Длабинска анализа ќе покаже дали предлогот е оправдан или се работи само за партиски популизам, вели за Алсат Владимир Пивоваров, експерт во полето на безбедноста, коментирајќи ја идејата Собранието да добие полиција или соодветно обезбедување само за законодавниот дом. Според Пивоваров, во вакви случаи најважно е да се направи сериозна проценка од тоа дали и колку е потребно вакво нешто бидејќи Собранието веќе го обезбедува полиција, но и да се ...

Школото во селото Селце, Тетовско, кое се ветува уште од 2002 година, конечно се движи кон реализација. Првата фаза од објектот се очекува да биде завршена оваа година, а следната година и втората фаза, по што се очекува учебната година 2026/2027 да започне во нов објект. За да се види како течат градежните работи, на терен заедно со директорот на училиштето и неколку жители на Селце беше и градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами. ...

Англискиот тим Челзи е првиот финалист на Светското клупско првенство. Во полуфиналето сините од Лондон со 2:0 беа подобри од бразилскиот Флуминенсе. Јунак на Челзи е 23-годишниот Бразилец, Жоао Педро кој ги постигна двата гола на ефектен начин, против својот некогашен клуб. Уште во 18-тата минута Педро со прекрасен волеј удар од 18.мести ми донесе водство на Челзи од 1:0. Истиот фудбалер, во 56.миунута по брзата контра, уште еднаш ја „искина“ ...

Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната сесија во Стразбур ќе гласа за усвојување на Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. На предлог текстот на извештајот се поднесени вкупно 28 амандмани, меѓу кои и три како заеднички предлог на европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати. Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во ...

Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието ...

Сончево време со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошкиработи (УХМР). Во северните делови од земјата ќе има услови за повремен локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер кој ќе достигне брзина од над 60 километри на час. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 22 до 38 степени. И во Скопје денеска се очекува сончево време ...

Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор. На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот заменик претседател на Владата и ...

Албанија отвори генерален конзулат во Струга. Според двајцата министри за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Игли Хасани, ова е важен мост во односите меѓу двете земји. „Во време кога мобилноста на нашите граѓани значително се зголеми и од туристички причини и од сезонски и економски обврски, потребата од конзуларни услуги стана поитна. Но, овој конзулат нема да биде само канцеларија за документи, туку функционален мост помеѓу албанската ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, соопшти ЈОРМ. -Синоќа, на улицата “Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар ...

Иако од 1 јули стапи на сила забраната за возењето на скутери во Охридското Езеро од 11 до 19 часот, која ќе трае до 31 август, искуството од минатите години покажа дека оваа мерка многу често не се почитува, па поединци дивеат низ езерските води и тогаш кога е забраната. Во меѓувреме пијани возачи во алхохолизирана состојба управуваат со глисери и катамарани низ езерото. Контролирани биле 13 пловни објекти и 13 физички, при што констатирани се ...

Знаевме дека турските клубови се богати и даваат големи пари за големи ѕвезди, но она што го понуди Галатасарај за Виктор Осимхен ги надминува сите досегашни понуди. Турската лига не е премногу атрактивна за најдобрите фудбалери во светот и често тие одат таму кога ќе го поминат врвот на кариерата. Турците даваат големи пари за такви играчи, но Галатасарај со новата понуда ги надмина сите. За Виктор Осимхен, еден од најдобрите голгетери во ...

Бугарскиот тенисер Григор Димитров, одигра брилјантни два сета против светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер, а потоа следеше шок. Доживеа сериозна повреда и при водство од 2:0 во сетови, беше принуден да му го предаде мечот на Синер, кој на тој начин незаслужено се пласираше во четвртфиналето на најпрестижниот грен слем турнир – Вимблдон. Сервираше ас за 2:2 во третиот сет и се фати за градите. Веднаш беше јасно дека нешто ...

Кога ќе го слушнеме зборот никотин, повеќето помислуваме на вејпинг, цигари, зависност и рак на белите дробови. Но, под оваа стигма лежи интересен парадокс: никотинот поседува огромен терапевтски потенцијал како третман за невролошки и когнитивни нарушувања. Свето растение со древна мудрост Долго пред Европејците да ја колонизираат Америка, домородните народи го сметале тутунот за свет лек. Традиционалниот тутун, познат и како „никотиана ...

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи. – Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани. -Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, ...

Иако поголемиот дел од пожарот е веќе локализиран, тука, многу блиску до куќите во Чучер Сандево, тој продолжува да гори во различни делови. Загрижените жители велат дека не можеле да спијат цела ноќ од страв од пожарот што им се заканувал на нивните домови. Бараат од институциите да обезбедат повеќе противпожарни возила тука, околу нивните домови. „Како го поминувавме времето? Вдишувајќи чад“, рече еден жител. „Како ќе ја поминеме ноќта, со ...

Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, оценува дека Уставниот суд, со одлуката за укинување на дел од Методологијата за попис на населението во 2021 година, создал преседан, додека со идентификувањето на одговорноста дека директорот ги пречекорил своите овластувања со поделба на населението на резиденти и нерезиденти, се чини како Судот намерно да отвора пат за политичка конфронтација. Симовски вели дека ...

Може без струја, но не може без вода. Ова е она што граѓаните го велат за прекинот на водата што се случува во главниот град во последните денови. Според нив, властите мора да најдат решенија за да не останат без вода во жешките денови. Тие исто така велат дека други наводнуваат градини, додека некои немаат вода за основни потреби, а велат дека има и нелегални приклучоци на водоводни цевки. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ велат ...

Европската комисија објави сеопфатна стратегија со амбициозна цел Европа да стане глобален лидер во квантните технологии до 2030 година. Стратегијата има цел да изгради отпорен и суверен европски квантен екосистем што ќе овозможи трансформација на револуционерните научни достигнувања во комерцијални апликации, ќе го поддржи растот на иновативните стартапи и ќе ја одржи водечката позиција на Европа во науката. Фокус на одбраната и безбедноста ...

Силно невреме започна низ цела Србија! Ветрови со сила на ураган уништуваат сè пред себе, пренесуваат локалните медиуми. Според прогнозата на Републичката хидрометеоролошка служба на Србија (РХМЗ), времето и натаму ќе се влошува на целата територија на земјата. РХМЗ веќе предупреди за временските услови утрово, а многу граѓани добија и предупредувачка СМС-порака. Нови Сад, Обреновац, Футог, Белград, Шид се во напад… Поради силното невреме, ...

Месечината, планетата што опишува како се чувствуваме, моментално е во Стрелец и ќе има позитивно влијание врз Стрелците, Овните и Лавовите. Месечината во Стрелец носи енергија на слобода и оптимизам. Луѓето со оваа лунарна положба имаат силна потреба за независност и тешко ги прифаќаат ограничувањата, без разлика дали се емоционални, физички или ментални. Нивните чувства се широки, великодушни и честопати обоени со филозофски пристап кон ...

Со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го одобри постепеното воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на ЕУ, со што се отвора патот за старт на неговата имплементација од есен. Според овој нов систем, граничните службеници ќе ги скенираат отпечатоците од прсти на лицата кои ја преминуваат границата за прв пат, ќе ги фотографираат и ќе ги евидентираат нивни податоци од пасошот. ...

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти словенечката Агенција за животна средина (ARSO), објави Газета експерес. На снимките од метео-камерите на врвовите Кредарица и Канин јасно се гледа првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во ...

Фудбалерите вечерва, со гостувањето кај шампионите на Велс, го започнуваат европскиот поход на македонските клубови од првото коло за квалификациите за Лигата на шампионите. Македонскиот фудбалски шампион ќе се соочи со тимот на Њу Сејнтс, кој ќе ги пречека на стадионот Парк Хол во Освестри. Натпреварот започнува во вечерниот термин од 20:00 часот, а реваншот ќе се игра во Скопје на Градскиот стадион идниот вторник, на 15 јули. Избраниците на ...

По дводневна пауза продолжуваат возбудувањата на првото Светско клупско фудбалско првенство. Четири екипи останаа кои ќе се борат за шампионскиот трофеј. На стадионот „Мeтајф “ стадионот во Њу Џерси, ќе се играат завршните натпревар, по кои треба да го добиеме светскиот клупски првак. А, првиот тим што ќе има можност да се бори за титулата ќе го дознаеме вечерва. Во првиот натпревар од полуфиналето ќе играат англискиот Челзи и бразилскиот тим ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје. – Врз основа на прибраните докази првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од нив еден ...

Преговорите со ВЛЕН и со ЗНАМ за Локалните избори се движат во добра насока, меѓусебно ќе се поддржуваме и очекувам успех на крајот, рече премиерот Христијан Мицкоски запрашан за текот на политичките разговори за настап на локалните избори. „Што се однесува до ЗНАМ, имаме принципиелен договор дека тие одат со свои советнички листи, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со свои, а во оние општини каде ќе одлучиме да поддржиме кандидат, ...

Запрашан дали има некакви сознанија пред почетокот на денешната дебата за Извештајот за земјава поднесен од страна на европратеникот Томас Вајц, премиерот Мицкоски рече дека голем број европратеници се изјасниле против амандманот преку кој се бара отстранување на термините македонски јазик и народ од Извештајот и изрази жалење што во 21 век, во Европскиот парламент, сѐ уште има пратеници „Жалам што во 21. век во Европа има и такви пратеници во ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
34%
1025
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
44%
1025
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
1.03
51%
1024
weather icon

Софија

25ᴼ / 23ᴼ
1.54
39%
1027
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.73
32%
1025
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.59
73%
1025
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.23
41%
1021
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
26%
1022
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
42%
1026
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
47%
1025
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
43%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941