Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско интервју за Би-Би-Си вели дека разочаран од својот руски колега Владимир Путин, но додава оти сè уште не завршил со него. Прашан дали му верува на рускиот претседател, Трамп категорично вели: „Не верувам речиси никому“. Телефонското интервју претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) за британскиот национален сервис доаѓа неколку часа откако тој ги објави плановите за испраќање ...

Опозициската СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани, како и за реновирање и опремување на болницата во градот. Од партијата велат дека Владата досега слабо инвестирала за справувањето со последиците, додека пак, најголемиот дел од помошта која до сега ја добиле семејствата на настраданите, стигнала од граѓаните и општествено одговорни компании преку Црвениот крст и Сапорт ...

Состојбите во Украина, Грузија и на Блискиот Исток и новиот Пакт за Медитеранот ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ФАЦ), со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Советот ќе започне со разговор на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ со нивниот украински колега Андриј Сибиха преку видео конференциска врска, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Десеттина пелагониски села утрово се без вода поради технички зафат на регионалниот водовод, односно спојување на стара челична цевка со ново изведена цевка Ф400. Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата. -Фирмата изведувач БВ инжинеринг-Битола го затвори регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала облачност. Попладне, пак, ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Наместа процесите ќе бидат поинтеензивни. Ќе дува слаб веетер, а долж Повардаритето засилен ветер од северен правац“, се вели во временската прогноза. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната ќе ...

Обвинителството сè уште го истражува случајот со нападот врз екипата на телевизија Алсат, кое се случи на 9 јули и беше предизвикано од сопственикот на компанијата „ASD METAL GROUP“, Александар Николчев, и неговата сопруга Маја Караманова. Обвинителниот орган не дава рокови кога ќе продолжи кривичната постапка против Николчев и Караманова во судот. Засега, против нив се изречени мерки на претпазливост – Николчев е во притвор, а Караманова во ...

Работа, љубов, семејство – дознајте каде ќе блескате, а каде треба да внимавате оваа недела според вашиот хороскопски знак. Овен (21.3 – 20.4) Работа: Ретроградната положба на Сатурн, која ја регулира вашата кариера, преку вашиот знак, по 14 јули, ви носи можност да ја завршите работата што не сте ја завршиле на крајот на февруари. Ретроградната положба на Меркур ве предупредува да бидете внимателни кому му верувате, по 18 јули, кога се формира ...

Членовите на култната британска рокенрол група „Pink Floyd“, инспирирани од книгата „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел, го снимија својот десетти студиски албум – „Animals“, објавен во февруари 1977 година. Тематски, тој беше продолжување на социјалните критики започнати со претходните два албуми на бендот – „The Dark Side Of The Moon“ (1973) и „Wish You Were Here“ (197). Песните на овој албум-басна, раскажуваат за свињите, кучињата и овците, ...

Никотинските кесички стануваат се почест извор на никотинско труење кај мали деца, покажува американско истражување спроведено од истражувачи од болницата „Nationwide Children’s Hospital“ во Охајо, САД. Како што пренесува Си-ен-ен, анализирани се податоци во период од една деценија, опфаќајќи над 134 000 случаи на деца под 6-годишна возраст кои случајно проголтале никотин преку производи како електронски цигари (вејпови), гуми за џвакање и ...

Коалицијата ВЛЕН го обвинува Европскиот фронт и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дека намерно ги таргетираат приватните куќи на поранешни борци на ОНА за да предизвикаат конфликти. Според нив, Блерим Беџети и Арсовска заеднички изградиле мрежа против Албанците кои не размислуваат како нивната „матрица на криминалот“. „Од над 20 илјади нелегални објекти во Скопје, токму неговата скромна куќа беше избрана за да се демонстрира ...

Високите температури продолжуваат да ја влошуваат состојбата со пожарите, оставајќи неколку активни жаришта на целата територија на земјата. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека во текот на денот се активни пет пожари, додека четири други се целосно изгаснати. Ангелов им упати апел на сите жители, особено на оние што живеат во села, да пријават секој сомнителен случај на бројот 112, а дворовите да се исчистат за да не се ...

Кој бил најозлогласениот наркобос во историјата? Многумина би рекле дека тоа е Пабло Ескобар или можеби Ел Чапо, но би згрешиле. Повеќе од сто години пред тие луѓе воопшто да се родат, имало една неверојатно моќна жена што управувала со толку големо и лукративно царство на дрога што Ескобар и Ел Чапо во споредба со неа се како улични дилери од низок ранг. Дополнително, таа не била принудена да живее во некое оддалечено место скриено во џунгла, ...

Во магацините на Агенцијата за управување со конфискуван имот има околу 1800 возила што се одземени поради убиства, транспорт на дрога или мигранти. Од денес, со новите законски измени, сите државни институции ќе можат да побараат да добијат на користење од овие возила, а не само Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, како што беше досега. Со овие измени, и привремено конфискуваните возила ќе можат да им се доделат на ...

Цените секојдневно растат, потребно е да се воведе нов механизам, доведени сме на питачки стап, со овие примања едвај врзуваме крај со крај. Ова се само дел од реакциите на граѓаните пред објетквот на телевизија Алсат, на прашањето, дали почуствувале стабилизирање на цените на основните прехрабени производи. Анкета – граѓани „Не бе какво стабилизирање, секој ден само ги качуваат цените. Со нашите? Со една пензија од 200 евра? Што можам да ...

