
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Август е за лелеави фустани, транспарентни ткаенини, романтични дезени и лежерни кроеви. Август е и за песочни нијанси и за сончеви тонови. Модата во август има некој посебен шарм доловен преку убава и пријатна летна енергија. Тому затоа и сме послободни во изборот на облека: од опуштени линии до мини должина, преку пастелни бои до сламени детали. Еве го нашиот избор на 31 комбинација која секој ден од август ќе ви го направи стилска ...
Исончаниот тен е она што многумина сакаат да го постигнат за време на летото. Кожата првенствено треба да е здрава, чиста и да изгледа убаво. Грижата треба да биде на прво место, а потоа да се потрудиме за тенот. Оние кои го сакаат сончањето, сакаат и тенот подолго да им трае и секако повеќе да го истакнат. Боите што можеби најмногу одговараат со исочан тен се топлите нијанси од типот на корално црвена, портокалова и светло жолта. Тука можеме ...
МОДА и АРХИТЕКТУРА... Модата и архитектурата заедно му даваат форма, суштина и визија на светот околу нас. Каде што модата ја пресретнува архитектурата, креативноста и визионерството не познаваат граници. Динамичната интерпретација на линии, текстури и форми е релација меѓу модата и архитектурата толку есенцијална, што е силно присутна во секојдневието. И во времето и во просторот. И естетски и функционално. Овие два различни света, на многу ...
Дали би пробале бургер-сладолед? Можеби е тешко да си замислите како воопшто може да постои нешто такво, но додека вие се прашувате една продавница за сладолед во Макарска веќе на големо го продава овој специјалитет. Местото се вика едноставно Ice cream shop и изобилува со најразлични вкусни сладоледи како бадем со фстаци и темно чоколадо, смокви и лимон. Освен тоа има и сладоледи без глутен, вегански варијанти како и посебен сладолед за ...
Ким Кардашијан уште еднаш го привлече вниманието на сите, овој пат благодарение на најскапата чанта на светот, која ја понесе со себе на фудбалски натпревар. Ријалити ѕвездата отпатува дури до Осака Јапонија, каде го следеше натпреварот помеѓу ПСЖ и Ал-Наср. Ким секогаш знае како да биде во центарот на случувањата, а нејзината Хермес Хималаја Биркин чанта даде екстра доза на луксуз на навидум едноставниот аутфит. Чантата инаку е една од ...
Мишел Јо, актерката која годинава го понесе оскарот за најдобра женска главна улога за нејзината изведба во Everything Everywhere All at Once, стапи во брак со својот избраник. Интересно е тоа што Јо и поранешниот директор на Ферари Жан Тод, беа свршени уште од 2004 година. Поминаа 19 години пред парот конечно да размени брачни завети. Мишел 60 и Тод 77, кои се верија по само два месеци врска, ја одбраа Женева како место за нивната ...
Она што ни треба во лето е удобна и лесна облека во која ќе можеме слободно да се движиме. Тука на сцена стапуваат таканаречените палацо панталони кои се одлична спојка на лежерност и елеганција. Ја издолжуваат фигурата и носат доза на префинетост. Без разлика дали негувате минималистички стил или ве привлекуваат боите и дезените, палацо панталоните ќе најдат место во вашиот стајлинг. Елегантниот крој по којшто се препознатливи ги прави совршени ...
Некогашниот дом на легендарниот дизајнер Хјуберт де Живанши, со сета своја француска елеганција е на листата најпосакувани места за изнајмување на Airbnb. Апартманот, во којшто живееше модниот аристократ се наоѓа во Венеција, a веб страната за патувања Condé Nast, го стави на листата Најдобри преноќишта во Италија. Умешното преплетување на современите стилови и единствената традиција на италијанскиот град го прави овој простор примамлив за ...
Честопати ја забораваме моќта на природата сè додека таа на некој начин не нè потсети на нејзината грандиозност. Понекогаш силата доаѓа во форма на непогода која што може да ни го разниша светот за час, но природата знае да биде и многу дарежлива, да ги надмине смртните уметници создавајќи неверојатни ремек дела. Од сите нејзини креации денес ќе одвоиме малку време да се восхитуваме на неколку острови што таа ги распослала онаму каде што мислела ...
Романтика, лежерност и лето опишани во една комбинација? Бел аутфит нагласен со сламени детали. Врв на летната софистицираност. И покрај плажа и на жешкиот градски асфалт. Целосно бели комбинации со пријатни и лесни ткаенини, акцентирани со сламени модни додатоци се секогаш сигурен избор за лето и од практичен и од естетски аспект. За овој викенд, одберете токму таков изглед, а ние ве инспирираме со неколку супер идеи. Фото: Пинтерест ...
