Собраните средства од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на младиот Леонид Индов, кој во несреќен случај во Грција се здоби со тешки повреди, по што беше опериран и му претстои долготрајно и скапо лекување. „Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко – драмска претстава која има за цел да ја запознае и едуцира најмладата публика со оперската уметност. Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека ...

Дисциплина, посветеност, одговорност и талент се клучни за успехот на една оперска певица, вели оперската дива Весна Гиновска – Илкова. За неа операта е емоција, а уметникот треба да мотивира, стимулира, пренесува и да гради мостови. Првенката на Националната опера и балет со 30-годишно искуство на сцената, над 20 главни улоги и единствен оперски пејач кој направи четири-пет комерцијални концерти, во интервју за МИА со восхит говори за ...

Концертот одржан во катедралната црква Света Софија е дел од заложбите на менаџментот на „Охридско лето“ да понуди културни содржини надвор од вообичаениот редовен фестивалски термин. „Ја пренесовме енергијата како една тангента Охрид – Верона бидејќи уметниците ни дојдоа оттаму. Во безвременската катедрала, црквата Света Софија владееја позитивна енергија и пријатна атмосфера. Осмомартовскиот концерт кој е традиционален настан во организација ...

Овогодинешното издание брои седум учесници кои ќе се вклучат во серија работилници, предавања и колаборативни проекти, а предавањата ќе бидат отворени за јавноста. Паралелно со летната школа, Локомотива ќе биде домаќин и на Модуларното училиште, организирано во соработка со „Номад танц академија Хрватска“ со која учесниците ќе имаат размени. Модуларното училиште е програма фокусирана на полето на изведувачките уметности и современиот танц и ...

Отворањето на манифестацијата ќе биде на централниот плоштад во Скопје во 10 часот, а ќе биде промовирано и истоимено списание. Четвртото издание на манифестацијата се совпаѓа со 114-годишнината од раѓањето и 27-годишнинатата од раѓањето на Мајка Тереза. Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за ...

Сите три добитнички на награди ги обединува нивното безусловно верување во моќта на културата да го промени општеството. Тие „не дозволуваат да бидат обесхрабрени од контраветровите и пречките“, вели Карола Ленц, претседателка на Гете-институтот, во интервју за „Дојче веле“. Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој ја проследил претставата заедно со неговиот бугарски колега, Најден Тодоров, упатил честитки за македонскиот ансамбл и изразил задоволство од соработката помеѓу двете држави. „Културата е делот каде што се надминуваат сите проблеми, затоа ние ќе продолжиме да ја развиваме соработката во културата и во туризмот, сектори кои може да донесат и економски придобивки за двете земји, посочил тој“, ...

Приказната за „Пепелашка“ е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, а сценограф е Филип Коруновски. Дизајн на звук е на Георг Драушник од Хрватска, дизајн на светло на Милчо Александров, асистент-кореографи се Саша Евтимова и Мојца Мајцен од Словенија, репетитори се Саша Евтимова и Дафина Данилоска-Кочевска. Асистент-костимограф е Ангела Богеска. Приказната за ...

Како што информираат од МОБ, гостувањето е резултат на меѓународната соработка и размената во областа на културата и уметноста. Овој настан е можност да се почувствува силата на музиката и уметничката интерпретација во вистинската форма. Диригент е Григор Паликаров, режисер Вера Немирова, сценограф и костимограф Јулијан Табаков, кореограф Анна Пампулова, а диригент на хорот Теодора Георгиева. Настапуваат, Валериј Георгиев, Ирина Жекова, Бојка ...

„Шехерезада“ од Николај Римски Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска. Кореографијата е на балет-мајсторот од Москва Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите се на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Ивана ...

Како што соопштија од кабинетот на претседателката, упатувајќи честитки до Цуцковски по повод неговиот избор за директор на овој реномиран меѓународен фестивал, таа изразила уверување дека тој со богатата музичка кариера и како првенец на Националната опера и балет ќе придонесе за унапредување на уметничко-естетските вредности и критериуми на „Охридско лето“. Како традиционален покровител на оваа најстара музичко-сценска манифестација во ...

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Јане Бакевски. Приказната за страста, љубовта и трагедијата на сцената ќе ја изведат: ...

