Масовниот четиридневен настан на ФИБА, Европската минибаскет конвенција и курс за тренери, заврши со огромен минабаскет хепенинг во неделата во Скопје. Конвенцијата, која е годишен настан организиран од ФИБА Европа во соработка со програмата „Кошарка за добро“ на Фондацијата ФИБА, по прв пат беше домаќин на Кошаркарската федерација на Македонија. На фестивалот учествуваа над 300 деца од 50 младински клубови, кои се натпреваруваа и учествуваа ...

Над 700 дечиња беа дел од „Денот на спортот“ во Охрид. Плазма Спортските игри за млади и езерскиот град се покажаа како совршена комбинација. Токму покрај Охридското Езеро беше испратена порака преку „Zero Waste“ – „Биди дел од играта – да ја заштитиме нашата планета“. Охрид е град на УНЕСКО со богата историја, со културно и историско богатство. Ова е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, ...

Тотенхем едвај избори опстанок во англиската елита и тоа беше јасен сигнал дека мора да се направи мал ремонт во тимот, сето тоа водено и диригирано од италијанскиот стручњак, Роберто Де Ѕерби. Амбициозниот Италијанец прифати да го преземе Тотенхем во најлоша состојба и успеа во намерата да избори опстанок во Премиер лигата, па сега како човек кој добива голема доверба од водечките луѓе на клубот, оперативците брзо сакаат да му ја исполнат ...

Јуриен Тимбер се повреди во клучен дел од сезоната и не можеше да му помогне на Арсенал на најважните натпревари во месец април и мај, но иако направи кам-бек на големото финале во Лигата на шампиони, испадна дека натпреварот го завршил со заработена нова повреда. Десниот бек здоби повреда на препоните и со таква дијагноза се пријави на првиот собир на холандската репрезентација, но денеска стана познато дека тој нема да може да им помогне на ...

Репрезентацијата на Македонија до 20 години денеска одигра контролен натпревар против своите врсници од САД во Бугарија, а средбата на крајот заврши со резултат 0:2. Избраниците на селекторот Александар Таневски ги тестираа силите и направија проверки за тоа во која форма се играчите, па без оглед на поразот, треба да се извлечат позитивни заклучоци од оваа контролка. Македонија му парираше на фаворизираниот ривал и двапати потпаѓаше во ...

Кристијан Ериксен успешно се опоравува од колапсот кој го доживеа на вчерашниот пријателски натпревар против Украина, а после објавата која ја имаше данскиот доктор за неговата стабилна состојба, сега самиот фудбалер се огласи преку социјалните мрежи. Ериксен откри дека ја напуштил болницата во Оденсе и дека е пуштен на домашно лекување, па сега ќе мине краток период надвор од фудбалските терени, заедно со своето семејство на летен одмор. ...

Флавио Коболи понуди голема борба во своето прво грен слем финале кое го одигра, но на крајот мораше да му подаде рака и да му честита на подобриот ривал, Александер Зверев. Италијанскиот тенисер ги оправда очекувањата на фановите и направи финалето да биде целосно возбудливо во пет одиграни сета, па иако на крајот немаше причини да се радува, остави пример за тоа како еден професионалец треба да се однесува во пораз. Коболи џентлменски го ...

Франција играше две финалиња на последните две Светски првенства, а Дидие Дешамп има за цел да биде дел и од трето во низа пред да се одјави како селектор на репрезентацијата. Искусниот стручњак ги избра 26-мината кои ќе патуваат за САД на мундијалот кој почнува за три дена, но во пресрет на поселдниот тест кој ќе го имаат „триколорите“ вечерва со Северна Ирска, во јавноста кружи и една храбра изјава на Рајан Шерки. Ѕвездата на Манчестер Сити ...

Вардар стави крај на својот краток одмор и веќе денеска ги започна подготовките за тоа што следи, односно европските возбудувања ова лето како македонски шампион. Најдобриот тим во Македонија за сезоната која измина најави неколку важни засилувања до почетокот на евро-обврските, а првиот работен ден во месец јуни го стартуваше со голема „бомба“. Вардар потврди дека го ангажира најдобриот играч од редовите на Силекс како големо засилување за ...

Рожер Федерер е последниот тенисер кој ја има одбрането титулата на Ју-Ес Опен и тој рекорд ретко дека некој ќе може да му го собори, бидејќи Швајцарецот ја освојуваше титулата во Њујорк пет години во низа, од 2004-та до 2008-ма година. Тенискиот маестро од Базел испиша неверојатно историја во Њујорк, а како легенда која последниот официјален настап го имаше во 2019-та година, повредите направија да не се одјави онака како што замислува. ...

Еден пораз и една победа е учинокот кој го оствари македонската одбојкарска репрезентација на стартот на Европската лига за оваа година, а воведниот турнир се играше изминатиот викенд во нашата земја. Фаворитот Холандија ја оправда улогата на најдобра селекција и запиша две победи, додека по воведниот пораз од „лалињата“, Македонија ја оствари зацртаната цел и запиша триумф над Луксембург. Половичниот учинок е нешто што се очекуваше од овие ...

