
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Предмет на авторовите истражувања во овој проект од 400 страници се книжевните полемики како предизвик за соочување со постулатите, особеностите и вредностите на влогот на македонските писатели во развојните процеси на македонската литература во периодот од 1945 до 1985 година. Во рецензијата за овој труд, д-р Соња Стојменска – Елзесер пишува: „Во книгата ‘Македонската книжевна конфронтација – од соцреализам до естетски плурализам’ д-р Веле ...
На оваа прва промоција на книгата се опфатени досега необјавени ракописи, кои ги изнесуваат истражувањата на авторот на првата македонска граматика за корените на македонскиот јазик и неговата посебност. Станува збор за околу 1.540 ракописи од архивата на Кепески, кои објаснуваат како се одвивал развојот на македонскиот јазик. Во книгата се два ретки текста – едниот е за изворите на историјата на Македонија, македонскиот јазик и раритетноста ...
Акцентот во романот е ставен на приказната за помирувањето и простувањето во балканскиот историски контекст. Интенцијата на авторката е преку приказните на носечките ликови, научници од две балкански земји, да покаже дека помирувањето и простувањето е можно и на Балканот, ако не меѓу народите, барем меѓу потомците на жртвите и на прогонителите. Приказната покажува дека и потомците на „прогонетите“ и потомците на „прогонителите“ остануваат и ...
Ова меѓу другото го истакна универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска на конференцијата „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“ во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во соработка со колеги, филолози од Грција што се посветени на изучување на македонскиот јазик, книжевност и култура. Конференцијата следи по онаа за македонистика што минатата година, во декември се одржа на ...
Михаилова Бошнакоска со „Маслина и младост“ ја заокружува својата лирска трилогија, својата тригодишна лирска одисеја која почна со збирките „Мед и младост“ и „Килибар и младост“. Сите три книги се дел од поетската едиција на Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје. Новата збирка на Михаилова Бошнакоска содржи шеесетина песни кои се подредени во циклусите „Еликсир и младост“, „Кора“ и „Зимзеленодевојче“, а изданието е проследено со ...
Како што информира Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје, претходно во одделна монографска публикација претставени беа критичките согледби за македонскиот роман само до 2000 година, со книга на Христо Георгиевски. Мојсова-Чепишевска, пак, целосно се осврнува на романи создани во периодот потоа, дoминантно во периодот од 2020 до 2023 година, со што оваа книга веќе има и книжевно-историско значење. „Час по ...
Како што информираат од Македонски културно-информативен центар во Софија, вечерта ќе почне со воведни обраќања кон присутните од страна на Александар Морфов, Христо Бојчев, Захари Иванов. Гости од Народен театар „Иван Вазов“, кои исто така ќе се обратат Марин Јанев, Ања Пенчева, Василка Бумбарова, а гости од Сатиричен театар се директорот Калин Сарменов, Теодор Елмазов и Јорданка Стефанова. Поздравниот говор по повод вечерта ќе биде на академик ...
„Беспоговорно, комплексна и тешка е задачата и/или определбата да се издвојат канонските автори меѓу нашите современици, особено оние автори со активен творечки опус. Но ако се има предвид творечкиот резултат и рецепцијата, односно валоризацијата од книжевната критика (и тоа и кажаното и намерно или ненамерно премолченото), обемот на досегашниот опус и неговата поетичка кохерентност, недвојбена е констатацијата дека Раде Силјан е еден од ...
На сцената пред околу сто и педесет присутни гости, Маџиров настапи заедно со американската џез композиторка, пејачка и мултиинструменталистка Бека Стивенс. Таа, ззаедно со лидерот на „Снарки Папи“ — Мајк Лиг, веќе компонираа песна според стиховите од песната „Окото“ (The Eye) на Никола Маџиров, која ја исполни на отворањето на Поетскиот салон во Њујорк, а истата вечер премиерно ја изведе и нејзината нова композиција „Ние немаме сон“ (We Have No ...
Меѓународен организациски одбор денеска преку соопштение потсетува дека 1 мај 2025 година е крајниот рок за пријавување на теми за Меѓународниот научен собир „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, што се организира на 15 и 16 мај оваа година, во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“. Изборот на овогодишната тема, како што велат од Меѓународниот организациски одбор, претставува надоврзување на ...
На трибината, како што е најавено, ќе учествуваат автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија: Делвина Крлуку, Блаже Миневски, Билјана Црвенковска, Игор Станојоски и Петар Андоновски. Модератор ќе биде претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски. Според ДПМ, авторските права се нешто за што ретко се разговара, особено во книжевниот свет во Македонија, иако тие ги засегаат сите чинители во областа на издаваштвото, а најмногу писателите, ...
