Еден од лидерите на ВЛЕН, Билал Касами, во интервју за Алсат ексклузивно откри дека ВЛЕН одлучиле на локалните избори во октомври, во Општина Желино да настапи со актуелниот градоначалник, Блерим Сејдиу, како свој кандидат. Исто така, Касами нагласи дека врз основа на резултатите од анкетите, постојат големи шанси ВЛЕН да го кандидира Фатмир Лимани во Кичево, додека во тек е разгледување на можноста да се поддржи независната кандидатура на Висар ...

Четири пожари и понатаму се активни на територијата на Македонија. Уште два се локализирани, додека три се ставени под контрола. Во моментов, на отворени површини горат 14 пожари, од кои пет се целосно изгаснати досега. Како што соопштија од Центарот за управување со кризи, пожарот во општина Дојран, во селото Николиќ и понатаму е активен, додека има уште едно активно жариште во општина Старо Нагоричани, во општина Македонски Брод и во Гази ...

Откако се појавија чет-ботовите и алатките управувани од вештачка интелигенција, многу работи се променија на интернет. Од фактот дека повеќе не сте сигурни што е создадено од човек, а што од вештачка интелигенција, до фактот дека начините на кои правиме многу работи се променија. Но, едно нешто остана исто – прелистувањето и пребарувањето на интернет. И тоа би можело да се промени сега. Стартапот за вештачка интелигенција Perplexity го ...

Хрватската полиција извести за глобална операција со кодно име „Глобален синџир“, чија цел беше борба против трговијата со луѓе заради сексуална експлоатација, присилно извршување кривични дела и присилно просење. „Како резултат на обемната операција против трговија со луѓе, спасени се 1.194 потенцијални жртви, а уапсени се 158 осомничени. Како дел од започнатите истраги, идентификувани се дополнителни 205 осомничени за трговија со луѓе. ...

Обилни дождови ја погодија североисточна Шпанија во саботата, вклучително и Каталонија, каде што железничкиот сообраќај беше целосно прекинат неколку часа, а властите пријавија поплави. Според метеоролошката агенција „Aemet“, која во саботата попладне го прогласи поголемиот дел од Каталонија за црвено, некои области добија повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за само неколку часа. Обилните дождови предизвикаа поплави, вклучително и во ...

Интензитетот на сообраќајот на патните правци низ државата, надвор од градските средини, денеска е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце кон Србија се бележи зголемена фреквенција на возила и се чека околу 40 минути за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна, според последните информации, нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата. Од ...

Двојно убиство и самоубиство се случило во Прилеп. Според неофицијални информации, драмата се одвивала за време на семејна веселба. Три лица се мртви, меѓу кои и малолетно дете. Убиецот, кој е вујко на убиениот возрасен човек се самоубил по настанот, а дека планира да направи нешто објавил и на Фејсбук. Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ. Полицијата пробала да ...

Вечерва на Античкиот театар во Охрид под мотото „Трансформација на сетилата“, отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, со настапот на американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од македонската филхармонија под диригентската палка на Едвин Оутвотер. Во рамките на 40 дена колку што ќе трае фестивалот, публиката ќе може да проследи бројни музички и драмски настани. Во музичкиот дел од програмата ќе ...

Занаетчиството во Македонија, кое последните неколку години се соочува со сериозни предизвици, постепено изумира, алармираат од регионалната занаетчиска комора во Охрид. Од таму велат дека интересот помеѓу младите да се занимаваат со занает е се помал, а добар дел од нив ги затвораат дуќаните дури и оние кои носат поголем профит како што се козметичари и фризери. Од комората велат дека во текот на една тековна година има повеќе испишани, отколку ...

Вчерашниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е само последната и најгрозоморна потврда дека Македонија е под власт на криминализиран и авторитарен режим, кој не се двоуми да употреби насилство за да ги заштити своите интереси и да ги заплаши сите што зборуваат за корупцијата. „Ова не беше само напад врз една градоначалничка. Ова беше порака до секој граѓанин, судија, обвинител, службеник – да не се осмели да чепне во ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање не кажа дали се точни пишувањата на некои медиуми во земјава дека претседателот на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари е еден од приведените лица за намерно предизвикување на пожари во Скопје. Сепак, Мицкоски рече дека за одредени лица постојат сомневања дека подметнувале пожари дека ќе следуваат санкции. „Па не би сакал јас сега да зборувам подетално за тоа за што вие говорите. Имаме ...

Обвинителството бара притвор за лицето кое вчера физички и вербално ја нападна градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска во Чаир. Покрај ова лице, обвинителството поведе постапка за уште едно лице кое упатувало вербални закани кон градоначалничката. „Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Јавниот обвинител до судијата ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области. Се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи. Според ЈО, локацијата е обезбедена, а на терен се инспектори од одделот за економски криминал на МВР. ...

Шест ин витро обиди ќе бидат покриени од страна на Фондот за здравствено осигурување, наместо досегашните три, а истите ќе бидат бесплатни за граѓаните кои се обидуваат да имаат наследник. Оваа измена доаѓа по некои измени на законот за здравствена заштита на населението, кои беа одобрени на 10 јули во Собранието, на иницијатива на група пратеници во соработка со Министерството за здравство и Фондот. Во текот на изминатата година имало 1.495 ин ...

Парцелата каде што се наоѓаат двете училишни згради во село Нерово во Крушево, доби катастарски број. Ова беше потврдено од страна на Државниот правобранител. Во Катастар, парцелата е со број 773, вклучувајќи го и просторот и училишните објекти. Во тек е постапката за пренесување на сопственоста на име на Општина Крушево. „Во тек е постапката за пренесување на сопственоста на горенаведениот објект во корист на Општина Крушево, за што Државниот ...

