Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Фудбалерите на Манчестер Сити славеа над Атлетико Мадрид со 3-1 на пријателскиот натпревар кој попладнево се одигра во Сеул. Ова беше соочување во кое шпанскиот прволигаш водеше со 1-0 по првото полувреме со погодокот на младиот Домингез во 43 минута. 16-year-old Jorge Domínguez grabs the opening goal as Atlético Madrid lead Manchester City 1-0 🔴⚪️ 📺 Stream free on CBS Sports Golazo Network pic.twitter.com/XJUoXAUKeQ — CBS Sports Golazo ⚽️ ...
Мајкл Овен и Вилијам Галас се две имиња кои оставија свој печат во Премиер лигата настапувајќи за повеќе клубови и правајќи разлика во офанзивната и дефанзивната линија. Сега Овен и Галас често можеме да ги видиме во улога на аналитичари, луѓе кои делат стручни коментари, даваат свои ставови, предвидувања, па Англичанецот и Французинот се на иста линија за едно име кои би сакале да го видат во шампионот Арсенал како засилување-тоа е Маркус ...
Јувентус ќе се обиде оваа сезона да биде конкурентен во Серија А и во најмала рака да ја оствари основната цел која им „избега“ во минатата кампања, пласман во Лигата на шампионите. Секако во таборот на „бјанконерите“ би сакале веднаш да се вклучат за пехарот во Серија А, да бидат шампиони, но тренерот Лучијано Спалети е свесен дека во моментов Интер е подобра, покомплетна екипа од нив. Клубот од Торино доби засилувања како Керим Алајбеговиќ ...
Вардар и Шкендија се двете најдобри екипи во македонскиот фудбал, две екипи кои се главни фаворит за пехарот на домашната сцена, две екипи кои денеска ќе го имаат првото соочување во натпреварувачката 2026/2027 и тоа од 17 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Актуелниот првак ја отвори сезоната со славје над Брегалница од 2-0, „црвено-црните“ од Тетово пак го добија Скопје со 3-0. Вардарци за нијасна се поодморени затоа што ...
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз од Хрватска од 112:57 на Европското првенство „Б“ дивизија што се игра во нашата земја. Убедлив пораз на нашите кадети од Хрватска на ЕП Ова беше втор пораз за нашите надежи во третиот натпревар, но селекторот Дејан Стојановски гледа позитивно на работите и ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме. –Имавме добро прво ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија со пораз од Естонија од 76:64 го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа (Романија). Имавме проблеми во првата и третата четвртина, не успеавме соодветно да му парираме и да му одговориме на противникот, па запишавме нов негативен резултат на турнирот, во разигрувањето за пласман од 17. до 20. место. Најефикасна во македонскиот состав беше Трајковска со 13 поени, на ...
Интер Мајами се погрижи натпреварот со Монтереј во Лига купот да започне со минута молчење во чест на Хорхе Меси, додека првата ѕвезда на екипата, Лео веќе беше на пат кон Аргентина каде во болница почина неговиот 68-годишен татко. Соиграчите на Меси не успеаја да обезбедат позитивен резултат во емотивната ноќ, во која Родриго Де Пол донесе предност за составот од Флорида со убав погодок, а истиот му го посвети на Меси, чиј дрес го носел под ...
Уникатна ситуација видоа фудбалските фанови во Бразил на дуелот меѓу Коритиба и Чапекоенсе, на кој еден домашен фудбалер ги шокираше сите присутни на стадионот. 29-годишниот Жаси мислеше дека постигна гол во финишот на првото полувреме, но неговиот обид да го прослави со фановите заврши неславно. Дефанзивецот го прескокна рекламното пано и заврши директно во тунелот кој води кон соблекувалните, при што ги исплаши сите наоколу, а на крајот ...
Новиот спортски менаџмент на Рома се обидува да му ги обезбеди посакуваните засилувања на тренерот Џан Пјеро Гасперини, а во финишот на преодниот рок е започната сериозна офанзива за потенцијално големо освежување во нападот. Претставници на италијанскиот клуб веќе комуницираат и преговараат со агентите на Ендрик, обидувајќи се да го убедат фудбалерот и неговите застапници дека идејата за заем во редовите на „волчицата“ е најдобра солуција за ...
Паоло Малдини амбициозно влезе во проектот за позитивни промени во италијанската фудбалска репрезентација, но се повлече од својата функција по само шеснаесет дена. Легендарниот дефанзивец работеше во тандем со Леонардо и една од главните задачи беше да го избере идниот селектор, кој треба да ја врати Италија на препознатливата позиција на светската фудбалска мапа. Прв избор на поранешните играчи на Милан беше Пеп Гвардиола, а во интервју за ...
