Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти. Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“. Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е ...

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен го декласираше Реал Мадрид со 4-0 во второто полуфинале од Светското клупско првенство, кое годинава се одржува во Соединетите Американски Држави. Победата на ПСЖ значи финале против Челзи, кој претходно го совлада бразилски Флуминенсе. Натпреварот во Лос Анџелес ќе остане запаметен како последен за хрватскиот ас Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид. Емоционален крај за легендата на „кралскиот клуб“, ...

Ова се остатоците од вчерашниот пожар кај качанички пат во непосредна близина на бензинска пумпа, а во пожарот изгоре и дел од фабриката Фриком Делот од пожарот кој се наоѓа на само педесетина метри од бензинската е целосно изгаснат, додека во изгорениот дел од магацинот на комапнијата „Фриком“, која ја снабудува Македонија со сладолед, се уште може да се види чад, па неколкумина вработени со пумпи со вода интервенираат за огнот повторно да не ...

Бројни реакции по нападот врз новинарската екипа на Алсат. Нападот се смета за напад врз слободата на говорот, а сторителите да се казнат. Премиерот Мицкоски го нарече случајот одвратен. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, исто така го осуди нападот. Тој вели дека молчењето на институциите ги охрабрува ваквите напади. „Остро го осудувам нападот врз екипата на телевизијата АЛСАТ за време на известувањето од запалената депонија во ...

Пожарите што избувнаа во земјата во последните денови значително го зголемија загадувањето на воздухот. Вчера, главниот град беше покриен со чад цел ден поради пожарот на депонијата Визбегово. Пулмолозите велат дека чадот од пожарите е многу штетен за белите дробови, особено за пациентите кои страдаат од сериозни белодробни заболувања. „За жал, горат и отпадни материјали, т.е. чадот и честичките што произлегуваат од тој пожар се многу штетни за ...

Можете да добиете бронзен тен на плажа на здрав начин, без претерано изложување на кожата на сонце и ризик од потенцијални проблеми со кожата и здравјето. Иако летото сè уште не е во полн ек, добро време е да се зборува за заштита на кожата и здраво сончање. Летото привлекува со тен, но важно е да се одржи здравјето на кожата. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да добиете убав тен, без страв од изгореници и изгореници од сонце: Прилагодете ...

WOOHOO, ресторан кој се претставува како „ресторан на иднината“, треба да се отвори во септември во центарот на Дубаи, многу блиску до највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа. Храната во WOOHOO засега ќе ја подготвуваат луѓе, но сè друго – од менито до амбиентот и услугата – ќе биде дизајнирано од кулинарски модел создаден од вештачка интелигенција наречен Chef Aiman. Aiman, комбинација од зборовите „AI и „manк“, е обучен од децении ...

Обвинителството бара притвор за двојката која вчера физички ја нападна екипата на Алсат телевизија, имено новинарката Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредин додека известуваа за пожарот во Визбегово, чиј чад го преплави целиот град. Обвинителството бара ефективен притвор за напаѓачот, Александар Николчев, сопственик на компанијата „АСД МЕТАЛ ГРУП“, и домашен притвор за неговата сопруга. „Судијата на претходна постапка при Кривичниот суд во ...

Во текот на последните 24 часа, низ целата земја се детектирани 63 пожари. Поголемиот дел од активните пожари беа во Скопје, Крива Паланка и Дојран. Пожарникари, полицајци, војници, волонтери и локални жители до доцна навечер се обидуваа за да ги неутрализираат. Директорот за заштита и спасување изјави дека се преземени неколку превентивни мерки. Ангелов додаде дека во наредните денови, противпожарната служба на Македонија ќе биде опремена со ...

Македонската опозиција директно ја критикува Владата за поткопување на меѓународните позиции на земјата, по последниот извештај усвоен од Европскиот парламент. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада го заштитила јазикот и идентитетот во ЕУ, но дека сегашната влада ги ослабела позициите за свои политички интереси. Владата претходно повика на политичко единство во земјата, во врска со прашањето на идентитетот. Премиерот сега ...

Првите случаи на инфекција со вирусот Западен Нил за 2025 година се регистрирани во регионот на главниот град на Грција, Атина. Според Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), четири случаи се дијагностицирани истовремено, во последните 48 часа, а најверојатни места на изложеност се регионалните единици Западна Атика, Пиреја и Островите (во општините Аспропиргос, Коридалос и Саламина). Случаите се на пациенти над 65 години, кои се ...

Ремито 1:1 со Белгија во Скопје и победата од 1:0 на гостувањето кај Казахстан им донесоа на „Рисовите“ 15,21 поени повеќе од претходното рангирање, што резултираше со скок од пет позиции. Македонија ги скокна Јамајка, Албанија, ОАЕ, Јордан и Буркина Фасо. На врвот нема промени, прва и натаму е Аргентина пред Шпанија и Франција. Португалија го зеде шестото место од Холандија, а Италија излезе од топ 10 на чие место влезе Хрватска. Најголем скок ...

Додека мажите родени во знакот рак важат за емотивни, лојални и верни партнери кои ретко се одлучуваат за неверство, постојат хороскопски знаци кај кои верноста и стабилноста во врската не им се на врвот на листата на приоритети. Некои мажи, дури и кога се искрено вљубени, не можат да му одолеат на искушението, бидејќи ним потребата за паралелни односи, едноставно, им е „вградена“ во карактерот. За мажите родени во овие два хороскопски знака, ...

