
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност. Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен југозападен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачат од 30 до 41 Целзиусов степен. Времето во Скопје ќе биде сончево и многу ...
Можна причина за пожарот што вчера попладне избувна во скопско Чучер Сандево, над магистралниот пат Скопје-Блаце е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување. Ова рано утринава го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој информира за состојбата со големиот пожар кој избувна вчера во попладневните часови. Ангелов соопшти дека два полициски и еден армиски хеликоптер, како и ...
Утрово има зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина ...
Мали се шансите за да го следиме чекорот на европските земји за зголемување на старосната граница. Од Стопанската Комора велат дека треба да се овозможи на граѓаните кои што заминуваат во пензија, доколку се подготвени и има договор од двете страни, односно, работодавачот и пензионерот да може да им се продолжи границата за пензија. Додека од Сојузот на пензиоери велат доколку сакаме да го следиме трендот од европските земји на покачување на ...
Под мотото „Една година работа, достоинство и промени“, лидерите на коалицијата ВЛЕН, придружувани од партиски функционери на централно и локално ниво, ја одбележаа првата годишнина на владата. Лидерите на коалицијата ВЛЕН, покрај тоа што ги истакнаа достигнувањата, испратија остри пораки до своите противници, опишувајќи ги како хор кои шири измислици, дезинформации и клевети. Изет Меџити од Демократското движење нагласи дека ДУИ, откако ја ...
Сериозен случај на измама е откриен од полицијата во Штип и Берово. 54-годишен маж од селото Трубарево во Скопје незаконски прибавил околу 400 илјади евра од постар пар од Берово, претставувајќи се како „човек на Бога“ со способности да ги отстрани магиите и да го спаси животот на нивниот син. Според пријавата на 76-годишниот Б.Д. од Берово, измамата се случувала во периодот од 2022 до 2025 година. Осомничениот Д.И., 54-годишен, ги убедил ...
Во време на се поголеми суши и сериозни проблеми со недостаток на вода со кои многу македонски градови и села се соочуваат се почесто, загубите на вода во Македонија изнесуваат алармантни 63,2% велат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Според нив бројките се повеќе од загрижувачки, што го отежнува и работењето на целиот овој сектор. „Да имате толкави загуби, значи дека вашата инфраструктура е пред колапс. Факт е дека заради ...
Господине Гаши, добредојдовте во ова интервју на Алсат. Европската унија има утврдено одредени рокови во однос на реформските закони. Ве молам, кажете ни како тече работата во Собранието во смисла на динамиката за спроведување на овие многу важни закони? Ви благодарам за поканата, секогаш е задоволство да бидам гостин на Алсат. Што се однесува до законите и реформската агенда, како што знаете, и во првата фаза, Северна Македонија во однос на ...
Властите предупредуваат на засилени контроли на прославите и свадбите оваа сезона. Директорот на Бирото за јавна безбедност подвлекува дека ќе бидат немилосрдни кон секој што поседува или пука со огнено оружје на вакви собири. Граѓаните ги поздравуваат контролите, велат дека оружјето не е игра и не треба да се користи на прослави. „Не е добро да се пука со пиштол, но штом го прават тоа, треба да има забрана, бидејќи не се знае. Не, не си ...
Поради високите температури и жештината, бројот на граѓани кои побарале итна помош е зголемен. Во последните 24 часа се регистрирани над 60 случаи, повеќето од пациентите побарале помош поради високите температури. Според лекарите од итната помош, десетици луѓе се јавиле на бројот 194 во последните 24 часа за помош. Повеќето од нив поради низок крвен притисок, додека 8 пациенти се онесвестиле од топлината и високите температури. „Во последните ...
Актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градот Скопјe на локалните избори во октомври. Ова го одлучи Извршниот комитет на партијата на денешниот состанок. Лидерот Христијан Мицкоски нагласи дека по успехот во Кисела Вода, Ѓорѓиевски ќе има задача да го оживее Скопје, кое беше уништено за време на мандатот на Данела Арсовска. Ѓорѓиевски нагласи дека е свесен за ситуацијата во која се наоѓа ...
Три пожари продолжуваат да бидат активни на територијата на земјата. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, активен пожар има во прилепското село Бешиште, каде што гори висококвалитетна мешана шума, како и во селото Црешнево, месноста Церо Поле во општина Македонски Брод. Уште еден пожар, има во општина Чашка, под Солунскиот врв, каде што во моментов нема активен пламен, туку само чад, додека пожарот е во карпест предел. ...
Македонските граѓани плаќаат највисока цена за зелен картон во споредба со соседните земји. Во многу земји во регионот, како Србија, Бугарија и Грција, зелениот картон е вклучен во основната полиса за автоосигурување и автоматски се добива при регистрацијата на возилото. Возачите велат дека цената е превисока за нашиот стандард и бараат итно намалување. Анкета граѓани „Цената е прескапа, за нашиот стандард е премногу висока а и гледајќи по ...
Ислам Ислами, директор на Средното исламско училиште „Медреса Иса Бег“: „…Ова е една посебна историја која по многу обиди, нè доведе до една исклучително силна состојба, каде што со закон ќе се регулира статусот на медресето ‘Иса Беу’ со сите нејзини паралелки.“ Директорот на Средното исламско училиште „Медреса Иса Бег“, Ислам Ислами, изрази задоволство од законското решение со кое на медресантите ќе им се овозможи да се запишуваат на сите ...
