По одобрувањето на извештајот во Европскиот парламент, премиерот Христијан Мицкоски одржа прес-конференција од седиштето на партијата, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски изрази жалење за денешното гласање, нагласувајќи дека ова докажува дека целта на Бугарија не е да вклучи неколку стотици Бугари во Уставот, туку да го елиминира македонскиот идентитет и јазик. Мицкоски нагласи дека нема да отстапи од црвените линии што имаат врска со ...

До петок, земјата ќе биде зафатена од посвежо време за разлика од претходните денови, кога температурите надминаа 40 степени Целзиусови. Според синоптичарите, температурите ќе паднат за 10 степени Целзиусови, додека од викендот повторно ќе се вратат горештините, со максимални температури до 39 степени Целзиусови. Синоптичарите велат дека бурата што ја зафати Централна Европа, но се приближува и кон Западен Балкан, засега нема најави дека ќе ...

Денес започнаа работите за изградба на интерконекторот со Грција, гасовод кој има инвестициска вредност од 60 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека оваа инвестиција е голем чекор кон енергетска независност. Во меѓувреме, првиот вицепремиер, Изет Меџити, изјави дека најголемата придобивка од овој проект е чистиот воздух и квалитетот на живот за граѓаните. На свеченото отворање присуствуваше и амбасадорката на САД во Македонија, ...

Во текот на изминатите неколку дена, пожарникарите се борат со пожарите што ја зафатија земјата, од кои некои се на тешко достапни подрачја. Моментално, активни се 10 пожари, а регионот на Македонски Брод е најпогоден, со регистрирани три активни пожари. Дирекцијата за заштита и спасување вели дека човечкиот фактор е причина за пожарите. Градоначалникот на општина Крива Паланка побарал помош и од соседните општини за гаснење на пожарот во ...

Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседатева премиерот Христијан Мицкоски, кој како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, заради состојбата со пожарите, нема да присуствува на партиската трибина во Куманово, закажана во 19:30 часот. Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари. Како ...

Собранието денеска го усвои дневниот ред од 59. седница од кој претходно беше тргната точката за интерпелација на претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. Точката беше симната на предлог на пратеникот Бобан Карапејовски од ЗНАМ, со образложение дека „не сакаат да учествуваат во правно насилство врз Уставот“. На тоа со процедурални забелешки реагираа пратеници од опозицискиот Европски фронт кои бараа точката повторно да се врати. Халил ...

Голем пожар избувна во близина на населеното место Лозаново, Општина Крива Паланка, а градот се соочува со една од најголемите огнени стихии во последните неколку години, информира градоначалникот Сашко Митовски во видеообраќање преку својот фејсбук-профил. Митовски во видеото апелира на смиреност кај населението и вели дека е потребно вклучување на државна помош. „Пожарот е на локација на населено место Лозаново и од она што можам да го ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информира дека постапува во врска со денешниот инцидент во скопско Визбегово, каде што физички беше нападната новинарска екипа од ТВ Алсат за време на теренско известување за големиот пожар кој избувна на дивата депонија. „ОЈО Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи и со Здружението на новинари, со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа на ...

Јуни беше месец на добитници. Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 67.805.636 денари на своите играчи на ВЛТ терминалите – што е над еден милион евра! Оваа импресивна бројка уште еднаш ја потврдува среќата и довербата што играчите ја имаат во видеолотариските игри на среќа. Јуни донесе нова радост за играчите на ВЛТ. Среќните статистики од овој месец покажуваат: Овие бројки не се само статистика – тие се нови среќни приказни ...

„Нека видат народите од светот со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. И да оставиме трага за вистината, за една битка на една генерација“, рече премиерот Христијан мицкоски откако денеска Европскиот парламент ги отстрани референците за македонскиот јазик и идентитет од Извештајот за земјава. „Ова е нашиот Крушевски манифест, со кој конечно мора ние самите да се мобилизираме и да ги мобилизираме сите пријатели ...

Фудбалерите на Реал Мадрид и тренерот Чаби Алонсо го пропуштија задолжителното обраќање пред медиумите во пресрет на полуфиналниот меч против ПСЖ на Светското клупско првенство. Причината? Лошото невреме во областа на Мајами и Њујорк кое го одложи летот на тимот за повеќе од еден час. Иако ФИФА првично ја помести прес-конференцијата за подоцна, на крајот реши да ги откаже сите медиумски активности на “кралскиот клуб” за тој ден. Тимот слета во ...

Тркачкиот тим на Ред Бул во Формула 1, официјално ја заврши соработката со менаџерот Кристијан Хорнер, кој стоеше на чело на овој тим уште од 2005 година. Според германскиот весник “Bild” одлуката е веќе донесена, а сега “Motorsportweek” и “The Race” објавија дека од Ред Бул дошла официјална потврда дека “Хорнер бил ослободен од неговите оперативни должности во тимот, почнувајќи од денес”. Хорнер изминатата година беше вовлечен во скандал со ...

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правца поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, информира АМСМ. Според податоците на ЦУК, заклучно со 13 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни се десет. Има три активни пожари во Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), во с. Самоков (опожарен лесно ...

Европскиот суд за човекови права денес донесе две пресуди против Русија, во кои се вели дека земјата го прекршила меѓународното право во Украина. Ова е прв пат Меѓународниот суд да ја прогласи Москва за одговорна за кршење на човековите права за време на војната во Украина, објавува АП. Во втората пресуда, Судот, исто така, пресуди дека Русија стои зад соборувањето на летот на Малезија ерлајнс над источна Украина во 2014 година, на летот MH17 ...