Милан вчера доживеа убедлив пораз од Челси на контролниот натпревар во Индонезија, а тренерот Рубен Аморим не може да биде задоволен со изданието на својата екипа во пресрет на новата сезона. „Росонерите“ допрва ќе носат важни одлуки поврзани со конечниот изглед на ростерот, а според португалскиот стручњак тоа е и приоритетот наредниот период. – Знаевме дека денеска ќе ни биде тешко, но сакавме да ги предизвикаме фудбалерите. – Сепак, нашата ...
Феран Торес летово го привлече вниманието со своите настапи за шпанската репрезентација и фактот што го постигна единствениот гол во мундијалското финале, а по тој натпревар останува актуелен поради желбата да се раздели со Барселона. Шпанскиот репрезентативец не добиваше соодветна минутажа минатата сезона, веројатно не добил гаранции дека тоа ќе се промени во новата, па сега дефинитивно донел одлука за следниот чекор. Феран веќе ги договорил ...
Челси ќе ја заврши претсезонската турнеја со гостување во Малезија, каде денеска премиерлигашот ќе се соочи со најсилниот малезиски тим Џохор Дарул. Еден од водечките луѓе во менаџментот на малезискиот шампион е Луис Гарсија, поранешен соиграч на Чаби Алонсо од периодот кога двајцата настапуваа за Ливерпул и беа предводени од Рафа Бенитез. Гарсија потенцирал дека е возбуден поради гостувањето на Челси на полниот стадион, но истовремено не ...
Федерико Валверде останува капитен на Реал Мадрид и покрај скандалот кој го режираше со Орелијан Чуамени на крајот на минатата сезона, а оваа одлука ја донесе Жозе Мурињо уште на самиот старт на подготовките. Новиот тренер ја почитува хиерархијата во првиот тим и го остави Валверде како капитен на неговиот тим, па сега капитенот не крие дека е воодушевен од првите неколку работни недели со Португалецот кој има освоено се во кариерата. – ...
Бруно Гимараеш одлучи да сврти нов лист во животот и кариерата, да ја заврши приказната со Њукасл и ја прифати понудата од англискиот шампион Арсенал. Бразилецот од 2022 година го носеше дресот на Њукасл, тим на кој беше лидер, еден од најдобрите, ас кој ја носеше капитенската лента, миленик на навивачите, но иако му беше тешко се реши да го напушти „Сент Џејмс Парк“. Арсенал добива топ засилување за 75 милиони фунти, а ова е најдоброто од ...
Машката македонска репрезентација до 16 години доживеа убедлив пораз од Хрватска од 112:57 на средбата на Европското првенство од Дивизијата „Б“ што се одржува во нашата земја. Хрватите „газат“ се пред себе на досегашниот дел од турнирот, па така беше и против Македонија, ги добија сите четири четвртини и „раситнија“ уште една „стотка“ на шампионатот. Дион Шабани беше најефикасен во македонскиот состав со 16 поени и 8 скока. Котевски ...
Бернардо Силва го одигра првиот меч за Реал Мадрид еден месец по поразот од Шпанија на Светското првенство, а фактот што е надвор од натпреварувачки ритам 30-тина дена, придонело до пад во формата кој беше евидентиран од Жозе Мурињо. Иако Силва демонстрираше карактеристично добри технички квалитети на денешниот меч со Ференцварош, по неговото деби во дресот на „кралскиот клуб“, Мурињо посочи дека неговиот сонародник ќе мора напорно да работи ...
Хуан Квадрадо се уште е фудбалски активен и не планира да се повлече на 38-годишна возраст, а во изостанок на вистинска понуда од Серија А, искусниот Колумбиец разгледува и понуди од други страни на светот. Откако си замина од Јувентус, Квадрадо не успеа да ги повтори партиите кои го красеа осум години во Торино и во меѓувреме настапуваше за Интер, Аталанта и Пиза, но за фановите на Јуве посебно болен беше неговиот премин во Милано кој беше ...
Едуардо Камавинга се бори за свое место во тимот на Жозе Мурињо во овие пресезонски подготовки, па иако имаше некои потези кои дефинитивно нема да му помогнат, засега се уште ужива довербар од Португалецот. Камавинга беше стартер и на денешниот натпревар против Ференцварош во недостиг на играчи кои се очекува да биде стартери, а во период кога Французинот треба да даде се од себе за да се прикаже во најдобро светло, одредени технички ...
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го запиша првиот триумф на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Романија. Избраничките на селекторот Виктор Петровски ја прекинаа серијата од пет порази на турнирот и ја декласираа Норвешка со 67:41 во борбата за пласман на шампионатот. Одигравме перфектно прво полувреме во кое му дозволивме на противникот да даде само 11 поени (40:11) по што стана јасно дека рутински ќе мора ...