Паоло Ваноли беше најзаслужен за тоа што Фиорентина мирно ја приведе сезоната до крај, особено во ситуација кога тимот сериозно беше загрозен за премин во понизок ранг во првиот дел од сезоната. Ваноли успеа да ги стабилизира „виолетовите“ и на крајот мирно обезбеди опстанок, но по финишот на сезоната, двете страни не ја продолжија соработката. Фиорентина е еден од низата клубови во Италија кои почнуваат нов проект со нов тренер, а денеска ...

Од 12 до 14 јуни на едно место ќе ве бидат собрани најдобрите каратисти од планетава тоа место ќе биде Рабат, Мароко, каде ќе се одржи четвртата и последна Премиер лига за сезоната 2025/2026, најпрестижното натпреварување во светското карате, на кое настапуваат само најдобрите 32 каратисти во светот во своите категории. По турнирите во Истанбул, Рим и Лешан, светскиот карате крем ќе се собере во Рабат на големото финале на сезоната, каде што ...

Дивок Ориги своевремено беше еден од „џокерите“ на Јирген Клоп и постигна голем број важни голови како член на Ливерпул, па токму поради тоа, беше најавен како супер засилување за Милан во 2022-ра година. Белгискиот напаѓач пристигна како слободен агент и поради тоа доби висока плата од 4 милиони евра по сезона, но многу брзо по воведната кампања во Серија А, Милан како клуб почна да се откажува од него. Златан Ибрахимовиќ и неговите ...

Кристијан Ериксен ја исплаши целокупната светска спортска јавност на пријателскиот меч против Украина кој се одигра вчера во Оденсе, бидејќи неговите соиграчи и навивачите се потсетија на хоророт кој го режираше на „Паркен“ на Европското првенство во 2021-ва година. Пет години по првиот колапс бранејќи ги боите на Данска, Ериксен вчера за момент колабираше и се урна на теренот на средбата против Украина, па повторно беше активиран специјален ...

Александер Зверев конечно ја скрши клетвата и стави крај на сушата за која добива огромни критики, односно освои прва грен слем титула, потфат кои многумина сметаат дека никогаш нема да го оствари. По три неуспешни изданија во финалињата на грен слем турнирите, како среќна за Саша се покажа четвртата шанса, а истата пристигна во финалето на Ролан Гарос. Зверев вчера после голема битка го победи Коболи во пет сета и го подигна првиот грен слем ...

Зад нас е сезоната 2025/2026 во кошаркарската Евролига, сезона во која Олимпијакос беше крунисан за нов крал или поточно ја презема круната од Фенербахче. Доста возбудлива беше изминатава кампања, сезона во која активни беа дури 20 екипи, а по многу битки последниот збор го имаше составот од Пиреја. Сега ќе имаме резиме, Евролигата сигурно ќе излезе со видеа со најдобрите моменти, а една од компилацијата е посветена на победничките шутеви со ...

Роберто Манчини е на добар пат да се врати на големата сцена и одново да работи во Европа и тоа како селектор, пренесуваат медиумите во Италија. Повеќе различни извори излегоа со вести дека Манчини е главен фаворит за биде селектор на италијанската репрезентација, поточно наследник на Џенаро Гатузо кој си замина откако селекцијата не успеа да избори пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Силвио Балдини привремено го водеше ...

Ѕвездата на Пари Сен Жермен и вооедно француски репрезентативец, Усман Дембеле ги издвои фаворитите за пехарот на престојното Светско првенство. Мундијалот во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули и тоа во 16 градови. Франција дефинитивно е во првиот ред за пехарот, но според Дембеле има уште неколку репрезентации кои можат да стигнат до самиот крај на турнирот. -Има многу фаворити, знаеме дека ...

Калчолигашот Јувентус планира да направи сериозни промени во играчкиот кадар во летниот преоден рок, односно се очекува доста активности на пазарот во двата правци, продажба и купување на нови играчи. Јувентус до последен момент се обидуваше да пронајде заеднички јазик со Душан Влахови, но Србинот дефинитивно си заминува од Торино и тоа како слободен фудбалер. Ова значи дека „бјанконерите“ мора да доведат замена, замена која би требало да ...

Вардар и во новата сезона ќе има сериозен спонзор, фирма која ќе биде еден од столбовите за клубот да има добри резултати и да ги нападне сите титули на домашната сцена. Имено обновена е соработката со „Новоматик Македонија“, па „црвено-црните“ ќе добијат поддршка од милион евра. -Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите да упатам благодарнот што Новоматик Македонија беа со нас кога ја почнавме ...

