Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Интер беше подобар од Јувентус со 2-1 на пријателскиот натпревар што се одигра во Перт, меѓутоа без разлика на победата тренерот Кристијан Киву воопшто не е задоволен од она што го прикажале неговите избраници на теренот. Алајбеговиќ дебитираше, Интер го реши Јувентус на тестот во Перт (ВИДЕО) Димарко и Диуф стрелаа по еднаш во двете полувремиња, додека во самиот финиш Јуве дојде до почесен погодок преку резервистот Консеисао. -Секогаш ...
Тренерот Џан Пјеро Гасперини се уште ги чека посакуваните засилувања во Рома, но во меѓувреме управата заврши една добра работа и ја продолжи соработката со еден од асовите со најдолг стаж во клубот-Лоренцо Пелегрини. Заменик капитенот на „волчицата“ одлучи да остане во Рим иако имаше понуди и од други екипи со договор до 2027 година. -Како фудбалер кој ги помина сите младински категории на академијата на Рома, Пелегрини ќе ја продолжи ...
Фудбалерите на Челси издвојуваа убедлива победа над Милан од 3-0 на пријателскиот меч што се одигра во Џакарта. Ова беше соочување во кое премиерлигашот издоминира и ги покажа сите слабости во играта на „росонерите“. Иако е само пријателски меч, Рубен Аморим го очекува уште доста работа во Милан ако екипата сака да биде компетитивна и на ниво во натпреварувачката 2026/2027. Бразилскиот интернационалец Жоао Педро даде два гола, но најубавиот ...
Напаѓачот Феран Торес е на излезна врата од шпанскиот шампион Барселона и само е прашање на време, денови можеби и часови кога и официјално ќе заврши неговата приказна на „Камп Ноу“. Човекој кој на Шпанија и ја донесе титулата на последното Светско првенство сака да ја напушти сегашната средина, клуб со кој има договор до 2027 година. Барселона нема да му стои на патот, ама ќе мора да ја добие сумата што ја посакува од страна на Пари Сен ...
Тешки и болни денови за семејството Меси, а причината за тоа е смртта на Хорхе, таткото на Лионел, актуелната ѕвезда на Интер Мајами. Човекот кој беше најзаслужен за кариерата на Лео некое време имаше здравствени проблеми, болест со која долго време се бореше, борба која не успеа да ја добие и неговото срце престанало да чука во 68. година од животот. Тој починал вчера во болница во родното Розарио. Инаку Хорхе има одиграно клучна улога за ...
Керим Алајбеговиќ и Рандал Коло Муани (втор мандат) дебитирааа за Јувентус, но и овие двајца не беа доволни за „старата дама“ за да оставри позитивен резултат на тест натпреварот против Интер во Перт. Интер издвојува триумф на овој контролен меч што се одигра во Австралија со 2-1 и со тоа испрати порака до големиот ривал дека тие одново се екипата која ќе диктира темпо во италијанскиот фудбал. Димарко и Бони погодија во 20 и 62 минута, додека ...
Рикардо Калафиори од 2024 година е дел од Арсенал, тим со кој минатата сезона успеа да стане шампион на Англија. Сега во Лондон пристигна уште еден Италијанец, репрезентативец и тоа Сандро Тонали кој потпиша за Тотенхем. „Топчиите“ и „петлите“ се огромни ривали, а ова дефинитивно ќе донесе ривалство и кај Рикардо и Сандро на кое дефанзивецот му се радува. -Ми претставува големо задоволство. Со Сандро ќе биде прекрасно дерби, секако се надевам ...
Хулијан Алварез набрзо ќе им се врати на обврските во Атлетико Мадрид, клуб од кој јавно побара да си замине во месец јуни за време на Светското првенство. Барселона е најзаинтересиран клуб за неговите услуги, во позадина шанса гледа и Арсенал, меѓутоа Атлетико си има свој план, стратегија за Аргентинецот од која не остатува. „Колчонеросите“ во повеќе наврати порачаа дека воопшто не планираат продажба на напаѓачот, а дека ништо не е променото ...
Клубовите се уште имаа можност и слобода да прават потези во текот на овој летен преоден рок, но како и секогаш се случуваат чудни и необички ситуации, па пропаѓаат и договорени зделки. Токму тоа се случи со косовскиот репрезентативец Фисник Аслани кој низ целото ова лето се споменува како потенцијално засилување за Барселона, но тој Хофенхајм требаше да го замени со РБ Лајпциг и да му стане соиграч на нашиот Елиф Елмас. Се беше договорено, ...
Екипата на Кожув официјализираше уште едно засилување за сезоната 2026/2027, засилување кое доаѓа од соседството и тоа од Србија. Клубот од Гевгелија е посилен за 30-годишниот Стефан Симиќ, искусен бек кој во новата средина доаѓа од Слобода Ужице. Во минатата сезона одиграл 32 средби во КЛС (првенството на Србија) со просек од 12,7 поени, 4 скока и 4,2 асистенции. Во кариерата има настапувано и за Мега Баскет, Младост Земун, Вршац и Сутјеска. ...