Главни гости на настанот се деца на 11-12 годишна возраст и нивни школски наставници. Панкина кратко ги запозна со историjата на словенското писмо, истакнуваjќи jа улогата на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиj и панорамски ги претставила македонските автори кои пишуваат за деца и млади – од класиците како Ванче Николески и Видое Подгорец, до современите Киро Донев, Биљана Станковска, Горјан Петрески…, до најмладите како Натали ...
По серија успешни поп-хитови, Валдера реши да се врати таму каде што сè започна – во светот на рок музиката. Неговата најнова песна „Ми требаш ти“ е вистинско освежување на сцената, а за оваа енергична нумера соработува со еден од најпознатите македонски диџеи, Ерик Фокс. „Песната е враќање на моите корени“, вели Валдера, кој самиот го напиша текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Ерик Фокс. Оваа комбинација носи динамичен звук што ги ...
Ако барате песна што ќе ве натера да танцувате уште од првиот такт – ја најдовте! Дамјан Стојановски го освојува етерот со својот најнов сингл „Остани“, ритмична денс-бомба која дефинитивно ќе ја освежи вашата плејлиста! Песната е комбинација на врвен аранжман од Златко Миладиновски, перфектен звук благодарение на Љупчо Павловски (студио „Анастасија“), а музиката и текстот се дело на самиот Стојановски, што ја прави уште попосебна. За визуелната ...
Последниве денови едно прашање ги крена на нозе фановите на фолк музиката: „Се омажи ли Стојне Николова?“ Честитки летаа од сите страни, а некои дури и се подготвуваа за свадба. Но, вистината е нешто сосема поинакво – ова не беше венчавка, туку премиера на нејзината најнова песна „Најлична невеста“. Со музика и аранжман на Инан Неџипович и текст на мајсторот на зборот Орце Зафировски, Стојне повторно погоди во центар. Новата песна донесува ...
Во прекрасниот амбиент на ресторанот „Бир гарден“ во Дебар Маало, легендарната фолк пејачка Соња Тарчуловска ја претстави својата најнова песна „Црвено“ заедно со импресивен видеоспот. Вечерта доби уште поголем сјај со неочекуваното изненадување – промоција на урбаната ремикс-верзија на нејзиниот безвременски хит „Во бело“. Настанот привлече голем број медиуми, колеги и обожаватели, а меѓу присутните кои ѝ дадоа поддршка на Соња беа и ...
Секое пролетно утро носи ново будење на природата, но и нов почеток, ослободување од студените зимски денови и враќање на слободата. Токму за тоа зборува новиот сингл на популарната група „Љубавници“, насловен „Одлазим“, кој уште при првото слушање освојува со заразен рефрен и весела мелодија. Пролетната доза на позитивност ја потпишуваат Марио Регелја и Антонија Шола, кои стојат зад текстот и музиката, додека за аранжманот и продукцијата се ...
По минатогодишниот триумф, уникатниот проект „Stars Symphony“ на Битолскиот Камерен Оркестар ќе доживее свое скопско издание на 20 мај, во форма на четиричасовен аудио-визуелен спектакл што ќе ги надмине сите очекувања. Овој пат, публиката ќе има ретка можност да ужива во најголемите MTV хитови од 80-тите и 90-тите (Volume 3), аранжирани специјално за оркестар, со моќна поддршка од хор, балет и врвни вокали. Како кулминација на вечерта, ќе ...
Македонскиот гитарист Владимир Василевски – Четкар на 8 мај ќе го промовира својот нов албум „Let Us Be“ со концерт во „Јавна соба“ во Скопје. Настанот започнува во 22 часот, а публиката ќе има можност да ужива во новиот материјал кој веќе освои внимание на светските музички платформи. Албумот „Let Us Be“ официјално беше издаден на 19 јануари глобално, откако претходно беше достапен ексклузивно во Јапонија преку реномираната музичка куќа „P-Vine ...
Битолскиот рокенрол бенд „Паркети“ најавува спектакуларен концерт на 26 април во Младинскиот културен центар во Скопје. Под насловот „Паркети и пријатели“, овој настан ќе обедини бројни музички имиња и љубители на рокенролот. На сцената со „Паркети“ ќе застанат и гости како Димиш, „Д Далтонс“, Зоки Агресор, Сеад Хаџиќ-Сецко, Сашо Поповски, Донплеја, Александар Ристовски-Принц и уште многу други. Сашо Паркет, фронтменот на бендот, истакнува дека ...
