Манчестер Сити одлучи да се раздели со Џејмс Трафорд во овој преоден рок или поточно му дозволи на англискиот репрезентативец да направи трансфер во Лидс Јунајтед за 45 милиони фунти. Ова значеше дека Сити ќе мора да се вклучи на пазарот и да побара соодветна замена за него, голман кој ќе му биде поддршка на Џанлуиџи Донарума. Премиерлигашот се одлучи за проверено и искусно име, 34-годишен аргентински интернационалец Херенимо Рулји. Рулји ...

Милан се подготвува за новата сезона, а под водство на новиот тренер Рубен Аморим главната амбиција не е само Топ 4 пласман, туку и обид да се освои скудетото. Барем така тврди португалскиот стручњак, според кого „росонерите“ можат да се борат за враќање на титулата во своја сопственост. – Ние сме Милан и не можеме да влеземе во сезоната без да најавиме дека ќе се бориме за Скудетото. – Знаеме дека ќе биде тешко, имаме многу работа, но кога ...

Европскиот шампион ПСЖ е блиску до комплетирање на трансферот на голманот Зион Сузуки, а француските медиуми тврдат дека преговорите се во финална фаза и потврдата може да пристигне викендов. Јапонскиот репрезентативец импресионираше со својата форма на голот на Парма, но и со настапите на светското првенство, па Луис Енрике го одредил како посакувана аквизиција за иднината на ПСЖ. Парма ќе добие околу 35 милиони евра за Сузуки, но интересно ...

Новата сезона подразбира враќање на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, но и предизвик за менаџерот Мајкл Карик да ги потврди резултатите постигнати откако ја презема функцијата минатата сезона. Менаџирањето на составот во рамките на актуелниот преоден рок е и една од најодговорните работи за Карик и раководството, а тие заедно донеле одлука да го испратат Алтај Бајиндир на заем во Селта Виго. Турскиот голман се сели во Ла Лига, каде ...

Џани Инфантино е под голем притисок и се обидува да обезбеди доволна поддршка за да избегне смена од претседателската функција во ФИФА, а неговото лобирање последните денови даде одредени резултати, за кои не е јасно дали се доволни да добие нов мандат. Проектот за продажба на дел од правата за светските првенства на приватни инвеститори ја прели чашата кај УЕФА, па и покрај информацијата дека ФИФА се повлекла од контроверзната идеја, ...

Новак Ѓоковиќ предложи радикални промени во тенисот за да се зголеми популарноста меѓу младата публика, односно посочи дека е потребна коренита промена која ќе ја задржи новата генерација пред ТВ екраните, но и на трибините. Српскиот тенисер посочи дека треба да бидат воведени промени според кои еден сет ќе се игра до 4 гејма, наместо до 6, побара да се тргне правилото за предност и гејмот да му припадне на оној кој ќе го освои првиот поен ...

Италијанскиот клуб Јувентус доби нова менаџерска структура во оперативниот дел поврзан со трансферите, а резултат на тоа се и последните засилувања кои беа доведени и веќе работат со тренерот Лучијано Спалети. Сепак, на „бјанконерите“ им се потребни дополнителни освежувања во ростерот, а англиските медиуми тврдат дека потенцијално засилување на Јуве е Тиџани Рејндерс. Холандскиот фудбалер не е во најдобра позиција во составот на Манчестер ...

Матијас Јаисле неодамна беше промовиран како нов менаџер на Њукасл, а реално презема голема одговорност откако премиерлигашот продолжи да се откажува од големите ѕвезди и прави поголема реконструкција на тимот. Германскиот стручњак го наследи Еди Хау, кој реши да поднесе оставка на позицијата, а пред медиумите искрено зборувал за капитенот Бруно Гимараеш, кој веќе се збогувал со соиграчите. Бразилецот е пред трансфер во Арсенал, a актуелниот ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ што се одржува во нашата земја. Вчера нашите надежи беа сигурни против Купар, но вечерва се „лизнаа“ во соочувањето со Исланд во Гевгелија. Исланѓаните тримфираа со 87:75, победа која ја најавија уште во првите десет минути кои ги реализираа со 23:10. Потоа го бркавме водство на противникот, дојдовме на минус седум на полувреме и ...

Шкендија Арачиново и Силекс го отворија второто коло во Првата македонска лига и тоа со реми на соочувањето на стадионот во Чаир. Двете екипи постигнаа по еден гол од белата точка, плус еден и беше поништен на гостинската екипа. Шкендија (А) и Силекс одиграа без победник во воведниот меч од новото коло во ПМФЛ Од ФФМ се огласија за клучните ситуации и порачаа дека сите ВАР интервенции биле правилни. Три клучни судиски одлуки на воведниот ...

