За пожарот којшто во неделата околу пладне изби покрај магистралниот пат кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се појавуваат нови индиции дека е подметнат, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „На местото на избувнувањето на овој пожар можев да видам дека линијата на огнот е многу широка за пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара. Денеска утрово, додека пожарникарите работеа на негово ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека се уште не предложила наследник за членот на Судскиот совет Милјазим Мустафа, чиј мандат истекува утре, бидејќи како што вели, ја критикувала работата на овој Судски совет, како и, посочи, лошиот закон за Судски совет, во којшто критериумите за избор се несоодветни. Вели дека ќе го почека донесувањето на новиот закон за судски совет во Собранието. ...

Речиси две паралелкu со првачиња помалку од септември ќе има во струшките основни училишта. Ако ланската година се запишаа 508 ученици, во новата учебна година според досегашните бројки ќе има 467 првачиња, што е за 41 помалку од лани. Од нив 286 се на албански наставен јазик, 172 на македонски и само 9 на турски јазик. Две училишта во поодалечените села, Поум и Јабланица, ќе останат без прваче. Но ситуацијата не е ништо подобра и во поголемите ...

Првиот лек против маларија развиен специјално за новороденчиња и многу мали деца доби официјално одобрение и наскоро ќе биде достапен во африканските земји, објави денеска Би-Би-Си. Новиот лек се нарекува „Coartem Baby“, а го разви швајцарската фармацевтска компанија „Novartis“, во соработка со организацијата „Medicines for Malaria Venture“ (MMV). Ова е прв пат да се развие третман специјално за бебиња со тежина помала од 4,5 килограми – група ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година. Вчера беа разгледани, но не добија поддршка неколку амандмани поднесени од опзициските пратеници, меѓу кои и амандманот од пратениците од СДСМ за одредување буџетски средства за повредените во пожарот во Кочани, за кој заменик министерот за финасии Николче Јанкуловски оцени дека ...

Бројот на загинати од разорните поплави во американската сојузна држава Тексас на 4 јули достигна 104 лица, додека спасувачките тимови продолжуваат со потрага по исчезнатите во надојдените реки и расчистување на паднатите дрвја. Властите најавија дека ќе почекаат со одговорите на прашањата околу метеоролошките предупредувања и зошто некои летни кампови не биле евакуирани навреме, иако било предвидено големо количество дожд. Во христијанскиот ...

Во моментов, во земјава, активни се вкупно седум пожари на отворено, еден е локализиран и еден е под контрола, а изгаснати се 23, соопшти утринава Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се пожарите во Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка (само ...

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани денеска ќе престојува во посета на Македонија. Домаќин му е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а, како што е најавено, посетата ќе се реализира во Охрид и Струга. Пристигнувањето и пречекот се предвидени за рано утрово во вила „Охрид“, по што е закажана тет-а-тет средба меѓу министрите Муцунски и Хасани. Двете делегации потоа ќе имаат и работен ...

Од синоќа во 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правца се одвива нормално за патнички моторни возила, наизменично за камиони шлепери, додека за товарни возила со церади движењето е се уште забрането, соопшти утрово АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...

„Топџиите“ моментално се во центарот на вниманието, а причината се купувањата, како и продажбите што се подготвуваат. Арсенал ги договорил сите лични услови со Нони Мадуеке и Виктор Ѓокерес, но ова не се единствените два трансфери на кои работат Андреа Берта и неговиот тим. Арсенал сака да го доведе Мадуеке ова лето бидејќи го гледа како совршен играч кој може да игра и на левото и на десното крило и со тоа да создаде дополнителна борба на овие ...

Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка на континуираната и доследна посветеност на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ и на потребните трансформативни промени што се потребни за исполнување на критериумите за пристапување, ја пофалува посветеноста на земјата на европската интеграција и ги охрабрува континуираните напори за унапредување на реформите усогласени со ЕУ и покрај предизвиците и неуспесите што го тестираа ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, со над 60 км/ч. Максималната температурата во главниот град се очекува да се качи и до 41 степен. Веќе од среда навечер и особено во четврток, под ...

Критично е во скопската Општина Чучер-Сандево од пожарот кој зафати делови од овој крај. Освен Чучер опасно е и во Глуво, Бразда, Кучевиште, Мирковци и се шири до Бутел и други места. Луѓе кои живеат во овој дел но и во летниот период престојуваат во викендици, за Скопје1 велат дека од вчера има прав и пепел, а денеска од ширењето на огнената стихија неиздржливо е и не се диши од чадот и пепелта. Некои од нив, особено оние со деца, плашејќи се, ...

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици во Скопје, но сосема јасно се гледа каде чади од скопската обиколница, посебно од делот кај Волково. Освен пожарот кој избувна синоќа над магистралниот пат кон Блаце во близина на Скопје, чад се крева од повисоки делови. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојаче Ангелов, попладневно од Чучер-Сандево испрати ...

