Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Третото квалификациско коло во Лигата на шампиони донесе и свои изненадувања оваа вечер, а едно од нив дефинитивно е поразот кој го претрпе Црвена Звезда на гостувањето во Унгарија. Поради состојбата во Израел, Хапоел Бер Шева беше номинален домаќин на натперварот во Унгарија и успеа да ја победи Звезда со играч помалку на теренот, па тоа дефинитивно е огромно изненадување во ситуација кога српскиот шампион важеше за голем фаворит. ...
Рожер Федерер ќе биде официјално претставен како нов член во „Куќата на славните“ на 29-ти август поради сето она што го остави како наследство во тениската игра, но пред да дојде до тоа, Швајцарецот ќе има и емотивно враќање на „Артур Еш“. Четири дена порано, швајцарскиот маестро од Базел ќе одигра егизбициски меч на централниот терен во Њујорк и овој спектакл беше најавен уште пред неколку месеци, а бидејќи полека се ближи настанот во кој ...
Антони Тејлор стави крај на својата извонредна 20-годишна судиска кариера измиантиот месец јули, а како негов последен натпревар на кој ја делеше правдата се покажа оној меѓу Шпанија и Португалија во осминафиналето. Претходно, Тејлор се одјави од Премиер лигата како еден од најдобрите судии во последната деценија, па како човек со таков статус, сега доби посебна функција во турската фудбалска Федерација. Тејлор ќе биде прв човек за елитно ...
Лина Ѓорческа ја продолжува својата летна турнеја пред квалификациите на Ју-Ес Опен, а денеска го започна својот настап на турнирот во Лајпциг. Најдобрата македонска тенисерка е дел од В75 турнирот во овој германски град, па во првото коло имаше сериозен тест и избори победа после три одиграни сета. Анастасија Фирман од Украина го изнуди најдоброто од тенисерката од Тетово, која после два ипол часа игра се пласираше во следната рунда. ...
Јувентус полека врти лист и се откажува од намерата да го комплетира трансферот на Емилијано Мартинез поради високата плата на Аргентинецот, па во овој момент фокусот е насочен кон двајца голмани кои се достапни на трансфер пазарот. Во игра Гулјелмо Викарио од Тотенхем и Зион Сузуки од Парма, а во пресрет да се дојде до финална одлука и да се отпочнат преговори со еден од двајцата, со свој став за најавите се јави Џанлуиџи Буфон. Легендарниот ...
Лучијано Спалети е задоволен од работата на спортскиот сектор во клубот, особено откако Јувентус му донесе две големи засилувања во период од само 24 часа. Керим Алајбеговиќ и Рендал Коло Муани беа претставени како големи аквизиции за клубот од Торино, а зелено светло за нивните ангажмани дал и Спалети кој верува дека со нив тимот ќе биде посилен од лани. – Алајбеговиќ е млад и интересен фудбалер, а тој бил следен од спортскиот директор на ...
Комплетираните резултати во текот на денот донесоа вест која сите ја очекувавме, а тоа е пласман на македонската кадетска репрезентација во топ 16 фазата на Европското првенство кое се одржува во Србија. По трите стартни порази во исклучително тешката група, избраниците на Горан Кузмановски врзаа две победи во низа против Италија и Турција и тоа беше доволно за второ место во втората фаза од групите. Како најдобро второпласирана селекција, ...
Матео Ковачиќ беше еден од оние фудбалери чиј статус не беше разрешен од Манчестер Сити, особено во ситуација кога дојде до менаџерска смена на „Итихад“ по десетгодишното владеење на Пеп Гвардиола. Ковачиќ сигурно ќе беше на излезни врати со Шпанецот како лидер на проектот во ситуација кога ретко добиваше шанса, но менаџерската смена во првиот тим на крајот испадна дека ќе понуди нова прилика за искусниот играч за врска. Енцо Мареска го ...
Лионел Меси е голем фудаблски мајстор кој и ден денеска прави разлика на фудбалскиот терен, но покрај тоа што во безброј наврати ги покажал своите квалитети на теренот, исто така важи за голем хуманитарец надвор од него. Катастрофалните пожари која ја зафатија областа во Мадрид нанесоа голема штета во околината на шпанската престолнина и веќе некое време се донираат парични средства со кои ќе се помогне за санација на изгорените шумско ...
Арсенал ја мина „целната линија“ како прв во Премиер лигата по пауза од 22 години и ја освои толку посакувата титула во Премиер лигата, а откако го доби шампионскиот статус за кој долго чекаше и мечтаеше, сега тимот на Микел Артета се очекува да биде уште поопасен и подоминантен, барем според одредени англиски експерти. Манчестер Сити влегува во фаза на транизиција со голема менаџерска смена по заминувањето на Пеп Гвардиола, истото важи и за ...
