Интер имаше зацртано неколку трансфер потези во овој преоден рок, а еден од нив е и обезбедување квалитетна замена за Дензел Дамфрис. Откако го одобри неговиот трансфер во Реал Мадрид, италијанскиот шампион долго беше во потрага по вистинска солуција, а на крајот очигледно се реши за Џад Спенс. Досегашниот фудбалер на Тотенхем деновиве ќе пристигне во Милано, каде по реализираните медицински прегледи ќе потпише за Интер и ќе биде уште едно ...

Македонскиот шампион Вардар го отвори настапот на традиционалниот подготвителен турнир во Струга со победа над Прилеп (39:29). „Црвено-црните“ се подготвуваат за новата сезона и настапот во Струга ќе им овозможи неколку одлични контролни натпревари, а денеска немаа проблеми да стигнат до првата победа во својата група. Јанковски со 7 голови ја предводеше листата на стрелци во победничката екипа, додека Љевар го заврши натпреварот со 6 ...

Душан Влаховиќ ќе ја продолжи кариерата во Турција, каде ќе продолжи да носи црно-бела комбинација, откако се договори за соработка со Бешикташ. Долгите преговори на српскиот репрезентативец и турскиот прволигаш завршија успешно, па Влаховиќ потпишал тригодишен договор, според кој ќе заработува најмалку 8 милиони евра по сезона. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истече во текот на летото, двете страни не се договорија за продолжување на ...

Рони Барџи заработи тешка повреда на коленото и ќе биде во аут со месеци, па откако пристигна и официјална потврда од Барселона дека станува збор за кинење на лигаментите, водечките луѓе во клубот во договор со Ханси Флик се решиле за еден радикален потег кој се активира уште денеска. Враќањето на светските шампиони е пропратено со одлука која нема да биде најпопуларна меѓу играчите кои се ставени на трансфер листата, но Барселона на овој ...

Менаџментот на Арсенал мора да најде солуција за неколку прекубројни играчи во ростерот на Микел Артета, а еден од оние кои можат да го напуштат „Емирејтс“ е Габриел Мартинели. Бразилскиот репрезентативец не е секогаш во прв план кај Артета, сепак имаше важна улога во ротацијата на „топчиите“ последните сезони, а сега може да биде извор на сериозен приход за англискиот првак. Арсенал денеска добил атрактивна понуда од Галатасарај, според која ...

Емотивната објава на Лионел Меси на Инстаграм е уште една потврда за значењето кое го имаше неговиот татко Хорхе во неговата фудбалска кариера и во животот воопшто, а со овие искрени реченици големата фудбалска ѕвезда предизвика големо внимание меѓу фановите. Аргентинецот допрва ќе одлучи кога ќе се врати на фудбалските терени и ќе продолжи со настапите за Интер Мајами, но јасно е дека семејната трагедија ќе има влијание на секоја негова ...

Кошаркарскиот клуб Работнички повлече неколку важни потези во актуелниот преоден рок, а една од информациите кои ги израдуваа фановите е денешната потврда за продолжување на соработката со Виктор Ефремовски. Македонскиот репрезентативец прифатил да остане дел од скопската екипа и во новата сезона, потврдувајќи ги поголемите амбиции на Работнички, како и довербата во актуелното раководство. – КК Работнички АД Скопје со задоволство ја известува ...

Ромелу Лукаку ќе биде уште една фудбалска ѕвезда која летово се пресели во турското првенство, а тој првото искуство во оваа земја ќе го има во дресот на Фенербахче. Белгискиот интернационалец мораше да пронајде нов клуб откако ги залади односите со Наполи и немаше иднина во клубот предводен од Аурелио Де Лаурентис, а денеска официјално е потврден како големо засилување за Фенербахче. Турскиот прволигаш ќе ја започне сезоната со големи ...

Повремениот италијански репрезентативец Давиде Фратези конечно ќе може да очекува поголема минутажа и можност да го докаже својот квалитет пред фановите, станувајќи важен дел од реконструираниот тим на Лацио под водство на Џенаро Гатузо. Италијанските медиуми објавија дека Интер прифатил да му дозволи преселба на Фратези во главниот град, а изненадувачка е сумата која римскиот клуб ќе ја плати за овој трансфер. Првично, Лацио ќе плати само 1 ...

Лос Анџелес Лејкерс повторно ќе го промени својот сопственик и тоа за рекордна сума од 12,5 милијарди долари, објави ексклузивно „ЕСПН“. Ултра популарната и атрактивна НБА франшиза од минатата година е во сопственост на бизнисменот Марк Волтер, кој плати голема сума за да ја добие од фамилијата Бас, а сега решил да отстапи пред агресивниот обид на двајца колеги од бизнис секторот. Доколку НБА одборот не пронајде некакво проблем во ...