Пожарот што синоќа го зафати регионот на Блаце и Чучер Сандево попладнево се прошири во близина на границата со Косово, поради што Министерството за внатрешни работи го затвори граничниот премин во Блаце. Како што информираат од МВР, патот од Стајковци до Блаце во двата правци е затворен и сообраќајот е во прекин. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, во целост е прекинат ...

Дијабетичарите во земјава се жалат – велат дека пред два месеци завршил тендерот за набавка на инсулин, а тие и натаму немаат добиено терапија. Покрај терапијата, недостасуваат и инсулински препарати, па пациентите побараа итна набавка на истите преку писмо до министерот за здравство. „Количините на инсулинските производи се сведени на минимум и со тоа не се обезбедуваат предуслови да се задоволат потребите на постоечките пациенти. Никој од нас ...

На пленарната седница на 9 јули, точка на дневен ред е и интерпелацијата против првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, иницирана од Европскиот фронт. Иако на координацијата што првиот човек на Собранието, Африм Гаши, ја имаше денес со координаторите на пратеничките групи, се отвори дебата за тоа дали може да се дискутира за таква иницијатива или не. Според толкувањата што ги дадоа различни претставници, интерпелацијата се однесува ...

Според министерот за правда Игор Филков, реформите во правосудството во првата година од неговиот мандат не останале само на хартија. За една година, Министерството изготвило и доставило до Владата 22 системски закони, додека од осумте закони во реформската агенда со рок до јуни 7 се веќе во владина процедура. Од законите кои веќе се во Влада, Филков потенцираше дека дури четири од нив се однесуваат за платите на вработените во повеќе гранки од ...

Собранието наскоро може да добие сопствена полиција или соодветно обезбедување само за законодавниот дом. Идејата е отворена и веќе е формирана работна група од страна на претседателот на Собранието, во која се вклучени и претставници на Владата, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на средба со новинарите изјави дека идејата Собранието да има свое обезбедување значи поголема ...

Жителите на Полог годинава ќе ги поминат одморите главно на албанското крајбрежје. Ова се должи на близината и прифатливите цени. Менаџерите на туристичките агенции во Тетово велат дека е зголемен и интересот за одмор во Турција. Но, не секој има можност да ги посетува овие плажи, па затоа во градот Тетово има добри решенија. Има голем број базени кои нудат дури и она што го нудат плажите по многу пониска цена. „Базените се добри и имаат ...

Ортопедското одделение во Клиничката болница во Тетово продолжува да не извршува хируршки интервенции. Причината за ова е недостатокот на материјали за операција веќе неколку месеци. Помина една година откако од раководството на болницата доаѓаат ветувања, едно по друго, дека за две, три или пет недели ќе има материјали и ќе се вршат хируршки интервенции на ортопедското одделение. Сепак, тие продолжуваат да бидат само ветувања додека пациентите ...

Холандија сака да ја види Северна Македонија интегрирана во Европската Унија и да ѝ помогне на земјата во спроведувањето на реформите. Ова го изјави холандскиот министер за надворешни работи Велдкамп. Тој во Хаг го пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој изјави дека на средбата се разговарало и за продлабочување на соработката меѓу двете земји и за холандските инвестиции во земјата. Двајцата министри изјавија дека разговарале ...

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија. Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации. На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки. Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво. Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици. Силна бура го погоди и Зрењанин. Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, ...

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. „Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот“. Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на ...

Со особено задоволство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поддржа реализацијата на концертот „Од МОБ за Скопје“, одржан во чест на 200-годишнината од раѓањето на еден од најголемите светски композитори – Јохан Штраус. Ова значајно културно случување, организирано од Амбасадата на Република Австрија во Скопје, се одржа во саботата на 5 јули, под отворено небо пред Националната опера и балет. Во вечер исполнета со музика, оркестарот на МОБ под ...

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на железничката станица во Ѓорче Петров, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“. Пожарот, пријавен околу 18 часот, првин зафатил сува трева, но потоа се проширил и на неколку помошни објекти и штали, во кои имало домашни животни. Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, која функционира преку сеизмолошките станици инсталирани низ територијата на земјата и ја одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 13:35 часот регистрираше земјотрес. Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот се наоѓа во подрачјето на Валандово, на околу 123 километри југоисточно од Скопје. ...

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отворил истрага против шест лица осомничени дека вршеле продолжено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори откако имале краткотраен притвор и биле прибрани сите неопходни докази во оваа фаза. Обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил ...

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер, со брзина над 60 километри на час, в среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура, од 8 до 10 степени. Како што соопшти УХМР, претежно во северните делови од државава, во среда ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. -Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите истакна дека на денешната координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието да врши интерпелација на претседател на Уставен суд. Ова го истакна Гаши за интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, која е ставена на дневен ред на 59. собраниска ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
34%
1025
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
44%
1025
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
1.03
51%
1024
weather icon

Софија

25ᴼ / 23ᴼ
1.54
39%
1027
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.73
32%
1025
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.59
73%
1025
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.23
41%
1021
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
26%
1022
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
42%
1026
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
47%
1025
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
43%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941