Англискиот шампион Арсенал официјализираше уште еден трансфер во овој преоден рок, па на листата на новајлии на која се Христос Цолис и голманот Илан Мелие сега е додадено уште едно име, најзвучно засилување Бруно Гимараеш. Бразилскиот репрезентативец доаѓа на „Емирејтс“ во операција вредна 75 милиони фунти, договор со важност до 2030 година со опција за уште една сезона. -Овој трансфер е многу тежок бидејќи Њукасл ми значи многу. Но, сакав ...
Наполи доби нов тренер во Макс Алегри, а неминовно ќе има и променет состав, за кој искусниот стручњак се надева дека ќе подбразбира и поквалитетен избор за сезоната која следува. Менаџментот и натаму има свои активности во рамките на преодниот рок, а сега прва цел е дефанзивецот на Челси, Беноа Бадиашил. Двата клуба веќе ги отвориле преговорите, а главен проблем е фактот што премиерлигашот инсистира на класичен трансфер, додека Наполи сака ...
Германскиот шампион Баерн Минхен веќе најави дека очекува неколку членови на првиот тим да си пронајдат нова средина во овој преоден рок, а еден од нив е Жоао Палиња. Португалецот не е дел од плановите на тренерот Венсан Компани, а се чини дека неговиот агент веќе пронашол клуб кој е подготвен да ја плати трансфер сумата која ја бара бундеслигашот. Се работи за амбициозната Астон Вила, односно менаџерот Унај Емери кој дал зелено светло да се ...
Андони Ираола го презема Ливерпул и ќе се обиде да го трансформира стилот на игра во она што се покажа како успешен концепт додека го водеше Борнмут, а основа на истиот се крилните фудбалери. Токму поради тоа, Ливерпул се обидува да го ангажира Бредли Баркола од ПСЖ, фудбалер кој веќе освои многу трофеи и две европски титули со францускиот клуб, а самиот не е задоволен од минутажата која ја добива. Конкуренцијата во ПСЖ е жестока, па Баркола ...
Пријателскиот натпревар меѓу Монако и Хетафе ќе биде запаметен по еден невнимателен старт на домашен фудбалер и сериозната повреда која ја заработи играч на шпанскиот тим. Се работи за Кристантус Уче, нигерискиот фудбалер кој се обидуваше да се наметне за време на подготовките, но заработи сериозна повреда на коленото по многу невнимателен и непотребен старт на Кристијан Мависа. Првите проценки беа дека повредата на Уче не е толку сериозна, ...
Рома обезбеди место во Лигата на шампионите во првата сезона под водство на Џан Пјеро Гасперини, но тренерот на „волчицата“ воопшто нема лесно лето додека ги води подготовките за новата сезона. Италијанските медиуми тврдат дека искусниот стручњак е лут на раководството, кое не успева да ги доведе потребните засилувања, а просторот за влечење потези се намалува со секој поминат ден од преодниот рок. „Газета дело Спорт“ тврди дека Гасперини ...
Челси и Енцо Фернандез би биле две задоволни страни доколку Аргентинецот пронајде нов клуб до крајот на преодниот рок, но високата трансфер сума не остава премногу голем простор за агентот на играчот за врска. Сепак, последните информации од Англија велат дека аргентинскиот репрезентативец сега е интересен за Манчестер Сити, клубот кој може да се реши да инвестира во овој трансфер по најавеното заминување на Родри. Фернандез директно и ...
Џани Инфантино се бори да ја задржи претседателската функција во ФИФА, но по контроверзниот проект за продажба на правата на светските првенства, сега треба да се објаснува и за наводна љубовна афера од периодот кога беше висок функционер во УЕФА. Инфантино беше генерален секретар на УЕФА од 2009 до 2016 година, а „Дејли Телеграф“ објави дека во тој период тој бил во љубовна врска со вработена во Европската фудбалска федерација, на која ...
Александер Сорлот е на трансфер листата на Атлетико Мадрид и шпанскиот клуб се надева дека ќе добие соодветна понуда за него, за потоа да ангажира друго име во својот напад. „Марка“ тврди дека агентот на Норвежанецот веќе е во потрага по посакувана финансиска понуда за својот клиент и Сорлот е на излезна врата од Атлетико, што би значело и отворање простор за ново име во составот на Диего Симеоне. Клубот кој ќе плати околу 40 милиони евра ќе ...