По петгодишна пауза, Селена Гомез се враќа со нов албум, носејќи со себе изненадување за своите обожаватели. Пејачката тајно работела на проектот „I Said I Love You First“, а официјалниот датум на издавање – 21 март, дојде без претходна најава, што дополнително ја зголеми возбудата. Албумот е создаден во соработка со нејзиниот свршеник, продуцентот Бени Бланко, а фановите веќе шпекулираат дека текстовите одразуваат дел од нејзиниот личен живот и ...
Во потрагата по решенија за проблемот со подивените кучиња, Диме и Александар разговараат со колешката од Романија, Теодора Син. Таа со години ги истражува романските Карпати и нивниот биодиверзитет. Како Романците, како дел од Европската Унија, се справуваат со истиот проблем? Дали постојат мерки кои би можела и Македонија да ги примени? Или пак, преземени се мерки кои ги нарушуваат правата на животните и нивната добробит? Потрагата по решенија ...
Во последната епизода од серијалот Дивина, Диме разговара со Луиџи Боитани, професор на Универзитетот Сапиенца во Рим и долгогодишен истражувач на биодиверзитетот во Италија. Во 70тите години од минатиот век, Луиџи за прв пат со својот тим сретнува вид за кој сметаат дека е хибрид од волк и куче. Денес, дури 70 проценти од волците најдени во делови од италијанските планини, вели, се хибридни видови. Луиџи споделува со Диме како овој феномен ...
Криминалите врз животната средина доаѓаат во многу различни форми, но неретко се случува извршители да се и добрите познавачи на природата. Таков е случајот со колекционерството на животински видови, кое со себе повлекува и криволов, шверц и трговија со заштитени видови. Сето тоа негативно влијае врз биодиверзитетот, но и врз економијата на регионот. Дома во соработка со Дојче Веле Европа ја истражи ситуацијата со стеноендемитот македонска сивка ...
Македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање музика Филтер Лабел продолжува да го надградува своето интернационално портфолио. Најновиот пласман на музика од домашниот издавач е песната “Brothel Tango” на Кирил Џајковски во актуелната хит серија на Marvel и Disney, “Daredevil: Born Again”. “Daredevil: Born Again” е една од најочекуваните телевизиски серии во 2025 година и претставува враќање на малите екрани на ликот на суперхеројот ...
Македонската ска-панк гордост „Суперхикс“ ќе биде дел од годинешното издание на фестивалот „Хилс оф рок“ (Hills of Rock) во Пловдив, Бугарија – еден од најголемите и највлијателни рок и метал фестивали во регионот. Фестивалот ќе се одржи од 25 до 27 јули 2025 година, а „Суперхикс“ ќе настапат на 26 јули на сцената „Строеја“, која традиционално е резервирана за алтернативни и регионални јунаци со моќен жив настап. На главната бина оваа година ќе ...
Како што пишува Balkan Music TV, популарниот македонски фолк пејач Јордан Митев повторно ќе ги израдува своите обожаватели со најава за нова македонска песна која, како што самиот објави на својот официјален Фејсбук профил, ќе биде промовирана токму за време на големиот христијански празник Велигден. „После неколку дена посветена работа, новата песна е целосно завршена. Во следните денови започнуваме со снимање на видеото, а премиерата ќе биде ...
Денес на 63 години почина познатиот македонски музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов. Поп-Симонов својата музичка кариера ја започна во 1980-тите години, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“. Поп-Симонов остави особено длабока трага во македонската музика во 1990-тите, кога повеќе се посвети на работата во студио, соработувајќи со речиси сите познати имиња ...
Денеска се слави 8 Март – Меѓународниот ден на жената, симбол на долгогодишната борба за економска, политичка и социјална рамноправност. Иако законите во Македонија гарантираат еднаквост, реалноста покажува дека жените сè уште не се третирани рамноправно во сите сфери на општеството. „Најголемата пречка лежи во длабоко вкоренетите стереотипи – не само оние што жените ги имаат за себе, туку и оние што им ги наметнува општеството“, вели Савка ...
Oркестарот на Македонската филхармонија во сабота, со почеток во 12 часот премиерно ќе ја изведе симфониската суита „Итар Пејо“ од македонскиот композитор Филип Иванов како едукативен концерт за деца. Диригентка е Бисера Чадловска, а наратор ќе биде актерот Мартин Јорданоски. Делото на македонскиот композитор Филип Иванов „Итар Пејо“, како што кажува и самиот наслов, е инспирирано од популарниот македонски лик од нашата традиција, лукавиот и ...