Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Искусниот хрватски ас, Лука Модриќ ќе го гледаме на терените и во престојнава сезона и тоа како член на Милан. Имаше дилеми, прашалници дали ќе остане во Милано и дали воопшто ќе продолжи да игра фудбал, Хрватот на крајот пресече и реши да ја одложи пензијата за најмалку една година. Од друга страна се уште е неизвесна иднината на Рафаел Леао, офанзивецот кој пред некој месец најави дека се гледа надвор од Милан и дека е подготвен за нов ...
Барселона се уште се мачи да доведе „деветка“, идеална замена за Роберт Левандовски, ситуација која може да се влоши ако Феран Торес си замина до крајот на преодниот рок во Пари Сен Жермен, сценарио кое од ден на ден ставува поверојатно и реално. Каталонците го посакуваат Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, меѓутоа веќе изгубија доста време и засега нема никакви сигнали дека Атлетико Мадрид ќе попушти и ќе му дозволи на Аргентинецот да си ...
Шпанија триумфираше на 23. Светско фудбалско првенство, триумф кој значеше дека одредени играчи ќе мора да бидат „освежени“ поради нивните ветувања дадени пред почетокот на турнирот за тоа што ќе направат ако националниот тим слави во САД, Канада и Мексико. Веќе видовме како Марк Кукурелја си доби тетоважа на телото со ликот на селекторот Луис Де Ла Фуенте (тоа го вети), а сега во акција го имаме и фудбалерот на Барселона, Пабло Мартин Паез ...
Марко Палестра е еден од играчите кој Челси ги доведе во овој преоден рок и тоа откако во последен момент му го „украде“ на Интер. Ова за Марко ќе биде нов предизвик, за првпат ќе игра надвор од Италија, во лига која важи за најдобра, најтрактивна на светот, но дефанзивецот е сигурен во себе и со нетрпение очекува да заигра во Премиер лигата. -Тоа е прекрасен свет, бидејќи интензитетот и физичката активност се толку високи. Морам да им се ...
Пари Сен Жермен е најдобрата екипа во Европа во претходните две години, клуб кој ги научи лекциите од минатото и сега работи функционално, системски, купува играчи кои му се потребни, ги продава оние што се назадоволни, непотребни и сега се функционира како што треба. И ова лето „светците“ паметно работат и на добар пат се да комплетираат едно квалитетно засилување кое добро ќе му дојде на тренерот Луис Енрике. Составот од Лига 1 е на добар ...
Македонскиот напаѓач, Георг Стојановски има нов клуб и во иднина ќе го гледаме надвор од Европа во Катар. Стојановски е нов член на Лусаил, тим кој се натпреварува во првата катарска лига. Внукот на Ѓоко Хаџиевски досега играше одлично во бугарскиот прволигаш Спартак Варна, тим од кој неодамна си замина токму и некогашниот македонски селектор. Инаку Георг во кариерата беше дел од неколку македонски клубови, а имаше и една епизода во Хата во ...
Мастерсот во Монтреал го нема препознатливиот сјај оваа година, многу познати, топ имиња од оправдани или неоправдани причини го откажаа настапот на турнирот, а оние пак кои требаше да бидат глaвни фаворити, да се истакнат се елиминирани во раната фаза. Веќе во „аут“ е првиот носител, третиот светски рекет Александер Зверев кој беше шокиран од Талон Грикспор од Холандија. Холанѓанецот кој е 69. на АТП листата се избори за славје од 2-1 и тоа ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија издвојува победа над Фарски Острови од 34:32 во дуелот на Европското првенство во Србија. Ова беше битка од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на шампионатот, соочување кое го добивме и на тој начин изборивме пласман на Светското првенство. Имавме осцилации во играта пред се во второто полувреме, меѓутоа на крајот успеавме да се вратиме, се соземеме и го заокружиме тоа што го градевме во ...
Шкендија Арачиново не тргна како што посакуваше во Првата македонска лига и веќе на самиот старт доживеа убедлив пораз од Струга Трим Љум (3-0), но тоа не го обесхрабрува новиот прволигаш кој се надева на позитивни резултати во иднина почнувајќи од мечот со Силекс. За таа цел доведе уште едно засилување и дефанзивец од Албанија, поранешен репрезентативец на оваа земја Есин Хакај. Станува збор за искусен играч од одбраната, фудбалер кој ...
Екипата на Евертон го претстави најновото засилување во овој летен преоден рок, засилување кое доаѓа од редовите на англискиот шампион Арсенал-тоа е Кристијан Норгард. Данецот пристигна на „Емирејтс“ минатото лето по шест одлични години во Брентфорд, меѓутоа не се изнаигра во северен Лондон, беше активен на 20 натпревари од кои само 7 во Премиер лигата. Сега тој доаѓа во Ливерпул, во клубот кој верува дека може да помогне со своето искуство, ...