„Нашиот оркестар настапи на три концерти, а зеде учество и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Врвната подготвеност и извонредниот прием кај публиката и останатите учесници на фестивалот се потврди и со одлуката на жири комисијата на нашиот оркестар да му додели златна диплома со 98 поени во натпреварувачката категорија како и Гран При награда на фестивалот. Во еден навистина тежок период за нас, како факултет, но и за целото општество, ...

Наградата за најдобар млад џез-музичар за 2024 година, која го носи името на легендарниот „Гоце Димитровски“, годинава ја добива Теодор Јаневски – дипломиран џез-тапанар на Џез одделот на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев – Штип. Наградата традиционално се доделува во соработка со Општина Битола и ќе биде врачена на 19 април на сцената на Народниот театар во Битола. „Ја користиме оваа прилика да му ја честитаме наградата на ...

Првиот концерт на Влатко Стефановски во Македонската филхармонија е распродаден во рекордна брзина, а поради огромниот интерес е отворен дополнителен термин – 10 мај. Концертите ќе претставуваат пресек од неговата богата кариера – од деновите со култната група „Леб и сол“ до неговиот успешен соло пат. Препознатливиот спој на инструментален рок, етно џез, блуз и македонска традиционална музика ќе добие нова димензија со специјалните гости, а ...

Предавањето е организирано од Меѓународен балкански универзитет (МБУ), во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC). „Настанот претставува уникатна можност за академската заедница и пошироката јавност да слушнат и да дискутираат со проф. Јосиповиќ на тема која ретко се отвора во академски контекст – врската помеѓу музиката и политиката“, соопштија организаторите. Проф. д-р Јосиповиќ, покрај неговата државничка кариера, е ...

На националниот фолклорен фестивал ќе настапат КУД „Илинден”, Демир Хисар, КУД „Рацин”, Кичево, ЗФА „Копачка”, Драмче – Делчево, КУД „Мирка Гинова”, Демир Капија, КУД „Илинден”, Битола, КУД „7-ми Септември”, Македонски Брод, КУД „Брвеница”, Брвеница и ФА „Гоце Делчев”, Битола. Фестивалот е во организација на Домот на културата „Илинден”, Демир Хисар, а, традиционално под покровителство на градоначалникот на Општина Демир Хисар и е финансиски ...

Концерот е резултат од едукативниот семинар спроведен под водство на проф. д-р Драган Даутовски, со активна вклученост на наставниот кадар и учениците од Насоката за традиционална музика и игра. Како што информира ДМБУЦ, програмата вклучува изведби од богатата етномузиколошка архива на д-р Трпко Бицевски, која досега речиси не била јавно презентирана. „Концертот нуди звучна слика од предели на Егејска Македонија, како Костурско, Серско и ...

Листата на музичари на Оффест носи и неверојатно широка и богата лепеза на жанрови и емоции, вистинско богатство на музичката разноликост. Годинашната селекцијата ќе ја збогати и онака раскошната историја на ОФфест. Фестивалот ќе го отворат Драган и Ратко Даутовски, а по нив ќе настапат Canconiere Grecanico Salentino – најдолговечниот и водечки фолк ансамбл во Италија кој годинава слави 50 години активно музицирање и бројни спектакуларни ...

Маестра Ребека Тонг е матичен диригент на Симфонискиот оркестар на Џакарта и уметнички директор на Ансамблот за современа музика во Џакарта. За време на студиите работела како асистент во Филхармонискиот оркестар на Би-би-си и со Кралскиот филхармониски оркестар на Ливерпул. Соработувала и со „Манчестер камерата“. Во сезоната 2020/21 година дебитирала со Оркестарот на Париз, Францускиот оркестар на Националната опера, Оркестарот „Моцарт“ од ...

За богатата 50-годишна музичка кариера, Стефановски рече дека не сака да прави ретроспектива, додека пак, за неговото најново издание и снимањето во студиото „Аbbey Road“, каде имаат снимано безброј музички светски легенди, рече „се работи за нешто кое не му се случува на секој музичар“. „Мене ми е малку патетично да зборам кај сѐ сум бил, што сѐ сум направил, меѓутоа, поминале 50 години и покрај бројните непријатни работи што сум ги доживеал на ...