Американско-кубанската пејачка Камила Кабејо со својата последна фотосесија за потребите на магазинот Ellen Von Unwerth е дефиниција за сексапил. Дваесет и шест годишната темнокоса девојка реши да позира топлес криејќи ги градите со рацете и заведувајќи со погледот. На фотографиите кои Камила ги објави на Инстаграм пејачката позира во неколку различни стајлинзи. Ја гледаме во проѕирна црна наметка, во бела тоалета со тул, како и тиркизен блејзер ...
Овој бренд, основан од страна на Kilian Hennessy, наследникот на познатото семејство кое го произведува познатиот коњак Hennessy, ни носи извонредно богатство на ароматични доживувања низ мирисите кои се неодоливо интригантни и привлечни. Kilian Hennessy е внук на коосновачот на најголемата светска групација на луксузни брендови LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy). Со такво потекло, Kilian Hennessy после студиите за јазици на Сорбона и неколку ...
Во последно време модата се насочи кон широки модели фармерки како на модните писти така и на улиците. Тука можеби се наѕира одредена носталгија кон 2000-те години кога ова парче облека беше must have. Денес кроевите се пошироки, струковите се спуштаат подолу, а рабовите се до подот. Помеѓу дизајнери кои годинава им оддадоа чест на широките фармерки беа Живанши, Бурбери и Ботега Венета, кои со своите тексас модели покажаа дека трендот е повторно ...
Иако престојува повеќе од една година во далечната Азија, нашиот убавец Христијан Стојаноски – Крис, не застанува со големи проекти и ангажмани. „Помеѓу последните негови поголеми модни успеси ги извојуваме кампањата за спортскиот бренд Фила како и модниот едиторијал за престижниот магазин Даман. Фотографиран во најмагичните паркови на Џакарта – Индонезија, нашиот Крис ги носеше фантастичните парчиња на Dior, Hermes, Louis Vuitton и Prada. ...
Високите температури не му влијаат благотворно на телото и секој се труди на свој начин да ги преживее 40+ степени. Често посегнуваме по течности и храна што хидрира со цел да ја изгаснеме жедта, односно да спречиме дехидрирање на организмот. Знаме дека водата е секогаш број еден во борба против горештината, но дали знаете што треба да се одбегнува кога е времето е многу жешко? Одоговорот во продолжение. Кафе и чај Иако звучи малку веројатно, ...
Кога станува збор за модни комбинации има два типа на дами, оние кои ја сакаат класиката и не експериментираат и оние кои не се плашат да испробаат нешто смело. Денес ќе споиме бои за кои мислевте дека не се комбинираат, но и такви кои одамна си го нашле својот "партнер". Модните блогерки се секогаш тука за инспирација, а нивните спојки се добредојдени кога немаме идеи. Црната и белата се секогаш идеални една со друга. Тие бои се безвременски ...
Резиденцијата на Ив Сен Лоран во Мароко, каде што легендарниот дизајнер честопати престојуваше со својот партнер Пјер Берж, доби нова намена. Таканаречената вила Мабрука, што на арапски значи "среќна вила", стана хотел. Лоран го купи имотот уште во 1990-та година, а заедно со Берж дадоа насоки да се уреди во стилот на 50-те со доза на ексцентричност. Вилата која со децении беше скриена од љубопитните очи сега ќе биде отворена за гости. ...
Дамата која стои зад Инстаграм профилот @fusunlindner не импресионираше со својот беспрекорен стил. Без разлика за каква прилика станува збор таа едноставно со леснотија изгледа прекрасно. Фусун ги спојува елеганцијата и модерниот изглед со безвременски парчиња. Класични кошули, панталони и неутрални бои, софистицирани фустани заедно со тренди чанти и сандали се модните парчиња на кои оваа блогерка најмногу става акцент. Издвоивме неколку добри ...
Џеј Ло знае како да приреди добра забава. Латино дивата пред неколку дена го прослави својот 54-ти роденден со пријатели, малку танцување на маса, секси фотографи во бикини и честитки од сите страни. Таа ги воодушеви своите фанови на Инстаграм со нејзиното позитивно расположение и секако одличната фигура што опасно им конкурира на многу помладите колешки. Џенифер внимава на своето тело и е многу посветена на специјална фитнес програма. Во една ...
Денеска во 56-та година од животот почина ирската пејачка Шинед О'Конор, пренесуваат странските медиуми. Музичката легенда почина по долгогодишна борба со менталното здравје и година ипол по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн. Стекна светска популарност во 1990 година со нејзиниот голем музички хит „Nothing compres to you". Таа јавно говореше за нејзиното тешко детство во проблематичното семејство. Нејзините родители се развеле кога имала ...