Мо Салах направи изненадувачки потег и на крајот ја прифати понудата на Трабзонспор, па иако ќе заработи огромна сума на пари за две години, многумина останаа разочарани од изборот на египетскиот фудбалски мајстор. Високата плата го направи недостапен за многу големи клубови од топ 5 лигите во Европа и на крајот како најистраен се покажа Трабзонспор, а одлуката да се пресели во овој турски фудбалер посебно го разочара неговиот дежурен ...
Микел Артета веќе долго време е клупата на Арсенал или поточно сега е тренерот со најголем стаж или најдолго е на клупата на еден тим од сите негови колеги во Премиер лигата. Најголемиот успех за Шпанецот дојде минатата сезона кога конечно успеа да го одведе тимот до лигашки пехар и тоа откако Арсенал три години во низа завршуваше на втората позиција. Сега од психолошки аспект треба да биде доста полесно за „топчиите“ и за самиот Артета кој ...
За 21 август е закажан почетокот на новата сезона во Премиер лигата и тоа со мечот меѓу актуелниот шампион Арсенал и повратникот во најсилната англиска конкуренција Ковентри. Меѓутоа има време дотогаш, па од ПЛ преку своите канала и пред се Јујуб ја загреваат јавноста, ја потсетуваат на некои посебни моменти од минатата кампања. Имаме компилација на подзаборавени атрактивни голови, погодоци кои вредат да се погледнат. Уживајте!!! За 21 ...
Сеск Фабрегас најави дека Комо може да има проблем со регистрацијата на играчи за настап во Лигата на шампиони поради строгите правила на УЕФА за нормално функционирање на младинската школа, но и покрај тоа, клубот не губи надеж и има за цел во што подобро светло да се прикаже во елитата. После историската сезона во која Комо избори место во европската елита, јасно е дека тимот на Фабрегас мора да напредува, па денеска пристигнаа две големи ...
Шпанските тимови им одржаа лекција на двата финалисти од Лигата на шампионите оваа вечер, со тоа што Бетис го победи Арсенал со 3:1, а Мајорка го надигра актуелниот европски првак со 3:0. Во еден видно изменет состав со малкумина стартери во тимот, ПСЖ настрада на гостувањето кај новиот второлигаш Мајорка и загуби 3:0, но во еден доста поизрамнет меч кога се стартерите во прашање, Арсенал беше надигран од Бетис. Шпанскиот прволигаш славеше со ...
Еди Хау реши да стави крај на соработката со Њукасл после две турбулентни лета, а откако се раздели со клубот по цели пет години работа на „Ст. Џејмс парк“, клубот тргна во потрага по тренер кој негува сличен стил на игра. Директниот и напаѓачки стил на игра на Еди Хау целосно се совпаѓаше со филозофијата на Њукасл, па „страчките“ проценија дека тимот треба да продолжи во ист правец со тренер кој ќе се држи до главните карактеристики. Од ...
Манчестер Сити го победи тимот составен од фудбалски ѕвезди од Јужна Кореја со 3:1 во подготвителниот натпревар кој се одигра денеска, а бидејќи полека се ближи завршницата од подготовките за новата сезона, играчите имаат се помалце време за да ја темпираат формата во пресрет на првото коло. Сити ќе биде навистина интересен за гледање после десетгодишната етапа во која владееше Пеп Гвардиола, па иако е премногу рано да се извлекуваат било ...
Македонскиот вицешампион Шкендија утре ќе игра против Хибернијан во шкотска во третото квалификациско коло во Конференциската лига, а стандардната увертира за овој прв натпревар донесе административни проблеми за тетовци. Првиот тренер Артим Положани не отпатува со тимот во Шкотска и не се појави на денешниот прес кој го одржа Куштрим Вока, па не го водеше ни завршниот тренинг пред утрешниот натпревар. Причина за тоа е административен проблем ...
Полните стадиони во Германија се препознатлива глетка за сите натпревари кои се играат во Бундеслигата, но истото важи и за натпреварувањата во вторите и третите лиги и тоа е резултат на една фудаблска култура која ја негува оваа земја со децении. Иако Германија има една од најстабилните економии во светот и жителите можат да си дозволат поскапи билети, клубовите покажуваат класа и постојано демонстрираат дека фудбалот се игра за фановите, па ...
Башкими на ужасен начин ја отвори новата натпреварувачка сезона и прими шест гола на гостувањето во Кратово, натпревар кој го вклучи алармот во Куманово и покрај тоа што стануваше збор за воведна рунда. Катастрофалниот пораз од 6:0 ја натера клупската управа да реагира и да ангажира речиси целосно нов тим, па така денеска беа претставени десет нови фудбалери кои ќе конкурираат во првиот тим на Башкими. Кумановскиот клуб направи голема ...
