
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Над 70 тони вода се исфрлени од двата полициски хеликоптери во околината на Блаце, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во рамки на денешните активности на полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптери на единицата за полициски намени Бел 412 и Агуста бел 212 што се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце, во 55 налети исфрлени се повеќе од 70 тони вода, ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски рече дека резултатите на локалните избори во октомври годинава ќе покажат чија политичка реторика е исправна по изборот на кандидати за градоначалници. Ова беше негов одговор на критиките од страна на СДСМ, кои денеска на прес-конференција обвинија дека кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, работи во интерес на партијата, а не на граѓаните. – СДСМ си има своја реторика, си има своја ...
Кина би можела да ја искористи Русија за да го одвлече вниманието на САД од Индопацификот со цел да го нападне Тајван, предупредува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Њујорк тајмс“. „Ако Си Ѓинпинг реши да го нападне Тајван, прво ќе му се јави на Владимир Путин за да предизвика вознемирување во Европа со напад на територија на НАТО“, изјави Руте и додаде дека такво сценарио е можно за пет до седум години. Руте нагласи дека ...
Изгорено човечко тело и изгорени грла добиток пронашле пожарникарите вчеравечер откако изгасиле пожар што избувнал кај мост на Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров. Како што соопшти МВР во дневинот билтен, вчера во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на сува трева кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. -Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна ...
Трошоците на живот во јуни се зголемени за 4,5 проценти на годишно ниво, а цените на мало за 3,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во однос на мај инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот изнесува 0,8 проценти. Повисоката инфлација на месечно ниво е резултат на зголемувањето на трошоците на животот кај Транспортот за 2,9 проценти, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 процент, ...
Да бидеме јасни – поентата на овој напис не е да ги оцрни „Led Zeppelin“, туку отворено да кажеме како фанови дека дури и најголемите бендови имаат лош ден во студиото. „Led Zeppelin“ со право го заземаат местото меѓу најголемите рок бендови на сите времиња, по мене лично дури и во топ 3, но сепак има песни во нивниот богат опус кои не го издржале товарот на времето. Во продолжение ви пренесуваме некои песни на „Led Zeppelin“, кои, искрено, не ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во блиска иднина за сума што не надминува 15 милиони евра. Според тамошните медиуми Јувентус ја намалил почетната цена на играчот за 50% со цел да ја заврши неговата продажба порано, наместо да го пушти бесплатно во летото 2026 година, кога му истекува договорот. Дополнително, забрзаната продажба ќе му помогне на клубот да ги фокусира своите напори на задржување на Рендал Коло ...
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), врз основа на заклучоците од состаноците со екипите од сениорските лиги, ја претстави стратегијата за периодот од 2025 до 2029 година. Врз основа на сеопфатна анализа на младинските и сениорските лиги, како и на финансиските и административните обврски на клубовите од минатите сезони, КФМ објави нова стратегија за стабилен и квалитетен натпреварувачки систем. Целта на оваа стратегија е да обезбеди ...
Патниците што денеска претпладне нешто по 10 часот се движеа по автопатот од Катланово кон Велес наидоа на коловоз покриен со материја налик на земја, но со непријатна миризба. Фотографии испратени до редакцијата на „360 степени“ сведочеа за невообичаената глетка на автопатот во наведеното време, а на коловозот, според информациите што ги добивме, не била поставена сигнализација за предупредување, иако истурената „земја“, како што може да се ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август. Прашан дали ќе ги распише на 8 август, Гаши нагласи дека е возможно и оти се ќе биде во рамките на предвидените рокови. -Може да се распишат на 8 август. Се ќе биде во рамките на роковите. Изборниот законик има две одредби по кои се водиме. Прво е одредбата да не биде повеќе од 90 или помалку од 70 ...
Неандерталците се наши најблиски изумрени роднини и тие продолжуваат да фасцинираат додека гледаме назад низ десетици илјади години историја. Во ново откритие за овој мистериозен, но често познат вид, истражувачите пронајдоа антички докази за неандерталска „фабрика за масло“ во денешна Германија. Фабриката, која функционирала пред околу 125.000 години, би била место каде неандерталците кршеле и дробеле коски на големи цицачи за да извлечат ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, додава парфем на растечката листа на стоки што го носат неговото име, отворајќи нови прашања за неговата употреба на претседателската функција за промоција на производи што го збогатиле него и неговото семејство Поранешниот њујоршки магнат за недвижности, кој се врати во Белата куќа во јануари за својот втор мандат, оваа недела објави дека нов парфем за мажи и парфем за жени со брендот Трамп се достапни за ...
Се уште е активен на неколку краци пожарот во близина на граничниот премин Блаце. Според Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), можна причина е догорче од цигара покрај самиот магистрален пат, а не е исклучено и да е подметнат. -Бидејќи вчера бев на местото дваесетина минути по појавувањето на пожарот и од она што можев да го видам е дека пожарот е почнат покрај самиот магистрален пат кон ГП Блаце. И ...
Можеби додека гледате слики на Винсент ван Гог некогаш ви поминала мисла низ умот дека сакате еден ден да поседувате некое од неговите уметнички дела. Ако е така, ќе мора да застанете во ред со повеќе милијардери, па дури и тие можеби никогаш нема да дочекаат некое од делата да биде дадено на аукција. Ова веројатно би било изненадување за самиот Ван Гог, кој починал практично непознат, по уметничка кариера од само десет години. Во тоа време тој ...
