Скопската градоначалничка Данела Арсовска попладнево била физички нападната на Бит Пазар при вршење на увид на дивоградба спроти полициската станица во Чаир. По нападот, Арсовска кратко беше примена во градската општа болница 8-септември, а за медиумите кажа дека покрај била физички и вербално нападната и дека целиот инцидент се одиграл во присуство на полиција. „ Физички ме нападна со тепање, со замавнување, со клоци…пред очите на МВР. Закани ...

Со Сатурн кој сè уште е во конјункција со Нептун во Овен, а во секстил со ретроградниот Плутон во Водолија, сме повикани да погледнеме каде во животот се обидуваме да изградиме нешто ново врз стари стравови. Неделата завршува со почеток на ретроградниот Сатурн во Овен, кој ќе нè натера да ги преиспитаме нашите цели, начинот на кој градиме авторитет, и колку сме навистина одговорни пред сопствените соништа. Секој знак ќе ја почувствува оваа ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата. Тој во интевју за Телма вели дека Министерството за внатрешни работи постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки ...

Стигнуваат значајни промени во ракометот – Меѓународната ракометна федерација (IHF) најави нови правила што ќе важат за сите машки и женски категории, на сите нивоа на натпреварување. Меѓу најважните новини се намалувањето на обемот на топката и целосната забрана за користење лепак, како и измени во правилата за пасивна игра, санкции за удари во глава на голманот и нови процедури за изведување од центар. Овие промени, кои прво ќе бидат тестирани ...

На само 10 % од плажите во Струга и Охрид, има спасители на водa, што ја прави состојбата повеќе од загрижувачка.Во пресрет на почетокот на шпицот на туристичката сезона на само една од 15 плажи во Струга има спасители, додека во Охрид на 11 од 38 плажи. „Црвен крст на Македонија, општинска организација во Струга, како секоја година и оваа уште во јуни заврши со обуките за спасители на отворени води со тоа што на располагање имаме нови ...

Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир. Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество, велат од Општината. Оттаму нагласуваат дека е важно јавноста да биде точно информирана, односно оти настанот воопшто не е поврзан со нивната ...

Поради боледување на одбраната на еден од обвинетите лекари во случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег денеска во Основниот суд во Струга повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето на тројца вештаци. Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син ...

Научниците од НАСА конечно го потврдија она што многумина го претчувствуваа – иако Марс имал вода во минатото, тој никогаш не ги поседувал неопходните услови за живот. Новото истражување објавено во списанието „Нејчр“, кое комбинира податоци од роверот „Кјуриосити“ со климатско моделирање, открива дека поволните услови на Марс биле краткотрајни. Од 2012 година роверот „Кјуриосити“ има направено повеќе од 40 дупки во кратерот Гејл. Во неколку ...

Вредноста на биткоин во средата достигна нов рекорден максимум, пробивајќи ја границата од 112.000 долари. Скокот го потврдува растечкиот институционален интерес и растечката доверба на инвеститорите во криптовалутите како легитимна ризична класа на средства. Биткоинот порасна за 3,1% во среда, достигнувајќи 112.009 долари. Ова го доведува растот на водечката криптовалута од почетокот на годината до речиси 20%. Ова е особено важно со оглед на ...

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска околу пладне била нападната во општина Чаир. Според официјалните информации нападот во СВР Скопје го пријавило лице со иницијали А.Ј. Од МВР велат дека Арсовска не сакала да го пријави настанот и се упатила во „8 Септември“. -На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на ...

Усвоените реформски закони, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници ќе значат крај за партиските вработувања, клиентелизмот и формалните реформи што со години служеа како параван за нефункционалност, порача денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев. Тој на прес-конференција информираше дека овие закони не се само ...

Централниот дел на државата и околината на градот Куманово се под многу висок ризик од појава на пожари – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавувајќи мапи на кои се детектирани горливите точки во земјата кои се соочуваат со потенцијална појава на пожари. Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, останатиот дел од ...

Армијата на Република Северна Македонија ја потврди веста за убиството на нејзин припадник во скопско Батинци и изрази сочувство до неговоро семејство. Во соопштението се наведува: „Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот. За време на трагичниот настан лицето не ...

Во Градската општа болница денеска околу 10:00 часот бил донесен 50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, информираат од МВР во врска со пукањето што се случи утрово во селото Батинци, скопско. Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со ...

Ефектите од климатските промени би можеле да разбудат стотици вулкани низ целиот свет – што пак, би можело да ги влоши ефектите од климатските промени. Според неодамнешните модели што предвидуваат промени во магмата под глечерите на Патагонија, повлекувањето на мразот има моќ да ги размрда подглацијалните вулкани од нивниот сон. Светот не е во непосредна опасност од вулканско бомбардирање, но наодите сугерираат дека денешното брзо топење на ...