На Инстаграм профилот @stylerior, сите вљубеници во минималистичкото ентериерно уредување, ќа наидат на возбудлива инспирација. Бесконечен „грид" со фантастично концептуализирани ентериерни решенија што ја следат софистицираната минималистичка естетика. Едноставни и елегантни форми, суптилна колор карта, комбинација на природни материјали, топли тонови, изобилство на природна светлина, модернистички детали... Доколку планирате преуредување на ...
Ако некогаш сте за запрашале која е најголгата плажа во Европа и каде се наоѓа, одговорот малку појужно од нас. Станува збор за грчката плажа наречена Монолити која што се простира на цели 22 километри во пределот Превеза во западниот дел на Грција. Започнува од местото Митикас на север па се до селото Кастросикиа на југ. Самото име Монолити преведено од грчки значи "еден камен", а се однесувало на карпа што се издигнувала десет метри над морето ...
Кога зборуваме за летна облека во која се чувствуваме максимално убаво и комотно, не смееме да го заборавиме фустанот на преклоп. Токму ова парче облека може да го носи секоја жена, од причина што се прилагодува на секаква фигура. Можеме сами да го контролираме затегнувањето и со тоа да добиеме модел каков што сакаме. Фустаните на преклоп се удобни и можат да се носат во секакви прилики, од утро до вечер. Најчесто се прават од лесни материјали, ...
Ракотворбите од нашата традиција и плетенините што ги изработуваа нашите баби, во модниот свет оживуваат во една сосема поинаква димензија. Тенденцијата „плетките на баба" ова лето ги ужива своите нови „5 минути". Техниката на деликатни, нежни плетки со памучен, односно свилен конец, интерпретирани во различни форми, не е нешто непознато во моден контекст, но дефинитивно ова лето доживува ренесанса. Плетенините оваа сезона стануваат заедничка ...
Славните ја имаат таа привилегија да летуваат каде сакаат, па така најдобрите летни дестинации се секогаш на нивната листа. Од Италија и Франција, па сè до Филипини и Порторико, познатите актери, ријалити ѕвезди, музичари и спортисти уживаат во некои од најегзотичните места на планетава. Софија Вергара реши да замине за Италија по разделабата од сопругот, Хајли и Џастин Бибер летуваа во Франција, Камила Кабејо го одбра Порторико, а Кристијано ...
Таа беше една од оригиналните супермодели од 90-те. Заедно со Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарглингтон, Клаудија Шифер беше и сè уште е голема инспирација за младите модели и модните дизајнери. Нејзиниот изглед како снежна кралица, беше еден од најдоминантните на модните писти и списанијата. Продорни сини очи, широка насмевка, златни кадрици и секако извајана фигура и ден денес се заштитен знак на Шифер. За точно еден ...
Том Форд во ноември 2022 година, го продаде својот бренд на компанијата Есте Лаудер за 2,8 милијарди долари, а во април годинава ја презентираше и својата последна колекција како креативен директор. Со овој потег легендарниот американски дизајнер започна нова ера за модниот бренд Том Форд, каде на главната позиција како креативен визионер останува до крајот на годината, а потоа го наследува Питер Хокингс, кој досега беше главен дизајнер на ...
Дизниевата Снежана ќе добие нова филмска адаптација. Сепак, уште од стартот на снимањето филмот наиде на низа контроверзии. Голем дел од коментарите се однесуваат на менувањето на оригиналната приказна. Имено во оваа верзија, која ќе биде мјузикл, ќе нема седум џуџиња туку седум магични суштества, со различна големина, етничка припадност и пол. На негодување наиде и главната актерка, 22 годишната Рејчел Зеглер, која има латиноамериканско ...
Инстаграм профилот @sansnovazuhause зад кој што стои млада креативка од Хамбург, ни овозможува да видиме како изгледа ентериер уреден во уметнички стил. Пастелни бои во нежни нијанси, уметнички дела, рестарвиран мебел и внимателно одбрани детали. Освен тоа просторот го карактеризираат и високи тавани и минималистички пристап на уредување. Совршена комбинација на едноставни дизајнерски предмети со уметнички дела и рачни изработки. Во станот се ...
Костимите за капење се составен дел од летото. Иако ги носиме краток период, сепак тие се важен дел од летната гардероба. Како и секојдневната облека така и костимите сакаме да ни се удобни, убави и да одговараат на нашата фигура. Едноделни или дводелни, изборот е ваш. Ги има во толку многу варијанти и бои, од едноставниот црн костим за капење, до кропиран модел, костими на риги, во цветни дезени, со панделки, карнери... За денес одбравме ...