Во борбата против наркотиците се разбиени 14 криминални групи со над 200 сторители вклучени во тешки кривични дела, додека запленети се големи количини наркотици, вклучувајќи повеќе од 6 тони марихуана од злоупотреби на компании за производство на канабис, а откриени се и 64 случаи на шверц на мигранти. Ова го кажа денес министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој зборуваше за операциите против организираниот криминал, корупцијата, ...
Бројот на жртви од поројните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици исчезнати деца продолжува, објавија локалните власти. Силните поплави предизвикани од поројните дождови во петокот оставија 43 жртви во најтешко погодениот округ Кер и вкупно седум мртви во три други окрузи, изјавија локалните власти за АФП. Меѓу исчезнатите се 27 млади девојчиња од летниот камп „Камп Мистик“. Градскиот менаџер на ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, јавува УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена ...
Во Скопје е формирана Движењето „Арберија“, политичка организација за која основачите велат дека не е партија во класична форма, туку нова свест, бунт против политичкото разочарување, манипулацијата со активистите и искористувањето на граѓанинот. Движењето, според соопштението на Основачкото собрание, нема да има претседател, туку Управен совет составен од 9 до 15 членови. Дел од советот се поранешните пратеници на Демократската партија на ...
Низ центарот на Скопје имаше само странски посетители. Тие велат дека за да го избегнат сонцето и жешките температури, обично бараат сенка или носат капи и вода со себе, за да се справат со температурите што на некои места денес надминуваат 41 степен Целзиусов.. „Лошо, поминуваме покрај фонтаните, добро е, но инаку станува многу жешко, многу жешко” – Турист од Бугарија. Од каде сте вие? Ние сме од Бугарија, дојдовме во Скопје, а потоа ќе го ...
Безбедносните власти ги отстранија сите пратеници, медиуми и други присутни од зградата на Собранието на Косово претпладне, непосредно пред продолжувањето на следната конститутивна седница, поради закана за бомба Полицијата изврши контроли внатре и надвор од зградата на Собранието.. Полицијата на Косово потврди дека добила информација за закана со експлозивно средство. Арбен Лоши, заменик на генералниот секретар на Собранието, изјави дека по ...
Со цел зголемување на наталитетот, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сериозно размислува за воведување на данок за неженетите и немажените.Граѓаните велат дека данокот за невенчани лица е последното нешто што треба да се разгледува. Според нив, наместо вакви мерки, на младите треба да им се обезбеди подобар живот, повеќе работни места и повисоки плати. „Повеќе субвенции за вработување на млади, поголема безбедност во земјата, постабилна ...
Коалицијата ВЛЕН се наоѓа во фаза на анкети и анализа на имиња за кандидатите за градоначалници на локалните избори во октомври. Кандидатите на изборите ќе настапат под логото на ВЛЕН. „Ние не сметаме дека целиот политички потенцијал се наоѓа само во ВЛЕН, туку цениме дека има интелектуалци, бизнисмени, академици кои не го носат дресот на ВЛЕН, но ако процениме дека некој е најдобар за некој град, за некоја општина, ние му велиме: повели, води ...
„Ако во други денови паркот во Чаир е исполнет со деца кои се забавуваат сега кога температурите се високи паркот е празен“. Во паркот имаше само неколку минувачи, а некои одмараа во сенка. Лекарите велат дека жештината сериозно ги погодува децата, особено малите бебиња, бидејќи можат брзо да дехидрираат. Лекарите апелираат до родителите да бидат повнимателни во овој топол период, да не ги шетаат на сонце, да им даваат што е можно повеќе ...
Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало мотоцикл „хамачи“. Околу пладне, на пресекот на улиците Борис Кидриќ и Мирко Милески, тој се судрил со „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци, соопшти полицијата. Малолетното момче со тешки повреди не успеало да стигне до клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, пришто за време ...
Стапувањето во функција на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце претставува значаен чекор напред, кој го олеснува преминот на границата, особено за дијаспората што се враќа за време на летната сезона, велат од „Влен“. „Овој модел, кој веќе успешно се спроведува на граничните премини Блаце и Јажинце со Република Косово, носи ефикасност, побрза процедура и помалку бирократија. Неговата примена и во Табановце е резултат на ...
Најмалку 24 лица се мртви, а десетици се водат за исчезнати, вклучувајќи 25 деца, откако вчера поплави погодија делови од централен Тексас. Исчезнувањето на околу 25 девојчиња кои беа во летниот камп го потврди вицегувернерот Ден Патрик. Досега се спасени повеќе од 237 лица. „Во рок од 45 минути, реката Гвадалупе се искачи за 8 метри и имаше катастрофална поплава – одземајќи имот, а за жал и животи“, рече Патрик на прес-конференција во петокот. ...
Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 41 степен. Во сила се препораките за заштита на населението. – Ослободување од работни обврски бремени жени и ...
Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на ...
Тешка несреќа се случи синоќа на булеварот „Партизански одреди“, недалеку од трговскиот центар „Сити Мол“ во Карпош 3. Поради несоодветна брзина, возило марка „Ауди“ заврши во жардинерите, откако претходно удри во дрвата. Брзата помош веднаш пристигна на местото, но засега нема информации во каква состојба се повредените. Полицијата е на терен и врши увид, додека многу граѓани се собрани и гледаат во неверување. „Вакво нешто тука не е видено, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 30-40 минути на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...