Екипата на Алкалоид веќе десетина дена е во тренажен процес со тоа што сега новата фаза од подготовките ја извршува во Маврово. Тука клубот од Автокоманда ќе ја подобрува физичката подготвеност за сезоната во која престојат предизвици во Суперлигата, Купот на Македонија и ЕХФ Европскиот Куп, плус регионалната лига. Никола Костески и Мартин Велковски се двајца искусни играчи кои подолго време се во клубот и добро знаат ќе се бара во оваа фаза ...

Поранешниот македонски шампион ЖКК Кам Баскет како и екипата на Про Баскет Кавадарци не добија лиценци за настап во натпреварувачката сезона 2026/27. Ова е последната информација која ја соопшти Кошаркарската федерација на Македонија, вест во кој се вели дека овие два клуба не ги исполниле условите за настап во Првата лига. -Во текот на постапката, двата клуба беа навремено известени за констатираните недостатоци во доставената документација, ...

Реал Мадрид има активно лето и заврши неколку одлични зделки со кои сега новиот тренер Жозе Мурињо има супер тим на располагање, меѓутоа доаѓањето на новите играчи значеше и заминување на дел од досегашните и таков е случајот со Франко Мастантуоно. Фудбалерот за кого Реал минатото лето издвои 45 милиони евра го напушта „Бернабеу“ и се сели на Апенините каде ќе биде дел од двократниот италијански шампион Фиорентина. Се работи за едногодишна ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија влезе во одлична серија на резултати на Европското првенство, настан на кој ја запиша четвртата победа во низа со што официјално сме во најдобрите десет селекции на стариот континент. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски беа подобри од Португалија со 26:25, триумф кој не носи на соочување со Израел во битката за 9. место на шампионатот што се игра во Србија. Ова беше уште еден драматичен ...

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер го составува ростерот со кој ќе настапува во сезоната 2026/2027, состав на кој официјално е додадено уште едно име. Нов член на тимот од Битола е младиот Бојан Димитриев, крилен центар кој доаѓа од редовите на Водно Санса. Димитриев е висок 204 сантиметри, има 20 години и е младински репрезентативец на Македонија. Тој е најновото засилување за тренерот Тане Спасев кој претходно ги доби Камрон ...

Чаби Алонсо го презема Челси и ќе се обиде да ги подобри резултатите на лондонскиот тим, но истовремено се соочува со проблем кој беше реалност и за претходните менаџери на „сините“. Клубот доведе неколку засилувања по барање на шпанскиот стручњак, но сега на располагање во првиот тим има дури 41 играч, бројка која мора да биде намалена до крајот на месецот. Челси може да пријави 25 фудбалери за настап во Премиер лигата, таа бројка може да ...

Трансфер сагата наречена „Винисиус Жуниор“ беше јасно дека ќе заврши до крајот на оваа недела, бидејќи Реал Мадрид како клуб постави ултиматум целата ситуација да биде решена во првите седум дена од враќањето на играчот од летниот одмор по Светското првенство. Иако иницијалните контакти не беа баш најиделани бидејќи Вини ја одби понудата од Реал вредна 22 милиони евра по сезона, наредните два состаноци вродија со плод, а тоа се случило откако ...

Родри полека се дистанцира од Манчестер Сити и се подготвува за нова возбудлива авантура во неговата кариера, па иако се водеше кон тоа дека ќе заврши во Реал Мадрид, денеска дојде до голем пресврт за кој зборува и пишува цела Шпанија. Имено, најдобриот играч на Светското првенство учтиво ја разгледал последната понуда од Реал Мадрид и уште попристојно им одговорил со „НЕ“ на „кралевите“, нудејќи и три причини поради кои ќе му даде предност ...

Аргентина не успеа да ја одбрани титулата на Светското првенство и претрпе пораз од Шпанија во големото финале, но за голем број Аргентинци, многу поважно беше само тоа што се победи во полуфиналето против омразениот ривал Англија. Анхел Ди Марија е еден од оние кои јавно посочија дека за него мундијалот завршил по победата во полуфиналето со Англија и не даде преголемо значење на поразот од Шпанија, а очигледно по тој пример се водат и ...

Филип Костиќ не се изнаигра во Јувентус и ја заврши својата етапа во Торино заедно со Душан Влаховиќ, а искусниот крилен напаѓач како слободен агент сега се одлучи за дестинација која станува се подобра за ветерани. ПСВ Ајндховен доминира во холандскиот фудбал со Петер Бош и тренерот бил една од главните причини за трансферот на „Филипс“ стадионот, но покрај тренерот, многу важна улога одиграл и хрватскиот ветеран кој ужива во холандскиот ...

