Повеќе од 60 пациенти повредени во трагедијата во Кочани се лекуваат надвор од земјата, додека двајца од нив сѐ уште се во критична состојба. Во болниците во земјата моментално се лекуваат седум пациенти. Министерството за здравство соопшти дека во моментов се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација, со цел понатамошно соодветно лекување на пациентите. „Во здравствени центри надвор од земјата се хоспитализирани 64 ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска преку соопштение реагираше во врска со апсењето на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември Скопје” за примање поткуп. -Со оглед на фактот дека лицето М.А. е предложен од АА за времено решение за прв човек на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември Скопје”, сметаме дека е неопходно да го соопштиме следното: ...

Во македонската влада денеска се одржа конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. Станува збор за ново тело, кое треба да воспостави координација помеѓу сите клучни институции: Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за правда, Министерството ...

Со читање на писмените докази од страна на одбраната, денеска продолжи повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми, и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, а во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица. Откако одбраната ги прочита писмените докази кои тие ...

Две лица се приведени под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). – Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, велат од МВР. ...

Вид на волк што исчезнал пред 12.500 години е оживеан во лабораторија, објави биотехнолошката компанија „Колосал бајосаенсис“ од Далас. Тие моментално се чуваат на тајна локација во САД. Трите младенчиња, кои се на возраст од три до шест месеци, имаат долго бело влакно, мускулести вилици и веќе тежат околу 35 килограми, велат од компанијата. Овие таканаречени „Страшни волци“ се многу поголеми од сивите волци, кои се нивните најблиски роднини ...

Кората од лимон често се занемарува и се фрла, иако е исклучително хранлива. Слично како и сокот од лимон, таа е богата со витамин Ц, влакна и антиоксиданси, а додавањето во различни јадења може да го подобри нашето здравје и да го збогати вкусот на храната. Нејзината хранлива вредност и лековитите својства можат да бидат од голема корист, особено во зимските месеци кога нашиот имунитет е поподложен на болести. Постојат неколку начини на кои ...

Може да пропадне иницијативата на Европскиот фронт за формирање на специјална собраниска комисија која ќе го истражи, како што рекоа, селективниот и едностран пристап на правосудниот систем по трагедијата во Кочани, кој, според нив, е контролиран од власта. На Европскиот фронт му недостигаат уште два потписи од дваесет колку што се потребни за формирање на таква комисија. Во оваа комисија се очекуваше да учествуваат претставници на ОБСЕ, ...

Во текот на неделата ќе се конкретизира иницијативата ВЛЕН да се спои во еден политички субјект. Во однос на принципите врз кои е формирана коалицијата, која сега ќе премине во единствен политички субјект, нема колебања. Според претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, ВЛЕН како една партија ќе ги опфати Демократското движење, Движењето Беса, Алтернатива и Движењето Самоопределување. Според него, единствени што има дилеми за ова е ...

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои се исплатени средства во вкупна вредност од 263,89 милиони денари или ...

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П.(50) од Скопје, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “, казниво во чл.235-а од Кривичниот законик. Како што соопшшти денеска МВР, во периодот од 01.02.2024 до 17.01.2025, пријавеното правно лице се стекнало со ...

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува ...

Гробот на еден од овие борци, кои во стар Рим учествувале во спектакуларни и крвави битки, често до смрт, е пронајден на локалитетот Литернум, населба која го доживеала својот подем од првиот век п.н.е. до третиот век од новата ера. Иако во Рим имало и жени-гладијатори, овој борец бил маж, а неговата возраст, идентитет и точна причина за смртта допрва треба да се утврдат, пишува “Daily Mail“. Ова најново археолошко откритие отвора нови ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го отфрли предлогот на ЕУ за укинување на меѓусебните царини за индустриски стоки. На прашањето дали соодветниот предлог од претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен е доволен за него, Трамп на новинарите им рече: „Не, не е“. Наместо тоа, американскиот претседател предложи земјите од ЕУ да увезуваат значително повеќе енергија од САД. Тој ја повтори и својата критика за она што, според него, ...

Хуманитарната ситуација на Хаити драстично се влошува, соопшти денеска хуманитарната организација „Спасете ги децата“. Моќните островски банди сè повеќе се враќаат против слабо опремените и недоволно финансирани безбедносни сили на Хаити, а главниот град Порт-о-Пренс е на работ на колапс, пишува Ројтерс. Во првите три месеци од годинава се раселени повеќе од 78.500 лица, што е двојно повеќе од истиот период минатата година, соопшти „Save the ...