Три четвртини од сите бизниси на некој начин зависат од природата. За суровини како дрво, памук и земјоделски култури; за микробите и разградувачите во екосистемот што го одржуваат земјоделското земјиште одржливо; за заштита на вредна инфраструктура од екстремни временски услови преку крајбрежјата и поплавните рамнини. Што значи дека кога природата напредува, економијата напредува. А, кога природата страда, економијата исто така, страда. Ова го ...
Дел од натстрешница се урна на улицата „Кнез Михајлова“ – главната пешачка улица во центарот на Белград. Како што јавува Н1, натстрешницата се урнала пред влез на позната парфимерија, најверојатно во текот на ноќта бидејќи, според изјавата на вработената во парфимеријата, сè било во ред во текот на претходниот ден. Нема информации за повредени лица. Секретаријатот за инспекција, надзор и комуникација на Србија соопшти дека градските и ...
Договорена е најголемата размена во историјата на НБА според бројот на вклучени тимови. Седум клубови учествуваа во огромната размена во која Кевин Дурант и Клинт Капела се преселуваат во Хјустон Рокетс. Покрај Рокетс, во размената се вклучени и Феникс Санс, Атланта Хокс, Бруклин Нетс, Голден Стејт Вориорс, Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулвс. Детален преглед на размената: Хјустон Рокетс: Кевин Дурант, Клинт Капела Феникс Санс: Џејлен ...
По 21 месец војна, се зголемуваат надежите за ново примирје во Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник (7 јули) во Вашингтон ќе има клучна средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп претходно им рече на новинарите дека ќе биде „многу цврст“ во разговорите со Нетанјаху за да се стави крај на конфликтот. Тој рече дека верува оти „ќе имаме договор“ оваа недела. „Работиме на постигнување на договорот што беше ...
На осмиот ден од блокадите на протестите во Србија, во текот на утрото на 7 јули, полицијата ги спречи граѓаните да блокираат клучни патишта на неколку локации во Белград. Силни полициски сили се присутни на улиците во центарот на градот и другите населби. На некои од локациите, полицијата ги идентификувала граѓаните, објави телевизијата Н1. На покана на студентите, неформалните собири на граѓани најавија блокади на улици и раскрсници од седум ...
Поради недостаток на персонал во одделот за ортопедија во Клиничката болница во Тетово, но и недостаток на потребни материјали, веќе една година не се вршат хируршки интервенции. Раководителот на ова одделение вели дека ситуацијата ќе се влоши уште повеќе, бидејќи двајца лекари ќе се пензионираат. „Имавме материјали што ни останаа и се обидовме колку што можевме да ги искористиме. Иако некогаш планиравме понатамошен развој и уште посложени ...
Во летната сезона, бројот на влекачи се зголемува, а змиите се најопасни. Но, колку граѓаните се информирани што да прават во случај на каснување или убод од змии и други видови влекачи? Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, вели дека ако некого го касне змија, првото нешто што треба да го направи е да не паничи и да оди во најблиската здравствена клиника. Досега оваа година се пријавени два случаи на каснувања од змија. ...
Полска во понеделник воведе привремени контроли на границите со Германија и Литванија во обид да го спречи растечкиот број нелегални мигранти кои ја преминуваат полската граница од север и запад. Холандија, Белгија и Германија веќе спроведоа слични мерки, што ја одразува растечката загриженост на јавноста во ЕУ за миграциските текови во рамките на Шенген зоната, објави Ројтерс. Дебатата за миграцијата во Полска станува сè пожестока во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчеравечер соопшти дека секоја држава што ја поддржува политиката на БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителен данок од 10 проценти. “Секоја земја што се согласува со антиамериканската политика на БРИКС ќе плати ДОПОЛНИТЕЛНА царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци”, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут соушл“. Оваа негова изјава дојде откако државите членки на ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае десет дена. Поднесени се над 200 амандмани. Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде ...
Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК. Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена мешана шума, во Општина Македонски Брод во село Црешнево каде гори деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка – само чад во карпест дел (шумски пожар). Во Општина Чучер Сандево: помеѓу село ...
Итната медицинска помош го известила Секторот за внатрешни работи Велес дека вчера попладне, во реката Вардар, на влез во Велес, во близина на местото викано Бентот, е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат. „Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Секторот ...
Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми, како приоритетите на Данско претседавање со Советот на ЕУ, трговските преговори меѓу Унијата и САД и гласањето недоверба на Европската комисија, е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за земјава. Дебатата за извештајот на Вајц врз основа на извештаите на Европската комисија за 2023 и 2024 година за земјава е закажана за ...
Австралиската полиција синоќа уапси маж осомничен дека подметнал пожар во синагога во Мелбурн додека внатре имало верници, што е најнов во серијата инциденти насочени против еврејската заедница во земјата. Израел го осуди како гнасниот напад врз Евреите и повика на обезбедување правда. 34-годишниот маж е осомничен дека го подметнал пожарот на влезната врата од фреквентната верска зграда во Мелбурн во петокот вечерта, за време на Шабат – ...
Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80, соопштија локалните власти. Меѓу жртвите има 28 деца од округот Кер, каде што 10 девојчиња и советник во кампот од христијанскиот летен камп „Камп Мистик“ сè уште се водат како исчезнати. Округот Кер е најтешко погоден Шерифот Лари Леита изјави дека 68 лица загинале само во округот Кер – 40 возрасни и 28 деца. Други ...
Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран. Укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР Сообраќајот на оваа делница синоќа поради пожарот над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот, кој се прошири, беше пренасочен за патнички возила, а беше воведена забрана за товарни моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје и во ...