Европската фудбалската асоцијација го усвои правилото кое го предложи пред два дена, а истото се однесува на важна промена која ќе биде активирана во сите три натпреварувања во Европа. Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига ќе стартуваат со ново правило поврзано за жолтите картони, или поточно за суспензијата која следи во нокаут фазата. Со новиот формат кој го воведе УЕФА пред две години, тимовите играат повеќе ...

Тоа што беше најавено од угледните германски и шпански инсајдери во текот на вчерашниот ден, денеска доби официјална потврда, а тоа е мега трансферот на Јан Диоманде од редовите на РБ Лајпциг во Реал Мадрид. Иако преговорите беа тешки и траеја две недели, двата клуба на крајот ги надминаа разликите и пронајдоа компромисно решение, според кое офанзивниот фудбалер се претвора во најскапа продажба на германскиот клуб, а истовремено најскап ...

Реал Мадрид ја искористи пасивноста на Барселона за да привлече играчи како Кукурелја и Дамфрис во своите редови, а иако помина одредено време, се чини дека каталонскиот великан сега е подготвен да возврати со доста „низок удар“. Родри цело лето се поврзува со Реал Мадрид и се чинеше дека ќе следи голема офанзива од „кралевите“ по комплетираниот трансфер на Јан Диоманде, но наместо тоа, сега дојде до голем пресврт во ситуацијата со МВП ...

Екипата на Алкалоид ги „запали моторите“ и веќе се подготвува за новата сезона во која ќе има предизвици во повеќе натпреварувања на домашната, регионалната и европската сцена. По неколкудневните тренинзи во Скопје екипата сега се пресели во Маврово каде ќе се одработат важен дел од подготовките. -Ние работиме повеќе време и веќе воспоставивме ред и дисциплина и како минува времето сите станаа поквалитетни и свесни што е потребно за повисок ...

Мохамед Салах беше еден од највредните слободни играчи на пазарот, играч со многу искуство, квалитет, знаење и токму поради тоа се очекуваше неговата одлука, одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Се поврзуваше со повеќе дестинаци Саудиска Арабија, МЛС лигата, останување во Европа во топ 5 лигите, а на крајот остана на стариот континент, но ја избра Турција, а уште поинтересно е тоа што се реши за Трабзонспор. Ова за многумина е ...

Челси имаше турбулентна натпреварувачка 2025/2026 која заврши без освоен трофеј и без пласман во европските купови што беше јасен сигнал дека мора нешто да се промени. Управата на клубот повлече значаен потег и го назначи Чаби Алонсо за нов тренер, а Шпанецот веќе неуморно работи, го составува тимот што ќе одговори на предизвиците. Алонсо повлече и некои неочекувани потези и доведе двајца супер искусни играчи во имињата на Дани Велбек и ...

Арсенал успеа по повеќе од две децении на да се искачи на врвот на англискиот фудбал, да биде број еден на островот и тоа откако три сезони во низа завршуваше на второто место. По ова многу работи треба да бидат полесни за „топчиите“, да има многу поголема самодоверба за остварување на зацртаните цели, плус тимот ќе биде посилен во новата сезона и потврда за тоа е засилувањето од категоријата на Бруно Гимараеш, капитенот на Њукасл кој е ...

Пелистер продолжува да го составува тимот за натпреварувачката 2026/2027, а новото име кое официјално е потврдено како засилување е Камрон МекДауел. Се работи за одличен бек шутер од Соединетите Амерински Држави, играч за кој „зелено-белите“ веруваат дека ќе биде топ освежување и ас кој ќе биде еден од лидерите во престојната сезона. -Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер. Овој американски бек шутер доаѓа како големо засилување во ...

Барселона како предвреме да се откажа од сезоната 2026/2027 кога е во прашање кошарката, направени се огромни промени, си заминаа најголемиот дел од играчите, а беа доведени кошаркари за кои допрва ќе видиме дали се на нивото и реномето на шпанскиот првак. Од денеска двократниот европски шампион е послаб и за Токо Шенгелија, одличниот грузиски репрезентативец кој се реши да ја напушти Каталонија и покрај тоа што имаше важечки договор. ...

Лионел Меси им се враќа на клупските обврски по краткиот одмор што го имаше по Светското првенство, а веќе во првиот натпревар како стартер уште еднаш потврди колку големо значање има за Интер Мајами. Ветеранот блескаше, постигна два гола, запиша асистенција во славјето на МЛС тимот над Атлетико Сан Луис од 4-2 во Лига Купот во Северна и централна Америка. Меси учествуваше во трите од четирите погодоци кои Интер ги постигна во првиот дел, ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Родиум

295786.87