Индиските истражители ги испитуваат медицинските картони на пилотот на летот 171 на „Ер Индија“, капетанот Сумит Сабхарвала, откако се појавија тврдења дека тој страдал од депресија и проблеми со менталното здравје, што можеби доведоа до фаталната несреќа минатиот месец, кога „Боинг 787 Дримлајнер“ се урна помалку од една минута по полетувањето од Ахмедабад, при што загинаа 260 лица. 56-годишниот Сабхарвала се приближувал кон пензионирање и, ...

Проблемот со мешањето на горивото најчесто се јавува кога истурате дизел во автомобил на бензин и обратно. Но, што се случува кога случајно ќе измешате бензин од 95 и 98 октани? За почеток, октанскиот број, во овој случај 95 или 98, ја означува отпорноста на бензинот на предвремена детонација во моторот. Колку е поголем овој број, толку повеќе горивото е способно соодветно да издржи компресија без предвремена детонација. Ова значи дека бензинот ...

Вчера во 19.30 часот на автопат А1, Неготино – Градско, во близина на село Црвени Брегови, неготинско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Џ.Џ.(19) и М.А.(18), двајцата од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Џ.Џ., а совозач бил М.А., биле пронајдени 11 лица мигранти од Египет, од кои девет малолетници. Мигрантите биле спроведени ...

Иран соопшти дека „нема конкретен датум“ за состанок со Соединетите Држави за нуклеарната програма на Техеран, по војната со Израел што ги попречи преговорите. „Засега, не е утврден конкретен датум, време или локација во врска со ова прашање“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, за плановите за состанок меѓу највисокиот дипломат на Иран, Абас Арагчи и американскиот претставник Стив Виткоф. Арагчи и Виткоф ...

Согласно новите измени на Законот за управување со конфискуван имот, од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени, а со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот, информира директорката на Агенцијата, Ирена Илиевска. Како што појасни, досега со овие возила можеа да управуваат само Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но од денеска ќе можат и ...

Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација. – Имајќи го предвид фактот дека водата за пиење е ограничени ресурс апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба, ...

– Верувам дека оваа генерација, ако го направи работите како што треба, ќе го доживееме обединувањето на Европа – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на панелот „Соработка меѓу НАТО и ЕУ: Основа за демократската отпорност во ерата на хибридна војна и странско мешање“ во рамки на 107-миот Семинар „Роуз-Рот“ што се одржува денеска во Европскиот парламент. – Геополитичкиот контекст денес е фундаментално различен од оној ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека преговорите со коалициските партнери за заеднички настап во одредени општини на локалните избори во октомври се движат во одлична насока, но понатаму избегнува одговор на прашањето дали во Куманово и во скопската општина Центар ќе одат со заеднички кандидат со Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. „Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации“, рече премнирот, одговарајќи на новинарско ...

Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за ...

Македонија сама се блокира на патот кон Европската унија затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство. Ова во Загреб го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој кој е во официјална посета на Хрватска на покана на Зоран Милановиќ. Бугарскиот претседател нагласи дека Бугарија нема да се откаже од заштитата на правата на Бугарите што живеат во Македонија. „Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан ...

Американците ќе понудат покриени стадиони за Светското првенство во 2026 година поради поплаки за високите температури на годинешното издание на светското клупско првенство на ФИФА. Ова го изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Повеќето од натпреварите на Светското првенство во 2026 година ќе се одржат на затворени стадиони со климатизација за да се намали влијанието на топлината и временските услови. „Секоја критика е можност за нас да ...

Комитетот за домашна безбедност и владини работи на американскиот Сенат утврди дека неприфатливи пропусти од страна на Тајната служба на САД (USSS) довеле да се случи обидот за атентат врз Доналд Трамп пред една година за време на претседателската кампања, пренесуваат светски агенции. За потсетување, лани на 13 јули, за време на предизборен митинг во градот Батлер во американската сојузна држава Пенсилванија, во Трамп како кандидат за ...

Археолози и експерти почнаа да ископуваат необележана масовна гробница во ирскиот град Чам, округ Голвеј, каде што се верува дека католичките калуѓерки закопале стотици бебиња пред повеќе од еден век. Според „Гардијан“, масовната гробница се протега на површина од околу пет илјади квадратни метри. Се работи за напуштена подземна септичка јама на установата „Света Марија“, каде што во периодот помеѓу 1925 и 1961 година млади девојки и жени ...

Годинава, со особена чест, Касинос Австрија Интернешанал Македонија ја поддржа Галичка свадба – културно богатство кое ја чува душата на македонскиот народ. Од 11 до 13 јули, во срцето на мијачкиот крај, повторно одекнуваа зурли и тапани. Галичник ја раскажа својата свадбарска приказна – исполнета со љубов, обичаи и гордост. Годинава, со особена чест, Касинос Австрија Интернешанал Македонија ја поддржа Галичка свадба – културно богатство кое ја ...

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители на отворени води. Интерес кај концесионерите нема, потврди за МИА секретарот на општинската организација на Црвениот крст – Струга, Адуриме Даути. На обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава се пријавиле и ја поминале само две лица, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, според Даути, струшкиот Црвен крст на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1027
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
68%
1027
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
0.0
80%
1026
weather icon

Софија

22ᴼ / 14ᴼ
2.06
34%
1028
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.0
54%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
94%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.92
47%
1023
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1023
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
56%
1025
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
78%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
49%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941