Манчестер Јунајтед треба активно да го нападне пазарот во овој преоден рок, се споменуваат некои имиња, но се уште се чека на конкретен потег, промоција на ново име. Кога се во прашање овие периоди во годината, кога има можности за трансфери има и доста шпекулации и тоа сите добро го знаат кои редовно ги пратат фудбалските настани, случувања. Гери Невил како екс фудбалер на Јунајтед сака одново да го види клубот како е успешен, меѓутоа самиот ...

Хрватска е една од репрезентациите која во континутет играше на високо ниво на претходните неколку Светски првенства, па очекувањата се зголемија и се бараат подобри и подобри резултати. Меѓутоа навистина е знак прашање што овој состав на „коцкестите“ ќе може да направи на мундијалот во САД, Канада и Мексико, двете подготвителни средби за овој настан против Белгија и Словенија покажаа доста слабости без разлика на тоа што овие вторите беа ...

Арсенал по добро ќе ја памети сезоната 2025/2026, години во која по повеќе од две децении ја освои Премиер лигата, а играше и во две финалиња-Лигата на шампионите и Лига Купот. Овој Арсенал потврди дека има квалитет, знаење за големи работи, но и покрај споменатите резултати се очекуваат одредени промени на „Емирејтс“ во летниот преоден рок. Се најавуваат неколку освежувања, ќе има и заминувања, а според Пол Мерсон едно од нив може да биде и ...

Вчера беше заокружен вториот грен слем за оваа календарска година и тоа со триумф на Александер Зверев на Ролан Гарос. Зверев конечно дојде до триумф на најважните четири турнири, титула на грен слемовите со што го разби проклетството и останува да видиме дали ова ќе му донесе дополнителна самодоверба и ќе може да нападне, освои нов пехар од ова ниво во наредниов период. Ова славје и понатаму го остава Германецот на третото место на најновата ...

Флорентино Перез сосема очекувано ги доби претседатлските избори во Реал Мадрид и сега сите навивачи на клубот со нетрпение ги очекуваат неговите потези. Перез веќе го обезбеди Жозе Мурињо како тренер, а договорени се Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, но сега се очекува „бомбата“ која беше најавена и понудата од 150 милиони евра. Флорентино иако не откри за кого се работи, порача дека ќе испрати огромна понуда вредна 150 милиони евра за играч ...

Хари Кејн имаше извонредна клупска сезона со Баерн Минхен и сега желбата е таа форма да ја префрли во репрентацијата со која ќе настапи на Светското првенство. Англија е во група со Хрватска, Гана и Панама што значи има добра почетна позиција да заврши како лидер во групата Л и со тоа најави атак на титулата. Нема да биде лесна таа мисија, ќе биде тешко, незгодно, веќе се поставувата прашања за состојбата на терените, а тука е и жестината, ...

Италијанскиот фудбал има доста проблеми и тоа веќе почнува да го чувствува националниот тим кој трет пат во низа нема да биде дел од најголемиот фудбалски настан-Светското првенство. Меѓутоа Италија е фудбалска земја и сигурно ќе пронајде начин да се врати на вистинските патеки, а дека не е се така црно најдобро докажува Пио Еспозито. „Аѕурите“ во изминативе неколку дена одиграа две пријателски средби против Луксембург и Грција, двете ги ...

Сан Антонио Спарс не успеа да го одбрани домашниот терен на првите два натпревари од финалната серија со Њујорк Никс и со тоа се стави во исклучително тешка ситуација во обидот да дојде до пехарот во НБА лигата. Сега серијата се сели во „Медисон Сквер Гарден“ каде Њујорк ќе има огромна поддршка, а меѓу нив ќе биде и претседателот на САД, Доналд Трамп кој ќе биде присутен на третиот натпревар. Сепак ова не го допира премногу Виктор Вембањама ...

За неколку дена ќе го имаме официјалниот старт на Светското првенство во фудбал, настан кој ќе се одржи во три земји и ќе трае повеќе од еден месец или поточно од 11 јуни до 19 јули. Тешко е да се каже кој е фаворит за титулата со оглед на изедначеноста на националните тимови, поточно можеби може да се говори за група од неколку селекции кои се во прв план да го подигнат трофејот. Италија не е учесник и на ова СП, па легендарниот Фабио Капело ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.42
84%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
82%
1016
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.07
76%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.92
95%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.84
97%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.33
94%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
1.79
46%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.32
71%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.29
66%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.47
80%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
0.89
63%
1018
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
2.13
100%
1014
Currency

61.635

Currency

54.1603

Currency

71.4282

Currency

37.4417

Currency

38.0841

Currency

66.7142

Currency

7.96045

Currency

0.72632

Currency

0.33383

Currency

0.52497

Currency

1.16039

Currency

0.57024

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Бакар

12.43

Платина

52277.11

Алуминиум

3.25

Калај

55.25

Сребро

1995.66

Иридиум

236307.99

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Паладиум

39095.31

Злато

132213.94