Златко Далиќ неодамна стави крај на својата успешна етапа како хрватски селектор, а денеска и официјално е промовиран на своето ново работно место. Најуспешниот селектор во историјата на хрватската репрезентација ќе ја предводи репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, која во иднина сака да остави посериозен печат на својот континент, но да стигне и позначајни резултати на глобално ниво. ОАЕ не е непозната земја за Далиќ, бидејќи тој ...

Лионел Меси неодамна остана без својот татко Хорхе, кој почина на 68-годишна возраст по кратко боледување во родната Аргентина. Големата фудбалска ѕвезда и неговата фамилија го погребале неговиот родител и агент во неделата на приватна церемонија во предградие на Розарио, а Меси излезе со емотивна посвета на својот татко, со која првпат јавно проговори за семејната трагедија. – Не знам што ќе правам без тебe, не знам како да продолжам. Порано ...

Јури Тилеманс беше посочен од Џон Оби Микел како најдобро летно засилување кое е реализирано во Премиер лигата, од една страна поради квалитетот кој го поседува белгискиот репрезентативец, но пред се поради трансфер сумата која ја плати Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ ја активираа специјалната клаузула во неговиот договор и добија играч од светска класа за само 35 милиони фунти, сума која од оваа гледна точка изгледа и смешна со оглед ...

Њукасл е најоштетен тим од објективна гледна точка кога е трансфер пазарот во прашање, бидејќи „страчките“ во период од еден месец останаа без своите тројца најдобри играчи во тимот, Антони Гордон, но и Сандро Тонали и Бруно Гимараеш. По трансферот на Гордон во Барселона, следеше рекорден трансфер од Тотенхем кој исплати 100 милиони фунти за Тонали, но на крајот на минатата недела, Арсенал го претстави Гимараеш како најскапо летно засилување ...

Звездан Терзиќ како прв човек на Црвена Звезда денеска имаше очекувано обраќање по потресите кои настанаа во српскиот шампион, или поточно по елиминацијата од Хапоел Бер Шева во квалификациите за Лига на шампиони и оставката која ја поднесе Дејан Станковиќ. Популарниот Деки поднесе неотповиклива оставка и истата денеска беше ратификувана од Управниот одбор, по што свое соочување со новинарите имаше генералниот директор Терзиќ. Звездан најави ...

Новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата ќе стартува викендот на 21-ви август, а на неполни десет дена пред официјалниот почеток на новите возбудувања, легендите почнаа со свои прогнози за тоа кои тимови ќе се борат за врвот. Ако се суди според првичните импресии и коментарите кои се даваат во јавноста, најмногу поддршка добива Арсенал како тим кој треба да ја одбрани титулата, но Питер Крауч реши да оди и чекор подалеку и да направи ...

Мемфис Депај добиваше еден милион месечно од Коринтијанс и се очекуваше да потпише нов уште побогат двегодишен договор со бразилскиот великан, но во ситуација кога се беше договорено, водечките луѓе решија да се одлучат за финансиска одговорност и го повлекоа понуденото. Коринтијанс вчера со официјално соопштение ја извести јавноста дека ги прекинал преговорите со Депај и дека тој станува слободен агент, а после ваквото неочекувано сценарио, ...

Чаби Алонсо остана без Марк Кукурелја уште пред да има можност да разговара со шпанскиот репрезентативец, а откако се потврди неговиот трансфер во Реал Мадрид, Челси како клуб беше во постојана потрага по негова замена. Истата и официјално завршува ова попладне за клубот од Лондон, откако Чаби Алонсо и дефинитивно го доби играчот кој самиот го посочи како идеална замена за извонредниот Кукурелја. Алонсо реши да пазари од Рајо Валјекано и ...

Џан Пјеро Гасперини изврши притисок врз управата на Рома и побара засилување по неуспешната турнеја која ја имаше тимот на пресезонските подготовки во Англија, па откако пристигна информација дека е договорен Луис Енрике од Интер, денеска пристигна официјална потврда и за трансферот кој се „крчкаше“ неколку недели. Искусниот италијански стручњак ќе добие квалитетно засилување во одбраната во вид на актуелен светски вицешампион и шампион од ...

МЗТ Скопје полека ги реди завршните коцки за тоа како ќе изгледа тимот во новата натпреварувачка сезона, а од денеска, ново засилување за тимот кој го води Васко Атанасов ќе биде уште еден македонски репрезентативец. Македонскиот првак се пофали со потписот на 22-годишниот Петар Бошалески, кој во овој летен преоден рок се претвора во трето домашно засилување за „штрковите“. – Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е ...