Родри даде зелено светло за преговори меѓу Барселона и Манчестер Сити, потенцирајќи дека сака да се пресели во редовите на шпанскиот шампион, па раководството на Каталонците сега треба да ги убеди колегите од Англија за комплетирање на трансферот. „ЕСПН“ тврди дека шпанскиот клуб веќе испратил прва понуда до Сити за најдобриот играч на последниот мундијал, но таа понуда била експресно одбиена. Клубот засега не открива детали, но овој медиум ...
Милан фати целосно нов правец со Рубен Аморим како нов тренер и од него се очекува да внесе свежи идеи кои ќе ги натера фановите што побрзо да ја заборават разочарувачката сезона, па иако тимот не е ниту далеку од комплетиран, „росонерите“ оставаат простор за нови играчи и со потези кои се од круцијално значење за олеснување на буџетот. Италијанскиот великан му го раскина договорот на Дивок Ориги на крајот на 2025-та година и се ослободи од ...
Роналд Араухо минатата година одби да направи трансфер и го продолжи договорот со Барселона во месец јануари, па иако се очекуваше да следи период во кој ќе се врати во главна улога во дефанзивната четворка на каталонскиот гигант, реалноста покажа дека Ханси Флик повеќе им верува на други фудбалери. Араухо имаше и проблеми од психолошка природа минатата сезона и замина на духовно патување со цел да се ресетира, па иако сезоната ја заврши како ...
Реал Мадрид има навистина квалитетен летен преоден рок, но јасно е дека не може да го добие сите трансфер битки и токму тоа се случи со шпанскиот репрезентативец Родриго Ернандес Касканте. Родри долго време се споменуваше како сигурно засилување за „кралевите“, играч за кој само прашање е на време кога ќе пристигне на „Бернабеу“, меѓутоа се случи пресврт и сега најдобриот фудбалер на Светското првенство кое се одигра оваа година е пред ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе првиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ и тоа од селекцијата на Исланд. Кадетите го претрпеа првиот пораз на Европското првенство Ова беше меч на кој се надевавме на подобар резултат, меѓутоа доживеавме неуспех за кој селекторот Дејан Стојановски веднаш ги пронајде причините. -Очекувавме физички многу силен противник, но не успеавме навреме да се адаптираме на ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над селекцијата на Катар од 36-24 на првиот тест натпревар на подготовките за новата сезона. Ова беше прв меч за „зелено-белите“ под водство на Лино Червар, а истиот беше и интересен, специфичен затоа што на другата клупа беше Веселин Вујовиќ, двајца стратези кои добро се познаваат и имаа многу битки во минатото. Пелистер беше доминантен, првото полувреме го доби со 18:12 за да потоа ја ...
Манчестер Сити одлучи да се раздели со Џејмс Трафорд во овој преоден рок или поточно му дозволи на англискиот репрезентативец да направи трансфер во Лидс Јунајтед за 45 милиони фунти. Ова значеше дека Сити ќе мора да се вклучи на пазарот и да побара соодветна замена за него, голман кој ќе му биде поддршка на Џанлуиџи Донарума. Премиерлигашот се одлучи за проверено и искусно име, 34-годишен аргентински интернационалец Херенимо Рулји. Рулји ...
Милан се подготвува за новата сезона, а под водство на новиот тренер Рубен Аморим главната амбиција не е само Топ 4 пласман, туку и обид да се освои скудетото. Барем така тврди португалскиот стручњак, според кого „росонерите“ можат да се борат за враќање на титулата во своја сопственост. – Ние сме Милан и не можеме да влеземе во сезоната без да најавиме дека ќе се бориме за Скудетото. – Знаеме дека ќе биде тешко, имаме многу работа, но кога ...
Европскиот шампион ПСЖ е блиску до комплетирање на трансферот на голманот Зион Сузуки, а француските медиуми тврдат дека преговорите се во финална фаза и потврдата може да пристигне викендов. Јапонскиот репрезентативец импресионираше со својата форма на голот на Парма, но и со настапите на светското првенство, па Луис Енрике го одредил како посакувана аквизиција за иднината на ПСЖ. Парма ќе добие околу 35 милиони евра за Сузуки, но интересно ...
Новата сезона подразбира враќање на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, но и предизвик за менаџерот Мајкл Карик да ги потврди резултатите постигнати откако ја презема функцијата минатата сезона. Менаџирањето на составот во рамките на актуелниот преоден рок е и една од најодговорните работи за Карик и раководството, а тие заедно донеле одлука да го испратат Алтај Бајиндир на заем во Селта Виго. Турскиот голман се сели во Ла Лига, каде ...
Џани Инфантино е под голем притисок и се обидува да обезбеди доволна поддршка за да избегне смена од претседателската функција во ФИФА, а неговото лобирање последните денови даде одредени резултати, за кои не е јасно дали се доволни да добие нов мандат. Проектот за продажба на дел од правата за светските првенства на приватни инвеститори ја прели чашата кај УЕФА, па и покрај информацијата дека ФИФА се повлекла од контроверзната идеја, ...