MSCI индексот на азиско-пацифички акции во 7:00 часот беше во плус 0,2 проценти. Притоа, цените на акциите во Хонгконг, Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,3 проценти, додека во Индија и Јапонија паднаа меѓу 0,2 и 0,6 проценти. Така, повеќето берзански индекси го следат вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит. Dow Jones зајакна за 0,49 проценти, додека S&P 500 порасна за 0,61, а Nasdaq индексот за 0,95 проценти. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, кој го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството. „Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот на цивилизациските вредности, ако сакате. Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги ...

Бразил и Кина потпишаа меморандум за разбирање за проучување на изводливоста на изградба на железница од атлантскиот брег на Бразил до тихоокеанскиот брег на Перу, објави во вторник бразилското Министерство за транспорт. Изградбата на железницата се разгледува како дел од подобрувањето на стратешката извозна рута, објави бразилското Министерство на платформата X. Координацијата на проектот и спроведувањето на студиите за изводливост и животна ...

Вчера беа изгаснати 66 пожари на отворено, а во моментов во земјава активни се пет пожари и пет пожари се ставени под контрола, изјави на прес – конференција Стојанче Ангелов, раководител на националниот Штаб за цивилна заштита и директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во изјава за медиумите, Ангелов истакна дека дел од пожарите се подметнати и поднесени се прекршочни пријави. – Имаме сериозни индиции и основано сомнение дека дел од ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за определување мерки за обезбедување присуство против две лица осомничени за нападот врз новинарска екипа на телевизијата Алсат М, кој се случи за време на пожарот во скопската населба Визбегово. Како што соопштуваат од Кривичен суд, на осомничениот А.Н. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, додека, на осомничената М.К. ѝ е определен куќен притвор, ...

Грчките власти соопштија дека десетици шумски пожари избувнале во цела Грција во последните 24 часа, а пожарникарите ставија под контрола голем пожар северно од Атина откога се бореа со него во текот на ноќта. Пожарот, кој избувна во регионот Оропос, на 60-ина километри од главниот град, беше ставен под контрола по неколкучасовна борба. Дополнителни 55 шумски пожари избувнале во целата земја во последните 24 часа, според портпаролот на ...

Најдобриот српски тенисер и еден од најголемите спортисти на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, избори пласман во полуфиналето на Вимблдон по уште едно изненадување. Тој го победи Италијанецот Флавио Коболи во четири сета – 3:1 (6:7, 6:2, 7:5, 6:4). Италијанскиот тенисер пружи силен отпор, но Новак повторно покажа ментална сила и искуство. Во битката за финалето го чека нов италијански предизвик – моментално тенисерот број еден во светот, Јаник ...

Јуни оваа година беше месецот со најголем број цивилни жртви во Украина од почетокот на војната – 232 цивили беа убиени, а 1.343 беа повредени, објави Мисијата на Обединетите нации за следење на човековите права во Украина. Во соопштението се наведува дека руските напади со ракети со долг дострел и касетна муниција во урбаните средини предизвикаа најголем дел од цивилните жртви во јуни во Украина – 53 проценти, објави Укринформ. Се забележува ...

Владата на Хрватска одржа седница на која до Собранието упати измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои, меѓу другото, повторно се воведува задолжително основно воено оспособување. „Сметаме дека овие документи се навистина потребни со оглед на значително изменетите глобални безбедносни околности. Хрватска од 2008 година има суспендирана одлука за служење на воениот рок, а на овој начин, со добро калибрирано и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претстави нов пакет договори со меѓународните финансиски институции за поддршка на напорите за закрепнување и обнова на Украина во вредност од 2,3 милијарди евра. „ЕУ денеска ја потврдува својата улога како најзначаен партнер на Украина. Не само како нејзин главен донатор, туку и клучен инвеститор во нејзината иднина“, изјави Фон дер Лајен во обраќање на Конференцијата за ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека партијата е во финална фаза на преговори со коалициските партнери, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, за заеднички настап на претстојните локални избори. „Сите кандидати на ЗНАМ ќе бидат поддржани таму каде што ќе постигнеме договор со нашите коалициони партнери во владата. Во кои општини ќе биде тоа, ќе соопштиме по завршување на преговорите“, рече ...

Собранието на денешната 59. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител. На седницата беше прифатен предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници. Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени ...

Змиите отсекогаш буделе страв и восхит, и тоа со причина. Нивниот отров може да предизвика парализа, внатрешно крвавење, откажување на органите, па дури и смрт во рок од неколку минути. Еве го списокот со петте најотровни змии во светот, рангирани според отровот и способноста да го загрозат човечкиот живот: Копнен тајпан (Oxyuranus microlepidotus) Најсмртоносната змија на светот; Потекло: Австралија; Смртоносна доза (LD50): 0,025 мг/кг; Едно ...

Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во коментар на денешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Мицкоски најави дека ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, а ...

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна ...

Роботската хирургија достигна историска пресвртница. Првпат робот изврши операција за отстранување на жолчното кесе целосно сам, слушајќи и реагирајќи на гласовните команди на хирургот. Роботот следеше вербални инструкции откога беше обучен преку видеа од вистински процедури, пренесува порталот Science. „Оваа работа претставува огромен скок напред во однос на претходните обиди бидејќи се справува со некои од фундаменталните пречки за примена на ...

Можеби некој очекуваше по вчерашниот Извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуваме. Напротив, ќе продолжиме уште посилно и попосветено да работиме, ќе покажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и архитектите кои сакаат, не ќе можат да го попречат нашиот пат кон ЕУ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Ова беше преседан, архитектура што се обидува да ја ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
41%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1026
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
1.03
56%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1026
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
34%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
0.62
58%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
42%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
45%
1026
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
56%
1025
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
43%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409