Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да ...

Во акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени се седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта. -Ноќеска во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во село Желино, сопственост на J.Ф.(47) од село Желино, за откривање на ...

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев вели дека со отстранувањето на „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за С Македонија во Европскиот парламент (ЕП) Софија успеала да спречи ЕП да биде искористен за домашна политичка пропаганда на премиерот на земјава Христијан Мицкоски. Нарекувајќи го „северномакедонски премиер“, Георгиев во денешното гостување во утринската програма на БТВ, изјави дека Мицкоски очигледно не бил воодушевен ...

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, тој потсети дека ...

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева. – Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на ...

ФБИ започна кривични истраги против поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, објави „Фокс њуз диџитал“, повикувајќи се на сопствени извори. Како што се наведува во извештајот, истрагите се спроведуваат за наводни нерегуларности поврзани со минатите владини истраги за наводите за руско мешање во изборите во САД во 2016 година. ФБИ, ЦИА и Министерството за правда не ги коментираа веднаш наводите. ...

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ официјално ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, напуштајќи го Кралскиот клуб како најтрофеен фудбалер во историјата на мадридскиот гигант. Својот последен настап во белиот дрес Модриќ го имаше во синоќешното полуфинале на Светското клупско првенство во поразот од 4-0 против ПСЖ то го остави без можност да додаде уште еден трофеј во својата богата колекција. Триесетидеветгодишниот Модриќ го носеше дресот ...

Пратениците денес ќе гласаат за предлогот за (не)доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поднесен од десничарските групи во телото. Седницата е закажана да започне во 12:00 часот, а се верува дека за предлогот нема да се гласа. Предлогот за недоверба го поднесе романскиот десничарски европратеник, Георге Пипере, поради, како што изјави, недостатокот на транспарентност на претседателот на ЕК во скандалот ...

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во американската сојузна држава Тексас се искачи на најмалку 120 лица, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на локални власти. Најпогодена е областа Кер Каунти, каде што се потврдени 96 жртви, од кои 36 се деца, повеќето сместени во христијанскиот летен камп „Мистик“. Според извештај на службата за одговор при поплави, уште шест лица од кампот – пет деца и еден воспитувач – се водат како ...

Голем шумски пожар доцна синоќа избувна на грчкиот остров Тасос, во областа Гликади. Зафатени се областите покриени со борови шуми по кои е познат најсеверниот остров во Егејското Море. Според грчки „Екатимерини“, пожарот е на нерамен, тешко достапен терен што ги комплицира напорите за негово контролирање. Активен е на два фронта – еден во областа Гликади на најсеверниот дел на островот, а другиот се движи кон популарното крајбрежно одморалиште ...

Последен ден за Миљазим Мустафа како член на судскиот совет, чиј мандат истекува денеска, што значи дека советот во наредниот период ќе продолжи да работи со деветмина членови. Миљазим Мустафа беше избран како член на Советот на 9 јули 2019 година и тоа по предлог на претседателот на државата. Судскиот совет ќе треба да добие негова замена, меѓутоа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека прво ќе се почека носење на новиот закон за ...

ВЛЕН се во завршна фаза на комплетирање на доказите и во најбрз можен рок ќе поднесат кривична пријава до основното јавно обвинителство против поранешните први луѓе на Државниот завод за статистика поради сомнеж за политичко договарање и фалсификување на резултатите од пописот од 2021 година. Коалицијата обвинува и дека ДУИ стои зад местење на резултатите во пописот. Ги собираме сите јавно достапни докази вклучително и јавно објавените ...

Рамиз Мерко ќе има мирно лето, бидејки пресудата за незаконското поставување на директор во Основното училиште во селото Велешта ќе ја слушне на есен. Денешното рочиште беше одложено по петти пат едно подруго, по барање на одбраната. Во меѓувреме почнува судската ферија, односно судовите се на летна пауза. Судијата Јордан Јованов не сакаше да коментира дали станува збор за смислен потег од страна на одбраната на струшкиот градоначалник. ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио денеска во Куала Лумпур ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тоа ќе биде втора средба помеѓу Рубио и Лавров. Тие ќе се сретнат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на АСЕАН. Во Малезија вчера почна тридневниот состанок на министрите на АСЕАН, на кој се планирани и средби со главните трговски партнери на Асоцијацијата, меѓу кои САД, Кина, ...

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и посвежо со мала од умерена облачност, а ќе дува и умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигне брзина и над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движви во интервал од пет до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 20 до 31 степен. Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала ...

На територијата на државата во изминатото деноноќие гореле 63 пожари од кои девет се сè уште активни, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК) на својот официјален фејсбук-профил. Според информациите на ЦУК до 7 часот утрово сè уште се активни пожарите кај Блаце во скопско Чучер-Сандево, кај депонијата во село Визбегово во општина Шуто Оризари, потоа пожарот кај селото Бешиште, Прилепско и четири пожари на територијата на општина ...

Едно лице го загуби животот, а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на аеродромот во Охрид. Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на две патнички возила. На местото на несреќата биле веднаш испратени екипи на Службата за итна медицинска помош, на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и на сообраќајната полиција. Извршен е увид за ...