Преку изведба на народни ора и песни, ансамблот ја доловува радоста и симболиката на овој голем христијански празник, истовремено славејќи ја пролетта и повторното раѓање на природата. Концертите на Танец не се само културен настан, туку и духовно патување, кое секогаш ја потсетува публиката на значењето на Велигден и на богатството на македонскиот фолклор. Со својата страст и посветеност, ансамблот „Танец“ го прави овој празник посебен и ...

Концертот започна со кореографијата „Мијачка“, со сплет од машки и женски ора, својствени на Мијаците од Мала Река, за да продолжи со изведните на песните „Јордано зрно одбрано“, „Три биљбиља појев“ и „Две ме моми сакав“, на женска и машка вокална група, како и едно женско вокално трио. Кореографијата „Поречки игри“, беше некако како логичен след во програмата по „Мијачка“, но и изведбата на „Кавадарка“, која е всушност фрагмент од ...

Етно концертот на групата „Баклава“ која го чествува јубилејот на своето 20 годишно постоење, ќе понуди богата програма од традиционални и авторски песни испеани на повеќе јазици. Се работи за песни кои авторката Елена Христова ги селектира од целокупниот репертоар на „Баклава“. Исто така авторката која за второ живеалиште со години ја има Турција, ќе ја запознае публиката со своите долгогодишни истражувања. На репертоарот ќе се најдат и песни ...

Отворањето на фестивалот, што секоја година нуди содржина со особен квалитет, оваа година ѝ припаѓа на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, која на 12 јули на Античкиот театар ќе настапува под диригентска управа на Едвин Оутвотер, заедно со уметниците од оркестарот на Македонската филхармонија. За свеченото отворање пред медиумите е најавено посебно уметничко доживување, музичко-визуелно патување со импресивни ...

Претседателот на „Кермичар“, Томе Јаневски, за МИА изјави дека на фестивалот, на кој настапиле фолклорни друштва од повеќе земји, најмалите членови на нивниот ансамбл ја одушевиле публиката, освоиле медали за кореографија и сценски настап и добиле дипломи за учество. Велешките фолклористи имале пет настапи, меѓу кои и на завршниот гала концерт во Конгресната сала на Универзитетскиот центар Сердиван. Се претставиле со кореографиите: „Доце Доце“, ...

Во чест диригентот со светска слава кој Македонија ја славеше низ светот, а потекнува од Владимирово – маестро Чавдарски (1930 Владимирово – 2011 Бризбејн, Австралија) салата го доби неговото име – Ванчо Чавдарски. За нејзиното свечено отворање беше организиран концерт на камерниот оркестар Скопски солисти, под водство на виртуозот на обоа професорот Васил Атанасов, со специјалниот гостин баритонот Борис Трајанов, што за првпат се случува во ...

Изложбата ја отвори проф. д-р Владимир Мартиновски. Делата на Петровски нè повикуваат да се соочиме со минливата природа и да го перципираме светот околу нас, од еден поинаков агол на гледање. Прашањето: Зошто не сега …? резонира во неговите слики, објекти и инсталации и нѐ „принудува“ да го видиме она што инаку би можеле да го занемариме и пропуштиме во одредени моменти од нашето битисување. Уметноста на Коруновски ги предизвикува гледачите да ...

Оваа недела, од 18-ти до 20 февруари, на ФЛУ се одржува значајна работилница под наслов „Од дијагностика до конзервација: Напредни методи за анализа и чистење на уметнички дела“ наменета за студентите на ФЛУ. Тридневната работилница е организирана во соработка со Катедрата за конзервација на антиквитети и уметнички дела, на Универзитетот на Западна Атика (UNIWA), Атина, Р. Грција. Работилницата се одвива со поддршка на Еразмус + и УКИМ. ...

„Во спокој“ е нејзина деветта изложба со која се претставува пред македонската публика. Станува збор за нов циклус дела кои истражуваат теми како личните емоции, секојдневните моменти и симболиката на навидум незначајни детали. На изложбата ќе бидат претставени околу 40 дела, главно изработени во голем формат, со техники како масло, ладен восок, акрил и комбинирана техника на платно. Изборот на делата за оваа изложба е направен од професорот ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
68%
1012
weather icon

Белград

23ᴼ / 20ᴼ
2.32
67%
1010
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
59%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.47
55%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.0
96%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.09
42%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
56%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
60%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
8.23
82%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
69%
1010
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71