Во текот на изминатите 24 часа во Македонија се регистрирани 38 шумски пожари. Три од нив се сè уште активни, пет се ставени под контрола, додека 30 се целосно изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, најкритична е состојбата во општините Дојран, Велес и Македонски Брод. Според Дирекцијата за заштита и спасување, фокусот на борбата против пожарот денеска е ставен на пожарот над селото Николиќ во општина Дојран, чие ...

Премиерот Христијан Мицкоски направи уште една споредба, обвинувајќи ги бугарските политичари за тенденции на асимилација на македонскиот народ, споредувајќи го нивниот пристап со оној на руското раководство врз Украина. Овие изјави последните неколку дена, доаѓаат откако Европскиот парламент го избриша македонскиот јазик и идентитет од извештајот за Македонија. Бугарскиот министер за надворешни работи го нарече Мицкоски северномакедонски ...

Министерството за внатрешни работи се уште не го привело лицето осомничено за убиството од вчера во Батинци, ниту го потврдило неговиот идентитет. Сепак, неофицијално се дознава дека е сторителот на убиството е Муса Џавити. Лицето кое го застрела 49-годишниот Агим Мухареми, неофицијално се дознава дека претходно бил осуден за нелегално поседување оружје и дека е дополнително осомничен за убиство од 1 јули минатата година, исто така во Батинци. ...

Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села, го коментираше извештајот одобрен од Европскиот парламент за земјата. Тој рече дека извештајот е и подавање рака за земјата, која мора да ги направи потребните компромиси за ЕУ. „Апелирам, без да навлегувам во деталите за тоа што се случи во Европскиот парламент, целиот политички фактор во Македонија да се повика на разум и да ги направи потребните компромиси за ...

Бугарското Министерство за надворешни работи реагираше со остри тонови откако бугарскиот амбасадор беѓе повикан во МНР, опишувајќи го овој чекор како неочекуван и неоправдан. Во официјално соопштение, бугарското МНР нагласува дека е изненадено што ова се случува во време кога, , со месеци претходно, високи претставници на мaкедонската влада пренесуваат непријателски пораки и дејствија кон Бугарија. Според соопштението, бугарскиот амбасадор во ...

Центарот за управување со кризи го тестира системот за предупредување на граѓаните преку испраќање СМС-порака на секој еден жител. Во содржината на пораката стои дека во земјава е прогласена вонредна состојба и е во сила забраната за движењето во шуми. Меѓутоа, иако станува збор за тест порака – таа е напишана на латиница, наместо на кирилица, со чудна структура и граматички грешки. Од ЦУК велат дека засега само се испитуваат техничките можности ...

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30 изгаснати. Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи, активните пожари се во Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума), Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки). Под контрола се пожарите во ...

Осуден на доживотен затвор во случајот „Дива населба“, Деме Шеху е испратен вон законските постапки да ја отслужи казната во друг затвор, односно испратен е од Идризово во Штип. Во овој затвор не постојат услови за систематизација на затворениците кои издржуваат доживотни казни. Неофицијално се дознава дека Шеху е ставен во ќелија спротивно на Законот за спроведување на санкциите. Од вторник, Дирекцијата за спроведување на санкциите молчи за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска vо Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој ќе престојува во работна посета на земјава. Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, каде е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15-20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена ...

Во последните два месеци се поднесени 11 кривични пријави против лица од различни градови за намерно предизвикување пожари. Само во последните два дена, МВР известува дека се откриени некои случаи на лица кои намерно предизвикале пожари на некои локации. „За време на патролата на патот во близина на Миладиновци, од страна на полицијата бил забележан црн чад и биле пронајдени две лица кои запалиле кабли во близина на сувата трева и ѓубре. Со ...

49-годишен припадник на Армијата е убиен утрово во скопското село Батници. Агим Мухареми бил убиен на мостот на влезот на селото Батинце. Идентитетот на убиецот е познат, но според полициски извори,се трага по него. Смртта на војникот Мухареми ја потврди екипата на Градската болница „Свети Наум Охридски“. “Денес околу 11 часот беше донесен маж на возраст од околу 50 години со рани во градите. Преземени се сите мерки за реанимација, но ...

Археолозите во Белизе го открија гробот на првиот владетел на древниот мајански град Каракол, кој бил главен центар во низините на Маја во текот на шестиот и седмиот век. Гробницата на кралот на Каракол, наречен Те Каб Чаак, датира од околу 350 година од нашата ера. Ова е прв пат да се пронајде препознатлива кралска гробница во Каракол откако археолозите од Универзитетот во Хјустон, Дајан Чејс и Арлен Чејс, започнаа со ископувања таму пред ...

Скопската градоначалничка Данела Арсовска попладнево била физички нападната на Бит Пазар при вршење на увид на дивоградба спроти полициската станица во Чаир. По нападот, Арсовска кратко беше примена во градската општа болница 8-септември, а за медиумите кажа дека покрај била физички и вербално нападната и дека целиот инцидент се одиграл во присуство на полиција. „ Физички ме нападна со тепање, со замавнување, со клоци…пред очите на МВР. Закани ...

Со Сатурн кој сè уште е во конјункција со Нептун во Овен, а во секстил со ретроградниот Плутон во Водолија, сме повикани да погледнеме каде во животот се обидуваме да изградиме нешто ново врз стари стравови. Неделата завршува со почеток на ретроградниот Сатурн во Овен, кој ќе нè натера да ги преиспитаме нашите цели, начинот на кој градиме авторитет, и колку сме навистина одговорни пред сопствените соништа. Секој знак ќе ја почувствува оваа ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1028
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
75%
1026
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
0.0
80%
1026
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1029
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.0
55%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.33
99%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.92
48%
1023
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
68%
1025
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
67%
1027
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.79
82%
1026
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
49%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941