Винисиус Жуниор ја почна новата работна недела со прв тренинг со новиот тренер Жозе Мурињо, и тоа во период кога се уште неизвесно е дали ќе ја продолжи соработката со Реал Мадрид, или ќе биде продаден до крајот на месец август. Иако постојат шпекулации за негово заминување во Арсенал, од најновата изјава на Винисиус може лесно да се прочита дека тој со мислите е во Реал Мадрид, бидејќи самиот вели дека главен фокус му е да работи напорно во ...
Неодамнешните потези од Џани Инфантино предизвикаа потрес во ФИФА и голем број Федерации веќе немаат доверба во првиот човек на светскиот фудбал, а во период кога тој е под огромен притисок, од неговиот план се дистанцираше и Арсен Венгер. Славниот Французин веќе со години е дел од ФИФА како човек кој води програма за еволуција и подобрување на фудбалот, па како член кој се занимава со сосема други работи кои немаат допирна точка со потезите ...
Манчестер Јунајтед не бележи успешен период како во ерата на Сер Алекс Фергусон, но и во такви услови, гордоста од „Олд Трафорд“ останува еден од најпопуларните и најмоќните клубови во светот за кои се „лепат“ големи спонзори. Јунајтед пред една година потпиша десетгодишен договор со „Адидас“ кој надмина рекордни 1 милијарда евра и со тоа си осигура огромна заработка, но „црвените ѓаволи“ не застанаа тука и сега си пронајдоа спонзор и за ...
Зеленортските Острови беа вистинска сензација на Светското првенство во САД, Канада и Мексико и не загубија на ниту еден натпревар во регуларните 90 минути, па дури и во ситуацијата кога беа елиминирани од Аргентина, избраниците на Бубиста ги воодушевија неутралните фанови. Човекот која го водеше Зелен Рт од 2020-та година испиша убава фудаблска бајка на мундијалот кој заврши со победа на Шпанија, а неполн месец по крајот на возбудувањата, ...
Хорхе Валдано има долга историја во Реал Мадрид, а беше и спортски директор во периодот кога тренер на клубот беше Жозе Мурињо. Двајцата имаа различни ставови за одредени прашања и влегоа во конфликт, по што Аргентинецот ја напушти функцијата, а Мурињо тогаш остана уште две сезони. Сега Мурињо го почнува својот „втор мандат“ како тренер на Реал, а Валдано во последното интервју ја коментирал одлуката на шпанскиот клуб. – Оттогаш поминаа ...
Секој спорт еволуира со тек на време и претрпува одредени промени за да ја задоволи новата публика која е поактуелна, па поради тоа, веќе со години наназад се зборува и шпекулира за промени во тенисот кој е еден од оние спортови кои строго се држи до својата богата традиција. Новак Ѓоковиќ е еден од оние кои најмногу се залагаа за промени во „белиот спорт“ низ годините, а сега кога е на залезот на својата кариера, даде уште еден предлог за ...
Лина Ѓорческа наиде на силен отпор на првиот настап на турнирот во Лајпциг, но успеа да ја оправда фаворитската улога и се пласираше во втората рунда. Македонската тенисерка е втора најдобро рангирана на турнирот и како втора носителка денеска играше со квалификантката Анастасија Фирман, 19-годишна тенисерка која се обидуваше да приреди изненадување. Ѓорческа го доби првиот сет со 6:4, Украинката одговори на ист начин во следниот сет, за во ...
Неколку фудбалери на Атлетико Мадрид се на трансфер листата ова лето и можат да заминат со соодветна понуда, а еден од нив е Матео Руџери. Италијанскиот дефанзивец е блиску до разделба со шпанскиот клуб и треба да се пресели во редовите на Астон Вила, екипа која формира многу посилен тим во однос на она со што располагаше минатата сезона. Унај Емери и Вила имаат поголеми амбиции, ќе настапуваат на повеќе фронтови, а Руџери е избран како ...
Германската легенда Лотар Матеус е уште еден познат поранешен фудбалер кој испрати јавни критики на адреса на Џани Инфантино, осудувајќи го контроверзниот предлог на ФИФА да продаде дел од правата на светските првенства на приватни инвеститори. ФИФА во меѓувреме се повлече од идејата, но Инфантино е под голем притисок да поднесе оставка, а и Матеус не го поштеди со својот коментар за германски „Скај“. – Избра веројатно најлош момент за ваков ...