Леандро Паредес не правеше пауза и експресно се врати на клупските предизвици со Бока Јуниорс, а иако одигра само три натпревари, на два од нив се најде во фокусот поради агресивно однесување. Искусниот играч за врска има краток „фитиљ“ и тоа го покажа и по финалето на Светското првенство, но со таквото однесување продолжи и на настапите за својот клуб. Откако влезе во клинч со главниот судија на мечот со О’Хигинс, Паредес „пожолте“ поради ...
Џовани Малаго спречи ангажман на Андреа Пирло и со таквиот потег предизвика вистински потрес во италијанскиот фудбал, но како што самиот ја закомплицира работата, така реши и самиот да решава работи за кои првично задолжи други луѓе. После само 16 дена во репрезентацијата, Паоло Малдини и Леонардо си поднесоа неотповикливи оставки поради фактот што останаа без својот избор за селектор, па новите директорски функции мораше да бидат пополнети ...
Милан и Интер денеска одиграа без победник во Перт и миланското дерби во Австралија заврши со резултат 1:1, а по средбата пристигна една симпатична сцена која стана вирален хит. Лука Модриќ ги одигра првите минути по крајот на Светското првенство и полека фаќа ритам за тоа што следи, но после одиграни 30 минути, најмногу внимание привлече со реакцијата која ја имаше по последниот судиски свиреж. Модриќ редовно е мета на голем број ривали за ...
По воведните обврски кои ги имаше ова лето во Европската лига, македонската одбојкарска репрезентација се подготвува за најголемото што следи оваа година, настапот на Европското првенство. Селекторот Јошко Миленкоски избра 18 одбојкари и денеска стартуваа подготовките во хотел „Монтана“ во Крушево, па оттаму селекторот ја испрати и првата порака за големиот турнир кој следи. – Мојата методологија на работа е добро позната за секој од вас. ...
Брахим Дијаз се врати на тренинзите на Реал Мадрид по патувањето кое го имаше на Светското првенство и брзо се адаптираше на новите методи кои ги активираше Жозе Мурињо, тренер кој пристигна во шпанската престолнина со цел да ги смири страстите и да ги стави фудабалските ега на големите ѕвезди во втор план. Поради големото искуство и традицијата на освојување трофеи, Флорентино Перез реши да му даде втора шанса на Мурињо во Реал Мадрид, па ...
Атлетико Мадрид е во напредни преговори за продажба на Матео Руџери и Нахуел Молина, а паричните средства кои планира да ги добие за овие двајца фудбалери, има за цел комплетно да ги пренамени за аргентински репрезентативец. Кути Ромеро е на излезни врати од Тотенхем и самиот побара трансфер на крајот од сезоната, па бидејќи сите во клубот сакаат да му ја исполнат желбата, во моментов се чека само понудата која ќе ги задоволи сите страни. ...
Трансфер сагата „Јан Диоманде“ полека влегува во самата завршница, откако денешните преговори меѓу двата клуба завршиле онака како што сите страни очекувале. Познатите инсајдери од Германија и Шпанија уверуваат дека репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска сега има отворен пат кон шпанската престолнина, и тоа како најскап фудаблер во историјата на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ досега плати најмногу во својата историја за Џуд Белингам ...
Лука Модриќ на стартот на месец јуни изгледаше како фудбалер кој е поблиску до пензија, отколку до било кој друг клупски проект, но по крајот на Светското првенство работите се променија и легндарниот Хрват одлучи да игра барем уште една сезона. По силно инсистирање на Милан и тренерот Рубен Аморим, Модриќ се врати во Милано и потпиша нов едногодишен договор со „росонерите“, па сега пред сезоната во која ќе треба да се лечат незараснатите ...
Македонската кошкаркарска Федерација пред извесно време соопшти дека постојат три должници кои не ги исполниле своите обврски за лиценцирање во предвидениот рок, но откако мина и рокот за желба, денеска пристигна информација дека два клуба ги подмириле обврските, а еден нема да биде дел од Суперлигата. Со оглед на тоа што ТФТ Скопје и Маџари веќе најавуваат засилувања и формираат тимови за регионалните натпреварување, јасно е дека овие два ...
Винисиус Жуниор засега не ја прифаќа понудата од Реал Мадрид вредна 22 милиони евра по сезона за продолжување на договорот, а бидејќи целта на Бразилецот е да се приближи до оние 30 милиони евра кои му се загарантирани на Килијан Мбапе, се повеќе се отвора можност тој да биде продаден до крајот на ова лето. Ако не се пронајде компромисно решение меѓу двете страни во наредните неколку дена, за очекување е Флорентино Перез да ги прекине ...