Светските шампиони денеска се „чекираа“ во Барселона на прв собир со своите соиграчи, а истото го направи и Алекс Баена како член на Атлетико Мадрид во шпанската престолнина. Шпанскиот репрезентативец се врати од САД со светска титула и доби продолжен одмор од Диего Симеоне, но првиот работен ден во месец август го започна на доста интересен начин. Баена пристигна во тренинг комплексот на Атлетико со уникатен стајлинг, па со самото тоа го ...

Луис Енрике самиот си постави цел и најави дека ПСЖ ќе брка израмнувњае на уникатниот рекорд на Реал Мадрид кога се во прашање три последователни титули во Лигата на шампиони, но воведниот предизвик во новата сезона сепак ќе биде Суперкуп натпревар против Астон Вила кој се игра вечерва. Европскиот шампион ќе игра за првиот трофеј со победникот во Лигата на Европа, а во најавата за мечот, друштво на Лучо на прес-конференцијата му правеше ...

Тигрес успеа да преживее два црвени картони и да го елиминира Ванкувер во Лига Купот во Северна и Средна Америка, но пред да слави мекиканскиот клуб на пенали, во самата завршница се случи една ситуација која стана вирален хит. Нахуел Гузман е голман на Тигрес и со оглед на возраста може слободно да се каже дека направи една несекојдневна тинејџерска глупост, па има и среќа што тоа не го чинеше неговиот тим елиминација. Откако Тигрес веќе ...

Ханси Флик од денеска ќе го има цел тим на располагање со враќањето на последните ѕвезди кои имаа најголема минутажа на мундијалот, па со враќањето на Дани Олмо, Педри, Кубарси и Ламин Јамал се става крај на летниот одмор во редовите на каталонскиот гигант. Пред денешното појавување на четирите ѕвезди, вреди да се напомене дека Гави, Ерик и Жоан Гарсија се вратија неколку дена порано бидејќи немаа некоја позначајна минутажа на Светското ...

Енцо Мареска ги привикнува фудбалерите на Манчестер Сити на новите методи и веќе неколку дена работи и со ѕвездите кои се вратија од мундијалот, а набрзо тоа ќе биде случај и со Ерлинг Халанд кој се врати во Англија. Норвешката суперѕвезда е една од последните кои се приклучуваат на тимот во овие пресезонски подготовки, но пред да ги добие воведните инструкции од новиот менаџер, Халанд дозна дека има мали шанси да ја носи капитенската лента ...

Дејан Станковиќ неславно ја заврши својата втората етапа во Црвена Звезда како тренер на првиот тим, бидејќи во помрачувањето кое го имаше вчеравечер на „Маракана“ остави еден навистина лош пример за тоа како треба да се однесува еден шеф на стручен штаб. Станковиќ се сврте против своите навивачи, плукаше во правец кон судијата и на доста бесен начин го напушти теренот откако заработи црвен картон, а сето тоа кулминираше со срамна елиминација ...

Вчера во англиската јавност се појави информација дека Арсенал како клуб го понудил Мајлс Луис-Скели на Манчестер Јунајтед и Челси, па иако се уште нема официјална потврда за тоа колкава сума бараат „топчиите“, Рио Фердинанд смета дека ова е шанса што не смее да се пропушти. Младиот 19-годишен англиски фудбалер може да одговори на повеќе позиции во систем на било кој тренер и тоа го докажа изминативе две сезони како лев бек и извонреден играч ...

Оперативците на Интер полека влегуваат во самата завршница од активностите во летниот преоден рок, а со двете продажби кои ги најавија угледните италијански медиуми, се поизвесно е дека ќе бидат доведени и две посакувани засилувања за кои се преговара веќе некое време. Италијанскиот шампион се најде во ситуација да продава за да ослободи простор за нови засилувања, а конечната одлука падна на Луис Енрике и Давиде Фратези. Интересно, двајцата ...

Јан Диоманде стана најскап реализиран трансфер во историјата на Реал Мадрид бидејќи неговата зделка може да достигне 140 милиони евра, па иако вложените средства ќе прават притисок врз најдобриот млад играч од Бундеслигата за минатата сезона, повеќе од јасно е дека Жозе Мурињо во својот тим доби огромен талент кој допрва треба да се надградува. Диоманде забележа стратосферски раст во една сезона и демонстрираше дека поседува огромен ...

Луис Енрике на еден од последните тренинзи на ПСЖ јасно стави до знаење дека Фабијан Руиз ја заслужува „Златната топка“ после освоените титули во Лигата на шампиони и Светското првенство, а во таа насока оди и размислувањето на Витиња, кој пак во потесен круг стави уште двајца соиграчи. Португалскиот играч за врска не се сместува себе меѓу топ петте најдобри играчи во светот, но затоа посочи уште двајца соиграчи, и по една ѕвезда од Баерн ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58