Кога се во прашање парите, јули носи позитивни вести за повеќето знаци во зодијакот. Но, за некои ова ќе биде месец исполнет со финансиски предизвици. Во која група сте вие? Прочитајте го финансискиот хороскоп за седмиот месец во 2025 и откријте што ви носи: Овен Бидејќи сте решителни и полни со енергија, јули може да ви донесе финансиски добивки, особено во првата половина од месецот. Обидете се да се вклучите во нови проекти, но не прифаќајте ...

Користејќи мицелиум и внимателно одбрани бактерии, научници од САД се на пат кон создавање траен и долготраен градежен материјал со корисни својства како што е самообновувањето. Бетонот е голем загадувач и неизбежно е дека ќе мора да се замени во значителни количини. Сепак, ова е тежок проблем за решавање, бидејќи бара наоѓање еколошки материјали кои имаат добра компресивна цврстина и бараат малку одржување, исто како бетонот. Затоа научниците ...

Работниците во египетскиот пристанишен град Александрија открија 22 масивни камени блокови кои биле користени пред илјадници години за изградба на познатиот светилник во градот, едно од Чудата на античкиот свет. Камените блокови биле подигнати од дното на пристаништето во Александрија, на југоисточниот брег на Средоземното Море, и сега ќе бидат проучувани и дигитално скенирани. Резултатите ќе бидат додадени на дигиталните записи за повеќе од ...

Експертите од Healthline препорачуваат едноставно додавање сок од лимон или малку лимон во чај од ѓумбир или други пијалоци од ѓумбир. „Пијте здрав пијалок од лимон и ѓумбир два или три пати на ден за да ја максимизирате хидратацијата и својствата на ѓумбирот и лимонот за потиснување на апетитот“, изјавиле тие. Можете да го пиете топло, како чај, или ладно. Можете да пробате да направите зачинет пијалок од ѓумбир, кој нуди многу придобивки само ...

Во емоционална и свечена атмосфера, Општина Алексинац од Република Србија свечено додели Плакета за особен придонес во зголемување на наталитетот и унапредување на здравствената заштита на Прим. д-р Таше Трпчевски, директор и основач на ПЗУ Болница Плодност – Битола. Признанието беше свечено доделено од градоначалникот г. Далибор Радичевиќ, во рамки на официјална делегација што ја посети болницата, по повод значаен јубилеј: 100 деца од ...

СВР Куманово потврди дека полициските службеници од ОВР Крива Паланка, пронашле починато лице во близина на пожар во село Лозаново. Во моментов екипи на обвинителството вршат увид кој треба да ги покаже причините за настанување на смртта. – Денеска од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во село Лозаново, кривопаланечко било пронајдено починато лице. Во присуство на јавен обвинител се врши увид, соопшти СВР ...

На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај село Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи. Приоритет е пожарот кај ...

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран, активен веќе трет ден, ја помина границата и за прошири и на грчка страна, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираат од противпожарната служба на Грција, пожарот е во регионот на Дојранското езеро кај Килкис (Кукуш), а се гасне со 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и ...

Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува денешниот физички напад врз новинарската екипа на телевизијата АЛСАТ М, која известуваше за големиот пожар на дивата депонија во Визбегово. Според информациите од колегите, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице сопственик на отпадот за кој се смета дека го предизвикал пожарот. Напаѓачот насилно му го одзел мобилниот телефон на ...

Изградбата на две училишни згради, изградбата на зградата на општина Тетово и реконструкција на булеварите до нивното завршување. Ова се проекциите на планот за развој на општината за следните четири години што денес ги гласаше општинскиот совет на Тетово. „Станува збор и за кофинансирање на проекти што ќе се реализираат со таканаречениот холандски заем, но за општините тоа ќе биде како грант, во кој случај Општина Тетово предвиде дека, доколку ...

Професорот Висар Адеми денеска и официјално ја објави својата независна кандидатура за градоначалник за Гостивар. Во видео порака упатена до жителите на Гостивар, Адеми вели дека одлуката за кандидирање дошла по многу разговори со граѓаните, како повик што не можел да го игнорира поради разочарувањата акумулирани низ годините и како одраз на разочарувачките политики. Инаку, Висар Адеми е доктор по економија. „Затоа, доста со молчењето, доста со ...

Европратениците ги избришаа термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц, а во конечната верзија на документот, која беше усвоена, не се спомнати македонски јазик и македонски идентитет. Заедничкиот амандман за бришење на македонскиот јазик го предложија европратениците од Европската народна партија, Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи и Европската ...

Утрово во Визбегово избувна пожар во отпад за стари возила. Пожарот се прошири брзо и претставуваше ризик од ширење во станбени области. Поради ова, активирани се противпожарни единици, додека на барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, побарана е воздушна поддршка за гаснење на пожарот во депонијата помеѓу Шутка и Визбегово. Пожарот во оваа депонија за автомобили предизвика загриженост кај жителите на Скопје поради црниот чад што се ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
41%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1026
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
1.03
56%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1026
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
34%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
0.62
58%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
42%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
45%
1026
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
56%
1025
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
43%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409