Благодарение на летната промотивна кампања „Секој ден нов милионер“, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Кампањата уште еднаш потврди дека возбудата на ВЛТ терминалите носи големи добивки и нови милионерски приказни. Во периодот од 8 јуни до 31 јули 2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати неверојатни 124.213.765 денари за ВЛТ џекпот добивки, или повеќе од два милиони ...
Машката ракометна кадетска репрезентација на Македонија стигна и до втората победа на актуелното Европско У18 првенство, а денеска бевме подобри од Турција (29:27). Нашите надежи разигруваат за што подобра позиција во конечниот пласман, а по триумфот над Италија, денеска е совладана и Турција, репрезентација која ни создаде многу повеќе проблеми. Турците имаа подобар старт, на полувреме водеа со 15:12, но избраниците на Горан Кузманоски го ...
Македонскиот шампион МЗТ Скопје денеска потврди важно засилување за новата сезона, а се работи за искусниот српски кошаркар Димитрије Николиќ. Николиќ во минатото настапувал за повеќе српски клубови, меѓу кои и Партизан, а има и интернационална кариера во неколку земји. МЗТ го потврди засилувањето со официјално соопштение: – Искусниот српски кошаркар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) е најновото летно засилување на МЗТ Скопје, откако ...
Македонскиот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски веќе има нов ангажман и ќе работи во Обединетите Арапски Емирати. Кратко откако стави крај на соработката со Спартак Варна, искусниот тренер прифатил да го преземе тимот на Ал Мединах Вондерерс. Ал Мединах настапува во понизок ранг во ОАЕ, но има амбициозно раководство кое се надева дека клубот ќе расте под водство на Хаџиевски. Нашиот стручњак има сериозно искуство во овој дел од светот каде ...
ММА борецот Алан Насименто починал ненадејно, на 34-годишна возраст, објави официјално УФЦ, шокирајќи ги фановите на боречките спортови. Бразилецот починал во сон, односно лекарите само ја констатирале неговата смрт откако биле повикани од најблиските во неговиот дом. Насименто беше дел од УФЦ од 2021 година, а последниот настап му беше во јуни, кога загуби на поени од Мич Рапосо. Во УФЦ неговиот ефект беше 4-2, додека општо во ...
Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот на македонскиот спорт. На Собранието на ...
Новак Ѓоковиќ е сопственик на многу тениски рекорди, а и на актуелната возраст се уште има амбиции да го подобри својот рекорден ефект на турнирите и посебно на тие од грен-слем серијата. Истовремено, српскиот тенисер секогаш гласно говорел и се залагал за подобрување на условите за тенисерите, но и за зголемување на атрактивноста на спортот. Ѓоковиќ денеска стана актуелен откако еден познат контент креатор објави видео во кое ја прашува ...
РБ Лајпциг не крие дека преговара со Реал Мадрид за Јан Диоманде, но барем засега младиот крилен напаѓач нема добиено зелено светло за посакуваниот трансфер во редовите на шпанскиот великан. Раководството на бундеслигашот викендов официјално го потврди статусот на Диоманде, односно фактот дека ништо не е договорено со Реал, а во меѓувреме денеска претстави сериозно засилување за својот тим. „Биковите“ го ангажираа норвешкиот голман Орјан ...
Кристијан Ромеро е блиску до трансфер во редовите на Интер, тој е личен избор на тренерот Кристијан Киву, но барем засега има две пречки кои треба да се надминат за комплетирање на договорот. Тотенхем не е проблем бидејќи ќе прифати сума од 40 милиони евра за дефанзивецот, но неговата преселба во Милано е условена од две работи, од кои за едната мора да помогне и фудбалерот. Ромеро сака да го засили Интер и да му стане соиграч на Лаутаро ...
Раководството на Ајакс по подолго време реализира поагресивен преоден рок, во кој холандскиот клуб ангажира докажани фудбалски имиња како засилувања на повеќе позиции, a истите ќе бидат предводени и од нов тренер. Денеска, великанот од Амстердам официјално го потврди пристигнувањето на Марк Андре тер Штеген, до пред одреден период првиот голман на Барселона, кој го загуби тој статус во ерата на Ханси Флик. Искусниот германски голман ќе биде ...
Наполи излезе со официјално соопштение, заканувајќи се со активирање правни инструменти против германскиот клуб Шалке 04. Причина е договорениот, па нереализиран трансфер на Јеспер Линдстром, фудбалер кој требаше да се пресели во редовите на бундеслигашот, но сега повторно останува сериозен товар на клупскиот буџет на Наполи. Наполи и Шалке постигнале начелен договор за условите за трансферот на Линдстром, данскиот фудбалер отпатувал да ...