Роналд Араухо се одјавува од Барселона и утре или на стартот на новата седмица се очекува да пристигне во Ливерпул, клуб кој успеа во голема тајност да заврши операција која никој не ја најави. По натписите на угледните шпански инсајдери дека заемот на уругвајскиот репрезентативец е комплетиран, сега останува да се довршат последните детали за реализирање на зделката, а истата ќе вклучува и опција за откуп. Араухо ќе игра една година како ...
Карлос Еспи имаше деби настап за Реал Мадрид еден ден по комплетираниот трансфер од Леванте и одигра само 15 минути против Фиорентина, но денеска доби вистинска шанса и одговори со гол во мрежата на Ференцварош. Реал Мадрид гостуваше во Будимпешта на „Групама стадионот“ и успеа да слави со 2:1, а одлучувачкиот гол пристигна после една генијална акција во режија на Ендрик, Арда, Валверде и Еспи. Првите тројца осмислија извонредна акција и Феде ...
Иако не се комплетирани ниту две рунди во Првата македонска фудбалска лига, воведните две кола даваат јасна слика за тоа што може да се очекува од екипите кои се борат за опстанок, а уште отсега јасно е дека Башкими и Арсими ќе бидат главни претенденти за испаѓање. Башкими прими 11 гола на првите два меча кои ги одигра против Силекс и Тиквеш, а Арсими сега има девет зад своето конто, откак оприми четири и од Брегалница. По воведните пет гола ...
Џан Пјеро Гасперини очекува завршни напори од Рома на трансфер пазарот и очекува да добие крилен напаѓач по негови замисли, но пред да дојде да размислува на такво нешто, искусниот стручњак денеска се соочи со суровата реалност. Брајтон ја надигра Рома и и одржа фудбалска лекција на домашен терен, па по поразот од 3:0, Гасперини отворено говореше дека не знае што точно да очекува од тимот на стартот на сезоната. – Ова беше вистински ужас ...
Дарко Чурлинов одигра деби натпревар за Погон Шчечин неколку дена по реализираниот трансфер, а денеска го одигра вториот во полската Екстракласа лига. Македонскиот репрезентативец е добро познато и ценето лице во полскиот фудбал, па така ова попладне на најдобар можен начин се претстави и пред новите фанови во Шчечин. Крилниот напаѓач го играше првиот натпревар на домашен терен по реализираниот трансфер, а токму тој го отвори резултатот во ...
Брајан Мбеумо е играч кој е во најдобра форма во Манчестер Јунајтед во овој подготвителен период, бидејќи после двата гола за победа против Атлетико Мадрид, денеска стрелаше и во ремито со ПСЖ. Европскиот шампион играше во видно комбиниран состав на натпреварот кој се одигра во Гетеборг, па Јунајтед беше навистина подобар ривал и може да жали што не запиша победа. Мбеумо постигна трет гол на втор натпревар во низа и донесе израмнување за ...
Бруно Гимараеш денеска го комплетираше големиот и најавуван трансфер од Њукасл во Арсенал, операција која му овозможува на бразилскиот репрезентативец да си го исполни сонот и да настапува за еден од најголемите клубови во Англија. Поточно, Гимараше оваа сезона ќе настапува за актуелниот бранител на титулата во Премиер лигата, па со него во тимот, „топчиите“ ќе се обидат да атакуваат на одбрана на тронот, но и напад на Лигата на шампиони. ...
Тиквеш се претплати да испорачува „петарди“ на стартот на новата сезона во Првата македонска фудаблска лига, па така откако го потопи Арсими на стартот, сега постигна пет гола и на гостувањето кај Башкими. За разлика од кавадарчани кои имаат перфектен старт на сезоната со 10 постигнати гола, кумановци продолжија да разочаруваат и веќе во втората рунда може да се заклучи дека се главни фаворити за титулата. И покрај тоа што претставија десет ...
Хорхе Мартин се зацврсти на лидерската позиција во Мото ГП уште во саботната програма од гран при викендот во Велика Британија, во кој очигледно е дека актуелниот шампион Марк Маркез се мачи со своето Дукати. По вчерашното скромно издание на петочниот тренинг, Маркез најави дека ќе биде чудо ако се најде на подиумот, па иако честопати знае да ги залаже ривалите со своите скромни прогнози, овојпат се покажа на дело дека навистина не се ...
Барселона вечерва ќе биде дел од „триаголник натпревар“ од кој дел ќе бидат уште Удинезе и Нотингем Форест, а во пресрет на пријателските возбудувањата кои ќе бидат актуелни во Удине, од Каталонија пристигна вест за уште двајца прекубројни играчи во ростерот на Ханси Флик. Каталонскиот великан се ослободи од Роналд Араухо кој веќе е на пат за Ливерпул, но на излезни врати се уште двајца играчи од првиот тим кои не се во плановите на ...