Стравовите дека Украина би можела да изгуби територија во замена за мир фрлија сенка врз состанокот на лидерите во Рим посветен на обновата на земјата разурната од војна, објавува „Гардијан“. Четвртата меѓународна конференција за обнова на Украина ги собра претседателот Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и полскиот премиер Доналд Туск. Но, таа беше засенета од ескалацијата на руските ...

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност, соопшти Владата. Владата порачува да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат. -Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се ...

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска на обвинителна клупа седна првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека за Пешевска ...

И дефинитивно светот станува глобално село, посебно во спортот. Имено како што е објавено денеска, меч од Серија А ќе се игра во Австралија и тоа во Перт. Станува збор за натпреварот меѓу Милан и Комо, закажан за 6 февруари. Сепак треба да се напомене, дека ова не е поради некој комерцијален потег туку поради фактот дека на тој ден, односно тој викенд ќе се одржи свеченото отворање на ЗОИ на “Сан Сиро“ во Милано. Се чека само на официјална ...

Посетителите и персоналот во два национални парка на американскиот Запад – Големиот Кањон и Црниот Кањон се евакуирани поради пожари предизвикани од удари од гром, соопштија властите. Националниот парк Црн Кањон во Ганисон, Колорадо, околу 258 милји југозападно од Денвер, беше затворен рано во среда откако избувнаа пожари од двете страни на кањонот, објави АП. Пожарот на јужниот раб изгоре околу 2,5 квадратни милји и сè уште не е под контрола. ...

Урсула фон дер Лајен во четвртокот преживеа гласање за доверба на нејзиното раководењео со Европската комисија. Мнозинството членови на Европскиот парламент, кои гласаа за предлог поднесен од екстремната десница, ја поддржаа претседателката на Комисијата. Доколку таа го изгубеше гласањето, Фон дер Лајен и остатокот од нејзината Комисија ќе мораа да се повлечат, фрлајќи ја ЕУ во хаос. Сепак, потпретседателката на Парламентот, Катарина Барли, од ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека за време на состанокот со американскиот државен секретар Марко Рубио во Малезија, ја потврдил позицијата на Русија за решавање на конфликтот во Украина, осврнувајќи се на позициите претходно изразени од рускиот претседател Владимир Путин. „Да, разговаравме за Украина. Ја потврдивме позицијата што претседателот Путин ја изрази, вклучително и на 3 јули, во разговор со претседателот ...

Народното собрание на Бугарија денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата за гласање недоверба на Советот на министри со премиерот Росен Жељазков поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“. Точката е прва на дневен ред за денеска, според програмата за работа на парламентот, објавена на веб-страницата на институцијата. Гласањето за недоверба го поднесе парламентарната група „Величина“ со поддршка на пратениците од групите „Морал, ...

Две лица моментално се во притвор откако се искачија на Ајфеловата кула и скокнаа од париската знаменитост со падобран, соопштија обвинителите. Двете лица, како и друго лице кое исто така беше приведено во случајот, се испитуваат за „упад во историско или културно место“ и „загрозување на животите на другите преку јасно и намерно кршење на регулаторна обврска за безбедност или претпазливост“, се вели во соопштението, според BFMTV. Ова не е прв ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во “Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до утрово во 7:30 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 38 пожари, од кои седум се активни, четири се под контрола, а 27 се изгаснати. Според извештајот на ЦУК, сè уште гори на следните локации: Под контрола се ставени четири пожари и тоа во Македонски брод на три локации и во Делчево на градската депонија Острец. Изгаснати се пожарите во Шуто Оризари во селото Визбегово, ...

Она што остана по пожарот на овој отпад беше стресот и опасноста за околните жители и станбените куќи, повредентеи пожарникари, загадениот воздух од горење делови од автомобили, вклучувајќи батерии, гуми и многу други предмети штетни за здравјето на луѓето. Чадот и денес продолжува да го загадува воздухот во Скопје. Еден ден по еколошката катастрофа, на депонијата за отпад на стари автомобили што изгоре вчера помеѓу Визбегово и општина Шуто ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму додаваат дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Според информациите објавени на веб-страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 12:30 часот. На седницата на Комисијата вчера, пратеничките групи на СДСМ и коалицијата ВЛЕН ги повлекоа поднесените амандмани по ребалансот на Буџетот, така што од над 200 поднесени амандмани, остануваат уште 30. Повлекувањето на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степени. Како што соопшти УХМР, во наредните денови ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
41%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1026
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
1.03
56%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1026
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
34%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
0.62
58%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
42%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
45%
1026
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
56%
1025
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
43%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409