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од минус 10 до 0 Целзиусови степени, а во текот на денот од 0 до 13 степени. Во Скопје, денеска, по ведрото и студено утро, ќе следува сончево време со мала до ...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска (Вторник) поради промена на затварач ф 2“ на ул Црвена Скопска Општина бб од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти. (Општина Центар); · Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека сака САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, опишувајќи ја палестинската енклава како „неверојатно вреден и важен недвижен имот“. „Да има мировни сили како САД таму, да го контролира и поседува Појасот Газа, би било добра работа“, рече Трамп во говорот од Белата куќа придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Трамп повторно предложи раселување на палестинското ...

Минимално или никакво намалување на цените на производите – ова беше одговорот на најголем број граѓаните кои ги анкетираше Алсат на прашањеро дали почуствувале промени на цените на производите, откако на сила стапи владината мерка за ограничување на брутопрофитната маржа за над 1000 производи. Одлуката стапи на сила пред два месеци. „Ние ништо, ни сме уштедиле, ни ништо. Цените се исти нема ништо смалено, може само се покачени повеќе.Пиперот ...

Марјан Златановски, човекот кој во 2019 година беше итно вратен од меѓународната мисија во Босна поради сомнежи за злоупотреба на службената положба, се очекува да се врати на една од најчувствителните позиции за националната безбедност – Военото разузнавање. Доверливи извори на Алсат откриваат дека Златановски, кој беше фатен како преку портали шири информации што ја загрозуваат националната безбедност, би можел да биде кандидат за командант на ...

Понудата за соработка на локалните избори во октомври, која Беким Ќоку со согласност на Изет Меџити, Билал Касами и Зеќирија Ибраими ја испрати до Алијанса за Албанците, нејзиниот лидер Арбен Таравари ја доживеа како ултиматум. Таравари денеска изјави дека сака разговори а не ултиматуми. „Еден час пред да се одржи Собрание излезе јавно писмо до медиумите, порталите, но и до нас. Еден час пред да се одржи Собрание, ми изгледаше како ултиматум, ...

Вицепремиерот Изет Меџити најавува дека денеска ќе бидат пуштени платите за 17-те вработени во Инспекторатот за употреба на јазиците, кои поради измените во Законот за инспекциски надзор, како што најави Алсат, веќе три месеци се без плата. „Што се однесува до платите, мислам дека денеска ќе ја земат првата плата, а етапно ќе ги земат другите две“, рече Изет Меџити, вицепремиер. Измените на Законот за инспекциски надзор одобрени во декември го ...

Акциите на берзите во Азија денеска бележеат остар пад со што се продлабочува глобалната берзанска криза предизвикана од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп. Тргувањето на јужнокорејската берза беше запрено на пет минути, бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање. Јапонскиот индекс Nikkei потона на почетокот на тргувањето на берзата во Токио за повеќе од осум отсто. Тој индекс, ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство’’. На 24.03.2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му ...

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На почетокотот Ѓорчевски, прашан од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, „дали денеска се чувствува подготвен и согласен да даде исказ пред судот“, рече дека „чувствува обврска, ...

Снегот што синоќа падна во Преспа и ниската утринска температура на воздухот целосно ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во Преспа. Според Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, над 3000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во овој неочекуван студен бран што ја зафати и Преспа. -Снегот што падна во текот на вчерашниот ден и ноќеса, ...

Во текот на неделата ќе се конкретизира иницијативата за спојување на ВЛЕН во политички субјект. Нема колебање во принципиелните определби за кои е создадена коалицијата која преминува во единствен политички субјект. Според претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, ВЛЕН во една партија ќе ги вклучи Демократското движење, Движењето Беса, Алтернатива и Движењето Ветвендосје (самоопределување). Според него, единствениот кој има дилеми ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднел кривична пријава против С.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба ...

Откако американските медиуми пишуваа за тоа дека глумицата Блејк Лајвли и пејачката Тејлор Свифт се скарани, сега тие наводно се смириле. Нивниот однос, според тогашните наводи, се променил кога режисерот Џастин Балдони ја спомна Свифт во неговата тужба против Лајвли. Пејачката наводно била лута што била вовлечена во правната битка. Според неименуван извор, сега двете пријателки „ја разработиле состојбата“ и повторно разговараат, објави „Дејли ...

Инфлацијата во март 2025 година споредено со февруари бележи намалување од 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави на Фејсбук министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Според него, мерките на Министерството за економија и труд даваат резултати, а цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и се намалуваат. – На годишно ниво во март 2025 година споредено со март 2024 година инфлацијата мерена ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
21%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
30%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
32%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
21%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.08
18%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
2.06
37%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
6.69
31%
1016
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
28%
1017
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
19%
1018
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
29%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
26%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
7.2
50%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62