека имаа долг пат, од кратките фустани во 50-те, до минималистичките веријанти од 90-те. Покрај стандардните црно-бели комбинации, тука се и оние во ...
Домот секогаш асоцира на спокој, комфор и сигурност. Тоа треба да е местото каде со задоволство ќе сакаме да се вратиме по напорниот работен ден, но и по интересното патување. Токму затоа треба да биде уреден по ваша желба, а доколку немате доволно идеи тука се складно уредените домови на Инстаграм. Еден таков е и следниот наш пример – ентериер со совршен баланс во секоја смисла на зборот. Тука ќе најдете изобилство на неутрални нијанси кои се ...
Високите температури не тераат да ја собереме косата, односно да ја носиме подигната. Повеќето ќе се сложат со нас, а многумина веќе сигурно ги испробале високото репче, неуредната пунџа и онаа пониската варијанта на собрана коса што изледа елегантно. Сепак добар дел од ѕвездите ја одбраа Bubble плетенка која е полесна за правење од класичната. Актерката Кејли Куко, Џиџи Хадид, Блејк Лајвли и ред други се одлучија на овој елегантно опуштен ...
Сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, адвокатката Амал Клуни, е позната по својот беспрекорен стајлинг без разлика за кое време станува збор. Љубителка е на винтиџ фустани, а нејзиниот стил можеме да го наречеме класично елегантен. Таа сака облека што ја следи линијата на телото и кога и да се појави во јавност, воодушевува со нејзините комбинации. Кај Амал речиси нема да забележите патики, широка облека, карирани кошули, ниту пак рамни ...
Речиси и да нема гардеробер без бела кошула во него. Oва парче облека можеме да го носиме од канцеларија, па сè до плажа и да го комбинираме со што сакаме. Една oversized бела кошула летово ќе му даде посебен шмек на секој аутфит, без разлика дали имате деловен состанок или одите на вечерна забава под отворено небо. Таа ќе се совпадне со секој стил, минималистички, еклектичен, а ќе им послужи и како база на оние кои ги сакаат боите и дезените. ...
Веќе се појави првиот тизер за документарниот филм The Super Models којшто искрено ќе ги раскаже животните приказни на Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон од прва рака. Документарецот, којшто ќе се емитува на Apple TV ќе биде поделен во четири епизоди, секоја од нив прикажувајќи ги супемоделите одблизу. Мини серијалот ќе започне да се емитува на 20 септември, а секоја епизода поединечно ќе говори за животот на ...
Во рамки на Сinedays, денес во 16:30 часот, во МКЦ ќе биде прикажан документарецот на Кристина Атовска, единствената новинарка од Македонија која што известуваше од бојното поле во Украина. Во докуметарецот наречен Приспивни сирени, Атовска ги истури сите нејзините прикриени емоции од тоа што го посведочила таму. Документарниот филм веќе освои низа светски филмски признанија, а премиерата ја имаше во Скопје на 27 февруари. Атовска од Украина се ...
Во рамки на Сinedays, денес во 16:30 часот, во МКЦ ќе биде прикажан документарецот на Кристина Атовска, единствената новинарка од Македонија која што известуваше од бојното поле во Украина. Во докуметарецот наречен Приспивни сирени, Атовска ги истури сите нејзините прикриени емоции од тоа што го посведочила таму. Документарниот филм веќе освои низа светски филмски признанија, а премиерата ја имаше во Скопје на 27 февруари. Атовска од Украина се ...
Од летните дестинации што вредат да се посетат денес го издвојуваме Тунис, најсеверниот град во Африка. Она што може да го најдете тука се одлични плажи, тиркизно море, богата култура и непроценлив пејзаж. Доколку се одлучите за овој град, наминете во Сиди Бу Саид, место што се наоѓа на северот од Тунис, оддалечен околу 20 минути. Она што е интерсно кај него е тоа што неодоливо потсетува на Санторини и сличните на него градови во Грција. И тука, ...
Неделата на висока мода во Париз ни приреди врвно модно шоу и овојпат. Секој дизајнер на свој начин раскажа модна приказна. Уште еднаш посведочивме на големиот талент на Скијапарели, Диор, Џамбатиста Вали, Шанел, Армани, Баленсијага, Валентино, Жан Пол Готје... Но, и уличните изданија не беа воопшто за потценување. Впрочем Париз секогаш ја дише модата, со првиот утрински зрак па сè до ведрото ѕвездено небо. Фустани во секаков дизајн, џинс, бели ...
Марија Валдес е модна блогерка која има повеќе од 700.000 следбеници на Инстаграм. Таа мајсторски креира стилски комбинации, а омилени и се здолништата, коишто ги комбинира со различни парчиња. Нејзиниот стил е во знакот на отменоста, лежерноста и елеганцијата, истовремено потенцирајќи ја безвременската естетика. Марија умее да создаде минималистички спојки од софистицирани материјали во нежни нијанси. Белата е нејзин фаворит без разлика за кое ...
Барби манијата е во полн ек, а главната актерка Марго Роби со широка насмевка го промовира филмот за легендарната барбика низ светските метрополи. Во Barbie покрај преубавата Роби, ги гледаме и Рајан Гослинг, Вил Фарел, Хелен Мирен, Америка Ферера, Дуа Липа и др. Филмската екипа досега ги посети САД, Австралија, Мексико, Јужна Кореја.. За сето ова време стилистот на Марго, Ендру Мукамал, се грижи актерката да остане доследна на ликот што го ...
Кога станува збор за костим за капење, Салма Хаек може слободно да ни држи лекции. Иако е длабоко навлезена во шестата декада холивудската актерка изгледа феноменално и инспирира многу дами од секоја возраст. Таа често знае да сподели фотографии покрај базен, на некоја егзотична локација, облечена во бикини, а фановите секогаш реагираат со воодушевување. Без разлика дали носи дводелен или едноделен костим, Селма е поим за природна заводливост. ...