Хаосот и слабата организација со која институциите ја дочекаа сезоната на пожарите ја прават Македонија небезбедна за граѓаните и нивниот имот, велат од СДСМ. Во партиското соопштение се додава: „Истовремено има десетици пожари на кои се дејствува доцна и со недоволни ресурси, граѓаните сами се снаоѓаат и се борат со огнот на многу места низ земјата. Последните пожари во близина на Скопје се реална закана по здравјето и безбедноста на граѓаните ...

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, изготвен од специјалниот известувач Томас Вајц, европратеник од Австрија. Документот ги опфаќа клучните реформи и предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, но вниманието на јавноста го привлече фактот што во неговата конечна форма се отстранети сите конкретни референци на „македонскиот ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руските власти немаат потврда за тврдењата оти американскиот претседател, Доналд Трамп, во 2024 година, се заканил дека ќе ги „бомбардира“ Москва и Пекинг, нагласувајќи дека дезинформациите преовладуваат во денешното информативно опкружување. „Дали ова е вистина или не – ниту ние не знаеме. Денес има многу лажни информации, честопати повеќе од веродостојни. Секогаш тргнуваме од тоа кога ...

Поради непочитување на наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отворената депонија во скопско Визбегово, што сѐ уште е во пламен, информира МВР. Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено ...

Постигнавме значаен напредок во зајакнувањето на одбраната, но можеме и мораме да направиме уште многу повеќе, дејствувајќи заедно како Европејци, порача денеска (9 јуни) претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на дебатата во Европарламентот посветена на резултатите од јунскиот Самит на ЕУ. „Руската инвазија на Украина беше повик за будење за Европа. Таа покажа дека мирот без одбрана е илузија. НАТО е неопходен. Но, ...

Едно лице е повредено во пожарот што денеска избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации. Нема зафатено куќи. Министерството за внатрешни работи потврди дека едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош. – Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека ...

Авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување е вклучен во гаснењето на пожарот на дивата депонија кај Визбегово. Покрај поддршка од воздух, во гаснењето интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила од „Комунална хигиена“. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот претставува ризик за проширување кон околните површини, а во близина се наоѓаат и станбени куќи. – Укажано ...

Најмалку 263 лица починаа за време на топлотниот бран што го погоди Лондон помеѓу 23 јуни и 2 јули, според ново истражување од Империјал колеџ во Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM). Студијата вели дека две третини од смртните случаи не би се случиле без климатските промени, за кои анализата покажа дека предизвикале зголемување на температурите во Лондон за речиси четири степени, објавува Скај њуз. Ова предизвика ...

Пожарот близу дивата депонија во Визбегово е опасност за жителите во Шуто Оризари и ако има потреба ќе треба да се евакуираат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека му е укажано на градоначалникот на Шуто Оризари дека ако се процени ќе има потреба за евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон. Во моментов се интервенира од екипи на Бригатата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје. „Во реонот на ...

Здравствениот систем во земјата е во тотален хаос. Државниот завод за ревизија утврди дека во текот на 2023 година, државата не обезбедила доволно средства за програмите за здравствена заштита на граѓаните. Според извештајот Министерството за здравство потрошило над 87 милиони евра за 23 програми, но е утврдено дека имало прекршувања при спроведувањето и дека тие не ги исполниле очекуваните резултати. Ревизијата, исто така, го критикува и ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи вчера пронашле мигранти на патот меѓу с.Богородица и с. Стојаково, по што биле приведени двајца криумчари на мигранти. -Вчера околу 17.40 часот во близина на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково од страна на полициски службеници од ПСГН Богородица биле пронајдени 13 лица мигранти (11 од Египет и 2 од Сирија), а околу 18.30 часот во близина на фабрика во с.Стојаково биле пронајдени 11 ...

Климатските промени го зголемија бројот на жртви од екстремна топлина во Европа во јуни оваа година за трипати, според студија на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина што опфати 12 големи градови. Научниците проценуваат дека топлотниот бран е „тивок убиец“ што одзеде 2.300 животи во 12 големи градови помеѓу 23 јуни и 2 јули оваа година, објавува лондонскиот „Гардијан“. Милано беше најтешко погодениот град, со 317 од 499 смртни случаи ...

За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, а за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст. Ова беше пораката која европратеничката Ирена Јовева од Словенија на македонски јазик ја упати до бугарските европратеници на крајот од своето обраќање во Европскиот парламент на вчерашната дебата за извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава. Европратеничката Јовева, која има македонско потекло, во ...

Осум лица вработени во затворот Скопје во Шуто Оризари се соочуваат со обвиненија за сериозни злоупотреби на службената положба. Во центарот на случајот е Филип Андов Сокол, поранешниот директор на затворот, за кого во поднесениот обвинителен предлог, стои дека заедно со двајца полициски службеници сториле продолжено кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“, додека петмина други затворски полицајци се гонат за „Несовесно ...

Длабинска анализа ќе покаже дали предлогот е оправдан или се работи само за партиски популизам, вели за Алсат Владимир Пивоваров, експерт во полето на безбедноста, коментирајќи ја идејата Собранието да добие полиција или соодветно обезбедување само за законодавниот дом. Според Пивоваров, во вакви случаи најважно е да се направи сериозна проценка од тоа дали и колку е потребно вакво нешто бидејќи Собранието веќе го обезбедува полиција, но и да се ...

Школото во селото Селце, Тетовско, кое се ветува уште од 2002 година, конечно се движи кон реализација. Првата фаза од објектот се очекува да биде завршена оваа година, а следната година и втората фаза, по што се очекува учебната година 2026/2027 да започне во нов објект. За да се види како течат градежните работи, на терен заедно со директорот на училиштето и неколку жители на Селце беше и градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
41%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1026
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
1.03
56%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1026
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
34%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
0.62
58%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
42%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
45%
1026
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
56%
1025
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
43%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409